IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 136137138
Автор
Порака
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2018 во 12:59
Не можам да дадам се и не барај многу од мене освен срцево,ти кажав на почетокот.Многу пати го кршеше и успеваше повторно да го составиш,не знам како ти успеваше али во едно сум сигурна..со секое ново составуваење формата не беше иста. Ме праша зошто сум се откажала ама не успеав да му објаснам дека има разлика од "се откажав" и "Разбирам дека нема смисла повеке".. Бев толку повредена што чувството на лутина и гнев беше големо,сакав да избегам од него барав причина да се оттргнам мислеки дека така ке е полесно,знаете како велат "подобро е кога знаеш дека не е во вашиот живот него да е тука а да го нема" но со секој обид да се оддалечам од него некаде длабоко во мене живееше надеж за повторно зближзвање..ете токму оваа надеж не престана никогаш.Таа надеж секогаш ги разбудуваше чувствата,убавите спимени,кажаните зборови,незаборавните моменти.Бев силна,или барем јас така мислев..не подлегнав на тоа чудо по име "Надеж" успевав вешто да ги сокријам болката и солзите со Насмевка на лицето,успеав и дури да ја излечам раната...така мислев се додека не приметив дека останала лузна што никогаш нема да зарасни,ете тогаш сфатив дека времето поминато трудејки се да ја излечам раната било залудно.. крајниот резултат е таа лузна што секогаш ке потсетува на болката.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
7xhipon Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Февруари.2018
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 7xhipon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2018 во 21:39
Ива и Ника влегуваат во ресторанот. Часот е 3:50. Имаат вештачка насмевка на нивните лица. Ива се обидува да ја потисни таа огорченост што ја чувствува и да укажи барем малце позитивност. Ника го гледа сето тоа и се обидува да ја ублажи атмосферата така што прави шега на нивна сметка. “Порано знаеше подобро да се шминкаш. Остаре и ти.”

“Што зборуваш. Љубоморна си дека сум во цутот на младоста.”

Се насмевнуваат и двете. Седнуваат на малечка маса. Доаѓа келнерот. Порачуваат и двете кафе. Ива го погледнува часот. Сега е веќе 3:55. Повторно и паѓаат очите врз датумот. “Одиме до крај нели?”

“Секако! Се додека не дознаеме се за минатото. Мораме да го разјасниме минатото, за да зачекориме кон иднината. До тогаш, нема бегање од лавиринтот на сегашноста. Разбираш ли сега како се поврзани минатото и иднината?“ Келнерот ги остава двете кафиња.

“Со сегашноста.“

“Точно! Кога не си сам со себеси доволно јасен што се случило, не можиш да превземиш ни еден чекор сигурен понатаму, бидејки си заробен од синџирите на минатото, од канџите на незапознаениот мрак кој те обиколил, а ти од темницата не можеш да го прочиташ неговото име и не знаеш како да се бориш со него. Најлошо од сето тоа е што тој затвор е токму сегашноста. И времето врви, а ти стоиш во таа сегашност и не можеш да ја кроиш иднината. Нас ни треба таа светлина за да продолжиме по патот на животот. За да ја кроиме нашата иднина не е доволна само судбината. Некогаш сме потребни токму ние. Понекогаш ние самите си ја кроиме судбината.”
Извадок од роман - "Сценарио"
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2018 во 22:18
Едно утро ќе се разбудиш
и ќе сфатиш
дека таа веќе не е твоја
затоа што избрала некој друг,
кој ја цени.
Ќе се обидеш да направиш се'
за да привлечиш нејзино внимание,
но таа нема да те примети затоа што
ќе го гледа човекот, кој предизвикува
нејзина насмевка, и ќе му се радува
на секој поминат ден со него.
Таа ќе изгледа и ќе звучи познато за тебе, но ќе се измени нејзиниот поглед. Кога ќе гледа во тебе, таа нема да го испитува оној восхит со кој те гледаше.
Таа ќе стане за тебе недостижна, а со тоа и повеќе пожелна. Тогаш ќе сфатиш
колку ти недостига.
Колку и да те нервираше,ќе сфатиш
дека таа беше посебна за тебе...
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2018 во 14:49
Мирисот на непознато и далечно го спознав со тебе.
Недопреното чуство на допир твој по моето тело
како на младо и кревко
само го галиш со погледот
оти несмееш да го допреш,оти чинеш ќе се скине или скрши...а душата ти вреска вика доприме.
Jас ја имам таа потреба од тој допир.
Ја имам таа потреба од таа прегратка.
А ти,далечно ко во мислите
си ме гушнал силно и убаво ми е
Ветерот кој ме гали провираќи се низ моето тело,чинам ти си ете ме гушкаш.
И убаво ми е....
И топло ми е...
Ете тоа е тој допир на недопреното,тоа е тој мирис на бесчуствителното.
И ти е сеуште под ноздрите,го вдишуваш,го живееш тоа непостоење
Тоа добро..
Тоа нестварно
А сепак мило нешто.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2018 во 12:49
...а само сакав да те слушнам. Без обврски за наредни јавувања, без размислувања како ли ќе ме сфатиш или како ќе те сфатам. Сакав да знам дека си добро и дека конечно си го најде мирот со онаа која ја бараше сите овие години. Можеби не е таа која си ја сикал некогаш, ама таа што сега е со тебе барем малку наликува на неа.За жал, како и многу пати до сега, операторката ми рече :"Претплатникот не е достапен во моментот." А само сакав да те слушнам...

Изменето од zverka_ - 28.Октомври.2018 во 12:50
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2018 во 00:41
Секогаш постои некој кој те разочарал.
Си му верувала му си се исповедувала,животот твој толку јасно на дланка си му го цртала што те научил добро како дишеш.секој ден,секое доживување,секоја вечер исповедување.
Не дека незнаеш секому не се доверува,не дека си глупава.....
Но ете..
Силно веруваш тоа е тој ,човек од збор со кој го делиш денешното искуство кој е цврсто на земја,приземјен кој знае добро да те сослуша и советува да споделиш и тага и радост и да се изнасмееш онака без врска и мислиш векови ќе е покрај тебе.
Доцна сфаќаш дека небило така.Не се доверувало секому,доцна тоа сфаќаш ама барем се тешиш...добро е не е барем прекасно
Оти испари слушателот...оти веќе времето со тебе не му се губи
Толку....
Не е веќе непознато за него ,нешто ново ...не е ,веќе знае како дишеш,што сакаш.На што плачеш,што те прави среќна а што гневна зна СЕ.А знае се зошто му си ја отворила дишата .И ти кажува онака гордо,,те знаам како дишеш бре,,
Амааа сепак бегаш ,ме знаеш ама бегаш испаруваш и те нема .
И си сфаќаш дека КУКАВИЦА ти бил бре тоа не е човек.
Зошто човек да е барем последно ќе те ислуша ќе ти каже збогум барем да не го чекаш веќе да не го мислиш а ќе ти каже и зошто мора така .....ќе те прегрне за последно и ќе замине...
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2022 во 22:40
Тишината која ја носиш гордо како да е се во ред дали знаеш дека истата таа тишина вреска во тебе..
Вреска во душата твоја од болка од онаа болка која ти го гризе срцето и ти го парчосува
Вреска душава, насмевката која ми е на лицето е тивка во секој момент би почнала да плачам
Во секој момент би почнала да врескам, она кое ти е трогласно во главата вреска плаче па тишина. Ова ситуација која неможам ете секому да ја послужам на тацна истава оваа ситуација ти ја раскажувам тебе... непознат слушателу
Ти раскажувам како живеев едноставно и мирно и ти раскажувам како живеев среќно бурно и исполнето и сега ти раскажувам како живеам парализирано тивко и болно
Ти раскажувам тебе кој знам дека никогаш нема ова да го прочиташ и тебе... секој.. на сите кои ќе слушаат ама нема да ме разберат
Ти раскажувам за да знаеш дека судбината си игра со човекот ти раскажувам за да знаеш никогаш да не се радуваш
Не се радувај премногу не го засакувај животот премногу не му се восхитувај премногу на ветрот и сонцето оти тие ти носат бура оти тие ти носат мрак...... ехх судбина
И никој не е крив за тоа никој не го сака пеколот....
Не ме мрази мене немој
Не ме мрази те молам...
Зарем јас би направила да исчезне сонцето зарем јас би ги зела со своја рака облаците и би ги донела тука..
Не ме мрази немој
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 136137138
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,609 секунди.