![]() |
|
Пилешки специјалитети |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 12> |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Пилешко со праз
(Emil) Изменето од Valerija - 24.Септември.2013 во 17:41 |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Пилешка бајадера![]() Потребни состојки:
Подготвување: Исечете и исчукајте ги пилешките шницли - најдобро преку ќесе за замрзнување за да не се искинат. Насолете ги, па наросете им црн пипер. Во долг и тесен калап ставете тенки кришки сланина, парчињата малку да се преклопуваат. На сланината ставете еден ред пилешки шницли, намачкајте со сенф и нафрлете пасиран лук. Над тоа нанесете рендан кашкавал, тенки парчиња пушен свински врат и повторно тенок слој сенф. Повторете ја постапката, од пилешкото месо па натаму, уште еднаш. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути. По желба бајадерата можете да ја превртите на голема тава, па да ја запечете и сланината. Испечената пилешка бајадера пред служење оставете малку да се излади за да не се рони при сечењето. (Emil) |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Полнето пиле![]() ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Голема благодарност до Дијана Герасимовска за рецептот. ПОДГОТОВКА:
Кромидот се пропржува малку, потоа се додава исецкан
пилешкиот џигер, па меленото месо, сол, бибер, вегета, ориз и суво
грозје. Пилето се полни со оваа смеса и се затвара со конец. Потоа се
вари во солена вода 30 минути, потоа во земјена тава премачкана со масло
се пече уште 30 минути.
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
ПИЛЕШКА ФАНТАЗИЈА
500 гр. пилешки стек 300 гр. сланина 300 гр. кашкавал 1 мала тегла шампињони 1 крем-супа од печурки 2 чаши павлака 1 чешне лук (по желба) Мешан зачин и црн бибер по вкус Приготвување: 1. Пилешкиот стек се сече на коцки, се сечкаат и сланината и печурките, а кашкавалот се ренда. 2. Крем-супата се вари со 500 мл. вода, се лади и се додава павлаката и се мати со миксер за да се добие густ сос. 3. Во тава се става половина од исечканиот пилешки стек, врз него се става половина од сланината, половина од печурките и половина од кашкавалот. Се распоредуваат, се става половина од сосот и со лажица се размачкува насекаде. 4. Врз првиот ред се става преостанатиот стек, се распоредува, па се ставаат сланината, печурките, кашкавалот и преостанатиот сос. 5. Тавата се покрива со алуминиумска фолија и се пече 1 час на 250 степени, потоа фолијата се вади и се пече додека не зарумени. |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Пилешко месо со портокал и нане
СОСТОЈКИ • 2 парчиња пилешки гради (без коска) • 2 големи лажици маслиново масло • сок од еден портокал • 2 големи лажици путер • 4 ливчиња нане, исечкано • кора од еден портокал (по избор) ПОДГОТОВКА Пилешките гради ставете ги помеѓу две парчиња мрсна хартија или ставете пластична фолија врз нив и цела ваша нервоза исфрлете ја врз нив со дрвен чекан за месо. Парчињата треба да бидат со дебелина од 6 милиметри. Во тава за пржење ставете маслиново масло и загрејте го. Потоа, ставете ги пилешките гради, налејте сок од портокал и пропржете (внимавајте да не ги препржите). Пржете од секоја страна по 6–7 минути на умерен оган. На крај, додадете путер, нане и кора од портокал и оставете путерот да се истопи. Сервирајте. ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Пилешко на шпански начинПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Кокошката, одамна е распространета во целиот свет.
Се претпоставува дека денешната домашна кокошка потекнува од кокошката
Gallus Bankive, која пак потекнува од Малезија, Индија и Кина, но денес
тој вид на кокошки живеат во природа. ПОДГОТОВКА:На малку масло испржете ги шницлите од пилешкото бело месо, кое од двете страни сте го зачиниле по вкус.Кога ќе ги испржите шницлите ставете ги на еден тањир. Кога е целото месо шечено, во истото масло испржете ги и сецканите шампињони. Побиберете, посолете и оставете на страна. Направете бешамел сос: стопете го путерот, додадете брашно, па во сето тоа додадете ладно млеко и со стално мешање сварете средно густ бешамел сос. Кога малку ќе се олади во него додадете ја киселата павлака ренданиот кашкавал. Добро промешајте. На дното во садот во кој ќе го печете ова јадење ставете малку бешамел сос, па ставете ги пржените шницли колку да го покријат дното, па сипете ги пржените шампињони, па пак бешамел сос. Треба да имате повеќе редови, но последниот ред треба да биде бешамел сосот. Ставете во загреана рерна на 200 степени само додека не фати кора на бешамелот. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:58 |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Полнето пилешко "Амброзија"ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Полнето пилешко ПОДГОТОВКА:
Шунката и печурките треба да ги исечеме на коцки,
па ги ставаме да се пржат во тава на загреано масло. Се разбира, мешаме
кога е потребно. Потоа ги додаваме киселите краставички, кои исто така
сме ги исекле на коцки, а веднаш потоа и исецканата пиперката
По додавањето на пиперката мешаме и оставаме смесата да се пржи уште 2-3 минути. Испржената смеса ја тргаме од огнот и оставаме малку да е олади. Пилешкото филе го сечеме на половина и го исчукуваме, потоа го зачинуваме со сол и црн пипер и врз него ја ставаме испржената смеса. Убаво ја размачкуваме и месото го виткаме во ролат. Со изматената жолчка, го премачкуваме месото, а потоа поросуваме со сусам и со афион. Вака подготвеното полнето пилешко месо го ставаме во рерна загреана на 220 Ц степени, па го печеме 25 минути. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:59 |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Пилешки крилца со кока кола и сос од сојаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Пилешки крилца со кока кола и сос од соја ПОДГОТОВКА:
Пилешки крилца ги оставаме да отстојат 2-3 часа во соја сосот и кока колата.
Потоа се ставаат во тавче за печење и се печат 35-40 минути во многу загреана рерна. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:58 |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Печени копанчиња во сос од лукПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Навидум изгледаат како поховани копанчиња и пржени во фритеза, меѓутоа не е така. Малку проварени, па печени во рерна, овие копанчиња се вистински избор за вашиот ручек или вечера со фамилијата или пријателите. Уживајте! ПОДГОТОВКА:Во тенџере со ладна вода ставаме сол, балсамиран оцет, ловоров лист, сушен магдонос, сушено оригано и сушен рузмарин. Доведете ја водата до вриење и кога ќе почне да врие ставете ги копаните. Ќе биде потребно уште 4-5 минути за водата да почне повторно да врие и кога ќе се случи тоа оставете ги копаните да се сварат 15 минути. Ова го правиме заради неколку причини, ќе им дадеме малку „залет“ во печењето и со самото варење ќе примат вкусови и ќе крцкаат повеќе откако ќе бидат испечени. Откако ќе се сврата 15 минути, извадете ги и оставете да се оладат, односно да се исушат колку што е можно повеќе. Во меѓувреме може да го подготвите сосот. Меѓувремено загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Во аван ставете го лукот, ставете сол и полека истолчете ги додека не добиете убава кремаста смеса. Ставете го лукот во голем сад, додадете маслиново масло, малку црвен пипер, црн бибер, буковец и сето тоа убаво промешајте го. По потреба додадете уште малку маслиново масло. Ставете ги копанчињата во садот и наросете ги со неколку лажици презла. Сето тоа убаво промешајте го неколку пати и изрендајте малку пармезан. Промешајте и уште еднаш додадете малку пармезан. Откако сето ова е готово, во тавче за печење ставете најдолу малку маслиново масло и распоредете ги копанчињата низ целата тава. Пред да ги ставите да се печат врз секое копанче ставете уште по малку пармезан за да се добие екстра крцкавост. Ставете ги во рерната која што е предходно загреана и печете 25 минути. Извадете ги оставете ги малку да се оладат и вкусете ги. Уживајте! Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:57 |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Кинеската кујна е многу интересна, затоа што често спојува различни ароми и зачини. Ако сте љубител на кинеската храна, сигурно сте пробале пилешко месо во слатко-кисел сос. Невообичаената егзотична комбинација не е прифатлива за секого, но многумина уживаат во миксот на вкусови. Ако и вие го обожавате ова јадење или едноставно сакате да пробате нешто ново, еве како да го приготвите. СостојкиПилешко:
Зеленчуци и ананас:
Слатко-кисел сос:
Подготовка на пилешкотоИсечкајте го пилешкото месо на коцки (не премногу ситни). Во длабок сад ставете ги јајцата и млекото. Матете додека не се добие хомогена смеса. Во друг плиток сад промешајте ги брашното и зачините. Во тавче ставете околу 1cm масло. Загрејте го. Земете дел од парчињата пилешко и потопете ги во садот со јајцата и млекото. Потоа извадете ги и валкајте ги во садот со брашното. Ставете ги во загреаното масло и пржете додека не добијат златна боја. Превртувајте ги парчињата за да бидат испржени подеднакво од сите страни. Откако ќе се испржат, ставете ги во сад со хартија за да се исцеди маслото. Повторете ја постапката неколку пати, додека не го приготвите целото месо. Оставете го настрана. Подготовка на сосотВо мал длабок сад, промешајте го пченкарното брашно со малку вода, додека не добиете течна хомогена смеса. Во тенџере ставете го сокот од ананас и додајте 1 шолја вода. Загрејте го на тивок оган. Полека додавајте од шеќерот, постојано мешајќи. Откако ќе се раствори шеќерот, полека додајте го винскиот оцет, па сокот од лимон, без да престанувате со мешање. Додајте ја смесата од пченкарно брашно и вода. Продолжете постојано да мешате. Сосот ќе зоврие, па ќе почне да се згуснува. Тргнете го од огнот откако ќе ја постигнете посакуваната густина (треба да изгледа како сируп). Оставете го настрана. Подготовка на зеленчуците и спојување на деловитеИзмијте ги пиперките, извадете ги семките и исечкајте ги на квадратни парчиња од 1-2cm. Излупете го кромидот и исечкајте го на мали парчиња од 1-2cm. Исчистете ги морковите и исечкајте ги дијагонално на тенки парчиња. Ставете малку масло во големо тавче (ако имате вок, искористете го). Загрејте го на средна температура. Додајте ги сите зеленчуци (без ананасот) во тавчето и гответе додека кромидот не добие златна боја, притоа често промешувајќи. Додајте го претходно приготвениот сос и продолжете да мешате додека не се соедини сосот со зеленчуците. Ако парчињата ананас се во форма на круг, исечкајте ги на коцки. Додајте ги во тавчето заедно со приготвените парчиња пилешко. Мешајте на тивок оган, додека не се затоплат. Можете да го сервирате јадењето со ориз со кари. Добар апетит! |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Пилешко во сланинаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Пилешко во сланина ПОДГОТОВКА:Исчистените копани се посолуваат и се тријат со црвен пипер.Потоа секој се витка со парчињата сланина кои се зацврстуваат со чепкалка и се пржат во врело масло. Веднаш послужете. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:57 |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
Варено пилешко во сос од соја и медПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Варено пилешко во сос од соја и мед ПОДГОТОВКА:
Во средно голема тава додадете ги сите состојки
освен пилешкото. Почекајте се да почне да врие, па намалете ја
температурата. Оставете го да врие 10тина минути. Исклучете го оганот и
оставете го пилешкото да поприми од течноста уште 10 минути.
Извадете го пилешкото и исечете го на еднакви парчиња. Сервирајте го со обарен бел ориз. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:56 |
||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |