IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - 2012
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

2012

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 21>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 19:26
21 ви декември, 2012 г. - крајот на времето во кое живееме < ="" ="text/"> function mxclightup(imageobject, opacity){ if (navigator.appName.indexOf("Netscape")!=-1 &&parseInt(navigator.appVersion)>=5) imageobject.style.MozOpacity=opacity/100 else if (navigator.appName.indexOf("Microsoft")!= -1 &&parseInt(navigator.appVersion)>=4) imageobject.filters.alpha.opacity=opacity }



ImageВо моментот, 2012 година ги интересира само оние од нас кои веруваат во мудроста на древните култури. Но наскоро, сите ќе бараат подетални информации за претскажаната, според Маите, судбоносна 2012 година, за која многумина веруваат дека е крај на мајскиот календар и со тоа крај на времето во кое живееме. Ајде повнимателно да ги разгледаме календарот и оваа дата.

 

Долго-одбројувачки календар

Всушност, се почна со пронајдокот, познат неколку децении за културата, кој е наречен долго-одбројувачки календар. Во пацифичката крајбрежна рамнина Чијапас, Мексико, неколку милји од границата со Гватемала, беше лоцирана астролошката опсерваторија на цивилицацијата Изапа. Некои мислат дека Изапа се преодна култура помеѓу постарата цивилизација Олмек и новата на Маите, други пак веруваат дека Изапа биле всушност дел од цивилизацијата Олмек.

Скоро илјадници години, долго-одбројувачкиот календар Изапа го забележуваа на споменици и керамички садови. Повеќето од датите се однесуваат на локални, секојдневни настани, како на пример крунисување на некој крал. Како и да е, некои од долго-одбројувачките споменици се однесуваат на митолошки настани кои се случија на почетокот на сегашната “Светска ера” во која ние живееме и на која наскоро ќе и дојде крајот.

Временски циклуси

Научниците сфатија како долго-одбројувачкиот календар се поврзува со нашиот грегоријански календар ( кој користи многу аритметика), така што сега знаеме дека легендарното време на почеток на нашата сегашна ера- кога сите вредности беа сведени на нула- почна на 31 ви август, пред новата ера. И употребувајќи го сложениот систем на мајските Бактуни ( мерења на времето), ние можеме да пресметаме кога нивниот календар достигнува нова точка на нула- во основа, секои 13 Бактуни (5,125 години), долгото одбројување се враќа на нула- просечното време кога нашата сегашна ера завршува и почнува нов временски циклус.

Создавање, пад и возобновување

Неколку споменици на креацијата опишуваат настани кои се случиле во 3114 година пред новата ера. Текстовите кои се поврзани со овие споменици тврдат дека “ креацијата се случува во Црната дупка,” на “Раскрсниците,” и “слика” ќе се појави на небото. Маите го присвоија календарот на Изапа, митовите за создавањето и методот за одбројување на временските циклуси.

Познатиот истржувач и научник Линда Шел напиша: “ Сфатив дека секоја голема слика од космичкиот симболизам на Маите е веројатно мапа на небото... Моделите на Млечниот Пат и соѕвездијата беа директно поврзани со визијата на маите за креацијата.” Нејзината реализација придонесе многу за разбирањето на космологијата и пророштвата на маите.

Со цел да ја сфатиме пораката на маите, треба да знаеме барем малку за тоа како тие го гледаа небото и како настаните на небото укажуваа на смрт, преродба и минување на времето, за душите кои живеат во оваа галаксија и во овој сончев систем.

Млечниот пат е нивната главна слика во небото. Како што знаеме, живееме во границите на нашата галаксија и млечниот пат претставува густа група од ѕвезди кога гледаме кон центарот на галаксијата. Тој се појавува како долга лента од ѕвезди над нас.

За маите, појавувањето, минувањето и слегнувањето на Млечниот пат во небото означуваше главни точки во временскиот циклус. Исто така, деловите од Млечниот Пат и другите ѕвезди кои се важни во нашето небо, имаат особено значење за нашите животи и за историјата на човештвото, како и за божествените царства, царствата на нашите богови.

За маите, главните карактеристики на Млечниот Пат  и промените во неговата позиција, како и неговиот облик во текот на ноќта, го откриваат нашето потекло, пат и судбина. Тие се Дрвото на Животот; Небесниот Крокодил кој го глода Дрвото на Животот; Космичкиот Чун на “Боговите кои веслаат” кој оди веднаш зад Крокодилот; “лежечкото небо,” или местото на црниот сон; и седум ѕвезди во Големата Црпка, кои ги претставуваат егоцентричните Седум Папагали, кои сакаа да му го земат местото на Сонцето.

Површно, небесниот пат ја раскажува приказната за појавата на Дрвото на Животот при залезот на сонцето, проследена од појавата на егоизмот и себичноста ( како што се забележува кај седумте папагали), што доведува до појава на опасни мрачни пориви кои се влечат на стомак ( како проклета змија во рајската градина) и го напаѓаат раѓањето на животот. Но овие се протерани од страна на боговите веслачи, и најпосле Дрвото на Животот е преродено и повторно изгрева некаде околу зората- целата приказна за создавањето, падот и возобновувањето на животот.

Image 

Image 

Преродба на 21ви декември, 2012 година

На 11ти август 3114 година п.н.е. почна новата сончева ера и беше прероден богот Сонце. Често се прикажани боговите кои се господари на создавањето, следејќи ја преродбата на светот, а овде е вклучен еден кој е наречен Болон Јокт, кој е поврзан со војната, конфликтите и подземниот свет. И покрај овие врски, Болон Јокт е бог кој често е присутен за време на настаните на создавањето. Тој е прикажан на керамика, наречена Садот на седумте богови, кој ја содржи датата 3114 п.н.е, почетокот на нашиот сегашен 13-Бактун циклус. Се разбира, датата која не интересира е почетокот на следниот 13- Бактун циклус, кој се јавува на 21ви декември 2012 година, крајот на мајскиот календар. Неодамнешен превод на текст од Тортугеро, класично место на маите северно од Паленк, експлицитно укажува на датата 21 ви декември 2012 година. Преведен од страна на мајскиот епиграф Дејвид Стјуарт, читливиот дел од текстот вели: “ На крајот на 13 Бактуни, на 4 Ахау 3 Канкин, 13.0.0.0.0; нешто се појавува кога доаѓа Болој Јокт.” Глаголот глиф кој опишува што се случува е избришан, така што е заменет со зборот нешто, но е насликан богот на создавањето Болон Јокт, а тоа значи дека според маите 2012 е година на создавањето, односно повторното создавање на светот, и тоа веројатно за време на војна, конфликт и доминација на подземниот свет и неговите богови.

Како што можеме да видиме, крајот на мајскиот календар е едноставно крајот на сегашната ера. А за нас е важно дека тоа го означува почетокот на следниот циклус, а тоа е циклусот на преродбата, обновувањето.

Не постојат специфични белези или извештаи за 2012 година во археолошките ракотворби на Изапа, но постојат голем број на слики кај Изапа кои прикажуваат ретко небеско здружување кое се појавува на небото околу 2012 година. Галактичкото порамнување ја означува преродбата на декемвриската рамноденица, како и преродбата на Богот на Сонцето преку обидите на седумте црвени папагали да го заменат. Богот на Сонцето изгрева преку темниот јаз во Млечниот Пат, кој е лоциран меѓу стрелец и шкорпија. Шкорпијата е претставена близу основата на Дрвото на Животот во мајските илустрации. Душите на земјата доживуваат промени во галаксичките сезони, божествена промена во временскиот циклус, со тоа што нашето Сонце се движи кон преродба кај “Црната дупка” на божествената основа на Дрвото на Животот ( локација во млечниот пат). 21ви декември 2012 година го означува крајот на оваа 5,125-годишна ера во која живееме и почеток на нов живот на Земјата.

Кога го прашаа што новата ера значи за човештвото, Едгар Кејс одговори: “ со целата свест за способноста за комуникација со креативните сили, треба да бидеме свесни за поврзаноста со креативните сили и употребата на истите во материјалните опколувања. Што донесе оваа свесност за време на периодот или годините на ерата на Атлантис и Лемурија или Му? Уништување на човекот и потреби кои се движат по патот на себичноста.” (1602-3)

Кејс не информира дека во претходниот временски циклус, човештвото имало ниво на совест и врска со креативните сили, кои ни овозможија да живееме на повисоки нивоа на материјална ментална и духовна активност на Земјата и надвор од неа. За жал, ние погрешно ги употребивме совеста и моќта кои беа во блиска врска со силите. Оваа погрешна употреба доведе до уништување на нашите големи култури и долг пат на душата низ болка и збунетост, кои беа последица на нашата себичност и доминација на нашата волја, без оглед на волјата на Создавачот, како и на останатите. Сега, како што циклусите повторно се враќаат, се приближуваме кон време кога нивото на свест и врската со креативните сили ќе ни овозможат уште еднаш да ја добиеме оваа моќ. Но, како ќе ги искористиме овојпат?

Пред да се разочараме дека човештвото повторно погрешно ќе ги употреби, ајде да се потсетиме дека многу души а дури и Логосот, Зборот, и понатаму преминуваат во материјалност, со цел да помогнат да се подготви патот за оваа преродба. Ние ја преценуваме моќта на светот и неговите лидери. Невидените, божествени сили имаат поголема моќ и ќе ја надминат темнината и себичноста во светот, пробивајќи се со светлина, која ќе го преобрази ова кралство за илјадници години, кога целото зло и искушение ќе бидат ограничени и ќе завладее златна ера. Библиската книга на откривањето го пренесува ова пророштво: “ Видов ангел кој доаѓа од небото, држејќи го клучот од бездната и долем синџир во неговата рака. Тој го заплени змејот, старата змија, кој е и ѓавол и сатана, кој ја лаже целата населена земја и го врзува за илјадници години.”

