IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 36>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2009 во 12:12

49 г.п.н.е. - Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговори познатата реченица "Коцката е фрлена", по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почна граѓанската војна со приврзаниците на Помпеја која заврши со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар беше убиен од припадниците на републиканската опозиција.

1769.- Роден е францускиот офицер Мишел Неј, еден од најголемите маршали на царот Наполеон Први, кој се истаклна во низа битки и походи. По падот на Наполеон беше обвинет за предавство за што беше осуден на смрт и погубен во 1815 година.

1778.- Умре Карл фон Лине, шведски ботаничар - систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња. Прв ги дефинира родовите и ја воведе двојната номенклатура за означување на растенијата и животните. Роден е во 1707 година.

1862.- Умре американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. По неговото презиме е наречен и пиштолот кој тој самиот го конструира.

1863.- Во Лондон, Велика Британија, е пуштена во работа првата подземна железница или метро во светот.

1889.- Франција воспостави протекторат во Слоновиот Брег.

1891.- Во Белград умре Лаза Лазаревиќ, српски писател, преведувач, правник и член на САНУ. Од неговите дела најпознати се „Првпат со татко на утрена“, „Сето тоа народот ќе го позлати“, „Ветер“, „На бунарот“ и други. Роден е во Вршац, на 15 мај 1851 година.

1910.- Родена е руската балерина Галина Сергејевна Уланова, водечка балерина во „Болшој театар“ по Втората светска војна. Дебитира во 1928 година во „Киров театар“, веднаш искажувајќи го раскошниот талент, а набрзо стана и примабалерина на „Болшојскиот театар“. Брилијантно ги играше водечките улоги во балетите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“ „Жизела“, „Пеперутка“, „Ромео и Јулија“. По завршувањето на кареиерата стана балетски педагог во кореографската школа на „Болшојскиот театар“.

1913.- Роден е чехословачкиот државник Густав Хусак. Хуск на чело на Комунистичката партија на Чехословачка дојде по советската воена интервенција во 1968 година, заменувајќи го Александар Дубчек, а во 1975 година стана шеф на државата. Беше еден од водачите на Словачкото востание во Втората светска војна во 1944 година, а како „словачки националист“ периодот од 1951 до 1960 година го помина во затвор. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата претседател на Чехословачка.

1917.- Умре Бафало Бил, легендарна личност од историјата на Америка за време на освојувањето на териториите на Западот на денешните САД. Роден е како Вилијам Фредерик Коди, а прекарот го доби заради вештините во ловење бизони.

1920.- По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.

1922.- Артур Грифит стана првиот претседател на Ирска по стекнувањето на независноста на земјата од Велика Британија.

1928.- Советската влада по налог на Сталин го протера од земјата Троцки, еден од водачите на Октомвриската револуција. Троцки беше убиен во бегство во Мексико во 1940 година, по налог на Сталин.

1943.- Црвената армија ја почна операцијата за разбивање и уништување на опколената германска Шеста армија кај Сталинград (сега Волгоград), откако командата на германските сили го одби повикот за капитулација. По 20 дена беше уништена јужната германска групација, а потоа се предаде и нејзиниот командант, фелдмаршалот Фридрих вон Паулус.

1951.- Во Рим умре Синклер Хари Луис, северноамерикански писател. Во неговите дела се откриваат заблудите и сопствените залажувања на современото американско општество. Негови познати дела се „Елмер Гантри“, „Главна улица“, „Тоа овде не е можно“, „Кралска крв“ и други. Во 1930 година ја доби Нобеловата нарада за литература. Роден е во Сок Сентер, Минесота, САД, на 7 февруари 1885 година.

1957.- Харолд Макмилан стана премиер на Велика Британија, ден по оставката на Ентони Идн.

1964.- Панама ги прекина дипломатските односи со САД. Претходниот ден беа задушени антиамериканските демонстрации на панамските студенти.

1969.- Шведска е првата западна држава која воспостави дипломатски односи со Северен Виетнам.

1971.- Умре француската модна креаторка Габриела „Коко“ Шанел, една од светските „модни диктатори“ на 20. век. Таа со нејзината париска мода владееше шест децении.

1975.- Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска.

1984.- Умре лаошкиот принц Суван Фум, неколку пати претседател на владата на Лаос пред 1975 годна, кога на власт дојдоа комунистите.

1986.- Во Прага умре Јарослав Сајферт, чехословачки писател, поет, лиричар, чии стихови ги воспеваат младоста, надежта, љубовта кон природата и солидарноста со потчинетите. Познати се неговите стихозбирки „Град на солзи“, „Славејот лошо пее“, „Изгаснете ги светилките“, и „Додека не падне дожд на нашиот мртовечки сандак“. Во 1984 година ја доби Нобеловата нагрда за литература. Роден е во Прага, на 23 септември 1901 година.

1991.- Генералниот секретар на Обединетите нации Хавиер Перес де Куељар отпатува за Багдад но не успеа да ја спречи Заливската војна во која западните земји под водство на САД и нанесоа тежок пораз на ирачката армија, која претходно го окупираше Кувајт.

1991.- Во Скопје умре д-р Александар Лазаров, редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.

1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.

1996.- Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.

1996.- Израел пушти од затвор стотици Палестинци, неколку дена во очи на првите палестински национални избори во Газа на Западниот Брег.

1996.- Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.

1997.- Во Софија неколку десетици илјади луѓе демонстрираа против владата на Социјалистичката партија на Бугарија, а најгорливите демонстранти го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата на собранието и го демолираа.

1999.- Во Скопје умре Симон Дракул, македонски писател, литературен преведувач, публицист, филмски сценарист и историограф. Mеѓу најзначајните негови дела се романот „Белата долина“, театрологијата „Или смрт“, монодрамата „Апостол војвода“ и други дела. Роден е во селото Лазарополе, Гостиварско, на 28 декември 1930 година.

2004.- САД формално објавија дека е соборен ирачкиот претедател, кој беше уапсен на 13 декември 2003 година.

2007.- Во Женева умре Карло Понти, познат италијански филмски продуцент. Соработуваше со прочуените режисери како што се Фредерико Фелини и Жан Лик Годар. Понти беше човекот кој ја откри Софија Лорен, за која подоцна и се ожени. Роден е во Маџента, близу до Милано, во 1912 година.

2007.- Во Скопје умре Љупчо Стојменски, македонски поет и преведувач. Автор е на книгите „Меѓу двата брега“, „Крај тешките води“, „Вистини и сништа“, „к*ршуми низ времето“ и други. Роден е во Штип, на 20 ноември 1931 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2009 во 11:13

1792.- Со мировен договор во Јаси заврши Руско-турската војна, која Османлиското царство ја почна во август 1787 година. Реката Дњестар стана граница меѓу двете земји, но Русија го доби црноморското приморје меѓу реката Буг и Дњестар со градот Очаков, а беше потврден и документот од 1783 година за припојување на островите Крим и областа Кубан кон Русија.

1793.- Французинот Жан Пјер Бланшар го изведе првиот лет со балон над северноамериканскиот континент.

1856.- Во Неготин е роден Стеван Мокрањац, спрски композитор, музички педатог и академик. Неговото музичко дело изврши големо влијание врз подоцнежните генерации композитори и се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Умре во Скопје, на 28 септември 1914 година.

1856.- Роден е Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет и најизразит претставник на реализмот во словенечката книжевност. Покрај епската поезија, особено му се познати баладите и романсите. Умре во Љубљана, на 10 јуни 1913 година.

1873.- Умре францускиот државник Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта, претседател на Франција од 1848 до 1852, цар до 1870 година. Со агресивна надворешна политика настојуваше да ја зајакне Франција и да го зголеми нејзиниот имот. Основа неколку социјални установи. Во текот на неговото владеење, Франција ги зазеде Ница и Савој, започна со колонијално продирање во Индокина, успешно војуваше во Кримската војна од 1854 до 1856 година против Русија во сојуз со Турција, Велика Британија и Сардинија, како и во 1859 година против Австрија и Италија. Во војната против Прусија, беше заробен на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан со што беше тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври истата година повторно стана република. По склучувањето мир со Прусија во 1871 година емигрираше во Англија каде и умре.

1878.- Умре италијанскиот крал Виторио Емануеле Втори, прв владетел на обиединета Италија, наречен „честит крал“. На престолот дојде во 1849 година како крал на Сардинија, а од 1861 година стана крал на обединета Италија. Доследно го почитуваше парламентарниот поредок.  

1890.- Роден е чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Хордубал“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патописи од Италија“, „Патописи од Англија“, „Зошто не сум комунист“ и други.

1899.- Во Париз е потпишан мировен договор, со кој Шпанија се откажа од своите бивши колонии Куба и Порторико и ја прифати окупацијата на Филипините. Тоа беше крај на колонијалото царство на бившата велесила и почеток на напредокот на САД.

1905.- Колежот во Санкт Петрбург, наречен „Крвава недела“ (повеќе од 100 мртви и 5.000 ранети луѓе), го навести почетокот на првата руска револуција, која беше задушена со воен удар.

1908.- Родена е француската писателка Симон де Бовоар, егзистенцијалист, автор на романи, театарски текстови и филозофски есеи. Дела: романите „Мандарини“, „Убави слики“, „Другиот пол“, мемоарите „Спомените на добро воспитаните девојки“. Умре во Париз, на 14 април 1986 година.

1909.- Во Прилеп е роден Рампо Левков - Левката, народен херој на Југославија, од Македонија, адвокат и поет. Поради својот револуционерен дух често беше затворан. Од есента 1941 година живееше и дејствуваше полуилегално и со голем успех работеше на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Автор е на поемата „Бабуна“. Во Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, беше убиен со фрлање во варница, на 19 септември 1942 година.

1913.- Во Јорба Линда, Калифорнија, е роден Ричард Никсон, американски политичар и државник, претседател на САД (1969 до 1974 година), еден од раководителите на Републиканската партија. Тој е првиот американски претседател што ја посети НР Кина (1972 година) и кој стави крај на американската интервенција и војна во Виетнам. За време на неговиот претседателски мандат се случи таканаречената „Вотергејт афера“. Умре во Парк Рич, во Њу Џерси, на 22 април 1994 година.

1914.- Во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Учесник е во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а беше и уредник на списанието „Македонија“. Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“. Умре во Скопје, на 12 ноември 1973 година.

1922.- Роден е гвинејскиот државник и писател Ахмед Секу Туре, кој откако Гвинеја се стекна со независност во 1958 година стана нејзин претседател. Претходно беше синдикален активист во Франција и во Западна Африка, а во 1956 година беше избран за пратеник во француското собрание. Дела: збирка песни „Борбени песни“, политички списи „Гвинејско искуство и африканско единство“, „Африка и револуцијата“, „Да се брани револуцијата“, „Моќта на народот“.

1941.- Родена е американската пејачка Џон Баез, борец за човекови права, која во текот на Виетнамската војна силно се противеше против воената интервенција на САД во Индокина, што имаше и огромен оддек во јавноста, посебно меѓу младите генерации.

1945.- Во Втората светска војна почна навлегувањето на американските трупи на филипинскиот остров Лузон, а борбите завршија дури на 15 август со капитулација на јапонските сили.

1945.- По компромитирањето со агресијата врз Египет во октомври 1956 година, британскиот премиер Ентон Идн поднесе оставка.

1962.- Советскиот сојуз и Куба потпишаа спогодба за трговска соработка врз чија основа Куба со години добиваше стока по вештачки ниски цени.

1964.- Американските трупи во Панама ги задушија студентските демонстрации против присуството на САД во зоната на Панамскиот канал, усмртувајќи 22 панамски студенти.

1996.- Чеченски исламски терористи ја зазедоа болницата во дагестанскиот град Кизлар во јужна Русија и земаа 2.000 заложници.

2002.- САД ја изградија првата база во бившата советска република Киргизија. Од оваа база, која е прва на територијата на некогашниот Советски Сојуз, односно Заедницата на Независни Држави, САД го контролираат воздушниот простор во Авганистан, но и на цела Централна Азија.

2004.- Турција го потпиша протоколот за укинување на смртната казна дури и за време на војна, во настојување да ги задоволи стандардите на Европската унија како би можела да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ.

2005.- Суданскиот претседател Али Осман Таха и Џон Гаранг, шеф на Ослободителното движење на суданскиот народ - побунетите групи од југот на Судан, во Најроби во Кенија,  потпишаа мировна спогодба, по 21-годишната граѓанска војна.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 12:16

1297.- Франческо Грималди, преоблечен во калуѓер продре во тврдината Монако која тогаш беше под владение на Џенова. Притоа во неа ги пушти своите војници и истата ја освои. Тој е основач на династијата Грималди која и денес е на власт во кнежеството Монако.

1324.- Умре италијанскиот истражувач Маро Поло, најпознат европски средновековен патник. Во 1271 година од Венеција на 17-годишна возраст тргна кон Далечниот Исток . Пропатува низ Месопотамија, к*рдистан, Персија, Туран, Памир, Кинески Туркестан и Монголија и стигна во Пекинг во 1275 година. Како прв Европјанин премина преку Памир, Туркестан и Монголија. Од 1275 до 1292 година ја пропатува речиси цела Кина, а на враќање од 1292 до 1295 година патуваше преку Индокина, денешна Индонезија, Сингапур и Индискиот Океан, Персија и Црно Море. Своите патувања ги опиша во „Книга за светските чуда“, објавена во 1298 година, подоцна наречена „Милион“.

1589.- Во Дубровник е роден Иван Гундулиќ, епски, лирски и драмски писател. Напиша многу мелодрами, пасторали и лирски песни од кои многу се загубени. Најпознати негови дела се „Осман“, „Дубравка“, „Аријана“ и други. Умре во Дубровник, на 8 декември 1638 година.

1642.- Во Фиренца умре Галилео Галилеј, италијански астроном, еден од најпознатите физичари и астрономи воопшто. Ги проучуваше проблемите на механиката, како што се: слободното паѓање, хоризонталниот истрел и други. Го конструира првиот термоскоп, го откри телескопот, распаѓањето на Млечниот пат, појавата на сончевите дамки и друго. Неговото залагање за системот на Коперник го доведе во судир со црквата и во 1616 година инквизицијата донесе решение со кое на Галилео Галилеј му се забранува да ја пропагира тезата дека, Сонцето се наоѓа во центарот на светот и дека Земјата се врти околу Сонцето. Роден е во Пиза, во 1564 година.

1679.- Храбриот француски истражувач Роберт Кавелје де ла Сал ги откри величенствените водопади на Нијагара во САД, кои спаѓаат меѓу најубавите природни убавини на светот. За три години го помина целиот тек на реката Мисисипи и од името на Луј Четиринаесетти долината ја прогласи за француски имот. Во бунт на членовите на неговата експедиција е убиен во 1687 година.

1713.- Умре Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. Роден е на 15 февруари 1653 година.

1819.- Во Љубљана умре Валентин Водник, просветител, прв словенечки поет и новинар. Роден е во Згорња Сишка, кај Љубљана, на 3 февруари 1758 година.

1870.- Роден е шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, кој беше профашистички воен шпански диктатор од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обиде да ја обедини Шпанија со мотото „една земја, една вера, една монархија“, но бидејќи не успеа да создаде прифатлив политички систем, под притисок на војската од која ја загуби поддршката, поднесе оставка.

1896.- Умре францускиот писател Пол Верлен, чија поезија е полна со лиризам и музикалност, а која значително влијаеше на француските симболисти. Дела: збирките “Романси без зборови“, „Галантни свечености“, „Елегија“, „Мудрост“.

1899.- Роден е цејлонскиот државник Соломон Бандаранаике, основач и водач на Партијата за слобода и претседател на владата на Целјон (сегашна Шри Ланка) од 1956 до 1959 година кога беше убиен во атентат. Се залагаше за укинување на странските воени бази, национализација на странскиот капитал и за вонблоковска надворешна политика. По победата на изборите, на функцијата престедател на владата го наследи неговата вдовица Сиримаво.

1923.- Француските и белгиските трупи навлегоа во Рурска област обидувајќи се од поразената Германија да изнудат отплата за воените штети во Првата светска војна. Бидејќи кон крајот на 1922 година Репарационата комисија констатира дека доцни испораката на јаглен на име отштета  за Франција и Белгија, францускиот претседател на влада Рејмон Поенкар објави дека војската ќе ја запоседне Рур со што ќе обезбеди ефикасна наплата на воената штета. Кризата договорно беше решена на средината на 1924 година, а во јули 1925 година Французите почнаа да ги авакуираат трупите од Рур.  

1935.- Во Тупело, Мисисипи, е роден американскиот музичар Елвис Присли, „крал на рокен-ролот“. Беше исклучително популарен во педесетите и шеесетите години од 20. век. Продаде повеќе од 150 милиони плочи и играше во дваесетина филмови.  Умре во Мемфис, на 16 август 1977 година.

1942.- Роден е англискиот физичар Стивен Хокинг, еден од водечките светски научници на 20. век. Со оваа репутација се стекна со книгата за потеклото на универзумот „Кратка историја на времето“, објавена во 1988 година.

1943.- Кај селото Сливник, Велешко, во борба против бугарската полиција загина (се самоуби) Трајко Бошкоски - Тарцан, илинденски првоборец, комесар на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Тој беше командант на прилепските партизани на 11 октомври 1941 година, кога во Прилеп почна востанието на македонскиот народ. Роден е во селото Радобил, на 14 август 1918 година.

1944.- Во Верона во Втората светска војна почна дводневен процес на шестмина членови на Големиот фашистички совет, вклучувајќи го и поранешниот шеф на дипломатијата Галеацо Чано, зет на Бенито Мусолини, кои пред крахот на фашистичка Италија во Втората светска војна му изгласаа недоверба на Мусолини. Нацистичката тајна служба во последен момент се обиде да го спачи Чано, но акцијата ја сопре Адолф Хитлер, а сите шестмина беа стрелани.   

1951.- Во Софија умре Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, македонски патриот, револуционер, писател, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар. Тој ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато. Негово најпознато дело е драмата "Македонска крвава свадба", што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во Софија, на 20 ноември 1900 година. Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Учеше во егзархиското училиште "Свети Климент" во Охрид, а потоа образованието го продолжи во Солун. Во 1897 година беше учител во битолското село Могила, а потоа замина да студира во Грац и во Берн, во Швајцарија. Во 1900 година, семејството на Чернодрински се пресели во Софија. Роден е во селото Селци, Дебарско, на 15 јануари 1875 година.

1959.- Генералот Шарл де Гол стана првиот претседател на Петтата Француска република.

1973.- Американскиот и северновиетнамскиот преговарач, Хенри Кисинџер и Ле Дук То, во Париз ги обновија преговорите за ставање крај на Виетнамската војна.

1976.- Умре кинескиот државник Џо Ен Лај, еден од најистакнатите водачи на Кинеската револуција. Беше претседател на влада од 1949 до смртта, и шеф на дипломатијата од 1949 до 1958 година. На Револуционерната студенска организација „Разбудено општство“ од која во 1921 година настана Комунистичката партија на Кина и пристапи во 1919 година. Учествуваше и во „Вториот марш“ во 1934 и во 1935 година. Успеа да опстане во врвот на Комунистичката партија на Кина и покрај низата чистки, вклучувајќи ја и „Културната револуција“.

1991.- Банкротираше една од најголемите светски авиокомпании, американскиот „Пан Американ“.

1991.- Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.

1996.- Умре францускиот државник Франсоа Митеран, кој како прв социјалист во 1981 година е избран за претседател на Франција. На функцијата претседател на Франција остана 14 години. Во Втората светска војна беше еден од водачите на Движењето на отпорот, а од 1971 година ја предводеше Социјалистичката партија.

1996.- Заирски товарен авион падна на пазар полн со луѓе во центарот на Киншаса, усмртувајќи најмалку 350 луѓе.   

1998.- Акциите на берзата во Џакарта вртоглаво паднаа. Тоа беше почеток на големата стопанска и финансиска криза во Индонезија, која набрзо ги зафати и другите земји од тој регион.

1998.- Исламскиот терорист Ремзи Ахмед Јусеф е осуден на доживотна робја, плус 240 години затвор, како организатор за подметнување експлозив во 1993 година во Светскиот трговски центар во Њујорк, кога загинаа шест лица.

2004.- Британската кралица Елизабета Втора го крсти најголемиот патнички брод во светот „Квин Мери 2“. Неговата изградба чинеше 800 милиони долари. Беродот е долг 345 и висок 72 метри.

2007.- Умре Ивао Такамото, креатор на симпатичната дога Скубиду, како и на ликови од популарното семејство „Кременко“. Такамато е автор или коавтор на цртаните филмови „Пепелашка“, „Петар Пан“, „100 далматинец“, „Семејството Кременко“. Името на симпатичната дога Скубиду е инспирирано од импровизацијата со која Френк Синатра ја звршува својата прочуена песна „Странец во ноќта“. Во текот на 50-годишното продуценско работење Такамото создаде 260 филмови.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 15:27

1169.- Франција и Англија склучија мир по средбата на кралевите Луј Седми и Хенри Втори, во Монмирај.

1367.- Роден е англискиот крал Ричард Втори, кој на престолот дојде на 10-годишна возраст, наследувајќи го дедо му Едвард Трети. Умре во 1400 година под мистериозни околности во ропство во замокот Понтефракт.

1392.- Скопје падна под османлиска власт и стана седиште на санџакот (подрачје, управна единица на чело со санџак-бег, врховен воен и административен старешина). Скопскиот санџак беше прва организирана османлиска провинција на територијата на југословенските земји и база за навлегување кон север и запад.

1412.- Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 до 1453 г.). На младата селанка, на која "гласовите од небото" и наредиja да ја спаси Франција, кралот Карло Седми и довери и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спаси градот Орлеан од англиските освојувачи. Подоцна падна во рацете на бургундијците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предадоа на Англичаните. Беше прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со запалување, што беше извршено во Раун, на 30 мај 1431 година.

1745.- Роден е францускиот пронаоѓач Жак Етјен Монголфје, кој заедно со братот Жозеф Мишел во 1783 година го конструираa првиот балон наполнет со загреан воздух.

1810.- Со мировен договор во Константинопол поразеното Османлиско царство на Русија и ги предаде полуостровот Крим и областа Кубан.

1822.- Роден е германскиот археолог Хајнрих Шлиман, кој во 1868 година ја откри Троја, користејќи се со податоците од Хомеровите епови „Илијада“ и „Одисеја“. Шлиман ги откри Микена, Орхомен и Итака, трошејќи го на археолошки ископувања целото свое милионско богатство.

1829.- Умре чешкиот славист Јозеф Добровски, татко на славистиката, главна личност во чешката народна преродба. Автор е на чешката граматика и на граматиката на старословенскиот јазик. Ги проучуваше сите словенски јазици и книжевности, а посебно работата на македонските просветители Кирил и Методиј, потоа македонската азбука и македонскиот јазик. Дела: „Историја на чешкиот јазик и книжевност“, „Граматика на чешкиот јазик“, „Граматика на старословенскиот јазик“, збирките „Славин“, „Слованка“.

1838.- Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Самјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.

1849.- Роден е Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагираше јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните „Борба“, „Ѓурѓовден“, „Хаџи Димитар“ и други, содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Загина во борба против турската војска, на 1 јуни 1876 година.

1852.- Умре францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измисли системот на испакнати точки, чии комбинации означуваат поединечни зборови, што им овозможува на слепите да можат да читаат.

1872.- Роден е рускиот композитор и пијанист Александар Николајевич Скрјабин. Дела: композиции за оркестар „Боженствена поема“, „Прометеј“, сонати, етиди.

1919.- Умре американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создаде светска сила од САД. Должноста шеф на државата ја презеде како потпретседател на САД, по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Беше иницијатор на изградбата на Панамскиот канал, а за посредување во руско-јапонската војна во 1905 година ја доби Нобеловата награда за мир во 1906 година.

1941.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт во говорот во Конгресот го дефинира своевидниот политички концепт познат како „четири слободи“ - слобода на говорот, слобода на религијата, слобода од страв и слобода од сиромаштија.

1945.- Водачот на Партизанското движење Јосип Броз и шефот на британската мисија Фицрој Меклин во Втората светска војна склучија спогодба за воспоставување воздухопловна база кај Задар за потребите на сојузното воздухопловство во борбата против германските сили.

1945.- Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.

1946.- Основано е Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Меѓу основачите беа Василие Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски и Борко Лазески.

1949.- Умре американскиот филмски режисер Виктор Флеминг. Тој светската слава ја стекна со филмот „Однесено од виорот“. Останати филмови: „Волшебникот од Оз“,  „Тортиља Флат“, „Јованка Орлеанка“.  

1950.- Велика Британија ја призна Кина.

1981.- Умре шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфилите“, „Три љубови“, „Херојски години“, драмата „Јупитер се смее“.

1983.- Во Скопје умре д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Меѓу другото, најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на ИНИ. Роден е во селото Галичник, на 19 отомври 1924 година.

1987.- Умре Маргарет Лоренс, канадска писателка, доминантна личност во канадската современа литература, авторка на романот "Камениот ангел". Покрај писателската дејност, таа беше ангажирана и во антинуклеарното движење. Родена е во 1927 година.

1988.- Во Белград умре Александар Аксиќ, новинар, редактор и поет. Како припадник на револуционерното движење, заедно со Кочо Рацин и со Јован Ѓорѓевиќ ја објави збирката револуционерни песни „1932“. Беше член на предвоената редакција на „Наша реч“, орган на КПЈ за Македонија, а беше и директор на „Култура“. Роден е во Куманово, во 1912 година.

1993.- Умре рускиот балетан Рудолф Хаметович Нуреев, ѕвезда на светската балетска сцена. На Запад емигрираше по гостувањето во Париз во 1961 година. Запаметен е по незаборавните главни улоги во многу балети, вклучувајќи ги „Лебедово езеро“, „Жизел“, „Петрушка“.

1993.- Умре американскиот џез-музичар, трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи, несомнено еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одигра пресудна улога во создавањето на би-бап музиката.

1995.- Во провинцијата Шанси во северна Кина загинаа најмалку 100 луѓе во експлозија по сударот на два товарни воза натоварени со тони тринитротолуол.

2004.- Иран ги обнови целосно дипломатските односи со Египет кои беа прекинати пред 25 години, променувајќи го и називот на улицата која го носеше името на терористот што го уби египетскиот претседател Анварал ел Садат, во октомври 1981 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 10:44

911.- Во манастирот "Свети Наум", на брегот на Охридското Езеро, умре Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на македонската писменост и просвета. Наум беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимаваше со литературна дејност, но неговите текстови се уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. Роден е во првата половина на деветтиот век.

1589.- Умре француската кралица Катарина Медичи, ќерка на господарот на Фиренца Лоренцо Втори Медичи која, по смртта на својот сопруг Андри Втори, од 1560 година владееше со Франција како регент на синовите Франсоа Втори, Шарл Деветти и Анри Трети. Во текот на нејзиното владеење беснееше верско-граѓанската војна меѓу римокатолиците и хугенотите, за кое разбеснување придонесе и самата таа.  Со поддршка на папата Гргур Тринаесетти во 1572 година го организира колежот на хугенотите (француски протестанти - калвинисти) познат како Вартоломејска ноќ.

1592.- Роден е индискиот цар Шах Џехан од династијата Могула (познат и како принц Харам). Најголем дел од владеењето, од 1628 до 1658 година, кога беше тргнат од синот Аурангзеб, се посвети на изградбата на мавзолејот Таџ Махал во престолнината Агри. Преубавото здание од бел мермер, кој со 20.000 работници го градеше од 1631 до 1653 година, е посветен во спомен на Мумтаз Махал. Умре во 1666 година и е погребен во истиот мовезелј. Во 1648 година ја премести престолнината од Агри во Делхи, каде го изгради новиот град Шахџеханабад.

1762.- Умре руската царица Јелисавета Петровна Романов, ќерка на Петар Велики. Во текот на нејзиното владеење од 1741 година земјата стагнираше, бидејќи не се бавеше со реформи и територијални освојувања што беа карактеристични за нејзиниот татко и Катарина Велика, која стана царица неколку месеци по нејзината смрт.

1855.- Роден е американскиот пронаоѓач Кинг Кемп Џилет, пронаоѓач на ножот за бричење, кај нас познат како „жилет“, според француската верзија на неговото презиме.

1858.- Умре австрискиот војсководец од унгарско потекло фелдмаршалот Хозеф Радецки, воен реформатор и австриски национален херој кој повеќе од половина век ги предводеше австриските трупи. Учествуваше во битките против францускиот цар Наполеон Први и во Италија и на Рајна и во задушувањето на востанието предводено од италијанските востаници против Австрија во 1830, 1831, 1848 и во 1849 година. По победата над Италијаните во 1848 година, кај Кустоце и во 1849 година кај Навара стана гувернер на Ломбардиско-венецијанската област. Најпознатиот австриски воен марш од перото на Јохан Штраус му е посветен него.

1869.- Аргентинските, бразилските и уругвајските сили го зазедоа главниот град на Парагвај, Асунсион, во борбата на таканаречената тричлена алијанса.

1875.- Во Штип е роден Владислав (Славчо) Ковачев, македонски револуционер и публицист. Неговиот богат револуционерен и творечки живот е посветен на македонското дело, на одбраната на изворните принципи на самостојноста на македонското ослободително движење и на афирмацијата на македонскиот национален идентитет. Само неколку часа пред да биде убиен неговиот истомисленик Димо Хаџи Димов, од наемен убиец на Ванчо Михајлов, е убиен во Софија, на 13 септември 1924 година.

1876.- Роден е германскиот државник Конрад Аденауер, канцелар на Западна Германија од 1949 до 1963 година. Во 1947 година беше основач на Христијанско-демократската партија. До доаѓањето на нацистите на власт во 1933 година беше адвокат и градоначалник на Келн. Политички се реактивира по капитулацијата на Германија во Втората светска војна, тесно соработувајќи со американската воена управа, односно со владата на САД. Активно учествуваше во создавањето на НАТО и на другите облици на соработка на западните држави.

1885.- Во Софија излезе првиот број на весникот „Македонски глас“, весник на македонските емигранти. Прв одговорен уредник беше Христо Томов. Весникот се застапуваше за борбата против турската власт во Македоија и за примена на член 23 од Берлинскиот договор, за автономија на Македонија.

1895.- Германскиот физичар Вилхелм Рендген ги пронајде "Х" зраците, подоцна по него наречени "Рендгенски зраци".

1916.- Пред Медовскиот Залив во Албанија во Првата светска војна по експлозија потона италијанскиот брод „Бриндизи“ во кој загинаа 390, а беа спасени 102 патника.

1919.- Во Берлин почна востанието предводено од комунистичката организција „Спартански сојуз“ на чело со Роза Луксембург и Карла Либкнехтом.

1919.- Основана е Национал-социјалистичката работничка партија на Германија. На власт дојде во 1933 година кога на Хитлер по изборите му беше доверен мандатот за состав на владата. Стравот од националистичката партија во Германија во повеќето делови во Европа траеше до 1945 година кога Германија капитулира, а претходно на воен план беше тотално поразена.

1925.- Нели Тејлор Рос е првата жена  во историјата на САД која стана гувернер на американската сојузна држава Вајоминг.

1928.- Роден е пакистанскиот државник Зулфикар Али Буто кој беше претседател на Пакистан од 1971 до 1973 година кога стана премиер. Во јули 1977 со воен пуч го тргна генералот Мухамед Зија ул Хак. Буто беше уапсен, а судот на военот режим на Зија во март 1978 година го осуди на смрт со неуверливи обвиненија дека наредувал убиства на политичките противници. Беше обесен во април 1979 година.  

1939.- Роден е шпанскиот крал Хуан Карлос Први, кој по смртта на Франциско Франко во 1975 година кој, иако Франко го подготвуваше да продолжи со десничарската диктатура, одлучувачки придонесе за воспоставување на демократскиот поредок во Шпанија. 

1952.- Во Скопје, во ателјеата на Зајчев Рид, започна снимањето на првиот македонски уметнички филм „Фросина“. Режисер беше Воислав Нановиќ, а снимател Кирил Билбиловски. Во главните улоги играа Мери Бошкова, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Ацо Јовановски и други.

1952.- Во Торино, Италија, умре д-р Христо Татарчев, еден од основоположниците на Внатрешната македонска револуционерна организација, основана во Солун, во 1893 година. Беше претседател на ЦК на Организацијата од нејзиното основање па се до 1901 година. Роден е во Ресен, на 16 декември 1869 година.

1959.- Во Москва почна советувањето на претставниците на владите на Бугарија, Чехословачка, Унгарија, Полска, Романија и Советскиот Сојуз, на кое е донесена одлука за формирање на Совет за взаемна економска помош „СЕВ“.

1961.- Воена влада во Перу уапси стотици луѓе под обвинение дека се комунисти.

1964.- Вселенскиот патријарх Атинагор Први и папата Павле Шести се состаноа во Ерусалим. Од 15. век тоа беше прва средба на некој православен патријарх со римокатоличкиот поглавар.

1968.- Александар Дупчек стана прв секретар на КП на Чехословачка и со него започна процесот на внатрешна либерализација, дефиниран како "Прашка пролет".

1969.- Советскиот Сојуз го лансираше вселенскиот брод „Венера 5“ без екипаж во правец на Венера, а пет дена потоа и „Венера 6“, кои до планетата стасаа на 16, односно 17 мај.

1970.- Во Гетинген, Германија, умре Макс Борн, германски научник, светски теоретичар во областа на нуклеарната физика. Во 1954 година ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Вроцлав, Полска, на 11 декември 1882 година.

1971.- Социјалистичката влада на Чиле воспостави дипломатски односи со Кина.

1976.- Диктаторскиот маоистички режим „Црвени кмери“ донесе нов устав во Камбоџа со кој името на земјата е сменето во Демократска Кампучија.

1981.- Почна електрификацијата на железничката пруга Скопје - Гевгелија, што заврши на 24 ноември 1986 година.

1985.- Во Загреб умре Ловро Матачиќ, хрватски диригент, композитор и оперски режисер, уметник со светско реноме. Почетокот на работата на Македонскиот народен театар е тесно врзан со името на овој светски музички великан. Роден е во Сушак, на 14 февруари 1899 година.

1990.- Во Скопје умре Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во "Нова Македонија". Роден е во Лазарополе, на 14 ноември 1941 година.

1991.- Куба и Советскиот Сојуз потпишаа договор со кој ја окончаа повластената меѓусебна трговија и беа укинати вештачки ниските цени.

1991.- Умре Васко Попа, еден од најголемите српски, односно војводински поети, кој ја воведе модерната метафора во поетското изразување. Познати се неговите збирки поезија „Кора“, „Споредно небо“, „Волчја сол“, „Куќа средпат“ и други. Роден е во Гребенац, кај Вршац, на 29 јули 1922 година.

1995.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Узбекистан и Република Молдавија.

1996.- Убиен е палестинскиот терорист Јахја Ајаз, наречен „инженер“, осомничен како организатор на бранот самоубиствени терористички напади во Израел во кои загинаа десетици еврејски цивили. Загина откако во неговите раце во Газа експлодира миниран мобилен телефон.

1997.- Русија ги повлече последните единици на Министерството за одбрана од Чеченија, привремено завршувајќи ја воената кампања против исламските терористи во Чеченија.

2004.- Соопштено е дека на вонредните претседателски избори во Грузија убедливо победи лидерот на опозицијата Михаил Сакашвили (36).

2006.- Во нападите на двајцата самоубијци во ирачките градови Карбали и Рамади, загинаа 130, а беа ранети повеќе од 200 луѓе.

2007.- Умре Момофука Андоа, јапонскиот „крал на ситни тестенини“, пронаоѓач на „инстант ситните тестенини“ кои се главна храна на астронаутите во вселената. Андо е роден во 1910 година на Тајван. Со производство на тестенини почна во Тајпеј, а подоцна продолжи и во Осака. Во 1948 година ја основа компанијата „Нишин Фуд“, и таа беше првата фабрика која во 1958 година ги произведе ситните тестенини во вреќички, а потоа и други слични производи кои со време го освоија целиот свет.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 11:46

1710.- Роден е италијанскиот композитор Ѓовани Батиста Перголези. Дела: опера „Служавката господарка“, црквената музика „Stabat mater“.

1785.- Роден е германскиот филолог и книжевник Јакоб Грим, основач на современата германистика. Јакоб Грим вниманието на јавноста го сврте кон народните умотворби и јазикот, а ги изучуваше историјата на јазикот и старата книжевност. Се бавеше со народни преданија, митови и бајки, со фолклор и обичаи. Во 1852 година го основа големиот „Германски речник“ и го напиша делото „Историја на германскиот јазик“.

1797.- Францускиот генерал Наполеон Бонапарта ги победи Австријците кај Риволија во Италија.

1809.- Роден е францускиот учител Луј Брај, пронаоѓачот на азбуката за слепи, наречена Брајов систем. И самиот слеп, го измисли системот на испакнати точки, чии комбинации означуваат поединечни зборови, што им овозможува на слепите да можат да читаат.

1909.- Во селото Лавци, Битолско, е роден Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија. Загина, односно се самоуби, во борба против бугарскиот окупатор кај селото Лавци, на 12 јуни 1943 година.

1932.- Владата на британската колонија Индија го забрани Индијскиот национален конгрес и го уапси неговиот водач Махатма Ганди, кој ја предводеше борбата за независност на Индија.

1941.- Во Париз умре Анри Бергсон, француски филозоф и академик. Разви нов вид филозофија на животот, заснована врз идејата на „животен полет“. Од делата познати му се „Творечка еволуција“, „За смеењето“, „Материја и меморија“ и други. Во 1927 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден во Париз, на 18 октомври 1859 година.

1942.- На пат за Македонија (по организираното бегство од затворот во Сремска Митровица), минувајќи ја планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владички Хан, од заседа на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Роден е во Скопје, на 7 јануари 1916 година.

1943.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бугарските фашисти, знаејќи дека фатиле голем револуционер и организатор, го мачеа посурово отколку средновековните инквизитори. Беше член на КПЈ од 1934 година, а во НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.

1943.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го уби (го фрли низ прозорец) Мирче Ацев, народен херој на Македонија. Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го доби неговото име. Беше член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.

1944.- Сојузничките сили во Втората светска војна го започнаа нападот врз германските сили на Монте Касина. Во жестоките борби беше разоран градот Касино и прастариот бенедиктински манастир, кој во 529 година го подигна основачот на римокатоличкиот ред Свети Бенедикт од Нурсиј. Монте Касино беше центар на Бенедиктинскиот ред и центар на пребогатата архива, библиотека и ризница. Тој е потполно разорен и уништен.

1948.- Велика Британија ја призна Бурма (сегашен Мјанмар) како независна република со првиот претседател на владата Такин Нуом.

1951.- Севернокорејските и кинеските трупи го зазедоа Сеул во Корејската војна.

1954.- Во Скопје умре Димитар Андонов - Папрадишки, македонски зограф, еден од втемелувачите на современата македонска уметност. Роден е во селото Папрадиште, во 1859 година.

1958.- Советскиот „Спутњик I“, првиот сателит кој беше лансиран во октомври во 1957 година, се распадна и падна на Земјата.

1960.- Во сообраќајна несреќа загина францускиот писател Албер Ками, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1957 година. Дела: „Странец“, „Куга“, „Пад“, „Калигула“, „Свадба“, „Митот за Сизиф“ и други.

1965.- Умре англискиот писател од американско потекло Томас Стернс Елиот, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1948 година. Дела: „Збирка песни“, „Збирка есеи“, поетските драми „Убиство во катедрала“, „Семеен состанок“, „Коктел-партија“.

1967.- Загина англискиот возач на брзи автомобили и чамци Доналд Малколм Кемпбел, носител на светскиот рекорд во возење автомобили од 648,7 км. на час. Рекордот го постави во 1964 година. Со чамецот „Сината птица“, со млазен мотор, на езерото Конистон во Велика Британија, Кемпбел се обиде да освои нов рекорд, го достигна новиот светски рекорд на вода - од 527,9 км. на час, но тој рекорд го плати со живот.

1972.- Пакистан побара разговор со Индија по војната во која беше поразен, а дотогашниот Источен Пакистан стана независна држава Бангладеш.

1975.- Умре италијанскиот писател Карло Леви, автор на романот „Христос застана во Еболија“, во кој е опишан тешкиот живот на италијанските селани под фашистичкиот режим. За време на владеењето на Мусолини беше интерниран во јужна Италија.

1989.- Во меѓународните води на Средоземното Море спроти Либискиот брег, американски воени авиони соборија два либијски ловци кои наводно му претеа на носачот на авиони „Џон Ф. Кенеди“.

1992.- Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.

1995.- Поранешниот турски претседател на владата Булент Еџевит ги обвини Германија и Австрија за распаѓањето на Југославија, бидејќи тие го поттикнаа отцепувањето на Словенија и Хрватска и ја осуди Анкара за рамнодушноста по појавата на првите сигнали дека дотогашната Југославија исчезнува.

1996.- Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.

1998.- Шефот на израелската дипломатија Давид Леви поднесе оставка, истакнувајќи дека не сака повеќе да се грижи за прашањата на мирот и социјалната заштита.

1998.- Во Куманово и во Прилеп, во непосредна близина на зградите на Управата за внатрешни работи, експлодираа експлозивини направи.

2004.- Претставници на авганистанската фракција постигнаа договор за уставот, овозможувајќи ги со тоа првите избори по граѓанската војна во земјата, која траеше 25 години.

2005.- Непознати напаѓачи го убија гувернерот на Багдат, Алија ел Хајдари.

2006.- Умре претседателот на владата и вториот човек на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мактум бин Рашид ел Мактум, инаку монарх на Емиратите во Дубаи.

2007.- Апелациониот суд на канадската провинција Онтарио официјално го призна правото на едно петгодишно дете да има три родители - татко и две мајки кои повеќе од 15 години живеат во хомосексуална заедница, од кои една е неговата биолошка мајка. Во Онтарио хомосексуалните бракови се легални од 2003, а од 2005 година и на целата територија на Канада.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2009 во 11:24

1799.- Трупите на францускиот генерал Наполеон Бонапарта влегоа во Сирија.

1833,- Британските трупи ги зазедоа Фолкландските острови во Атлатнскиот океан. Овој архипелаг е оддалечен околу 500 километри од аргентискиот брег и се наоѓа во јужен Атлантик. Ден порано Лондон прогласи суверенитет над островите, исфрлајќи го од нив аргентинскиот гарнизон.

1837.- Роден е рускиот композитор, пијанист и диригент Милиј Алексиевич Балакирјев, поттикнувач и идеен водач на композиторската група која е наречена Балакирјев кружок или „Големата петорка“. Во групата членуваа и Цезар Кјуј, Модест Мусоргски, Николај Римски - Корсаков и Александар Бородин. Дела: симфониските поеми „Русија“, „Тамара“„, музика за „Кралот Лир“, клавирски композиции, вклучувајќи ја и фантазија „Исламеј“.

1939.- Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја сними првата фотографија на Месечината.

1905.- Русија по поразот во руско-јапонската војна беше принудена на Јапонија да и го отстапи пристанишниот град Порт Артур, на манџурскиот брег.

1905.- Над селото Кнежево, Kратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7-ми јануари истата година.

1913.- Турскиот гарнизон на островот Хиос им се предаде на Грците.

1915.- Заврши петдневната битка кај Сарикамис во Првата светска војна во која руската војска и нанесе тежок пораз на турската армија. Турците изгубија 77.000 од 95.000 војници.

1920.- Роден е американскиот писател и професор по биохемија Исар Асимов, пишувач на научно-фантастична проза. Научно-популарни дела: „Хемикалиите на животот“, „Ѕвездите и нивните патишта“, „Наука, броевите и јас“. Книжевни дела: „Јас, робот“, „Голо сонце“, „Вселенски струи“, „Крај на вечноста“.

1933.- Во Барселона почна востанието на анархистите и синдикалците кое беше веднаш задушено.

1942.- Јапонците во Втората светска војна го зазедоа главниот град на Филипини (тогаш колонија на САД) Манила.

1943.- Отстапувајќи пред Црвената армија, Германците во Втората светска војна го почнаа повлекувањето од Кавказ.

1946.- Македонските политички затвореници од затворот "Касандра" во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: "Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...".

1955.- Во Панама е убиен претседателот, полковник Хосе Антонио Ремон, кој го наследи првиот потпретседател Хосе Рамон Гисадо. Гисадо ја држеше власта помалку од две недели и беше соборен заради учество во заговорот на убиството на Ремон.

1959.- Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советската „Луна I“ без човечки екипаж.

1959.- Ден откако го урна режимот на диктаторот Фулхенси Батиста и влезе во Хавана, Фидел Кастро за привремен претседател на Куба го наименува Мануел Урутио.

1971.- Во текот на фудбалскиот натпревар помеѓу Селтик и Ренџерси, во шкотскиот град Глазгов се урна дел од трибина на стадионот „Ајброкс парк“ при што загинаа 66 навивачи.

1980.- Во Велика Британија почна првиот национален штрајк на металците од 1926 година.  

1988.- Во Скопје умре д-р Ремон Рубен, професор на Медициснкиот факултет во Скопје и еден од водечките струшњаци во областа на дерматовенерологијата во Македонија. Тој има голема заслуга за основањето и дејноста на Клиниката за кожни и венерични болести на Скопскиот медицински факултет. Роден е во Скопје, во 1911 година.

1993.- Во Белград умре Михаило Лалиќ, еден од најголемите современи црногорски прозни писатели и академик. Најпознати негови дела се „Свадба“ и „Лелејска гора“. Роден е во сеото Трепча кај Андриевица, во 1914 година.

1994.- Повеќе од 70 луѓе загинаа и најмалку 670 беа ранети во текот на дводневните борби на спротивставените исламски фракции во главниот град на Авганистан, Кабул.

1995.- Поранешниот претседател на Сомалија Мухамед Сијад Баре, кој на власт дојде со пуч во 1969 година и на ист начин беше тргнат од неа во 1991 година, умре во бегство во Нигерија.

1998.- Нигериските власти го упасија поранешниот претседател на владата Хама Амаду, обвинувајќи го за учество во наводниот заговор за ликвидација на шефот на државата Ибрахим Баро Маинасуро.

1999.- Умре Јордан Конев, еден од доајените на македонското новинарство. Роден е во Штип, на 12 ноември 1931 година.

2000.- По повеќе од половина век, првиот тајвански брод легално се закотви во пристанишниот град Фуџијан, на југот од Кина.

2002.- Првиот контингент на меѓународните мировни сили за Авганистан, составен од претставници од 11 земји, стигна во Кабул, кој им се придружи на веќе присутните Британци.

2004.- Умре Александра Рипли, американска писателка, која го напиша контраверзното продолжение на легендарниот роман на Маргарен Мичел „Одвеано со виорот“. Рипли е позната по историските романи за американскиот Југ во 19. век. Во 1991 година го напиша романот „Скарлет“, кој е продолжение на романот „Одвеано со виорот“. Таа е автор и на делата „Чарлстон“, „Напуштајќи го Чарлстон“, „Наследството на Њу Орлеанс“ и други дела. Родена е во 1934 година.

2007.- Умре Теди Колек, легендарниот градоначалник на Ерусалим, кој со градот управуваше скоро три децении. Колек беше првиот човек на Ерусалим од 1965 до 1993 година, во шест мандати. Необичниот градоначалчник, познат по тоа што неговиот приватен телефонски број беше достапен за сите, е роден во 1911 година недалеку од Будимпешта, а порасна во Виена. Беше близок соработник на таткото на израелската нација Давид Бен Гурион и член на неговиот кабинет.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2008 во 11:17

1747.- Во лондонската болница „Лок“ е отворена првата клиника во светот за лечење на венерични болести.

1797.- Во Лихтентал до Виена, е роден Франц Шуберт, австриски композитор, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната. Компонира неколку стотици такви песни, потоа опери, сценска музика, симфонии и камерна музика. Умре во Виена, на 19 ноември 1828 година.

1808.- Дубровничката Република и формално престана да постои. Речиси две години градот беше под окупација на Франција (маршал Мармон, тогаш генерал). По падот на Наполеон и Виенскиот конгрес во 1815 година, градот и припадна на Австрија. Во 1918 година го ослободија Србите кога беше приопен кон Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1991 година по распаѓањето на Југославија, Дубровник и припадна на Хрватска.

1882.- Родена е руската балерина Ана Павловна Павлова, една од најпознатите балерини во светот во класичен стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почна во Петроград, каде играше со Вацлав Нижински во рускиот балет на Сергеј Ѓагриљев. Потоа ја основа сопствената група со која со огромен успех настапуваше ширум светот, посебно одушевувајќи ја публиката со игрите во балетите „Лебедовата смрт“, „Пеперутки“, „Шопенијана“, „Лебедово езеро“, Жизела“, „Рајмонда“.

1917.- Германија во Првата светска војна објави „тотална војна на море“, со намера да ја принуди Британија на капитулација. Торпедските бомбардирања ги натера неутралните САД да влезат во војна против централните сили.

1918.- Во Русија 31 јануари беше последниот ден на сметање на времето по Јулијанскиот календар. Следниот ден датумот беше означен како 14 февруари, според Грегоријанскиот календар, кој од тогаш стана службен.

1929.- Еден од водачите на Октомвриската револуција Лав Троцки по налог на Сталин беше протеран од тлото на Советскиот Сојуз.

1930.- Отворена е Лондонската поморска конференција на која учествуваа Велика Британија, САД, Франција, Италија и Јапонија, на која обидот за запирање на трката за вооружување и спречување војна беше неуспешен.

1933.- Умре Џон Голсфорди, англиски писател. Автор е на познатата трилогија на семејството Форсајт ("Сага за Форсајтовите", "Модерна комедија" и "Крај на делото"). Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 14 август 1867 година.

1943.- На крајот на Сталинградската битка во Втората светска војна остатокот од германската армија го откажа отпорот, а германскиот командант фелдмаршалот Фридрих фон Паулус потпиша безусловна капитулација и се предаде заедно со 90.000 војници и офицери. Поразот кај Сталинград го означи почетокот на крајот на Третиот рајх. За шест месеци Германија во тешките борби загуби повеќе од милион војници, а 75 дивизии беа целосно разбиени.

1945.- Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава "Платон Кречет" од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.

1946.- Собранието го изгласа првиот Устав на ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија) во кој беше усвоен принципот на федерално уредување на земјата.

1950.- Претседателот на САД Хари Труман соопшти дека наредил да се произведуваат хидрогенски бомби.

1956.- Умре англискиот писател Ален Александер Милн, автор на многу популарните романи за деца. Дела: романите: „Кога бевме многу млади“, „Вини Пу“, „Куќа на Пуовиот агол“, „Сега сме шестмина“.

1958.- САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит "Експлорер 1".

1964.- Кон Месечината беше лансирана советската автоматска станица „Луна 9“, која три дена подоцна благо се спушти и ги емитуваше првите ТВ-снимки од површината на Месечината.

1971.- Меѓу источен и западен Берлин воспоставен е ограничен телефонски сообраќај, првпат по 19 години.

1974.- Умре американскиот филмски продуцент Семјуел Голдвин, еден од пионерите во филмската индустрија. Во 1923 година ја основа филмската компанија „Семјуел Голдвин Продакшнс“, која во 1924 година се здружи со уште две филмски куќи и компании „Метро-Голдвин-Маер“, но потоа повторно стана самостоен продуцент. Филмови: „Стела Далас“, „Темниот ангел“, „Ќор-сокак“, „Западњак“, „Мали лисици“, „Најубавите години од нашиот живот“, „Тајниот живот на Волтер Митиј“, „Момчиња и девојки“, „Порги и Бес“.

1994.- Во главнот град на Сомалија Могадиш американските маринци пратејќи го конвојот со дипломати на САД, отворија оган врз луѓето собрани покрај центарот за делење на храна при што убија најмалку пет цивили, а ранија многу повеќе.

1994.- Алжирскиот министер за одбрана Лиамин Зеруал ја презеде функцијата шеф на државата.

1994.- Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.

1994.- Во Скопје е формирано Друштво на македонско-турско пријателство и соработка.

1996.- Тамилски терорист-самоубиец влета со камион полн со експлозив во централната банка во Шри Ланка во Коломбо, усмртувајќи околу 90 и ранувајќи повеќе од 1.400 луѓе.

1996.- Во експлозија која уништи станбена зграда во централната кинеска провинција Хуман загинаа 122 луѓе.

2000.- Авионот од типот МД-83 на американската компанија „Аљаска ерлајнз“ се урна во Тихиот Океан во близина на брегот на јужна Калифорнија. Несреќата не ја преживеа никој од вкупно 88 патници и членови на екипажот.

2000.- Харолд Шпилман, сеемен лекар од северозападна Англија, беше осуден за убиство на 15 постари пациенти со смртоносна инјекција. Најголемиот британски сериски убиец, за кој се претпоставува дека убил повеќе од 200 пациенти, се обеси во затворската ќелија во јануари 2004 година.

2001.- Поранешниот либијски таен агент Абде Бесет ел Миграхи е осуден на доживотен затвор поради подметнување бомби во авионот „Пан Американ“ кој во 1988 година експлодира врз Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 луѓе во леталото и на тлото.

2002.- Римокатоличката црква во Ирска се согласи да плати 128 милиони евра обесштетување за луѓето кои беа жртви на злоупотреба од сексуална природа додека престојуваа во детските домови под управа на римокатоличката црква.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2008 во 12:42

- Меѓународен ден на биолошката разновидност

1170.- Кентерберискиот надбискуп Томас Бекет беше погубен во катедралата (соборна црква) во Кентербери по налог на англискиот крал Хенри Втори. Иако близок пријател на кралот и негов канцелар до изборите за архиепископ во 1162 година, кога се спротивстави на намерата на Хенри Втори да го ограничи авторитетот на црквата, посебно нејзиното судство, во 1164 година емигрира во Франција. По враќањето во 1170 година одби да даде заклетва на кралските „Кларендонски правила“ за односите меѓу црквата и државата. За светец беше прогласен во 1173 година, а неговиот гроб во Кентербериската катедрала стана едно од привлечните места за верниците во средновековна Европа.

1634.- Во Венеција умре Клаудио Монтеверди, италијански композитор, еден од најистакнатите оперски композитори од епохата на раниот барок. Освен опери, компонираше мадригали, миси, концерти и други музички дела. Роден е во Кремона, на 4 декември 1567 година.

1721.- Французите го окупираа островот Маурицијус во Индискиот Океан. Островот во 1810 година потпадна под британска власт, а независноста ја стекна во 1968 година.

1721.- Родена е Жана Антоанета Поасон, позната како мадам де Помпадур, исклучително влијателна љубовница на францускиот крал Луј XV. Од 1754 година имаше силно влијание во државната политика така што го наведе кралот да влезе во Седумгодишна војна во која Франција го изгуби колонијалното царство, но многу придонесе во издигање на француската култура помагајќи ги енциклопедистите, филозофите и уметниците. Пред да умре во 1764 година, влијаејќи врз кралот во Франција, беше укинат римокатоличкиот језуитски ред.

1800.- Роден е американскиот пронаоѓач Чарлс Гудјер, кој во 1839 година го откри процесот на вулканизацијата на каучукот. Неговиот изум придонесе брзо да се развие индустријата за гума, посебно во производството на автомобилските гуми.

1808.- Роден е Ендрју Џонсон, седумнаесеттиот претседател на САД. Беше претседател од 1865 до 1869 година.

1809.- Роден е англискиот државник Вилијам Јурет Гледстон, кој како водач на либералите помеѓу 1868 и 1894 година четири пати беше премиер на Велика Британија. Во 1871 година ги легализираше работничките синдикати и во 1884 година ја изврши таканаречената трета парламентарна реформа. Обидувајќи се да го реши ирското прашање врз основа на ирска самоуправа, наиде на препреки од либералите-унионисти. Се противеше на навлегувањето на Австроунгарија на Балканот и се залагаше за национални права на Србите под Османлиското царство. Продолжувајќи ја освојувачката политика на конзервативците, во 1882 година го зазеде Египет.

1825.- Во Брисел умре Жак Луј Давид, голем француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и Наполеонов дворски сликар. Меѓу неговите главни дела спаѓаат "Крунисувањето на Наполеон", "Убиениот Мара" и други. Роден е во Париз, на 30 август 1748 година.

1859.- Роден е мексиканскиот државник Венустијано Каранса, кој во 1917 година стана прв претседател на Мексико врз основа на уставот донесен истата година, по повеќегодишната граѓанска војна. Во текот на тригодишното владеење постојано беше во конфликт со САД, додека во 1920 година беше убиен во воениот удар.

1876.- Во Вендрел, кај Барселона, е роден Пабло Казалс, шпански виолончелист со светски глас, диригент и композитор. Беше професор на Конзерваториумот во Барселона и во Париз. Од 1938 година живееше во емиграција како противник на режимот на Франко. Умре во Сан Хуан, во Порторико, на 22 октомври 1973 година.

1890.- Војската на САД кај „Рането колено“ во Јужна Дакота масакрираше повеќе од 200 Индијанци од племето Сијукс, меѓу нив повеќето деца и жени.

1911.- Револуционерното привремено собрание на Кина за прв претседател го избра Сун Јат Сена, со што по повеќе од три милениуми беше укината монархијата.

1914.- Почна битката кај Сарикамиса во Првата светска војна во која руската војска, иако бројно послаба, и нанесе тежок пораз на турската армија. Турците загубија 77.000 од 95.000 војници.

1920.- Во Софија умре Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците. Автор е на драмското дело "Црне Војвода", а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги. Роден е во Прилеп, на 7 ноември 1829 година.

1921.- САД, Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија го потпишаа Вашингтонскиот договор за организирање морнарско вооружување, но Јапонија истиот ден во 1934 година отстапи од договорот.

1926.- Во Швајцарија умре Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите германски лиричари. Негови познати дела се: "Нови песни", "Песна за љубовта и за смртта на корнетот Кристофер Рилке", "Сонети за Орфеј" и други. Роден е во Прага, на 4 декември 1875 година.

1940.- Германското воздухопловство го изведе најтешкото бомбардирање на Лондон во Втората светска војна со што на британската престолнина и нанесе најголеми урнатини по „големиот пожар“ во 1666 кога беа уништени четири петини од градот.

1941.- Италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини во писмото испратено до Адолф Хитлер во Втората светска војна нагласи дека пред пролетта, според заедничкиот план и со ангажирањето на италијанските и германските сили, мора да бидат ликвидирани жариштата на востанијата во Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

1943.- Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, Кумановско, бугарската војска и полиција стрелаше осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од селото Орах беа интернирани во Бугарија.

1944.- Формирана е Македонската стопанска банка.

1956.- Во Велес умре Андреја Карпузов, прв Македонец магистар по фармација и прв аптекар во Македонија, поддржувач на Гоцевите идеи. Гимназија заврши во Солун, Виша фармацевтска школа во Билиџик, во Турција, а дипломира на Царскиот медицински факултет, отсек фармација, во Цариград, во 1899 година. Во Велес се врати во 1903 година и се вработи во општинската аптека. Од 1907 до 1948 година имаше своја аптека во Велес, која му беше национализирана. Роден е во Велес, на 10 октомври 1872 година.

1972.- При падот на патничкиот авион „Lokid L-1011“ на американската компанија „Истерн Ерлајнз“ во близината на Флорида загинаа 99 лица.

1973.- Филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, штитеник на САД, продолжи да владее по завршувањето на вториот претседателски мандат - кој според уставот не смееше да биде повторно биран. Врз основа на вонредната состојба која ја заведе во 1972 година, владееше со декрети се додека не беше тргнат од власт во 1986 година.

1984.- Во Лос Анџелес умре Сем Пекинпо, американски филмски режисер. Роден е на 21 февруари 1925 година.

1986.- Во Париз умре Андреј Тарковски, советски филмски режисер, кого многумина го сметаат за еден од најголемите режисери на 20. век. Роден е во Заврожје, на 4 април 1932 година.

1986.- Умре англискиот државник и публицист Морис Харолд Макмилан, премиер на Велика Британија од 1957 до 1963 година. Претходно во кабинетите на конзервативците беше државен потсекретар, министер за авијација, за станбени прашања, за одбрана, за финансии и за надворешни работи. Дела: политички записи „Среден пат“, „Економски аспекти на одбраната“, мемоарите за Втората светска војна „Ветришта на промените“, „Избувнување на војна“, „Плима на среќата“.

1989.- Собранието на Чехословачка за шеф на државата го избра чешкиот писател Вацлав Хавел, долгогодишен дисидент под комунистичкиот режим, кој како „државен непријател“ помина пет години во затвор. Тој го наследи Густав Хусак кој претходно под притисок на јавноста поднесе оставка.

1992.- Долниот дом на холандскиот Парламент донесе одлука за признавање на Република Македонија.

1993.- Ватикан и Израел, по 2000 години главно непријателски односи меѓу римокатоличката црква и Евреите, го усвоија документот за меѓусебно признавање на Светата столица и еврејската држава.

1993.- Владите на Република Македонија и на Република Полска донесоа одлуки за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави во ранг на вонредни и ополномоштени амбасадори. Република Полска е прва земја од централна Европа која воспостави дипломатски односи со Република Македонија. Официјалните документи се разменети на 30 декември 1993 година.

1993.- Во Скопје е основана Националната конвенција, невладина и непартиска организација за заштита на идентитетот на македонскиот народ.

1993.- Република Македонија и Република Исланд воспоставија дипломатски односи.

1994.- Во несреќата на турски патнички авион, кој се урна во источна Турција, загинаа 53 од 76 патници и членови на екипажот.

1996.- Владата на Гватемала и водачот на герилското движење потпишаа договор со кој по 36 години и официјално заврши последната и најдолгата граѓанска војна во Централна Америка.

1998.- Во Скопје умре Тома Шијаковиќ, македонски ликовен уметник. Роден е во Косово Поле, на 14 март 1930 година.

2000.- Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски ја посети СР Југославија. Ова е прва посета на македонски претседател на СРЈ по смената на режимот на Слободан Милошевиќ.

2001.- Во пожарот кој избувна во продавница на пиротехнички направи во трговскиот центар во Лима, престолнината на Перу, загинаа околу 300 луѓе.

2001.- Во Скопје умре Џемаил Максут, актер во Турската драма при Театарот на народностите. Роден е во Скопје, на 8 мај 1933 година.

2006.- Стотина луѓе настрадаа кога меѓу индонезиските острови Борнео и Јава во бурата потона траект со 638 патници и членови на екипажот, додека спасувачките екипи извлекоа 59 луѓе. Траектот е најачестото превозно средство во Индонезија, земја која се простира на преку 16.000 острови.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2008 во 11:22

1825.- Умре Жак Давид, голем француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Меѓу неговите познати дела спаѓаат „Наполеоновото крунисување“, „Фамилијата Жерар“ и други. Роден е во 1748 година.

1836.- Шпанија ја призна независноста на Мексико, кое беше окупирано меѓу 1519 и 1522 година. Востанието против колонијалното управување изби во 1810 година, а нестабилноста на Мексико ја искористија САД, одземајќи го Тексас во 1822, а по крвавата војна од 1846 до 1848 година и Ново Мексико и Калифорнија.

1856. - Роден е Вудров Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1924 година.

1879.- Во несреќата на патничкиот воз кој сообраќаше на линијата Единбург - Данди во Шкотска, загинаа наjмaлку 90 луѓе.

1882.- Роден е англискиот астроном и математичар Артур Стенли Едингтон, директор на Опсерваротијата во Кембриџ и претседател на Меѓународната астрономска унија од 1938 до смртта во 1944 година.

1895. - Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинематографијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.

1908. - Во земјотресот во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.

1925. - Во Ленинград, во состојба на тешка душевна депресија, се самоуби Сергеј Александровиќ Есенин, еден од најзначајните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. Познати негови дела се „Задушница“, „Триптих“, „Стихови на скандалистите“, „Кафеанска Москва“, „Советска Русија“, „Персиски мотиви“ и „Ана Снегина“. Роден е во селото Константиново, сега Есенино, Разјанска област, на 3 октомври 1895 година.

1937. - Во Париз умре Морис Равел, француски композитор. Тој е еден од најпознатите претставници на францускиот импресионизам, творец на многу оригинален израз. Најпознати дела му се оркестарската композиција „Болеро“, операта „Шпански часовник“, балетот „Дафнис и Клое“ и други. Роден е во Цибург, на Пиринеите, на 7 март 1875 година.

1942.- Јапонски авиони во Втората светска војна го бомбардираа индискиот град Калкукта.

1943. - Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот батаљон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеа поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и од Демир Капија.

1944. - Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.

1944. - Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.

1944.- Унгарија и објави војна на Германија.

1947.- Умре поранешниот италијански крал Витори Емануеле III, последениот монарх на Италија, кој на престолот беше од 1900 до 1946 година. Го поддржуваше фашистичкиот режим на Бенито Мусолини, а по агресијата на Италија врз Етиопија, во 1936 година се прогласи за „цар на Етиопија“, а за „крал на Албанија“ во 1939 година. Абдицираше по победата на републиканците на изборите во 1946 година.  

1948.- Во Египет е убиен претседателот на Владата Нокраши Паша во време кога во земјата имаше повеќемесечни немири и насилства.

1962.- Во Мозамбик, португалска колонија во Африка, со сојузништво на три антиколонијални групи беше основан Фронтот за ослободување на Мозамбик, под чие водство земјата после долготрајните борби во 1975 година стекна независност. Две децении потоа во земјата беснееше граѓанска војна.  Со победата на Нелсон Мандела во Јужна Африка во почетокот на деведесетите години од 20. век и со расното помирување беа создадени условите за ставање крај на граѓанската војна и слободни избори на кои победи Фрелимо.

1963.- Умре Паул Хиндемит, германски композитор, виолинист и музички теоретичар, најистакнат претставник на германската модерна музика. Роден е во 1895 година.

1966.- Кина ја изврши петтата нуклеарна проба. Шест месеци подоцна експлодира првата кинеска хидрогенска бомба.

1968.- Во нападот на аеродром во Бејрут израелските командоси уништија 13 арапски авиони.

1974.- Во земјотресот кој ги разори селата во пакистанската планинска област Карака, загинаа околу 5.200 лица.

1984.- Умре американскиот филмски режисер Сем Пекинпо, автор на вестерни и криминалистички филмови кои се карактеризираат со изразити ликови, совршена монтажа и стилска проекција. Филмови: „Балада за Кејбл Хог“, „Шампион во родео“, „Бег“, „Бившиот пријател Кид“, „Елита на убијци“, „Железен крст“.

1988.- Во Прилеп умре Рампо Конески, еден од доајените на театарската уметност во Македонија, прв директор на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Роден е во 1916 година.

1989.- Чешкото собрание за претседател го избра Александер Дубчек, враќајќи го на политичката сцена од која беше отстранет со воената интервенција на земјите-членки на Варшавскиот пакт во Чехословачка, во август 1968 година.

1994.- Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА Џејмс Вулзи поднесе оставка по апсењето на високиот службеник на ЦИА Олдрич Ејмс кој со години работеше за Москва.

1995.- Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено "скипер", сопственост на Универзитетот во Утах, САД.

1997.- Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурншкото предградие Епинг.

1999.- Португалија и Индонезија ги обновија целосно дипламтските односи, по прекин од 25 години кој настана откако Џакарта го припои Источен Тимор, поранешна португалска колонија, кој е етнички индонезиски, но верски католички, за разлика од Индонезија која е претежно исмалска.

2004.- Умре американската писателка Сузан Зонтаг пишувач на романи и есеи за современата култура и политика. Дела: романот„Смртна опрема“, есеите „Против интерпретациите“, „Стилови на радикалните желби“, „Излет во Ханој“, „Јас и така натаму“, „Болеста како метафора“.

2005.- Во Земјината орбита е ласниран првиот од 30-те сателити на европската сателитска мрежа „Галилео“, иден глобален навигациски систем.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2008 во 12:27

- Христијаните кои се придржуваат на Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, роденденот на синот Божји Исус Христос, еден од најрадосните христијански празници. Повеќето православни христијани Божик го слават на 7 јануари (25 декември според Јулијанскиот календар).

800.- Папата Лав Трети во Рим го круниса францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, а тоа беше титула на германските монархи до времето на Наполеон Први.

1066.- Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам Први Освојувач.

1642. - Во Вулстроп е роден Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. Тој ги постави темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри природниот закон на општата гравитација, меѓусебното привлекување на сите сили, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Умре во Кенсинтон, на 20 март 1727 година и е погребан во Вестминстерската опатија, со што стана првиот научник удостоен со таква чест.

1688.- Во Франција пребега Џемјмс Втори, последниот англиски крал од династијата Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.

1721.- Роден е англискиот писател Вилјам Колинс, еден од најзначајните англиски лирски поети во 18. век. Дела „Вечер“, „Слобода“.

1741.- Шведскиот физичар Андрес Целзијус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата.

1776.- Генералот Џорџ Вашингтон ги префрли силите со кои командуваше преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападна германските платеници кои во Американската војна за независност се бореа на страната на Британците.

1870.- Родена е германската револуционерка Роза Луксембург, една од основачите на Социјалдемократската партија на Полска во 1893 година и на Комунистичката партија на Германија во 1918 година, и претставник на левото крило на Втората интернационала. Тежнеејќи кон обединување на левицата, во почетокот на војната заедно со германскиот револуционер Карло Либкнехт ја основаа групата „Интернационала“, подоцна наречена „Спартаков сојуз“, од која настана Комунистичката партија. Беше прогонувана и честопати апсена, а по пропаѓањето на ноемвриската револуција во Германија во 1918 година, заедно со Либкнехт беа стреални на 15 јануари 1919 година. Напиша повеќе макрисистички теориски дела, вклучувајќи ја и „Акумулација на капиталот“.

1876.- Роден е пакистанскиот државник Мохамед Али Џин, основач и прв претседател на Пакистан кој заедно со Махатма Ганди и Џавахарл Нехру се бореа за независност на Индија од Велика Британија. Подоцна тој со нив влезе во конфликт бидејќи побара посебна муслиманска држава. Британија во 1947 година ги призна независноста на Индија и на муслиманската држава наречена Пакистан.

1877.- Во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Сава Михаилов (Јoсифов) - Савата, неуморен револуционер, организатор и доследен борец на македонското националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. vек. На 1 март 1905 година, во близина на Смол, на местото Голема Рудина, Гевгелиско, Михаилов го имаше последниот оружен судир против турската војска. Откако му приврши муницијата, за да не падне жив во рацете на непријателот, се отру.

1899.- Роден е американскиот филмски глумец Хемфри Дефорест Богарт, добитник на Оскар во 1951 годна за филмот „Африканска кралица“. Филмови: „Казабланка“, „Малтешки сокол“, „Длабок сон“, „Богатството на Сијера Мадре“, „`Ртот Ларго“, „Да имаш и да немаш“, „Босоногата контеса“, „Тежок пад“.

1903. - Во Софија излезе од печат книгата "За македонцките работи" од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: "Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура".

1911.- Во Чикаго е роден Борне Хогарт, илустратор на „Тарзан“. Умре во Париз, на 28 јануари 1996 година.

1914.- Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни.

1918.- Роден е египетскиот државник Анвар ел Садат, претседател на Египет од октомври 1976 до октомври 1981 година кога на воена парада во Каиро беше убиен од страна на исламски терористи, огорчени поради склучувањето мир со Израел.

1920. - Во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Неговата збирка "Растрел" (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: "Бегалци", "Блокада", "Луѓе и птици", "Солунските атентатори", и други. Автор е на сценаријата за филмовите "Солунските атентатори" и "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо", и "Републиката во пламен". Умре кај селото Ерџелија, Светиниколско, на 10 ноември 1968 година.

1926.- Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот (микадо) Јошихито.

1926.- Роден е Никола Солдатов, македонски новинар и ТВ-коментатор. Умре во Сремска Каменица, на 3 ноември 1989 година.

1938.- Умре чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Бела болест“, „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патеписи од Италија“, „Патеписи од Англија“ и други.

1941.- Јапонската армија во Втората светска војна го окупира Хонгконг по 17-дневната опсада.

1943.- Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот - партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“.

1971.- Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.

1973.- Умре Исмет Имени, истакнат турски политичар, министер за надворешни работи, премиер и претседател на Република Турција. Беше долгогодишен соработник на Кемал Ататурк, „таткото“ на современа Турција. Во 1939 година ја основа Републиканската народна партија која ја предводеше цели 33 години. Роден е на 24 септември 1884 година.

1977. - Во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, умре Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. Има снимено 75 краткометражни филмови, со кои ги плени срцата на милиони гледачи во светот. Роден е во Лондон, на 16 април 1889 година.

1979.- Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.

1983.- Умре каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Студираше во родната Барселона, а од 1919 година живееше во Париз.

1989.- Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.

1991.- Советскиот претседател Михаил Горбачов поднесе оставка. Од основањето на Советскиот Сојуз во 1922 година Горбачов беше седми (и последен) лидер на државата. Негови претходници беа Ленин, Сталин, Хрушчов, Брежњев, Андропов и Черњенко.

1991.- Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.

1995.- На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно-исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан.

1995.- Во Беверсли Хилс умре американскиот филмски глумец, пејач и забавувач Дин Мартин, кој почетната слава ја стекна во тандем со комичарот Џери Луис со кого сними 18 филмови. Играше во многу вестерни и криминалистички филмови. Филмови: „Артисти и модели“, „Холивуд или пропаст“, „Рио Браво“. Роден е во 1919 година.

1995.- Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.

1997.- На Куба за првпат по три децении јавно и свечено беше прославен Божик. Претседателот Фидел Кастро го прогласи тој ден за празник во чест на папата Јован Павле Втори кој наредниот месец ја посети Куба.

1997.- Во Лукано, Швајцарија, умре Џорџо Стрелер, основен и духовен водач на најпознатиот италијански театар „Пиколо“ во Милано, најпознат италијански режисер. Роден е во Трст, Варкола, на 14 август 1921 година.

2000.- Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.

2003.- При падот на патничкиот авион „боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.

2006.- Умре Џејмс Браун, еден од најуспешните американски пејачи на блуз. Во текот на својата 40-годишна кариера имаше 98 хитови на листата на „Билборд Топ 40“, што претставува рекорд во кој малку ги има оние коишто можат да му парираат. Браун заедно со Присли и Дилан се најзначајната појава во музичката индустрија на САД во текот на последните 50 години.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 09:32

1167.- Роден е англискиот крал Џон, помладиот син на Хенри II, познат како Џон без Земја. Во текот на владеењето од 1199 година, кога на престолот го наследи братот Ричард I, ја обнови војната со францускиот крал Филип II Август, кој му презеде неколку големи имоти на континентот, вклучувајќи ја и Нормандија во 1205 година. Исто така во 1208 година се судри со папата Ирохентиј III, оспорувајќи му го изборот на кентерберискиот архиепископ, поради што Ватикан во 1212 година го екскомуницира од Црквата. Во судирот со племството во 1215 година мораше да попушти и да ја потпише „Magna carta Libertatum" со која е ограничена власта на кралот и воспоставување на основите на англиската уставност и јавното право.

1491.- Роден е Игнасио де Лојол, основач на јузеитскиот ред во 1534 година. Откако брше ранет во една од битките како шпански офицер, замина на студии во Барселона, а потоа и на Сорбона, каде магистрира теологија. За „генерал“ (старешина) на језуитскиот ред беше избран во 1541 година и на оваа функција остана се до смртта. Го изработи уставот на језуитскиот ред и прирачникот под назив „Духовни вежби за владеење над самиот себе“. Го изработи монашкиот ред, како и целиот духовен систем кој имаше голема улога во историјата, како и во интелектуалните католички кругови кои ги има и денес.

1524.- Умре португалскиот морепловец Васко де Гама, кој во 1498 година го пронајде патот до Индија пловејќи околу Африка. Ова придонесе за развој на трговијата меѓу западна Европа и Азија и јакнење на моќта на Португалија. При второто патување во Индија во 1502 година ја воспостави португалската колонијална власт, а во текот на третото умре во Индија.

1798.- Роден е Адам Мицкиевич, полски поет, драмски писател и револуционер, основач и водач на полскиот романтизам. Негови најзначајни дела се збирките песни „Балади и романси“ и „Кримски сонети“, еповите „Конрад Веленрод“, „Пан Тадеуш“ и драмата „Задушници“. Умре во Истанбул, на 26 ноември 1855 година.

1818.- Роден е англискиот физичар Џејмс Прескот Џул. Во негова чест меѓународната мерна единица за енергија е наречена „џул“. Термодинамичниот процес за претворање на топлотната енергија во механичка, врз основа на која работат турбомлазните авиони, е наречен „Џулов циклус“.

1863.- Во Лондон умре Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19. век. Негово најзначајно дело е „Панаѓур на суетата“. Роден е во Калкута, Индија, на 18 јули 1811 година.

1863.- Во Мадрид е роден Фердинандез Арбоз, шпански диригент и виолинист. Како диригент гостуваше во Италија, во Франција, во Белгија, во Швајцарија, во СССР и во САД. Умре во Сан Себастијан, на 2 јуни 1939 година.

1865.- Во местото Пуласки во американската држава Тенеси основана е расистичката организација на белците Кју-Клукс-Клан.

1914.- Велика Британија во Првата светска војна за првпат во историјата доживеа напад од воздух кога германски авион исфрли една бомба над Довер.

1922.- Родена е американската филмска актерка Луси Џонсон, позната како Ава Гарднер. Филмови: „Снеговите на Килиманџаро“, „Сонцето повторно се раѓа“, „Осамена ѕвезда“, „Нага Маја“, „Ноќ на игуаните“, „Педесет и пет дена во Пекинг“.

1924.- Во Битола е пуштена во работа првата електроцентрала.

1942.- Убиен е францускиот адмирал Жан Луј Франсоа Дарлан, командант на северноафриканските сили на марионетскиот режим на Анри Петен. Спротивно на Петеновата наредба, во текот на истоварувањето на англоамериканските трупи во северна Африка во Втората светска војна со наредбата да се прекине огнот го олесни нивниот напредок. Поради оваа наредба „Слободните Французи“ и понатаму го сметаа за предавник, а еден од поддржувачите на Шарл де Гол во Алжир врз него изврши атентат.

1942.- На германскиот експериментален полигон во местото Пинемунде во Втората светска војна успешно е тестирана новата ракета земја-земја наречена „ФЗГ 76“, која подоцна стана позната како ракета „Фау 1“.

1943.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт соопшти дека со сојузничките трупи во Европа во Втората светска војна ќе командува генералот Двајт Ајзехауер.

1951.- Либија е прогласена за независна држава на чело со кралот Идриз Први од семејството Сенуси.

1982.- Умре францускиот писател Луј Арагон, најпрво дадаист, потоа надреалист и на крај соцреалист. Дела: збирка песни „Оган на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Елза“, романите „Селанец од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света Недела“, „Комунисти“, есеите „Комунистички човек“, „Советска книжевност“, „За социјалистички реализам“, „Расправа за стилот“.

1991.- Михаил Горбачов му ја предаде на Борис Елцин командата врз советското нуклерано оружје.

1992.- Претседателот на САД Џорџ Буш го амнестираше поранешниот министер за одбрана Каспар Вајбергер со уште пет функционери вмешани во скандалот „Ирангејт“.  

1994.- Исламски терористи при киднапирање на француски патнички авион во Алжир убија двајца, а од 239 заложници.

1995.- На парламентарните избори во Турција највеќе гласови освои исламиската Партија на просперитетот. Тоа е прва изборна победа на исламистите во 72-годишната историја на секуларна Турција.

1997.- Во Токио умре Тоширо Мифуне, славен јапонски филмски артист, ѕвезда на класичните филмови „Рашомпн“, и “Седумте самураи“. Роден е во Цингтао, Кина, на 1 април 1920 година.

1997.- Исламски терористи во два масакри убија 59 цивили во Алжир.

1999.- Поранешниот командант на армијата на Слоновиот Брег Робер Геи соопшти дека го тргна од власта избраниот претседател Анри Конан Беди.

2002.- Украински патнички авион кој превезуваше украински воздухопловни стручњаци се урна во Иран. Падот не го преживеа никој од 46 патници и членови на екипажот.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 12:25

1777.- Роден е рускиот цар Александар Први Павлович Романов. Тој е познат по спроведувањето на серија пролиберални реформи од самиот почеток кога седна на престолот во 1801 па речиси до неговата смрт во 1825 година. Во 1807 година склучи сојуз со францускиот цар Наполеон Први против кого претходно војуваше во сојуз со Австрија, Прусија и Англија. Од Шведска ја презеде Финска, која во 1809 година беше приклучена на Русија како големо кнежество под руската круна. Кон Русија ја припои Полска освен деловите кои им припаѓале на Прусија и Австрија, а по победата во војната со Османлиското царство и Бесарабија. Сојузништвото беше раскинато со Наполеоновиот поход на Русија во 1812 година, кога француската армија го претрпе пресудниот пораз, а Александар Први триумфално влезе во Париз. Во вториот период од владеењето ги напушти пролибералните тендецнии и стана вистински мистик.

1790.- Роден е францускииот ориенталист Жан Франсоа Шамполион, основач на египтологијата. Дешифрира 1.822 египетски хиероглифи од плочата пронајдена во 1799 година во египетското место Решид и утврди дека хиероглифите не се само симболичко туку и фонетско писмо.

1804.- Роден е францускиот писател Шарл Огистен Сент Бев, најистакнат претставник на француската книжевна критика. Почна со романтичарски песни и со романот „Наслада“, а потоа потполно се посвети исклучиво на книжевната критика и историја. Останати дела: песните „Животот, поезијата и мислите на Жозеф Делорм“, критиките „Книжевни портрети“, „Пор-Ројал“, „Разговори во понеделник“.

1810.- Роден е германскиот египтолог Карл Ричард Лепсијус, кој се смета за основач на модерната археологија. Неговите „Египетски хронологии“ претставуваат темел во научното изучување на раната египетска историја.

1832.- Франција го зазеде Антверпен, принудувајќи ја Холандија да ја признае независноста на Белгија.

1834.- Умре англискиот економист и демограф Томас Роберт Малтус.

1861.- Османлиското царство беше принудено да го прифати обединувањето на Влашка и Молдавија. Тогаш е формирана Романија.

1872.- Умре францускиот писател Теофил Готје. Дела: „Госпоѓицата де Мопен“, „Капетан Фракус“, „Историја на романтизмот“.

1902.- Во Велес, во близина на училиштето „Св. Ѓорѓи“, во борба против турската патрола (откако претходно беше поткажан), за да не падне жив во рацете на непријателот се самоуби Миле Поп Јорданов, македонски револуционер и учител. Македонскиот народ го овековечи со песната „Бог да го прости Миле Поп Јорданов, кој загина за народот и за Македонија“. Роден е во Велес, во 1878 година.

1906.- На врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, во борба против османлиската војска загина Дамјан Јованов - Даме, учител, еден од основачите на ВМРО во Солун, во 1893 година, истакнат организатор и раководител на националноослободителното движење на македонскиот народ на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школуваше во родното место - селото Смилево, Демирхисарско, а потоа во Солунската машка гимназија. Од 1891 до 1893 година беше учител во селото Смилево и во Прилеп. Од летото 1894 година почна да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Беше учител во Штип и инспектор во Солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ. Во август 1900 година беше уапсен и затворен во битолскиот затвор, а од мај 1902 година беше заточен во Подрум Кале, во Мала Азија. Беше претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој беше избран за член на Главниот штаб на востаниците на претстојното Илинденско востание, во кое активно учествуваше. По неуспехот на востанието ја продолжи својата револуцинерна дејност. Во 1904 година претседаваше на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време беше и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година. Роден е на 19 јануари 1871 година.

1918.- Роден е германскиот државник Хелмут Шмит, еден од лидерите на Социјалдемократската партија, кој по повлекувањето на Вили Брант, од 1974 до 1982 година беше канцелар на Западна Германија. Претходно во владата на Брант од 1969 до 1972 година беше министер за одбрана, а од 1974 министер за стопанство и за финансии.

1920.- Франција и Велика Британија ја одобрија конвенцијата со која се одредени границите на Сирија и Палестина.

1924.- Во Милано, од агентите на бугарскиот двор - врховистите, е убиен Петар Чаулев, македонски револуционер, еден од потписниците на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО во 1924 година, во кој е прокламирана борбата за ослободување и обединување на сите делови на Македонија во независна политичка единица во рамките на една балканска федерација. Својата револуционерна дејност ја започна уште пред Илинденското востание и беше учесник во истото, како војвода во Крушевско и во Охридско. Роден е во Охрид, во 1882 година.   

1925.- Роден е францускиот политичар Пјер Ежен Берегову, шеф на француската влада од април 1992 до март 1993 година кога поднесе оставка по изборниот пораз на социјалистите на парламентарните избори. Неколку седмици подоцна се уби, поради силниот медиумски притисок за земениот поволен станбен кредит. 

1933.- Роден е јапонскиот цар (микадо) Акихито, кој на престол стапи во 1990, по смртта на својот татко, царот Хирохито.

1944.- Во Скопје излезе првиот број на весникот "Бирлик" на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.

1947.- Во Њу Џерси, САД, еден тим научници во лабораториите „Бел“ го демонстрира првиот полупроводник засилувач, односно првиот транзистор.

1948.- Во Токио е извршена смртна казна врз седуммина јапонски официјални личности, вклучувајќи го и поранешниот претседател на влада Хедеки Тоџа кого Меѓународниот воен суд го осуди на смрт заради „злосторства против човештвото“ во Втората светска војна.

1953.- Стрелан е бившиот шеф на злогласната советска политичка полиција НКВД и потпретседател на советската влада Лаврентиј Павлович Бериј, кој беше уапсен во средината на 1953 година. Запаметен е по патолошките склоности, вклучувајќи и грабнување девојки и млади жени.

1963.- На грчкиот патнички брод „Лаконија“, зафатен со пожар по експлозија во северниот Атлантик, загинаа 128 лица, а 908 беа спасени пред да потони бродот на 29 декември.

1964.- На Цејлон (сегашна Шри Ланка) во цикон загинаа најмалку 2.000 луѓе.

1872.- Умре рускиот конструктор на авиони Андреј Николајевич Тупољев, кој раководеше со изработка на повеќе од 100 типа на авиони, вклучувајќи ги и бомбардерите и џиновскиот  АNТ-20 „Максим Горки“. По Втората светска војна конструираше патнички авиони, меѓу кои и „TU-144“, првиот суперсоничен авион во светот.

1972.- Во земјотрес кој го погоди главниот град на Никарагва, Манагва загинаа 7.000 луѓе.

1982.- Во Париз умре Луј Арагон, француски писател, еден од најистакнатите поети на француското движење на отпорот и еден од основачите на надреализмот. Од неговото перо излегоа збирките песни „Огинот на радоста“, „Ура Урал“, „Очите на сеќавањето“, романите „Базелските ѕвона“, „Комунистички човек“ и „За социјалистичкиот реализам“. Роден е во 1897 година.

1983.- Во Париз умре Фања Фенелон Голдштајн, Французинка која го преживеа логорот Аушвиц, свирејќи во оркестарот на нацистичките офицери. Во 1980 година, според стравотните искуства на Фања Фенелон, беше снимена телевизиската серија во која главната улога ја толкуваше британската артистка Ванеса Редгрејв. Родена е во 1908 година.

1989.- САД ги зајакнаа окупаторските сили во Панама со уште 2.000 војници, со што во гушењето на неочекувано големиот отпор на приврзаниците на некогашниот штитеник на Вашингтон, панамскиот лидер генерал Мануел Антонио Норијего, учествуваа 26.000 војници. Подоцна се откри дека тие сториле бројни злодела врз панамските цивили.

1990.- Повеќето од Словенците на референдум се изјаснија за отцепување од Југославија.

1991.- Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.

1993.- Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.

1994.- Република Македонија и Република Австрија воспотавија дипоматски односи.

1994.- Во Скопје е формирана Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија.

1995.- Во индискиот град Дабали, северно од Њу Делхи, во пожар во банкетната сала за време на школска свеченост загинаа најмалку 538 луѓе, повеќето деца од четири и пол до 14 години.

1997.- Умре јапонскиот глумец Тошрио Мифуне, кој со светска слава се стекна во толкувањето на самурај, посебно во филмовите на режисерот Акира к*росава. Филмови: „Седум самураи“, „Легендата за Мусашија“, „Крвавиот престол“, „Скриената тврдина“, „Јоџимбо“, „Адмирал Јамамото“, „Пекол на Пацификот“, „Црвеното сонце“, „Битката за Мидвер“, „Шогун“.

1998.- Врхвониот суд на Белгија пресуди дека бившиот генерален секретар на НАТО Вили Клас е виновен за „пасивна корупција“ во скандалот „Аугуста-Дасо“, односно подмитување при договарања на воените испораки.

2002.- Италијанското кралско семејство Савоја, кое беше протерано поради поддршката на Мусолини во Втората светска војна, допатува во кратка посета на Италија, првпат по 56 години од протерувањето.

2004.- Умре поранешниот индиски премиер Нарасима Рао, автор на индиските економски реформи 1991-1996 година.

2005.- По 138 години во Словачка е укината воената обврска.

2007.- Во Торонто, Канада, умре Оскар Питерсон, канадски џез-пијанист и композитор, еден од најдобрите музичари во светот на џезот. Роден е во 1925 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 10:58

1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас Бекет, кој во 1170 година беше погубен поради противењето на политиката на англискиот крал Хенри Втори. Претходно беше близок пријател на кралот и негов канцелар до изборот за надбискуп во 1162 година. Противејќи се на ограничувањата на црковната власт, посебно на судството, во 1164 година емигрираше во Франција. По враќањето, одби да положи заклетва пред кралот „Кларендонски правила“ за односите меѓу црквата и државата и со одлука на Хенри Втори беше погубен во Кентерберската катедрала. Беше прогласен за светец во 1173 година и неговиот гроб во катедралата стана едно од попривлечните места за верниците во седновековна Европа.

1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански писател и хуманист. Пишуваше песни, романи и новели. Најпознато дело му е "Декамерон", збирка од сто новели. Во ова дело на најдобар начин е регистриран ренесансниот дух, кој ја отфрли средновековната строгост, алегоричноста и опседнатоста со вонземски живот. Од "Декамерон" земаа методи Молиер, Шекспир, Марин Држиќ и други. Познати се неговите дела "Дантеовиот живот" и "Физаметас".

1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и драмски писател од епохата на класицизмот. Негови познати дела се „Андромаха“, „Британикус“, „Федра“, „Парничари“ и други. Умре на 21 април 1699 година.

1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи австрискиот цар Јосиф Втори, ги изедначи сите вероисповести во Монархијата. Тогаш беше овозможено вработување и на неверниците во државната служба, што дотогаш беше привилегија исклучиво на римокатолиците.

1804.- Роден е англискиот државник и писател Бенџамин Дизраели, основач и водач на конзервативците. Беше двапати премиер, првпат во 1869, и вторпат од 1874 до 1880 година. Дизраели беше еден од главните протагонисти на експанзиската политика на Велика Британија во втората половина на 19. век. Почна освојувачка војна против Бурите во 1877 година, војуваше против Авганистан и го стави под британски протекторат, а во 1878 година го освои и Кипар. Беше противник на Русија и Франција, а ги поддржуваше Австроунгарија и Турција.

1817.- Гувернерот Лаклан Меквори формално го прифати називот „Австралија“ за британска колонија.

1842.- Роден е рускиот револуционер Петар Алексеевич Кропоткин, анархистички теоретичар и противник на марксизмот. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“, „Записи на револуционерите“.

1873.- Во Дубровник е роден Благое Берса, истакнат хрватски композитор. Значително влијаеше врз помладите генерации на хрватските композитори. Умре во Загреб, на 1 јануари 1934 година.

1879.- Во Горки, Грузија, е роден Јосиф Висарионович Џугашвили - Сталин, советски државник и политичар, долгогодишен раководител на КПСС и на СССР, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на оружените сили на СССР, маршал и генералисимус. Умре во Москва, на 5 март 1953 година.

1892.- Родена е англиската писателка Ребека Вест. Нејзиното право име е Сесилија Изабела Ферфилд. По престојот во Кралството Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патеписно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: романите „Војниковото враќање“, „Судија“, „Харијет Хјум“, студиите за велепредавство „Значењето на предавството“, „Воз со барут“.

1900.- Американскиот лекар Волтер Рид со експеримент врз еден доброволец успеа да докаже дека жолтата треска ја пренесуваат еден вид комарци. Неговото откритие доведе до отстранување на оваа болест.

1901.- Италијанскиот научник Гуљелмо Маркони, од градот Полди во Корнвол, Англија, со помош на антена испрати еден единствен сигнал, буквта С од Морзеовата азбука, преку Атлантикот, на оддалеченост од 3.000 километри. Приемот стигна во Њуфаундленд, во САД.

1917.- Роден е германскиот писател Хајнрих Теодор Бел, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1972 година, мајстор за кратки приказни доловувајќи ја атмосферата на ликовите и ситуациите во неколку реченици. Дела: „И не кажувај ни збор“, „Куќа без чувар“, „Мислењето на еден кловн“, „Групна слика со дамата“, „Возот беше точен“, „на крајот од службениот пат“.

1918.- Роден е австрискиот политичар к*рт Валдхајм. Од 1972 до 1981 година беше генерален секретар на ОН. Како офицер во германската војска во текот на Втората светска војна се наоѓаше на територијата на Југославија и на Грција, за што постојат сериозни индиции дека тогаш стори воени злосторства. Од 1985 до 1992 година беше претседател на Австрија.

1937.- Родена е американската филмска глумица Џејн Фонда, ќерка на филмската ѕвезда Хенри Фонда. Беше општествено ангажирана, посебно против учеството на САД во Виетнамската војна, но и на други полиња, против расизмот и борец за правата на жената.

1922.- Во Кавадарци е роден Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, мислител, државник, новинар и публицист. Умре во Врела, кај Макарска, на 1 август 1968 година.

1937.- Во Холивуд е одржана премиерата на филмот „Снежана и седумте џуџиња“ на Волт Дизни, првиот целовечерен цртан филм во филмската историја.

1940.- Умре американскиот писател Френсис Скот Ки Фиџерланд, претставник на „изгубената генерација“ и „времето на џезот“ по Првата светска војна. Дела: романите „Големиот Гетсби“, „Блага е ноќта“, збирка песни, есеи и белешки „Прскање“, збирката приказни „Приказни од времето на џезот“.

1945.- Умре американскиот генерал Џорџ Смит Патон, од последици во сообраќајна несреќа во Германија. Во Втората светска војна се истакна како енергичен и вешт командант на оклопните единици. Дела: „Војната како што јас ја гледав“.

1945.- Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, Костурско на ѕверски начин беа убиени.

1953.- Поранешниот ирански претседател на владата Мухамед Мосадик, кој беше сменет со воениот удар во август 1953 година, беше осуден на три години затвор поради наводниот обид за бунт против шахот Резе Пахвали. Во 1944 година ја водеше борбата против странските петролејски компании, но во август 1953 година беше соборен од местото претседател на владата.

1958.- Гернералот Шарл де Гол е избран за прв претседател на Петатта република. Со новиот устав тој се здоби со овластувања какви што до тогаш немал ниеден претседател на Франција.

1967.- Во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, умре Луис Ваткански, првиот човек на кого му беше трансплатнирано срце. Неговото срце работеше во неговите гради 18 дена по пресадувањето.

1968.- Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод "Аполо - 8" со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година успешно се спушти на Земјата.

1972.- Источна и Западна Германија постигнаа договор за добрососедски односи и воспоставија дипоматски врски, формално завршувајќи го непријателството кое траеше повеќе од две децении.

1988.- Авион на американската компанија „Пан Ам“ на линијата Лондон - Њујорк експлодира врз шкотското место Локерби. Во несреќата загинаа 259 луѓе во авионот „боинг 747“ и 11 лица на земја. Либија подоцна беше обвинета дека е одговорна за овој терористички напад.

1989.- Претседателот на Романија Николае Чаушеску прогласи вонредна состојба во жупанијата Тимиш, во која два дена претходно избија масовни демонстрации против неговиот режим. Немирите набрзо се проширија и во Бук*решт, а по неколкудневните демонстрации и судири, поради тоа што војската застана на страната на побунетите, неговиот режим е симнат. По судењето, за многу кратко време заедно со Елена, неговата сопруга, беа стрелани во дворот на касарната во Трговишта.

1990.- Во 7 часот и 58 минути силен земјотрес ја зафати цела Македонија, а особено беше почувствуван во Гевгелиско со причинета голема материјална штета.

1993.- Јапонија ја призна Република Македонија.

1993.- Претседателот на Русија Борис Елцин го распушти Министерството за безбедност, наследник на моќната тајна полиција КГБ, кажувајќи дека тоа го сторил затоа што Министерството пропуштило благовремено да го предупреди на опасниот развој на случувањата и затоа што тие сили кои со децении ги застрашувале граѓаните не е можно да се реформираат.

1994.- Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата "Топол - М", претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.

1994.- Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека откриените мумии се стари 800 години.

1994.- Република Македонија и Ватикан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

1995.- Во Бадрашин, град 28 километри јужно од Каиро, загинаа 75 луѓе кога патнички воз удри во друг воз во густа магла.

1999.- Во Скопје умре Војкан Јовановиќ, првенец на Операта на Македонскиот народен театар. Роден е во Ниш, во 1964 година.

2001.- Американски авиони усмртија 65 луѓе при бомбардирање на конвојот со возила на авганистански племенски водачи кои патувале за Кабул за да учествуваат на прогласувањето на новата влада.

2004.- Во нападот на бомбашите-самоубијци врз американската база во ирачкиот град Мосули загинаа 24 лица, од кои 20 американски војници, а беа ранети 66 лица, од кои 42 американски војници и 10 американски цивили.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.