IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 55>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 23:16
Величествената смрт на четата на Методија Патчев во Кадино Село

Во Кадино Село и денес се чува споменот на Методија Патчев и неговите шестмина четници, иако од тој настан помина еден век. Кадиноселци со гордост раскажуваат за нивната херојска смрт и решеност да ги положат животите на олтарот на слободата. Македонската револуционерна борба пред и по Илинденското востание познава многу колективни саможртви на македонски војводи и комити, кои со посегањето по сопствениот живот предизвикувале восхит и почит кај демократските сили во Европа, па дури и кај непријателот. А колективниот самоубиствен чин на охриѓанецот Методија Патчев и неговата одбрана дружина е прва таква саможртва по чиј пример подоцна ќе тргнат многумина знајни и незнајни македонски синови.

Методија Патчев и неговата чета во Кадино Село се нашла на денот на селскиот празник, на Благовец. Според д-р Стојан Ристески кој го истражувал револуционерното дело на овој познат охриѓанец, на 6 април, дента пред трагедијата, целото село било собрано в црква. Службата се вршела со дванаесет свештеници, бидејќи тој ден селото светело масло. Војводата со четата бил сместен во старата кула, со намера вечерта да покрсти нови членови за организацијата. Меѓутоа, душманите не спиеле и на Турците им кажале дека тој се наоѓа во селото. Така околу пладне дошол многуброен турски аскер и башибозук. Се спомнува бројката од околу 500 вооружени луѓе. На помош стасал аскер и од Битола, а во борбата се вклучил и познатиот разбојник Расим со 25 души.

Четата претходно не била известена за силниот аскер, ниту пак некој сигнализирал за неговото движење кон Кадино Село. Турската војска од сите страни ја опколила кулата, а војводата и шестемина комити немале никаква можност да излезат од неа. Според кажувањата на очевидците на настанот, вратата однадвор ја закатанчила кадиноселката Ката Врбоска, чија куќа била во непосредна близина. Така почнала нерамна борба со сто пати побројниот непријател. "Целта на аскерот била живи да ги фатат комитите, за да се извести султанот за постигнатиот успех и да се добие наградата и унапредувањата во службата. До следниот ден (7 април 1902 година) напладне малата чета јуначки се борела до последниот к*ршум. Тогаш ништо не им преостанало, освен да се предадат или да умрат. Четата го избрала второто. Кога привршила муницијата, комитите слегле во приземјето во кулата. Се прегрнале за последен пат и почнале да пеат комитски песни. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат. Методија Патчев бил свесен дека секаква друга одлука, освен колективно самоубивство не доаѓале предвид. Уште во екот на борбата тој на своите другари им советувал да си остават за себе по еден к*ршум. Со одлуката на војводата се согласиле сите шестмина востаници. И кога ги завршиле к*ршумите, сите херојски се самоубиле, пукајќи со последниот к*ршум во себе", раскажува д-р Ристески.

Според очевидците на оваа крвава драма, по престанувањето на пукотниците, Турците очекувале опколените да почнат да излегуваат и да се предаваат со кренати раце. Меѓутоа, никој не се појавил, ниту пак се слушнал човечки глас. "Тогаш Турците го испратиле Јонче Врбоски, заменик на коџобашијата, за да види што е со комитите. Имало што да се види. Со смртонсони рани построени мртви комитите и оддавале последна почит на Македонија, без трага на страв. На лицата им се читало самозадоволство од подвигот. Тоа била трогателна, наедно и восхитувачка глетка. Во тој момент во кулата како на едно место да се нашла цела Македонија...", додава д-р Стојан Ристовски.

По трагедијата мртвите тела биле изнесени пред кулата, а аскерот се нафрлил врз труповите, сакајќи да ги унакажи лицата на комитите. Но, командантот, потпоручникот Нијази-бег, подоцна еден од истакнатите членови на Младотурската револуција, ги спречил во нивните намери со зборовите. "Назад, тоа се херои. Гледајте како се бореа за својата идеја. Сами се убија." Потоа наредил со плотун преку мртвите тела да им оддаде почит на мртвите херои. Селаните ги закопале сите седуммина комити во црквата "Света Богородица". Подоцна кадиноселци ги откопале и ги погребале кај другите гробишта во заедничката гробница.

Македонија тогаш не ги загубила само своите седуммина горди синови. Турците пронашле кај Патчев шифрирани документи од кои дознале многу работи за Организацијата, пред сў ја откриле целата револуционерна мрежа во Прилепско. По селата биле испратени неколку потери, кои извршиле големи зулуми и апсења во 18 прилепски и 6 мариовски села. Затворени биле 92 работници на Организацијата на кои им се судело во Битола. На разни затворски казни биле осудени 16 души, а другите ослободени. Според сознанијата до кои дошол д-р Ристевски, предавството го извршиле Станко Ачкоски, кмет на селото, познат врховист и турски шпиони, и неговиот заменик Јонче Врбоски. Ачковски бил осуден на смрт Организацијата и истото лето убиен. Предавството во Кадино Село, смета тој, е дело на врховистите.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 23:08
Тој е роден на 14 мај 1875 година во Охрид. Во родниот град завршил прогимназија, а потоа отишол да работи како чирак кај еден свој сограѓанин – кожар во Пловдив . Во 1896 година се вратил во Охрид и се занимавал со учителска дејност. Истата година влегол во редовите на ТМОРО. Тој добивал специјални задачи – ликвидирање на непријателите на ослободителното дело, како и на предавниците. Во 1898 година, откако убил еден предавник во Охрид, бил фатен и затворен од турската власт. Во затворот бил до 1901 година. По излегувањето бил назначен за учител во Прилеп, но турската власт не му дозволила да се занимава со учителска дејност. Преминал во илегала и стапил во четата на војводата Марко Лерински. По извесно време бил назначен за Прилепски војвода. На 7 април 1902 година со шестмина четници во Кадино Село бил предаден кај турската власт, и бил опкружен од турскиот аскер. После 24 часовна борба, со последните к*ршуми извршиле саможртва.

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 23:07
Грешна е статијата на бугарите.

Затоа што гробот и датата добро се гледа,а и има запишани спомени од селаните од Чарлија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 23:05



Иван (Јон) Димов - Пашата
Роден е во 1878 година во с. Чарлија, Битолско. На 19-годишна
возраст отишол на печалба во Романија. На 22-годишна возраст
се вклучил во Организацијата. Станал четник во четата на Ѓорѓи
Сугарев и како четник зел учество во Илинденското востание.
... Во 1904 година бил назначен за реонски војвода во Битолско поле.
Заедно, Могилчето, Крало и Пашата извршиле повеќе атентати врз
озлогласени турски насилници. Еден од тие бил и убиството на
по зло познатиот турски насилник Шефки-Ага, извршен на 1 јули
1905 година кај с. Могила, Битолско.
Во една борба со турскиот аскер Ј. Пашата бил ранет. Другарите
го извлекле и го однеле во Битола на лекување. Меѓутоа, не успеал
да оздрави и починал во 1906 година. Погребан бил во Битола,
во црквата Св. Недела, до самиот олтар.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 21:49
Говор на Анатол Франс за Македонија и Ерменија (17 март 1903 г.)
Граѓани,

По наредба на Црвениот Султан, паднаа триста илјади Ерменци. Од врвовите на Таурус до високорамнините на Арарат, еден народ сирак живее под нож. Во Македонија, на неколку часа од Будимпешта и Виена, турските војници и функционери ги колат селаните, на кои им ги силувале ќерките и жените. Овие злосторства се направени за срам на Европа. Европа мора нив да ги спречи. Човештвото ја задолжува со тоа, а Берлинскиот договор и дава за тоа сигурно право.

Франција испрати свои оклопни кораби да бараат од Портата, преку топовските отвори исплаќање на Лорандо и Тубини. Нашите оклопници, дали се единствено во служба на Турбини и Лорандо?

Султанот, предавајќи им ги Ерменија и Македонија на крвниците, нели се изложи на некаков приговор од страна на силите? Германија, Англија и Франција, неговите старателки, ќе му речат ли: „Можеш да убиваш, само ако платиш?"

Ако им се верува на умешните луѓе, постојат две политики. Една што се раководи од претпазливоста, и нашата. Ние одговараме дека пред злосторството има само една политика: човечност.

Се вели дека нам ни недостигнуваат водржаност и претпазливост. Не. Предвидувајќи ги колежите, што по неколку дена ќе ја окрвават Македонија, и викајќи му на секој оној што може да не чуе дека турската сабја постојано е крената над Ерменија, нам не ни недостигнува ниту претпазливост, ниту разумност. Претпазливоста не се состои во тоа да се премолчуваат и негираат колежите. Не е претпазливост одобрувањето на злосторството со едно страшливо премолчување. Страшливоста никогаш не е разумна.

Каква е таа разумност да се молчи кога крвта на жртвите повикува? Единствено нашата политика е разумна, бидејќи е отворена и искрена, и бидејќи надвор од правите патишта постојат само изненадување и опасности.

Единствено нашата политика е мирољубива, бидејќи се засновува врз народното чувство кај цивилизираните нации, а народот насекаде ја мрази војната.

Граѓани,

Интересирајќи се за судбината на Ерменците и на Македонците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе, ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба, и за зацврстување на општиот мир, полно и целосно извршување на Берлинскиот договор, што се однесува за Ерменија и Македонија.

Братски поздрав

Анатол Франс

Anatole France, Vers les temps melleurs. Paris 1906,1-Ш; Claude Aveline, Vers Les temps melleurs. Trente ans de vie sociale. Paris 1949, 1953, УО|. l, р. 138-139.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 17:04
Далеку бил тој од Рускиот эатоа и се испотепале неговите два сина
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 16:52
e i ruski
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 16:50
Прво Борис не бил Цар туку Ваэалски кнеэ на Виэантија и како таков учел и эборувал Грчки а не некаков друг јаэик
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 16:48
kakov nov jazik be?

jazikot ne e neshto koe mozesh da kezesh - od denes na nov jazik ke zboruvate
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 16:43
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:


Но поентата ми беше дека:

Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмо и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.

Глаголица



Св.Рамноапостолен Цар Борис можеби гледал на новиот јазик, но не и на новото писмо како на средство за зачувување на независноста, затоа што не знаеме на кое ново писмо, дали на глаголицата или кирилицата.
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 16:41
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:


Има Преславска, Охридска, Трновска книжевни школи, кои се дел од историjата на една држава.


Со Охридската книжевна школа Царството Бугарија има само политичка врска, но не и фактичка. Во таа школа се твори на глаголица, а во Преславската на кирилица. Бугарија со глаголицата нема врска, таа припаѓала на Словените, но од Византија.


Jас не кажав дека бугарите jа создале глаголицата, напишал сум дека школите "се дел од една држава", кое е факт.

Jасно е дека по порака на византискиот император Кирил создава глаголицата за Моравската мисиjа.

Но поентата ми беше дека:

Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмо и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.

Глаголица

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 14:22
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:


Има Преславска, Охридска, Трновска книжевни школи, кои се дел од историjата на една држава.


Со Охридската книжевна школа Царството Бугарија има само политичка врска, но не и фактичка. Во таа школа се твори на глаголица, а во Преславската на кирилица. Бугарија со глаголицата нема врска, таа припаѓала на Словените, но од Византија.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 13:43
Ајдеееее - демек ТуркоМонголски сојуз а
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 13:14
Во истиот музеj на "Македонска трибуна", каде што се чува знамето и книгите, има и тоа:


Убаво се гледа македонското и турското знаме, така да не ги обвинувааш во "бугароманство"...

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,484 секунди.