IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Ливерпул
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Ливерпул

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 16:38
Торес на Енфилд до 2013 година

Најдобриот стрелец во екипата на Ливерпул, Фернандо Торес ја продолжи соработката со "црвените" до 2013 година. Според новиот четиригодишен договор Ливерпул има право да го продолжи истиот до 2014. Неговата неделна плата ќе изнесува 110 илјади фунти, приближно колку и платата на капитенот Стивен Џерард.

"Фернандо е еден од најдобрите стрелци во Европа, а во нашиот тим може уште повеќе да напредува. Многу големи клубови го посакуваа, но сепак тој одлучи да освојува трофеи со Ливерпул", озјави менаџерот Рафа Бенитез.

"Ел Нињо" дојде на Енфилд во 2007 година од Атлетико Мадрид и на 83 натпревари постигна точно 50 гола, иако оваа сезона поголемиот број на натпревари отсуствуваше поради повреди. Пред Торес договорот го продолжија и Дирк Кујт, Даниел Агер и Стивен Џерард.

Заедно со новиот договор, Торес има уште една голема причина за славје, а тоа е венчавката со својата долгогодишна девојка, уште од средношколските денови Олаља Домингез. Дејли Мирор објави дека немало голема свеченост или "фешта", а присутни на чинот биле само кумовите. Во едно свое поранешно интервју, 23-годишната Шпанка го опиша Торес како "скромно и срамежливо момче" и како "маж на нејзиниот живот".

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
sinisaang Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Мај.2009
Локација: Mayotte
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sinisaang Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 16:49
liverpool forever
Кон врв
natasha-nate Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natasha-nate Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 15:11
jas sum golem fan na liverpul, ajde fanovi napred
Кон врв
natasha-nate Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natasha-nate Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 15:14
koj e najdobar fudbaler na liverpul??? spored mene tores ...
Кон врв
natasha-nate Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 19
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natasha-nate Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 23:30
I jas sum eden golem fan na liverpul, za liverpul navivam od pocetok, a tores mi e omilen fudbaler, no da ne go zaboravam i gerard.samo napred fanovi na liverpul i zaedno da se raduvame na site pobedi!!!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2009 во 11:35
Рафа има на располагање само 2 милиони фунти за нова трансфери?!
Според медиумите од Островото Рафа Бенитез останал запрепастен кога бил информиран од сопствениците на клубот дека има само 2 милиони фунти на располагање за нови трансфери
Се верува дека Рафа Бенитез е во потрага на нов дефанзивец откако Даниел Агер продолжува да се мачи со повредата на грбот а и Мартин Шкртел е неизвесен за утрешниот натпревар со Стоук.

Но според The Times Бенитез на располагање ќе има само околу 2 милиони фунти и покрај тоа што од продажбите на играчи успеа да собере приблично иста сума на средства колку и што потроши овој летен трансфер пазар.

Daily Mirror пак вели дека на располагање Рафа Бенитез ќе има нешто над 1,5 милиони фунти, но како и да е двете суми не се доволни за Шпанецот да ангажира ново име.

Па затоа најверојатно Бенитез ќе мора да се обида да ангажира некој слободен играч или пак да донесе на позајмица некој фудбалер на Енфилд.

The Times вели дека сопствениците на Ливерпул советувале дека клубот мора да се води како и секој друг бизнис и јасно ставиле до знаење дека зголемувањето на плата на Фернандо Торес, Стивен Џерард, Дирк Кајт, Јоси Бенајун и Агер ќе бидат одбиени од парите ставени ни располагање на Бенитез.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 17:48
Помали плати ако не се избори место во ЛШ

Англискиот неделен весник " News of the world" тврди дека раководството на Ливерпул подготвува намалување на платите на сите фудбалери ако екипата не успее да избори пласман во Лигата на шампионите за идната сезона. Не е тајна дека евентуалниот неуспех на овој план на "црвените" од Енфилд ќе им донесе загуба од најмалку 12 милиони фунти, а тој "минус" ќе биде уште поголем ако се знае дека Ливерпул и оваа сезона веќе испадна од Лигата на шампионите во фазата по групи.

Како што во моментов стојат работите, на Ливерпул ќе му биде неверојатно тешко да ги оствари своите амбиции ако се знае дека најмалку уште три екипи (Манчестер Сити, Тотенхем и Астон Вила) рамноправно конк*рираат за четвртата позиција имајќи предвид дека Челзи, Манчестер Јунајтед и Арсенал се сигурно за првите три. Проблемот е дополнително усложнет ако се знае дека Манчестер Сити има ист број бодови, а два натпревари помалку од Ливерпул, додека седмопласираната Астон Вила со два бода негатива има меч за доигрување.

Според " News of the world", Ливерпул планира да ги зголеми платите за пет проценти, што навидум не е многу, но само ако не се знаат примањата на фудбалерите. Освен тоа, јасно е дека Ливерпул ќе биде под голем притисок ако не избори пласман во Лигата на шампионите затоа што веднаш потоа ќе се јават заинтересирани клубови за најголемите ѕвезди Фернандо Торес и Стивен Џерард што Хикс и Жилет нема да можат да ги одбијат. Ваквиот потег на раководството на клубот може да донесе и до масовно напуштање на Енфилд бидејќи Ливерпул и онака не е во добра финансиска ситуација.

Инаку, истиот весник во своето вчерашно издание објави дека Свен Горан Ериксон се подготвува да го преземе Ливерпул ако на крајот од сезоната Рафа Бенитез навистина ја прифати понудата од Јувентус.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 09:38
Засилувања или си одам од Ливерпул!

Еден од двајцата најдобри фудбалери на Ливерпул, Фернандо Торес ја повика управата на клубот да донесе пет-шест нови квалитетни играчи во летниот преоден рок или во спротивно тој ќе размисли дали ќе остане. Ливерпул игра една од најлошите сезони во својата понова историја, а и фудбалерите и навивачите се се понервозни од досегашниот ефект.

"Ни требаат неколку врвни фудбалери за да можеме да конк*рираме за врвот. Во спротивно и идната сезона ќе се бориме за четвртото место", вели Торес.

Тој дојде во Ливерпул пред три години со големи амбиции, но досега не освои ниеден трофеј. Токму желбата за титули може да го "избрка" шпанскиот репрезентативец од Енфилд иако во досегашниот престој во овој клуб собори многу рекорди и стана миленик на навивачите.

"Сакам да се бориме за Премиер-лигата, Лигата на шампионите или Лигата на Европа, но за тоа ни се потребни засилувања. Имам уште четири сезони од договорот, среќен сум овде, но сакам да победувам и освојувам титули", рече Торес.

Ливерпул во моментов е на шестата позиција во Премиер-лигата со четири бода помалку од четвртопласирасинот Тотенхем. Дербито против Јунајтед идниот викенд може да реши многу работи околу борбата за пласман во Лигата на шампионите. Во случај Ливерпул да не игра таму идната сезона, многу е веројатно дека Торес нема да биде во тимот од август.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 14:13
Конечно една ефективна победа на Ливерпул,макар и со последниот во лигата.Би требало оваа победа да го крене мотивот на црвените на повисоко ниво.

Ливерпул убедлив против отпишаниот Портсмут

Ливерпул синоќа на „Енфилд“ sо 4:1 го совлада последнопласираниот Портсмут во натпреварот од 30. коло од Премиер лигата. 

Стрелци на головите за „црвените“ беа Фернандо Торес 2, Раја Бабел и Алберто Аквилани (гол првенец) по еден, почесниот гол за Портсмут во финишот го постигна Надир Белхаџ.

Ливерпул првпат оваа сезона по триумфот над Хал од 6:1 на 26 септември, постигна повеќе од три голови во Премиер лигата.

Со новите три бодови и вкупно 51 тимот предводен од Рафа Бенитез се искачи на петтото место на табелата.

Табела: Манчестер Јунајтед 66 бодови, Челзи (натпревар помалку 64, Арсенал 64, Тотенхем 52 (натпревар помалку), Ливерпул 51, Манчестер Сити 50 (два натпревара помалку),...

Вечер ќе се одигра одложениот натпревар од 21. коло меѓу Виган и Астон Вила.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 12:10
 
 
  Ми беше жал синоќа за ...Жерар.....тага
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 21:53
Официјално: Џо Кол - ново засилување на Ливерпул!


28-годишниот англиски репрезентативец и досегашен фудбалер на Челзи, потпиша четиригодишен договор со најтрофејниот англиски клуб.

Црвените на својот официјален сајт објавија дека Џо Кол потпиша четиригодишен договор со Ливерпул. Играчот ги договорил личните услови со клубот и единствено што останува е да ги помине лекарските прегледи во наредните 48 часа.

Кол доаѓа на Енфилд како слободен агент, а според непотврдени информации ќе заработува по 90.000 фунти неделно. За него во трка беа Тотенхем и Арсенал, но Ливерпул веројатно беше најубедлив за досегашниот фудбалер на Челзи да се пресели на Енфилд.

Џо Кол ќе биде одлична замена за Јоси Бенајун, кој замина во спротивен правец и очигледно стожер во играта на Ливерпул, заедно со Стивен Џерард. Рој Хоџсон најави дека ќе бара уште засилувања за конечно Ливерул да стане поконк*рентен во силната Премиерлига.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2011 во 13:23

Далглиш нов менаџер на Ливерпул

 
 
 

Нов менаџер на тимот од Енфилд и поранешен фудбалер на Ливерпул е Кени Далглиш, кој доаѓа на местото на Рој Хоџсон.

Поранешниот повеќекратен првак на Англија и Европа соопшти денес дека е во интерес на клубот да го сменат Хоџсон со Далглиш.

Еден од великаните на Ливерпул, Далглиш, со тимот има освоено титули и како играч и како тренер. Своето деби ќе го има во недела против Манчестер Јунајтед на натпревар од ФА купот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2011 во 17:34
Торес: Не размислувам за заминување
 
 

Шпанскиот репрезентативец, Фернандо Торес уште еднаш потврди дека нема намера да го напушти клубот во вакви тешки моменти.

Само пред две сезони Ливерпул се бореше за титула во Премиер лигата. Но со заминувањето на Рафа Бенитез работие многу се променија. Ливерпул е сега многу далеку од Европа а се поблиску до опасната зона (само 4 бода). Клубот го отпушти Хоџсон и за тренер го постави легендата на клубот Кени Даглиш, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната.

„Мораме да се држиме заедно повеќе од било кога. Мораме да живееме во слога, и да играме од натпревар во натпревар. Потребни ни се повеќе бодови и подобар пласман на табелата“, изјави Торес за The People, додавајќи:

„Тоа е наш предизвик и ќе пробаме да го оствариме со помош на нашите навивачи. Размилсувам само за Ливерпул и за тоа како ќе ја спасиме сезоната. Не размислувам за заминување, иако во фудбалот многу работи зависат од клубот“, вели брлјантниот напаѓач.

Иако Торес во неговите изјави секогаш покажува почит кон Ливерпул, медиумите пишуваат дека неговото заминување на лето е готово сигурно, а како следни негови дестинации се спомнуваат Барселона, Интер и Јувентус
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 16:17
Маскерано: Кога заминуваш од Ливерпул те гледаат како убиец

Поранешниот играч на Ливерпул, а сега член на Барселона Хавиер Маскерано вели дека менаџерската управа на клубот од Енфилд е крива за заминувањето на бројни клучни играчи.

Потсетуваме дека Фернандо Торес е последниот во низата кој го напушти Ливерпул, претходно тоа го направија, Алонсо, Маскерано и Арбелоа, а Аргентинецот вели дека за тоа е крива управата и дека клубот едноставна му ја ’лупа’ вратата на тие што сакаат да заминат.

„Не сум изненаден со тоа што се случува со Фернандо. Кога го напуштив Ливерпул тоа беше како да убив некого. Чудно е што луѓето кои нешто направиле за тој клуб мораат да излезат на задна врата“, вели аргентинскиот играч за врска и додава:

„После откако ќе заминеме грешката е наша, а клубот не покажа интерес за да не задржи. Најважните играчи не го напуштија клубот на убав начин. Разговарав со Торес и му кажав дека не треба да се грижи, бидејќи тој на Ливерпул му го даде најдоброто од себе. Тој беше многу важен играч цело време додека беше на Енфилд“, заклучува Маскерано
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.