IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Манчестер Јунајтед
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Манчестер Јунајтед

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2012 во 07:18
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 11:54

Прилепчанка ја доближува Македонија до Манчестер јунајтед


На прилепчанката Матија Сапунџиеска ѝ појде од рака да го направи тоа што е сон за многу фудбалски работници во Македонија – да стане дел од машинеријата на англискиот гигант Манчестер јунајтед, со тоа што ја доби лиценцата да организира групи на деца од нашата земја што би заминале на тренинг-камп во „Фудбалските училишта на Манчестер јунајтед“ (The Manchester United Soccer Schools).

Децата тренираат фудбал по теркот на Манчестер ј.

„Веруваме дека школата за англиски јазик и за тренирање фудбал во стилот на Манчестер ј. е единствената шанса за нашите деца да се доближат до овој феномен. Со тоа може да почувствуваат и се надеваме да им пренесат на сите оние што не ќе можат да си дозволат да станат дел од оваа школа, еден поинаков концепт на едукација и тренинг. Ова секако ќе биде голем предизвик за сите љубители на фудбалот што не познава граници“, вели Сапунџиеска.

„’Фудбалските училишта на Манчестер јунајтед’ е летна школа за фудбал и курсеви по англиски јазик, наменети за деца и младинци на возраст од 9 до 17 години. Летната школа е организирана на следниот начин – наутро, секој ден се одржува фудбалски тренинг, реализиран од ’Фудбалските училишта’. Тренинзите имаат повеќекратна намена како работење на подобрување на техниката, тактики, физичка и ментална кондиција, социјален – тимски елемент од играта.

Матија Сапунџиеска

Тренингот се одвива во забавна и пријателска атмосфера, при што децата учат и градат спортски дух на релаксиран начин. Главни цели на школата се секоја личност да достигне оптимално ниво на перформанси и максимална корист од тренинзите реализирани на начинот на Јунајтед. Секое попладне се одржуваат курсевите по англиски јазик. Лекциите се реализираат според програми на Оксфорд јуниверзити прес. Во почетокот на курсот секој ученик прави тест по англиски со цел да се одреди нивото на познавање на јазикот во кое припаѓа“, објаснува Сапунџиеска, која по потекло е од Прилеп.

Таа додава и дека сето ова не значи дека децата што би биле дел од овој проект би имале сигурна шанса да се запознаат со ѕвездите на клубот.

„Не сакаме да има дезинформираност – ова не е академијата на Манчестер јунајтед и шансата да ги видат или да се запознаат со играчите е минимална, но во априлската група сите студенти на школата ќе присуствуваат на мечот на Манчестер јунајтед против Астон Вила“, вели Матија.

Сапунџиеска со своето семејство веќе осум години живее во Обединетото Кралство. Сите се големи навивачи на Јунајтед и неретко се на трибините на средбите што ги играат избраниците на сер Алекс Фергусон.

Во училиштата се учи англиски јазик

„Во Англија сум со семејството веќе осум години. Мојот сопруг ја прифати поканата од националниот здравствен сервис да работи како консултант-рендгенолог во Манчестер, во пакет со двегодишно обезбедено сместување и платено патување во Македонија два пати годишно. Редовни посетители сме на концерти, театри, филм и секако, како навивачи на Манчестер јунајтед – на фудбалските натпревари на Олд Трафорд“, вели Сапунџиеска.

Таа додава дека љубовта спрема фудбалот е зараза што ја добила од машката половина во семејството.

„Тие се страсни навивачи на Манчестер јунајтед. За мене клубот лично е предизвик и предмет на анализа од менаџерски и маркетиншки аспект. Фасцинирана сум од организацијата и одржувањето високо ниво мотивираност (како на играчите, така и на навивачите) и градење, односно одржување чувство на припадност. Не постои друг настан што без посебна промоција може да привлече, и тоа континуирано со години, преку седумдесет илјади посетители што не само што покажуваат интерес, туку и се борат да дојдат до карти. Како некој огромен магнет со голем радиус на магнетно поле да ги привлекува илјадниците посетители без разлика дали се страсни љубители на спортот, приврзаници на клубот, навивачи или едноставно сакаат да ја разбијат монотонијата на секојдневието. Неретко ги возам до Олд Трафорд, и синот и сопругот, па враќајќи се од стадионот се движам обратно од „текот“ на реките од луѓе што од сите страни се движат спрема центарот на случувањето Олд Трафорд“, завршува Сапунџиеска, која веројатно е првата Македонка што на кој било начин успеала да има врска со славниот англиски клуб.



Изменето од емил - 02.Март.2012 во 11:55
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 06:06

Тимот од „Олд Трафорд“ ги претстави дресовите со кои „црвените ѓаволи“ ќе настапуваат во новата 2012/13 сезона. Исто како и претходните години и оваа „Најк“ го дизајнираше дресот на Јунајтед, кој ќе биде во традиционалната црвена боја си испреплетени квадрати. 

manchester-united-500 
manchester-united-12-13-home-football-shirt-h500

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2013 во 10:20

За последните 6 месеци Јунајтед заработил 22,3 милиони фунти


Манчестер Јунајтед објави дека во последните шест месеци од 2012 година имал заработка од 22,3 милиони фунти, а за истиот период во 2011 година таа сума била 12,8 милиони.

Големиот скок на заработката се должи на големите и успешни спонзорски договори, во последните 3 месеци од минатата година, клубот од Олд Трафорд склучил договор со 6 нови силни спонзори.

Во клубот прогнозираат дека приходите во завршната финансиска сметка на годината ќе им бидат околу 350 милиони фунти, а кога ќе се одбијат трошоците и даноците се очекува заработката да е околу 110 милиони фунти.

Акциите на клубот на берзата во Њујорк се пораснати на 19 долари, во август минатата година биле 14 долари и се проценува дека моментната цена на Манчестер Јунајтед е околу 3 милијарди долари.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2013 во 17:26

Болт конечно ќе дебитира за Манчестер јунајтед - на 9 август

Јамајканскиот спринтер Усаин Болт, кој е голем навивач на англискиот премиерлигашки шампион Манчестер јунајтед ќе има шанса конечно да дебитира за „црвените ѓаволи“ на еден меч – на 9 август против Севилја. 

Болт уште од поодамна истакна дека сонува да заигра за Манчестер јунајтед, па сега може да му се оствари големата желба, иако мечот е само еден ден пред официјалниот почеток на Светското првенство во атлетика во Москва, па Болт повеќе ќе биде концентриран на Мундијалот, отколку на ревијалниот меч.

„Усеин ќе има шанса да си ја оствари желбата. Тоа ќе биде мирен меч, но ќе биде интересно да се види како Усаин ќе се справи со брзината на теренот, со контролата на топката и додавањата“, рекол член на Јунајтед.

Болт е олимписки првак и светски рекордер на 100 и 200 метри, како и во штафетата 4х100 метри, а честопати најавуваше дека по атлетската кариера сака да продолжи во професионалниот фудбал како член на тимот од „Олд Трафорд“. 


Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 15:26
Мојс изјавил : Манчестер Јунајтед нема сила да ја освои Лигата на шампиони 

Не знам колку е исправен ваков коментар од тренерот за СВОЈАТА екипа, човекот глупав е или не се разбира што е морал збунетостизненадување
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 15:33
glasam za glupav
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 15:35
Originally posted by д4б3 д4б3 напиша:

glasam za glupav

Тогаш делиме исто мислење ... голема насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2013 во 14:22
Јас гласам дека пак сака да го изнервира Вејн Руни како во Евертон.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2013 во 19:43
Мислам дека ова дури и по шкотска линија нема да му го простат лесно ... голема насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 12:20
Ете де „црвениот аларм“ на Манчестер Јунајтед се вклучил, ќе ми дадат 50 милиони фунти на Мојс да си ја поправи грешката во зимскиот преоден рок .... голема насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 12:22
Планирам да си го ставам Мојес како аватар...
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 12:24
Ццццц ... изненадувањеголема насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 16:39
Ако продолжат вака не заслужуваат да одат понатаму .... синоќа победија со гол кои дури и не го дадоа тие .... ма ајде
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.