![]() |
|
Фан клуб Манчестер Јунајтед |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 16> |
Автор | |
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Aкинфеев е наследникот на Ван дер Сар!?
Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев е најверојатниот наследник на Едвин ван дер Сар на голот на Манчестер Јунајтед, тврди рускиот спортски весник Спорт Експрес. Изданието тврди дека двата клуба ќе почнат преговори на почетокот од идната година, веднаш откако Ван дер Сар ќе ги објави плановите за својата кариера, односно дали ќе остане уште една сезона на Олд Трафорд или ќе замине во пензија. ЛЕГЕНДА Англискиот првак не тренира на Олд Трафорд Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не стапнуваат на својот стадион освен на официјалните натпревари. Менаџерот Алекс Фергусон одлучил тренинзите да се одржуваат во базата во Карингтон со цел да не се оштетува тревата за натпреварите. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пред претстојното дерби со Ливерпул еве некои факти
Предстојниот дуел ќе биде натпревар број 200 во Премиер лигата за менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитес. До овој момент Тореадорот има 113 победи во 199 натпревари и на тој начин тој се наоѓа на втората позиција во историјата на клубот заедно со Боб Пејсли. Единствено Кени Даглас од сите менаџери на Ливерпул има погоолем успех со 120 победи во првите 200 натпревари. За разлика од него - Сер Алекс Фергусон освоил едвај 87 победи во првите 200 натпревар на чело на Манчестер Јунајтед. Во целата историја на ривалство помеѓу Ливерпул и Мачестер во Премиер Лигата има само едно реми без голови и тоа беше на Енфилд во 2005. година. Ливерпул е на два погодоци од погодокот број 200 во мрежата на Манчестер Јунајтед. Црвените на Енфилд имаат допуштено само три порази во последните 77 натпревари од шампионатот, од кои две се токму од Манчестер Јунајтед. Манчестер има пет победи, еден нерешен и еден пораз во последните седум гостувања на Енфилд. Со 18 победи и 61 освоен поен црвените ѓавои се најдобриот тим во лигата кој играл против Ливерпул. Ако играчите на Манчестер Јунајтед победат, тие ќе ја запишат 23-тата победа на Еинфилд, со што ќе се изедначат со учинокот на Евертон на тој стадион. Рајан Гигс може да го забележи 100-от погодок во Премиерлигата, ако успее да го совлада голманот Пепе Реина. Велшанецот е единствениот играч кој посигнувал погодок во секоја сезона оформувањето на Премиерлигата. Манчестер Јунајтед постигнал гол во седум натпревари од последните осум на Енфилд. Откако постои Премиерлигата, Ливерпул има само пет победи на својот стадион против големиот ривал, додека Манчестер Јунајтед си заминувал како победник од Ливерпул дури девет пати. |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ајде на победа
![]() ![]() |
|
![]() |
|
ПандА ![]() Нов член ![]() Регистриран: 27.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се чини дека после се Акинфеев ќе биде замената за Ван Дер Сар али сепак сеуште не сме сигурни за информацијата.. GLORY GLORY UNITED.
![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се шпекулира дека Акинфеев ќе биде нов голман на Ман.јунајтед,но како ќе излезе на крај ќе покаже време.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Може*и ќе се вратам во Јунајтед
![]() "Се разбира дека ми недостасува играњето за Манчестер Јунајтед. Не само клубот, туку и пријателите што ги имам таму. Играв шест години во Манчестер Јунајтед, тоа е долг период и секогаш кога имам можност ги следам натпреварите на овој клуб. Може*и некогаш ќе се вратам на Олд Трафорд, можноста секогаш постои", изјави Роналдо за еден од англиските медиуми. Не само што му недостасува Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, туку португалскиот репрезентативец откри дека постојано е во контакт со дел своите поранешни соиграчи. "Имам контакт со Руни, Фердинанд, Видиќ и Евра. Зборуваме за фудбалот, но и за другите области од фудбалот. Вејн сезонава е главен во Јунајтед и навистина ми е мило поради него бидејќи напорно работеше за да стигне до тоа", додаде Роналдо. Неговиот договор со Реал е со важност до 2015 година, а иако не крие дека му недостасува Манчестер, вели дека е среќен во Мадрид. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јунајтед против проклетството на Сан Сиро
По зимската пауза продолжуваат возбудувањата во најелитното фудбалско натпреварување во Европа, и тоа со два исклучително интересни мечеви. На програмата се осминафинални пресметки кои предизвикуваат огромно внимание. Како натпревар на вечерта секако ќе биде гостувањето на Манчестер Јунајтед на најнеомилениот стадион во Европа, Сан Сиро, на мегдан со големиот Милан. "Црвените ѓаволи" загубија на сите четири гостувања во Милано и сега ќе имаат можност да ја променат оваа статистика со оглед на тоа дека екипата се наоѓа во фантастична форма, откако на последните пет натпревари забележаа четири победи и едно реми каде постигна извонредни 16 погодоци, а прими само три. Манчестер го има и Вејн Руни, кој игра во животна форма во оваа сезона и претставува страв и трепет за противничките голмани. И покрај тоа што нема да смета на Немања Видиќ, Андерсон и Рајан Гигс поради повреди, менаџерот Алекс Фергусон очекува добар настап на ова гостување и обезбедување поволен резултат пред реваншот. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Крај на надежите за Овен
![]() Мајкл Овен ќе мора да ја пропушти остатокот од сезоната поради повреда што секако го исклучува и неговиот евентуален настап на претстојното Светско првенство во Јужна Африка. Овен се здоби со повреда на мускулот во текот на финалниот дуел од Карлинг Купот против Астон Вила поради што уше во средината на првото полувреме мораше да ја напушти играта. По деталните прегледи се виде дека повредата сепак е од посериозен карактер и така Овен ќе треба да паузира до крајот на сезоната а за во понеделник е закажана и операција која би требала да го забрза процесот на заздравување. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед немаше обезбедено место во селекцијата на "Гордиот Албион" но сепак потајно се надеваше дека селекторот Фабио Капело може да го смени мислењето доколку Овен прикажуваше константно добри игри во својот клуб до крајот на сезоната. Сепак повредата пресуди наместо Капело па така Овен кој настапуваше на претходните три светски првенства нема повторно да биде во составот на Англија кој ќе патува на Јужна Африка. |
|
![]() |
|
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Manchester United - Fulham
Чудо е како не влагат топкава в гол. ![]() |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Штотуку започна второто полувреме, Wayne Rooney, такозвани Шрек постигна погодок за 1:0.
![]() |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Rooney 2:0
|
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бербатов 3:0 и дојдоа потопите.
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нани уште четири години во Манчестер Јунајтед
Нани, кој дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во 2007 година на почетокот имаше проблеми да се вклопи во тимот, но со тек на време стана важен член на екипата. Тренерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон за англиските медиуми изрази задоволство од новиот договор. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |