![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8384858687 98> |
Автор | ||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Германија ја напаѓа поранешна Југославија на 6 Април 1941. Целата офанзива трае до 18 Април 1941 година. Југославија потпишува капитулација на 17 Април.
Во целиот тој напад бомбардирање е извршено и во Скопје, Битола и Штип. Германските војски навлегуваат во Скопје попладнето на 7 април 1941 година. Веќе на 12 април во Виена Хитлер прави план за поделба на пелнот. Одново Македонија е поделена, а овјапат српскиот окупатор е заменет со италијански и бугарски. На фашистичка Бугарија како добар сојузник и послушност за потпишувањето на спогодбата со Германија на 1 март 1941 и се отстапуваат централниот и источниот дел на Македонија. Набргу после поделбата, фашистичка Бугарија започнува да организра сосптвена власт. Во април и мај месец веќе оргнаизира 2 полициски области, една во Скопје и другата во Битола. Формирани се и 21 локални полициски управи со 2750 полицајци донесени од Бугарија. Окупацијата продолжува со воведување на бугарска управа, образование, експлоатација на природните ресурси, палтежното средство... Формирани се голем броја на основни училишта, 17 гиманзии, а дури пред крајот и Филозофски факултет со настава на источно македонски дијалект. Од наставниот кадар кој броел цирка 3600 наставници, само 6-мина биле Македонци. Сигурно дека имало и бугарофили кои се разбира дека работеле за великобугарската кауза. Таквите кои соработувале со окупаторот, по завршувањето на војната ги стигнала раката на правдата. Заслужено! Петата бугарска армија составена од 3 дивизии навлегува на територијата на Македонија на 22 Август 1941. Германците морале да бидат ангажирани на други фронтови, нели?! Подоцна бугарските фашистички сили ќе формираат и два специјални ловечки батаљона. Бугарските окупациони сили работеле во 3 сфери, односно на бугаризација на македонскиот народ, потоа на физичко истребување на оние кои се спротивставувале на фашистичката агресија и на крајот на отуѓување на македонското економско и културно наследство. Како резултат на оваа агресија бугарската држава беше обврзана да и плаќа репарации на Македонија по завршувањето на Втората Светска Војна. Изменето од Platenik - 07.Август.2011 во 14:54 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Прво е имало jугословенска агресиjа во Бугариjа. Сето останоло е во одговор на таа агресиjа:
6 април 1941 година Југословенски авиони Do-17 бомбардираат индустрискиот квартал на Софија и градот Ќустендил. Во Софија загинаа 8 лица. При бомбардирањето на Ќустендил загинаа 58 граѓани, 2 бугарски и 8 германски војници, и се повредени 59 граѓани, 5 бугарски и 31 германски војници. http://bg.wikipedia.org/wiki/Бомбардировки_на_България |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кутрата Бугарија, ќе стане и жртва на агресија?!
Дури и на крајот на војната неоправдано ќе и биде наметнато да плаќа воени репарации. Туку послено ќе ти биде ако си признаеш дека Бугарија била членка на оската и дека има направено воени злосторства. Без тоа да си го признаете не ќе можете да тргнете напред. Од страв да не го јадете калапот, преку ноќ од фашисти станавте комунисти, а од окупатори станавте “ослободители“. Ама и тоа не ви чинеше. Бугарска работа! |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Овие прашања се затворени со мировните договори и одлуките на меѓународните судови, а тие нешта, сакале некои или не, се на иста линија со македонската историја. А да не говориме пак за архивите на Рузвелт, дипломатската кореспенденција меѓу сојузниците и тогашните демократски земји. Бугарија секаде е наречена окупатор, независно што самите се сметаат за ослободители. Тој дел од историјата им е домашна употреба. Тоа е еднакво на обвинувањата до комунистите дека им ја разделиле нацијата,а заборавање да се заблагодари на СССР за сочувувањето на Бугарија oнаква каква што е денес.
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Се сложувам со тебе Македоне. Прашањата по однос на настанатите во текот на Втората Светска Војна се затворени, како од историски, така и од политчки и хуманистички аспект. Непознати нема. Точно се знае кој бил окупатор, агресор и кому му било наложено на крајот да ја плати музиката.
За жал и денес има такви кои се обидуваат да ја преработат историјата, иако зборуваме за период од пред 70 години. Ако зборуваме за историјата за средниот век или античката за која нема доволно пишан материјал и живи сведоци, можеби и ќе се сложев со таквите обиди. Но, во случајот со настаните од втората светска војна, такви дилеми непсотојат. Покрај живите сведоци, тој временски период е исклучително добро документиран. И ништо ново, бугарска работа. Т’зи дупка, не е дупка. Би надополнил, не само СССР, туку и царска Русија се можеби единствените легитимни правно-политчки и економски фактори кои заслужуваат целосен кредит што денеска постои 3-та бугарска држава и словенобугарската нација. Се чини дека е политички коњуктурно да се заборава против комунистичкиот допринос за опстанокот на бугарската држава во границите кои ги има. Се деградира доприносот со наводната деструкција на “бугарското национално ткиво или нација“, а се воспева доприносот на царска Русија која вусшност е и најзаслужна во создавањето на современата бугарска нација. Свесно и се сервира на јавноста дека едната помош има поголем легитимитет во однос на другата. Се заборава дека останатите фактори застанале на патот на мегаломаската иницијатива на Русија. Иако е надвор од темата само би нафрлил некои моменти. Сметам дека истите би биле неизмерно вредни, се разбира, доколку Словенобугарите би демонстрирале одередена волја за поголем интелектуален агнажам. Дали нација која има 1300 годишна историја со богата традиција, култура, прва држава во Европа би се довела во состојба каде објективно би била ангажирана да дебатира околу нејзиниот опстанок?! Дали толку јака држава со свесно, осознанено национално население би си дозолила за 20 години да изгуби 26% од својата национална маса?! Или фигуративно кажано, дали дрво со корен лесно би се искоренило? Дали во процесот на создавањето на бугарската нација се засадувале дрва без корени или со многу плитки корени?! Чинам дека Русите направиле голем превид кога од многу бројниот, различен етнички состав на тој простор се обиделе да ја формираат бугарската нација. Феноменот на дебугаризација, всушност не е феномен, туку нормална причинско-последична појава. Ако се направи историска снимка на целиот развој на бугарскат нација ќе се видат многу индикатори кои сугерирале дека сепак станува збор за луѓе кои немаат чувство на припадност кон творбата. Да се живее во оспорување (denial) дека биле фашисти, окупатори, колаборатори со најмрачниот политчки систем кој го познава човештвото, тоа може да биде одлика само на најзаведените, односно оние кои безрезервно и поделгнале на бугаризацијата или руската иницијатива. Реалноста е сосема друга. Нација која најбрзо изумира, нација која е најмногу поделжна на социјални аномалии и се сели, е нација која во наредните 100 години ќе се трансформира во сесема нешто друго. Засега непознато, но сите показатели наведуваат дека промените ќе бидат како од антрополошки, така и од генетски, биолошки каркатер. Заклучок: Бугарија била фашистичка, челнка на оската, агресор и окупатор. Осудена за воени злосторства. Дел од гревовите и се опростени благодарение на СССР и покажаната “добра волја“ од 1944 година да и се приклучи на прогресивниот свет. Мислам дека ова приклучување е повеќе израз на страв отколку што е на добра волја. Сончоглед или како се вика во народот вртипоп или врти газ. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Platenik, во правото има нешто кое се нарекува пресудена работа (res iudicata). Toa значи дека предметот е затворен, со можност за право на жалба, но пред повисок суд. За судот кој пресудувал, предметот е затворен. Кога ќе се удри и печатот на правосилност, судската одлука станува правосилна и извршна. Во меѓународното јавно право работата се "пресудува" со договорите, а во некои случаи и пред меѓународни судови. Во конкретниот случај, Бугарија е прогласена за окупатор со меѓународен договор, осудена да плати репарации на страни кои се бореа заедно со сојузниците. Со тоа завршува сета полемика која некои ревизионисти ја наметнуваат, барем се до измена на договорите. Затоа биди спокоен, тоа не може да се измени онака како што некои сакаат. Тоа никому не одговара, а и не заборавај, благодарение на тие договори, некои земји уживаат големи права. А за да се изменат тие договори треба да дојде до согласност меѓу оние кои ги потпишале. Впрочем, светскиот поредок почива на истите.
Само би надополнил само дека гревовите се простени благодарение на наивноста на СССР и ФНР Југославија, особено на Југославија. Западните сојузници не и простија ниту еден грев, тоа го сторија социјалистичките држави во името на некакви повисоки идеали. Колку е тоа "оправдано", покажува денешнината. Доколку се прашуваа демократските држави, поинаква ќе беше судбината на дел од тие што грешеа... Изменето од Македон - 10.Август.2011 во 18:50 |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
леле големаа "прошка":
Воени репарации според цени од 1938 година: US$360,000,000 oд Италија: $125,000,000 на Југославија; $105,000,000 на Грција; $100,000,000 на СССР; $25,000,000 на Етиопија; $5,000,000 на Албанија $300,000,000 од Финска на СССР; $300,000,000 од Унгарија: $200,000,000 на СССР; $100,000,000 на Чехословачка и Југославија. $300,000,000 од Романија на СССР; $70,000,000 од Бугарија: $45,000,000 на Грција; $25,000,000 на Југославија. http://en.wikipedia.org/wiki/Paris_Peace_Treaties,_1947 Тие 25 млн. долара за пари ли ги броите во споредба со другите суми? Не забораваjте што грците не ни ги опростиха... Изменето од Македон - 12.Август.2011 во 15:44 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во тој период тие пари значеле обнова на инфраструктурата, храна за населението и други подобности. А и не заборавај дека за сиромашна и слаба држава каква што била вашата по војната, тие пари знаечеле многу. Грците се многу лукави кога станува збор за политика и никому должни не остануваат. И мошне добро сторија. За такви нешта прошка нема. Политиката не е љубов, а и не треба да биде, но нашите политичари тоа доцна го сфатија...а за жал, Тито не ги слушаше македонските политичари за нешта за кои требаше да ги слуша. |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За да имаш претстава што тие 25 милиони УСД значат во денешни услови, само скромно, екстрполирај 4% на годишно ниво. Ке дојдеш до некоја скромна сума од 450 милиони УСД.
Со тие пари може да се реализира проектот вардарска долина, релоцира и обнови пругата и комплетира автопатот М1. Ете само колку да знаеш колку вределе тие 25 милиончиња. Поентата на сето ова не е колку вределе тие пари, туку зошто морала Бугарија да ги плати? Згора на тоа, зошто некој си земал такво право некому да прости? Барем тој кому му било простено да покаже малку од малку респект и благодарност. Бугарска работа! Изменето од Platenik - 13.Август.2011 во 03:35 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Италиjа дала репарации 125 млн. долара за окупациjата на западна Mакедониjа (коj е по мал дел во сравнение со источна Македониja + Помаравието и Косово окупирани од Бугариjа). Пропорцията е 125 : 25 млн. долара. Значи победниците се оценили што Италиjанците са сторили 5 пати повеке злини во по мала териториjа. Албаниjа исто е била окупирана, но таму репарациите са само 5 млн. долара. Зошто? Зоштото Албаниjа е присоединета кон Италиja како источна Македониjа бе присоединета кон Бугариjа. по истата пропорциjа би следовало бугарскиот дел да се раздели примерно: 5 млн. за источна Македониjа и 20 млн. за Косово и Поморавието, зоштото последните са навистина окупирани докато Македониjа е присоединета.
И само не говорете што "казната" на Бугариjа е мала оти таа е бедна страна. Не е верно. Бугариjа е пострадала наj малко во цела Европа наред со страните кои не са взели участие во воjната (Испаниja, Португал, Швеjцариjа). Загубите на население били пренебрежимо малки. Инфраструктурата и промишленоста били запазени. Нека имаме во предвид што фашистка Финландиjа е осудена да плати репарации во размер на 300 млн. долара. А таа страна тогава не е била богата и по население е по малка од Бугариjа. Исто и фашистка Унгариjа е осудена да плати 300 млн. долара. И таа страна е по териториja и население е од еден калибар со Бугариjа. Може да се рече што во резултат на ІІ светска воjна Бугариjа се разшири и теритириално за сметка на една "по виновна" страна: ![]() Та по добро ваква загуба отколкото пирова победа Изменето од чоли - 13.Август.2011 во 08:54 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сакаш да кажеш дека Бугарија била помалку фашистичка земја од Италија, Унгарија, Финска и Романија?
Тоа изгледа како кога некого жената го изневерува. Ако љубовникот бил со помал инструмент, изневерувањето не се важи, нели? |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Од горе изброените држави само Бугариjа не беше во воjна со СССР.Сите други имаа воjски на источниот фронт. Бугариjа беше во едновремени дипломатски односи и со Германиjа и со СССР чак до ХІ 1944 г. Бугарскиот посланик во Москва е бил неофициален парламентер за водене на евентуални преговори помегу СССР и Германиjа. Чак на 5 ІХ 1944 СССР обjави воjна на Бугариjа при положение што сме имале ново правителство кое веке било обjавило воjна на Германиjа. Е, воени деjствиjа е немало бидеjки не пукнала ни една пушка. Загинале неколко руски воjника при авто катастрофи и злоупотреба со бугарска ракиjа. |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Воопшто не си во право. Тие 125 милиони долари се дадени за окупација на повеќе делови од Југославија, како што била Далмација и други територии на поранешната Југославија. Воопшто не станува збор само за територијата на Западна Македонија. Според тоа, сето ова објаснување не ти држи вода. Никаде нема да најдеш документ според кој Македонија била присоединета, а не окупирана. Секаде ќе најдеш дека станува збор за окупација. Изменето од Македон - 13.Август.2011 во 14:13 |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мишслиш што победетелите са отсуделе еj така - ня око? Зад секоjа сума седи некаква штета коjа требе да се компенсира.Дури и во сметката да сложим и Далмациjа (во истина не знам какви штети има нанесени таму)италинците изгледа доста золуми са направили во западна Македониjа. Пропорциjата е очигледна. Бугариjа во(окупирана штом ссакаш овоj термин)Македониjа е строила и инвестирала, а не е разрушавала. Например тунелите при Богомила Велешко са дело на бугарките "фашисти". ![]() Бугарските железопатни строежи во Македониja през Втората световна воjна (1941 – 1944 г.) Изменето од чоли - 13.Август.2011 во 15:08 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8384858687 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |