Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Мај.2014 во 10:51 |
ДИЕТАЛЕН ЧОКОЛАДЕН МУС Без калорична храна и забранети слатки! Ова главно е законот за лицата кои боледуваат од шеќерна болест. Сеедно, постојат комбинации на намирници од кои можете да направите сладок десерт, кој и лицата со дијабетес би можеле да го конзумираат. Еве еден предлог за тоа како лесно да го засладите денот: Диетаниот чоколаден мус, е многу сличен на класичниот, но со значително помалку маснотии и калории. Така, овој рецепт ќе им биде од корист и на оние кои се обидуваат да ги намалат килограмите, а еднотавно не можат да издржат без десерт. Состојки: 260 г. павлака за готвење (незасладена хопла) 6 лажици незасладен сируп од чоколадо 2 лажици какао 1 кесичка желатин 240 мл. ладна вода Подготовка: Ставете вода во помал лонец и сипете го желатино. Оставете да отстои минута. Ставете го на тивок оган три минути, постојано мешајќи додека желатинот не се стопи. Потоа оставете да се олади и додадете какао и сируп од чоколадо. Измешајте ја хоплата и додадте ја во какао смесата. Распоредете ја добиената крема во шест чашки, прекријте ги и оставете ги во фрижидер најмалку два часа. Уживајте!
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Мај.2014 во 08:02 |
Мус од јагоди Состојки: 10g црвен желатин, 100g шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 300g јагоди, 500ml јогурт Подготовка: Направете пире од јагодите и помешајте со обичниот и ванилин шеќер. Додадете го и јогуртот. Растопете го желатинот според упатството на самата кесичка. Постепено промешајте го со слаткото пире во јогурт. Густата смеса истурете ја во чашки, декорирајте со цели јагоди, шлаг или рендано чоколадо. Оставете да се стврдне најмалку 2 часа. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Мај.2014 во 17:12 |
Мус од лимон и бадеми
Што велите овој пат да ги заобиколите вашите добро познати рецепти за десерти и да се обидете со малку поинаков? Celebrity MasterCheff ни претставува рецепт за мус од лимони и бадеми, за сите љубители на специфичниот вкус. Состојки:
База од мак
- 1 белка од јајце - 70 гр шеќер - 1 лажица мак (афион) - 1 лажица запечени иситнети бадеми Мус- 1 лимон - 160 гр шеќер - 3 јајца - 120 мл слатка павлака - 4 листови желатин Декорација- една рака бланширани бадеми - круша Подготовка Основа од мак
Изматете ја белката со лажица шеќер додека не добиете цврста пена. Додајте го сирупот од шеќер (60 гр. шеќер растопен во 2 лажици вода). Направете цврста основа, додадете го макот, бадемите и внимателно месете. На хартија за печење обликувајте мали кругови (малку поголеми од калапот) и печете околу 60 минути на 100 степени. МусВо меѓувреме одвојте ги жолчките од белките. Помешајте ги жолчките, 100 гр шеќер, лимонов сок и изрендана кора од лимон, и со лесно матење мешајте ги на пареа. Наводенете ги листовите желатин. Кога ќе почне смесата со жолчки да се згуснува, тргнете ја од пареа и додадете ги добро исцедените листови желатин, а потоа мешајте со миксер се додека кремата не се олади на собна температура. Од слатката павлака изматете шлаг и додадете го во смесата. Изматете ги белките и остатокот од шеќерот во цврста пена и внимателно додавајте го во кремот, лажица по лажица, со постојано мешање со миксерот на бавна брзина. Добиениот мус ставете го во калапи и оставете ги во фрижидер 2 часа за да се стврднат. Потоа, внимателно ставете го мусот врз оладената основа од маг. ДекорацијаПотпечете ги бадемите, додадете 3 лажици шеќер и 3 лажици вода и оставете ги да се варат подолго време. Префрлете ги на хартија за печење и оставете ги да се оладат. Ставете ги во крпа и изгмечете ги да се иситнат. Крушата проварете ја со шеќер и сок од лимон. Прелијте го мусот со сирупот од крушата и попрскајте го со зашеќерените бадеми.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Мај.2014 во 21:52 |

Потребни состојки:- 250 гр. шлаг
- 12 лажици шеќер
- 1 кесичка прашок за пудинг од ванила
- 1 кесичка прашок за пудинг од чоколадо
- 1 л. и 100 мл. млеко
- 500 гр. јагоди
Подготовка:Десертот се сервира во чаши од 250 мл. така што на дното од чашите се ставаат по два реда сечкани јагоди. Потоа се прави пудингот од ванила со 500 мл. млеко и со 3 лажици шеќер. Кога е оладен, се става врз јагодите. Потоа пак се става еден ред јагоди, па пудингот од чоколадо, а на крај се става шлаг. Одозгора се декорира со јагоди.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Април.2014 во 22:29 |
КРЕМ БРУЛЕПотребни состојки: 6 жолчки од јајца 100 гр. бел шеќер 3 мл. екстракт од ванила 600 мл. слатка павлака 30 гр. кафеав шеќер Припрема: Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките, додадете го белиот шеќер и ванилата и потоа матете сѐ додека не добиете густ крем. Ставете ја слатката павлака во тенџере и загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, тргнете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Смесата ставете ја во помал сад , а тој сад ставете го во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа тргнете го садот од оган. Смесата ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути на температура од 50 степени. Оставете го крем брулето да се излади најмалку еден час. Во посебен сад измешајте 2 големи лажици бел шеќер и кафеавиот шеќер. Смесата ставете ја на оган да се стопи, а потоа со таа смеса прелијте го крем брулето. Украсете со капини. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2014 во 15:47 |
ОРГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА КРЕМ БРУЛЕ Состојки: - 6 жолчки
- 75 гр бел шеќер
- 3 мл екстракт од ванила
- 600 мл слатка павлака
- 25 гр кафеав шеќер
Подготовка: Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста смеса. Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган. Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку). Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете. Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2014 во 15:46 |
МУС ОД БАНАНАСостојки: ● ЗА КРЕМ: 2 банани 40 г.шеќер 30 г.густин 730 мл.млеко 2 јајца 30 г.путер лажичка екстракт од ванила ● ЗА КРЦКАВ СЛОЈ: 10 мелени бисквити 80 г. путер лажица шеќер
Подготовка:● Во сад помешајте ги шеќерот и густинот, постепено додавајте го млекото и варете на средна температура, додека смесата да се згусне. ● Со виљушка изматете две јајца, па неколку лажици од топлата смеса со густинот додајте во јајцата, добро промешајте и додајте ги јајцата во смесата со густин. Варете уште малку па тргнете од шпоретот, додајте го путерот и екстрактот од ванила па оставете смесата да се излади во фрижидер. ● Во меѓувреме смелените бисквити помешајте ги со шеќерот и растопениот путер, сипете ја смесата во огноотпорен сад и печете на 180 степени околу 10 минути. ● Во стаклен сад или чаша ставете две лажици од смесата со бисквити, малку крем од ванила, па наредете неколку кришки банана. Врз нив ставете уште малку крем од ванила, шлаг и декорирајте по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 20:05 |
МУС ОД ЧОКОЛАДАИсецкајте ја чоколадата на ситни коцки, па ставете ја да се топи на пареа. Одвојте ги белките од жолчките, изматете ги белките со 100 гр шеќер, правејќи цврст снег. Слатката павлака истурете ја во шлагот. На пареа измиксирајте ги жолчките, две лажици вода, и 50 гр шеќер додека не се добие цврста смеса. Потоа во неа се додава растопената чоколада, потоа шлагот ( измешан со слатка павлака) и на крајот изматените белки. Потоа мусот оставете го да отстои 4-5 часа во фрижидер. На крајот послужете го во чаши, декориран со црно и бело чоколадо. Се препорачува за подготовката на овој рецепт да користите чоколадо кое има поголема содржина на какао. Потребни состојки 200 гр чоколадо (со најмалку 70% какао) 5 јајца 150 гр шеќер 125 мл слатка павлака 1 кесичка шлаг
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 16:54 |
ЧОКОЛАДНА КРЕМ-ПЕНА Состојки:- 265 г чоколадо со 70% какао маса
- 240 мл вода
- 4 дополнителни лажички вода (во случај ако чоколадото ви е многу горчливо)
Подготовка:Земете два длабоки сада, еден голем и еден помал. Помалиот наполнете го со мраз и врз него ставете го поголемиот. Во тенџерче на оган со средна температура, ставете го чоколадото, претходно искршено на коцки, да се стопи заедно со водата. Мешајте повремено додека чоколадото сосема не се растопи и поврзе со водата. Стопеното чоколадо ставете го во големиот сад и со миксер или жица за мешање почнете да ја матите смесата додека не стане густа. Мешајќи, чоколадото ќе се згусне затоа што топлината од чоколадната смеса ќе почне да се поврзува со мразот врз кој матите. Ако во смесата со текот на матењето почнат да се појавуваат грутки, не грижете се – додадете уште малку вода и мешајте додека не добиете густа чоколадна смеса. Сервирајте во омилените десертни чаши. Забелешка: Оваа чоколадна крем-пена освен како десерт, може да ви послужи и како убав и богат фил за во некоја торта
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2014 во 16:22 |
ДОМАШЕН ЧОКОЛАДЕН ПУДИНГ Потребни состојки:- 130 г шеќер
- 40 г пченкарен скроб
- ¼ лажиче сол
- 650 мл млеко со поголема масленост
- 3 лажици какао
- 4 жолчки
- 2 лажици путер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 1 чоколада со поголем процент какао
Начин на подготовка:1. Во тенџере помешајте ги шеќерот, скробот и солта, а потоа почнете постепено да го додавате млекото. Мешајте додека не добиете смеса без грутки, а потоа додадете ги и жолчките. 2. Тенџерето ставете го на средна температура и постојано мешајте околу 8 минути, односно додека не се појават меурчиња од варењето. Тргнете го тенџерето до оган, смалете ја температурата на минимум, па вратете го тенџерето и мешајте уште некоја минута. 3. Тргнете го тенџерето од оган и прецедете ја смесата низ сито. Ставете ја во сад за матење со миксер. 4. Во садот додадете ги путерот, екстрактот од ванила и парчињата чоколадо и со миксер матете додека не добиете уедначен крем. 5. Пудингот сипете го во стаклени садови за сервирање и покријте ги со фолија за да се спречи создавањето на корупка при ладењето. 6. Оставете го пудингот да се лади барем 3 часа, а најдобро е да го оставите да преноќи. Кога ќе се олади, послужете го со рендано чоколадо на врвот.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2014 во 16:15 |
Крцкав мус од банани | | Направете вкусен десерт од банана кој покрај тоа што е вкусен, изгледа многу убаво доколку се сервира во стаклени чаши. Дадените намирници се однесуваат на подготовка на мали 6 порции.
Потребно: ● ЗА КРЕМ: 2 банани 40 г.шеќер 30 г.густин 730 мл.млеко 2 јајца 30 г.путер лажичка екстракт од ванила
● ЗА КРЦКАВ СЛОЈ: 10 мелени бисквити 80 г. путер лажица шеќер

Подготовка: ● Во сад помешајте ги шеќерот и густинот, постепено додавајте го млекото и варете на средна температура, додека смесата да се згусне.
● Со виљушка изматете две јајца, па неколку лажици од топлата смеса со густинот додајте во јајцата, добро промешајте и додајте ги јајцата во смесата со густин. Варете уште малку па тргнете од шпоретот, додајте го путерот и екстрактот од ванила па оставете смесата да се излади во фрижидер.
● Во меѓувреме смелените бисквити помешајте ги со шеќерот и растопениот путер, сипете ја смесата во огноотпорен сад и печете на 180 степени околу 10 минути.
● Во стаклен сад или чаша ставете две лажици од смесата со бисквити, малку крем од ванила, па наредете неколку кришки банана. Врз нив ставете уште малку крем од ванила, шлаг и декорирајте по желба.
Добар апетит!
|
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 09:24 |
Мус со малини

Состојки: - 5 дл слатка павлака
- 1 ванилин шеќер
- 100 г слатко крем-сирење
- 5 г црвен желатин во прав
- 100 г малини
За прелив: - 2 лажици мед
- 1/2 лимон
- 300 г малини
- 1 дл вода
- 1 лажица густин
Приготвување: 1. Во помало тенџере се налива 4 дл слатка павлака и се остава да зоврие. Потоа се трга од оган. 2. Црвениот желатин се прелива со 2 лажици ладна вода и се остава да набабри. Потоа, се соединува со топлата слатка павлака и добро се меша. 3. Се додаваат крем-сирење, ванилин шеќер и 100 г пасирани малини, па се мати со миксер и се остава да се излади. Прелив: Малините се миксираат, па се соединуваат со вода, мед, густин, сок и рендана кора од лимон и добиената смеса кратко се вари. Финална постапка: 1. Филот со слатка павлака се налива во стаклени чаши и се остава да се стегне. 2. Преку него се истура преливот од малини и се остава во фрижидер да се излади. 3. Преостанатата слатка павлака се мати во шлаг и со него се декорира мусот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 09:23 |
Мус со праски

Состојки: - 500 гр праски од компот
- 10 гр желатин
- 2 јајца
- 2 лажици шеќер
- малку свежо нане
- 2 дл слатка павлака
- 1 прелив за колачи
Приготвување: 1. Во блендер се мешаат 300 гр праски, а останатите се сечат на тенки тркалца и се оставаат на страна. 2. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се остава да набабри. Слатката павлака се мати во цврст шлаг. 3. Посебно се мешаат јајцата и шеќерот па се варат на пареа со постојано мешање додека не се згусне. 4. Во кашата од праски се додава 1 дл сок од компот, набабрениот желатин и смесата од јајца, па добро се меша и се остава да се стегне. 5. Кога смесата ќе почне да се желира, се додава шлаг од слатка павлака, нането и полека се меша. 6. Приготвената смеса се става во стаклени чаши и се остава да се стегне. 7. Преливот за колачи се приготвува според упатството од кесичката. 8. Кога кремот ќе се стегне, одозгора се редат парчињата праски и се прелива со прелив за колачи.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 09:22 |
Крем со ванила и вишни

Состојки: - 8 јајца
- 350 гр шеќер
- 1 л млеко
- 2,5 дл слатка павлака
- 2 кесички ванилин шеќер
- 200 гр вишни без семки
- 1 дл сок од вишни
- 3 лажици шеќер во прав
- 1 лажица густин
Приготвување: 1. Белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег. Потоа постепено се додаваат 250 гр шеќер матејќи додека не се стопи шеќерот. 2. Во соодветен сад се става млекото да проврие. 3. Се зема лажица за сладолед, се натопува во вода и со неа се вадат топчиња од белки и се спуштаат во зовриеното млеко. Се варат по една минута од двете страни, а потоа се вадат со решеткаста лажица и се оставаат да се исцедат. 4. Посебно на тареа се варат жолчките со 100 гр шеќер и ванилин шеќер за да се добие густа крема. 5. Слатката павлака се мати во шлаг и се додава во изладениот крем од жолчки па полека се промешува. 6. Одвоено се мешаат вишните со шеќер во прав, сок од вишни и густин и кратко се проварува. 7. Во стаклени чаши се распоредуваат топките од белки, се прелеваат со крем од жолчки и на крај се нанесуваат неколку лажици пире од вишни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |