![]() |
|
Компир на 101 начин |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 78910> |
Автор | ||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Двојно печени компири
КРАТОК ТЕКСТ:Двојно печени компири ПОДГОТОВКА:
Измијте четири поголеми компири (колку една
тупаница) и исушете ги. Премачкајте ги со малку масло и ставете ги во
тава со алуминиумска фолија да се печат еден час или додека не омекнат
на предходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
Откако ќе ги извадите од рерна пресечете две третини од широката страна на компирот. Со помош на лажица од компирот извадете колку што можете повеќе од испечениот компир. Внатрешноста од компирот не ја фрлајте туку ставете ја во сад во коишто подоцна ќе додадеме состојки со кои ќе ги полниме компирите. Во садот ставете го путерот и ситно сецканиот кромид. Промешајте со вилушка и додадете малку бибер, сол и црвен пипер. Додадете кашкавал, жолчка од јајце и хопла. Промешајте убаво и вкусете и по потреба додадете зачини. Земете ги компирите и капакот кој што го пресековте ставете го внатре во компирот на дното. Земете го составот и наполнете ги сите компири еднакво. Пемачкајте ги со малку стопен путер и додадете по малку црвен пипер и вратете ги уште 20тина минути во рерна. Пробајте и уживајте! Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:37 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
На печениот компир освен зачинал оди и рузмарин и исто така чубрика и рузмарин /свеж/
|
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Печен млад компирСостојки
ПодготовкаУбаво измијте ги младите компири не лупете ги, пресечете ги на половина и наредете ги во плех. Залијте ги со малку вода. Врз нив полијте малку од маслото, наросете ги со чили, куркума, копар, сол, зачин и на крај сусам. Ставете ги да се печат во загрена рерна околу еден час. Послужете ги со некаков сос, сирење или како прилог. |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Рестован компир
Состојки
Подготовка1. Најпрвин ги вариме компирите. Потоа се лупат и се пасираат но не многу, да бидат поголеми парчињата. ![]() |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Печени компири со зачини
Порции 4 лица Состојки 800 гр. компири 2 лажици маслиново масло 5 лажици сецкан свеж магдонос 2 лажици копар, ситно сецкан Прелив 1 лажица вински оцет 2 лажички мед 2 лажички сенф 50 мл. маслоново масло Подготовка Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете ги компирите и исечете ги на крупни парчиња. Во еден длабок сад измешајте ги компирите со масло и зачинете со сол и бибер. Префрлете ги во плех и печете ги 35-40 минути додека да добијат светло кафеава боја. Повремено промешајте ги и превртете ги во плехот. Потоа извадете ги од рерна и оставете ги 20 минути да се изладат. Во меѓувреме подгответе го преливот. Во еден сад измешајте оцет, мед, сенф и масло. Зачинете со сол и бибер и добро промешајте ја смесата. Можете да употребите и блендер. Ставете ги компирите во длабок сад и измешајте ги со магдонос и копар. Одозгора додадете го преливот од мед и сенф. Послужете ги веднаш. На здравје! ![]() |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Печен компир според Џејми Оливер
Млади, поголеми компири се лупат и се варат во солена вода 7-8 минути. Потоа се цедат и се сечат на кругови дебели околу еден сантиметар. Се редат на тава обложена со хартија за печење. Потоа се полеваат со масло, сол и гранчиња сушен рузмарин. Се печат во горниот дел од загреана рерна на 200 степени околу 30 минути (но бидејќи рерните печат различно, гледајте кога ќе почнат да заруменуваат). Многу се вкусни и декоративни, а ако сакате да бидат покрцкави можете да ги сечете на потенко. Еве како треба да изгледаат. ![]() |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Полнети компири со кашкавал и печуркиСОСТОЈКИ ПРИГОТВУВАЊЕ Во меѓувреме, исецкајте и издинстајте го кромидот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки. Посебно направете бешамел сос со маргарин, брашно и млеко, или можете да ставите само хопла за готвење. Дури е уште топол бешамелот, додадете ги сите состојки. Со смесата наполнете ги компирите, зачинете по ваш вкус и ставете ги да се печат во огноотпорен сад. Печете 20 минути, дури не добијат златеста боја. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Вест рецепт - Компири со кашкавал Потребно:
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Компир-хармоника
Потребно: * 4 компири, приближно со иста големина * 50 г сланина * масло * зачинал Приготвување: сварете ги компирите во солена вода (не сосема) и оставете ги да се изладат. Излупете ги и засечете ги на тркалца, но не докрај. Во секој засек ставете малку зачинал и мало парче сланина. Така подготвени, ставете ги компирите во намастено тавче еден до друг за да не се расцветаат, па печете ги во загреана рерна на 200 степени додека не се вцрват. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Компири во капут Потребно: |
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Kомпири со џигер
Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:13 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Компири во лушпа со тунаСостојки: 4 големи компири 2 конзерви туна 300 грама сирење 20 грама кромид магдонос 1. Измијте ги компирите, завиткајте ги во алиминиумска фолија и печете ги еден час во рерна на 220 степени. 2. Туната исцедете ја од маслото, помешајте ја со сирењето, ситно исечканиот кромид и магдоносот. 3. Кога ќе се испече компирот, отворете ја фолијата, исечете го компирот на четири дела и делумно отворете го. Во засечканиот дел ставете ја смесата од сирење и туна. ![]() |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
СОЛЕНА ТОРТА ОД КОМПИР Потребно: 1,2 кг. компир, 100 гр. путер, 100 гр. шунка, сол и црн пипер Излупете го компирот и исечете го на тенки тркалца. Со путер добро намачкајте ја тавата, наредете ги тркалцата компири на дното од тавата, потоа преку првиот ред наредете го вториот, но компирот ставајте го во спротивен правец. Кога дното сте го покриле со компири, посолете, ставете парченца путер и шунка насечена на коцки. Потоа наредете друг ред компири и така продолжете додека не го потрошите материјалот, но да завршите со парченца путер. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија, ставете ја во рерна загреана на 180 степени да се пече околу 40 минути. |
||
![]() |
||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Полнети компири![]() Потребни состојки:
Подготвување:Преполовете ги варените копири и извадете ја внатрешноста, оставајќи ѕидови дебели 1,5 сантиметри. Изрендајте го кашкавалот и изматете го јајцето. Извадената срцевина од варениот компир измешајте ја со кашкавалот, додадете го јајцето, путерот, зачините и малку млеко, ако сметате дека е потребно. Наполнете ги компирите, преклопете ги двете половинки, со четкичка намачкајте ги со путер и печете ги во рерна 10 до 15 минути. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 78910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |