IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 06:33

Совети од кујната

* Како да добиете убава и мека кајгана?
Убава и мека кајгана ќе добиете со додавање малку млеко во матените јајца.

* Како да ги додавате жолчките во смесата за колачи?
Жолчките ќе се згрутчат ако се изладени или ако се пребрзо додадени во смесата за колачи. Додавајте ги изматените јајца или изматените жолчки во смесата една по една и посипете ги со една лажица брашно за да не почнат да се згрутчуваат.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 07:28
Готвен домат е поздрав од свеж

Иако постојано се истакнува дека најздраво е да се јаде свежо овошје и зеленчук, бидејќи со готвењето се губат некои хранливи состојки, изгледа дека постојат исклучоци.

Научници од Илиноис дојдоа до чудно откритие. Иако постојано се истакнува дека најздраво е да се јаде свежо овошје и зеленчук, бидејќи со готвењето се губат некои хранливи состојки, изгледа дека постојат исклучоци. Имено, откриено е дека готвениот домат е поздрав од свежиот! Американските научници истакнале дека доматот е најголем извор на антиоксиданси и ликопени, но за разлика од другиот зеленчук и овошје има поголема моќ кога е зготвен. Хранливите материи содржат заштитни механизми кои спречуваат воспаление и создавање на крвни згрутчувања.

Уште од порано е познато дека консумирањето на домати го намалува ризикот од карцином, остеопороза и кардиоваскуларни болести, па овој сочен зеленчук е добар за целосното здравје. Ликопенот на доматот заштитува од рак на простата, дојки и белите дробови. Покрај ликопенот, доматот содржи и многу други состојки со антиоксидантни својства.

Се работи за витамините Ц и А. Тој е и добар извор на влакна кои поволно дејствуваат на нивото на холестеролот и шеќерот во крвта. Лица заболени од артериосклероза имаат причини да консумираат домати. Доматот е богат со калиум, витамин Б6 и фолна киселина, а сето тоа придонесува за здравје на срцето и крвните садови.

Доматот, како еден од ретките значајни извори на витамин К, е важен за здравјето на коските. Витаминот К1 го активира протеинот одговорен за задржување на калциумот во коските, додека витаминот Б2 кој исто така го има многу во доматот, се покажа делотворен во намалување на зачестени напади на мигрена.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 14:18

Употреба на целерот во кујната

КОРЕН И ЛИСНИ ПЕТЕЛКИ
Коренот и лисните петелки од целерот може да се додаваат како зачин во супите, варивата и во салатите од овошје и од зеленчук, може да се варат, динстаат или да се пржат. Исто така, може да се мешаат и со друг зеленчук. Од коренот и лисните петелки може да се подготвуваат супи, варива, салати, пире и сосови, може да се полнат со разни филови или може да се ароматизираат маслото и оцетот со нив.

ЛИСТОВИ
Листовите од целерот ситно се сечкаат и се додаваат како зачин во супите, варивата, салатите, кремастите сирења, филовите за живина, риби и школки, како и во јадењата од друг зеленчук. Листовите се додаваат во јадењата во последните три минути од варењето за да ги задржат аромата и хранливата вредност.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 23:49

Како да ги поширате јајцата?

* Како да испржите јајце на око без да додадете масло?
Јајце на око може да испржите и без да додадете масло, така што во тавчето место масло ќе ставите 2-3 лажици вода, а потоа ќе го додадете јајцето.

* Како се пошираат јајцата и со што да ги послужите?
Поширањето на јајца е згрутчување на јајцата во тенок слој закиселена врела вода. Се послужуваат во супи и во топли предјадења.

* Како да ги сварите јајцата кои подоцна сакате да ги филувате?
Ако варите јајца за дополнително полнење (филување), ставете ги да се варат во вриена вода за да ви остане жолчката во средина.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 15:21

Соја - совети

1. Како да ја спречите жилавоста на сојата?
Дури откако сојата ќе биде варена, додајте продукти и зачини во неа, како што се доматите, сокот од лимон, солта, оцетот.

2. На кои јадења сојата ќе биде мошне здрав додаток?
На супите, на печените јадења, на салатите.

3. Дали постојат повеќе видови соја-сос?
Да, постојат светол и темен соја-сос. Светлиот се користи при готвењето јадења од зеленчук, риба и морски плодови, а темниот - за јадења од месо, особено она црвеното.

4. Кои се најчестите грешки при подготвувањето шницли од соини лушпи?
За да се сварат соините лушпи, потребно е поголемо количество вода, исто како и при варењето тестенини. Размерот на водата во однос на сувата соја треба да биде пет пати поголем, но и поголемо количество вода нема да пречи. Внимавајте кога ќе ја солите водата, зашто ако додавате соја-сос во јадењето, треба да ставите многу малку сол, зашто сосот е мошне солен. Соините лушпи може да ги варите 10-15 минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2011 во 23:21

Варените моркови се покорисни

Морковот штити од рак, срцеви заболувања и висок притисок. Тој е извонреден извор на бетакаротин кој на организмот му помага во борбата против ракот. Повеќето студии покажаа дека зрелите моркови се подобри од младите. Но, и едните и другите како варени се покорисни. Може да се јадат како салата или да се додадат во друг зеленчук како гарнир. Се купуваат преку цела година, свежи или замрзнати. Со земањето на витаминот бета каротен, како додаток во исхраната во текот на неколку години, може да се заштитат некои мозочни функции како што се памтењето и учењето, чие губење доведува до Алцхајмерова болест, велат научниците

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 00:25

ДОМАТИ

Лековитост

Доматите се богати со витамин Ц, витамини од Б групата и со витамин А. Добро е познат и ликопенот со кој изобилува овој зеленчук и научниците го препорачуваат како превентива од карцином. Доматите изобилуваат и со минерали, па се пожелни за добра работа на мускулите. Тие се вистински рудник на калиум, калциум, а содржат и количества на цинк, магнезиум, фосфор и бакар, како и на други драгоцени елементи. Покрај големата антиоксидациска моќ и изобилството на каротен, доматите се и вистински чистач на организмот. Се применуваат во подготовката на природните маски за тело, а ги смируваат и воспалителните процеси.

Совети

* Како да ги излупите доматите?
Мошне лесно можете да ги излупите доматите ако од долната страна им направите крст со нож, а потоа на кратко ги потопите во вриена вода.

* Кога да додадете концентрат од домати, т.е. пире од домати, во јадењето?
Кога додавате пире од домати во јадењата од месо, на пример, во гулаш, направете го тоа откако месото ќе омекне, зашто киселоста на доматите го забавува омекнувањето на месото.

* Со што да ги полните доматите?
Полнете ги доматите со помек фил, како што се младо сирење, варен зеленчук, со месо, динстано и исечкано на помали парчиња или со филети од риба

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:26

Супи

* Како и кои зачински билки се користат при подготвувањето супи?
Користете свежи или сушени зачински билки за засилување на аромата на супите. Најчесто се употребуваат магдонос, босилек, мајоран, ким и мајчина душица, а кога во супата се вари месо, тогаш се додаваат дафинов лист, рузмарин и мајчина душица.

* Како се вари супата?
Супите добро е да се варат поклопени и на умерена температура.

* Како да го подготвите зеленчукот за супа?
Зеленчукот за супа (целер, морков, праз) исчистете го и измијте го под млаз вода, па исечете го на парчиња за да не се распадне во текот на варењето. Секогаш ставајте го во вриена вода.

* Како да влијаете врз квалитетот на супата?
За поквалитетна супа месото ставете го да се вари во ладна вода, а кога водата ќе зоврие, отстранете ја пената, па додадете ги зачинските билки и зеленчукот.

* Кое месо да го употребите за подготвување супи?
За месна супа обично се користат пониски категории на месо (гради, плешка, врат) и коски, а кај живината - ситнината.

* Кои се додатоците за супа и колку долго да се варат?
Најчесто додатоци за супите се ориз и тестенини, но може да се додадат и јачмен, зобни снегулки, хељда и други житарки, како и коцкички од пржен леб. Домашната тестенина се вари 5 - 10 минути, оризот 15 - 18 муинути, житарките кои претходно треба да ги потопите во вода се варат 40-60 минути.

* Што може да направите супата да ви има подобар вкус?
Морковот или црвениот кромид можете претходно да ги потпечете, па супата ќе има подобар вкус и потемна боја.

* Што да направите пилешката супа да не биде матна?
За да не добиете матна пилешка супа, добро е парчињата пилешко месо претходно кратко да ги бланширате во вриена вода.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 22:00
Масната храна штетна за менталното здравје

Сите нам ни е јасно дека прекумерното консумирање на масна храна има првенствено физички последици во форма на здебелување или таложење на маснотии во телото. Но, научниците предупредуваат дека масната храна има многу штетно влијание врз менталното здравје на човекот.

Во студијата која заеднички ја спроведоа шпанските психијатари и нутриционисти, а која е објавена во магазинот Science journal, потврдено е дека масната храна има неверојатно негативно влијание врз менталното здравје.

Во студијата биле вклучени 1.200 испитаници кои биле следени во интервали низ шест години. Заклучокот од следењето е дека јадењето на масна храна значително го зголемува ризикот од депресија кај луѓето. На почетокот на истражувањето биле проверени менталните способности и емоционалната состојба на доброволците, а потоа научниците вовеле специјална исхрана која содржела заситени масти.

Заситените масти во најголема мера се наоѓаат во брзата храна која воедно и бавно се вари. Во период од шест години научниците ги следеле доброволците кои консумирале храна со заситени масти, а притоа во предвид ги земале и нивните години, пол, телесна тежина и лошите навики.

На крајот од студијата се покажало дека дури 650-те испитаници во неколку наврати се бореле со клиничка депресија. Психијатарите и нутриционистите заклучиле дека љубителите на брзата храна имаат 42 отсто поголем ризик за заболување од некој облик на депресија во однос на останатите луѓе. Овде не се работи за депресивна состојба поради можното дебелеење, туку за очигледно лошо влијание на заситените масти на психофизичкото здравје на луѓето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 22:01
Ќе можете да слабеете со чоколадо и слатки?

Звучи премногу добро за да биде вистина – во иднина колачите и чоколадите ќе им помогнат на дебелите луѓе да ја изгубат тежината.

Сепак, произведувачите на храна тврдат дека откриле состојка во фефероните која би можела да биде додаток во било кој десерт и со тоа идејата за слабеење ќе биде претворена во стварност.

Овој „магичен“ екстракт познат како дихидрокапсиат (DCT) го забрзува метаболизмот и помага во трошењето на калориите. Тој веќе е додаван во апчињата кои веќе се продаваа во Јапонија и САД, но сега би можел да се користи како додаток во исхраната, што е фантастично.

Состојката, која што инаку е невкусна, е една од неколкуте хемиски споеви познати како капсиноиди, кои можат да се најдат во одредени видови на феферони. Секако, тој факт одма го искористија Јапонците кои веќе прават планови  оваа состојка од фефероните да ја додадат во чоколадите и другите слатки. Прелиминарните истражувања веќе покажаа дека тоа нема да му штети на здравјето, а сега, што се однесува на Европа, останува Европската комисија да одлучи дали ќе дозволи продажба на овој производ. Ако одлуката биде позитивна, производите со DCT набрзо ќе можат да се најдат на полиците во супермаркетите.

Поедини експерти, меѓутоа, наведуваат дека ефектите ќе бидат минимални, односно слебеењето нема да оди баш така како што се мисли, на основ на земањето на овие производи. Дури и од јапонскиот произведувач на храна, Ajinomoto, наведува дека за губење на вишокот на килограми со консумирање на нивната храна збогатена со DCT ќе биде потребно да се води здрав живот и да се внимава на исхраната, пишува Daily Mail.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 22:06
Скриени калориски замки кои дебелеат

Иако веќе некое време внимавате на својата исхрана, ви се чини дека стрелката на вагата застанува секогаш на исто место. Генерално гледано, вие навистина сте ги промениле вашите прехрамбени навики, но вистинскиот проблем лежи во скриените замки, кои иако не се наоѓаат редовно на вашето мени, секако влијаат на вашата телесна тежина.

Кечап и мајонез

Повеќето од нас не би можеле да ги замислиме пржените компирчиња или пицата без кечап и мајонез. Може од редовната исхрана сме ги исфрлиле овие состојки, но и понатаму на ручекот му додаваме малку кечап или мајонез. За разлика од мајонезот, кечапот не содржи масти, но затоа пак, во 100 грама кечап има 11 коцкички шеќер.

Колбаси

Каков би бил појадокот или сендвичот без добар колбас? Иако некое тенко парче можеби не изгледа како калориска бомба, запомнете дека 100 грама колбаси содржат околу 300 калории.

Овошен јогурт

Зар постои подобра ужинка од овошен јогурт? Внимавајте, купениот овошен јогурт е богат со шеќери, односно 100 грама овошен јогурт содржи дури шест коцкички шеќер. Или направете свој, или намалете ја неговата консумација.

Ананас

Обожаваме ананас, но не секогаш го јадеме свеж бидејќи некако попрактично ни е да земеме ананас од конзерва. Погрешно! Ананасот од конзерва содржи многу повеќе шеќери, а свежиот не само што е помалку калоричен, туку е и многу поздрав.

Газирани пијалоци и засладени сокови

Колку штетни можат да бидат соковите за нашата линија? Многу луѓе веруваат дека сè што е во течна состојба содржи многу помалку калории. Меѓутоа, газираните пијалоци содржат дури 17 коцки шеќер на едно литро. Ни засладените сокови не поминуваат многу подобро.

Секако, течностите треба да бидат неизоставен дел од дневната исхрана, но тоа се однесува на водата, незасладениот чај и свежите сокови без додаден шеќер.

Макијато

Ако мислите дека вашето омилено кафе не може да и штети на вашата линија, се лажете. Кафето направено со млеко може да содржи од 5,6 до 9,2 грама масти, а да не зборуваме за додатокот како што е шлагот.

Но, покрај мастите кои ги содржи ваквото кафе, треба да имате во предвид дека комбинацијата на кофеин и протеините кои доаѓаат од млекото е штетна и овие две работи не треба да се мешаат.

Сос за салата

Сте направиле ручек во облик на салата, но за да биде повкусна сте додале купен сос за салата. Токму тие сосови се вистинка калорикса замка, а со нивното нанесување и додавате на вашата салата, додавате и околу 14 грама масти. Зачинете ја својата салата сами. Користете немасен јогурт, немасно сирење или маслиново масло.

Пекарски производи

Во целата гужва и недостатокот на време, често ни се случува да ја посетиме локалната пекара и да си купиме некоја вкусна, но мала кифла. Внимавајте, колку мала и да изгледа, еден кроасан содржи околу 22,6 грама масти, кои се насочуваат директно кон вашите колкови.

Чоколаден намаз

Утринската потреба од храна и енергија често знаеме да ја задоволиме со сладок чоколаден намаз. Иако не сметаме дека сме претерале, бидејќи сме изеле само едно парче леб, не сме свесни дека само 10 грама од овој намаз содржи 3 грама масти и дури 20 коцкички шеќер. Вратете се на медот, или на стариот добар мармалад.


сподели%20на%20Facebook
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 23:00

Совети од кујната

* Меленото месо никогаш не купувајте го однапред подготвено, барајте пред вас да се меле, зашто во однапред подготвеното месо брзо се размножуваат бактерии, дури и кога се во фрижидер. Секој месар кој не сака да го изгуби угледот тоа го знае и нема да ви прави проблеми околу тоа.
* Месото за паприкаш ќе биде многу повкусно и посочно ако за време на динстањето му додадете малку сок од лимон и половина лажичка шеќер.
* Месото на скара никогаш не боцкајте го со виљушка, зашто низ настанатите отвори ќе истече сокот од печеното, а тоа е токму она што при печењето на скара е највкусно. Месото вртете го со лопатка за месо. Посолете го на крај, откако ќе биде печено.
* Жилавото месо ќе омекне ако го истриете со сол и со сода бикарбона. Оставете го да отстои некое време, а потоа измијте го. Кога варите жилаво месо, во водата сипајте една чашка рум. Месото ќе омекне.
* Ако пржите нешто во загреана маст, таа нема да прска ако во неа ставите малку брашно или сол.
* Печеното пиле ќе има поубава кора ако на врвот од пилето со чепкалка ќе зацврстите парче длабоко смрзнат путер. Додека се пече пилето, путерот лесно ќе се топи и ќе го облева пилето.
* Постојат зелена и жолта, тркалезна и широка боранија. При купувањето боранија обрнете внимание да не се дрвенести и да немаат развиено семки и цврсти конци. Најчесто се употребува во облик на салати, варива...
* Варениот морков исечен на стапчиња можете да го глазирате во сок од портокал и путер.
* Варената топла боранија наједноставно можете да ја послужите како салата ако ја испрскате со свежо цеден лимонов сок или со дресинг (измешани масло, оцет и зачини) и добро ќе ја измешате.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 11:21
Садови поради кои предвремено старееме

Хемикалиите кои се наоѓаат во подлогата на некои садови за готвење, или пак во амбалажите за храна и во спреовите кои ги користиме за чистење на дамки од теписоните и облеката, можат да доведат до сериозни здравствени проблеми.

Истражувањата покажаа дека жените кои во телото имаат голема количина на хемикалијата perfluorokarbon (PFC), влегуваат во менопауза пред оние со помала количина.

Имено, оваа хемикалија може да се најде во секој дом, а неа најчесто луѓето ја вдишуваат со прашината, пареата или ја внесуваат со храната во организмот. Научниците докажаа дека PFC е поврзана со ракот на штитната жлезда, со проблемите на имунолошкиот систем и срцевите болести.

Многумина експерти веруваат дека оваа хемикалија го пореметува и нивото на хормони во телото.

Дека за тоа се свесни и произведувачите говори фактот дека една голема компанија поради здравствените проблеми престанала да ја користи хемикалијата perfluorokarbon уште во 2002-ра година, а компанијата DuPont, позната по производството на тефлон, прифати да го намали нејзиното производство до 2015-та година.

Новото истражување го следеше нивото на PFC во крните примероци кај 26.000 Американки.

Научниците од Универзитетот Вест Вирџинија, востановија дека кај жените постари од 42-та година кои влегле во менопауза се наоѓа најголемото ниво на оваа хемикалија.

Истата група на жени имала и значително ниско ниво на женскиот хормон естроген.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 15:29

Совети од кујната

* Кога настануваат грутчиња во тестото или во кремот?
Кремот или тестото ќе имаат грутчиња ако состојките не се со иста температура. Обидете се да ги "скршите" грутчињата така што ќе го загревате кремот на водена пареа и ќе го мешате со електричен миксер.

* Кога да употребувате меко, а кога остро брашно?
Меко или остро брашно - дали е сеедно? За палачинки, на пример, се зема остро, а за лесни печени теста - меко брашно. Ако не сте сигурни кое брашно да го употребите за некој колач, најдобро измешајте половина од едното и половина од другото брашно. Нишестето се става ако сакате исклучително лесно тесто.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.