Дали 21ви декември 2012 година, е почеток на исполнување на овие прекрасни пророштва од страна на Едгар Кејс и Разоткривањето, или само уште еден чекор од долгиот пат кон ваквото исполнување?

Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 21:51
единствениот начин да се спасиме е да трчаме кон чиченица како на филмот 2021 DoomsDay.
хаххх Bullsh*t ако ме прашувате мене.
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2010 во 13:25
откако го гледав филмот 2012:Doomsday, се изначитав разни ствари околу сето ова...и ништо не ми изгледа логично...до 2012, има година и пол, скоро две, така да уживајте си до тогаш, па додека да дојде тој „Doomsday“, ќе знаеме што ќе се случи
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2010 во 22:49
Не верувам во добро исфилманава приказна.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 08:15
Опасен астероид ќе ја погоди земјата во 2182. година?

Шпанските научници утврдија дека астероидот наречен 1999 РЉ 36 има веројатност да удри во Земјата од еден спрема 1000, а ако тоа се случи најверојатно ќе биде во 2182. година.

Тие користејќи математички модели го пресметаа ризикот дека астероидот ќе удри во земјата до 2200. година. Двата математички модели кои се користени покажале дека веројатно тоа ќе се случи во 2182. година. Деталите од истражувањето се објавени во списанието „Икарус“.

Астероидот 1999 РЉ36 е голем 560 метри и е откриен во 1999. година. Удар на ваков астероид во земјата би направил огромна штета на местото на ударот.


Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 09:37
Ау, па има време.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 10:02
Ќе почекаме?да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 06:54
2013-та погубна за Светот!

Огромна експлозија на енергија од Сонцето може да ја парализира Земјата во рок од три години, предупредуваат научниците.

Тие се плашат дека големата соларна експлозија најверојатно ќе се случи во 2013-та година и ќе предизвика глобален хаос.

Катастрофата која што се случува еднаш во сто години може да предизвика уништување на комуникациските системи, принудно слетување на авионите, паѓање на интернетот и недостаток на храна, па така сè од фрижидер до сателитска антена ќе биде парализирано.

Стравот од наводната експлозија е толку голем што британскиот секретар за одбрана Лиам Фокс вчера во Лондон организираше итна конференција.

Доктор Фокс побарал од научниците да направат стратегија која што би и помогнала на Британија да се справи со евентуалната штета.

Во 2013 година Сонцето ќе помине низ критична циклусна фаза која што најверојатно ќе се манифестира со низа радијациски бури кои ќе предизвикаат огромни струења на енергија.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 07:46
Е да бе, видоа дека 2012 не е веќе во мода, па сеа поместиле една година понапред, да ги заплашуваат луѓето.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14596
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 18:37
Сите оние што со нетрпение и огромна сигурност го чекаа крајот на светот на 21 декември 2012, ќе мора да се задоволат со некој нов бесмислен датум на кој ќе го трошат своето време. Научниците заклучија дека методот според кој датумите од мајанскиот календар биле претворени во грегоријанскиот бил погрешен. Поради тоа „судниот ден“ е промашен за 50 до 100 години.изненадување

МаиДолгиот мајански календар завршува на одреден датум, исто како што нашиот, грегоријански календар завршува со 31 декември. Тогаш е симболичниот крај на светот, кога започнува нов циклус, со старите маки. Но, некои луѓе одбраа да го гледаат крајот на еден древен календар како посочување на крајот на светот. Но, сите оние кои целосно се посветија на овој величествен крај, сега ќе бидат страшно разочарани.

Конверзијата на датумите од мајанскиот во грегоријанскиот календар била направена по погрешен метод. Во едно поглавје од новата книга „Календари и години 2: Астрономијата и времето во античките и средновековните времиња“ се критикува начинот на кој е извршено целото претворање. Резултат на погрешниот метод е промашување на крајот на долгиот мајански календар со 50, а можеби и 100 години. Според тоа, „судниот ден“ можеби ќе се случи по долги години, а можеби е веќе случен и ние живееме во „новиот почеток“.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 19:26
добро бе луѓе, зар уште ова се влечи меѓу народовзбунетостизненадување
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 02:39
Samo shto e registriana zasilena aura od Sonceto i serija od gigantski protuberanci.

Zvezdava pochnuva da se odnesuva epten nekontrolirano... site planeti vekje desetina godini ja zgolemuvaat svojata refleksija i temperatura... a nie mislime deka toa e posledica od CO2 koe go emitiraat nash*te avtomobili i fabriki.

Rabotite pochnuvaat da bidnuvaat s'e pointeresni.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 18:14
zivotot e dar...

Pravoto da zivees, treba da go zasluzis...
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 18:19
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

zivotot e dar...

Pravoto da zivees, treba da go zasluzis...
 
 
штом си роден значи Господ е олучил дека засложувааш


Изменето од емил - 19.Декември.2010 во 18:20
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.