![]() |
|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7172737475 97> |
Автор | ||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Брат Сард, прекрасно објаснето. Навистина е така како што велиш, според моето скромно искуство кое сум го имала во манастир покрај монасите и монахињите.
Господ секогаш да ги пази за да можат да се молат за нас во нашите потреби. Амин! с нами Бог + ![]() |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Се надевам дека мајмунче станува во 4 сатот наутро СЕКОЈ ДЕН и поголемиот дел од денот го поминува во тишина, во работа и во молитва. И најмалку еднаш во месецот поминува цела ноќ во молитва до 6 часот наутро па со 2 сати одмор си продолжува со денот со редовната работа. А за време на пост и празници и многу почесто ноќите ги поминува во бдение. Се надевам дека мајмунче секој ден исполнува големи молитвени правила какви што монасите се должни да ги исполнуваат СЕКОЈ ДЕН. Се надевам дека мајмунче јаде 2 пати дневно исклучиво со посна храна а за време на постите со значително редуцирана храна. Се надевам дека некои денови ги поминува без храна а почетокот на велигденскиот пост 2-3 дена без храна и вода а се очекува да работи се нормално. За разлика од мнозинството овде кои живеат на нечиј товар, монахот со типикот е задолжен да се храни од трудот на своите раце. Јас знам монах кој од трактор не се симнува. Уште само в кревет што се двои од такторот. Знам кој работи со пчели и со манастирски имот и при тоа тоа толку паметно го прави или Бог му дава ум како да го прави што има приходи како 5 пчелари и земјоделци заедно. При тоа монахот не се грижи за свои 1-2 деца, мајка, татко, ама затоа го носи товарот на еден куп на деца кои сиот свој товар нему му го пренесуваат. Се грижи за сите носејќи го товарот и болките на целиот свет. Мојот исповедник кога започна со исповеди на други луѓе, знаев дека во четврток кога исповеда и кога ќе отидам кај него ќе го најдам сиот скршен и уништен од сето она кое другите му го пренесуваат и бараат преку него помош од Бога. Значи не само што не е ослободен од секојдневните грижи кои ги имаат луѓето, туку ги има и тие грижи зголемено со духовните и молитвени активности. Меѓу монахот од некогаш и монахот сега, сигурен сум дека монахот сега има многу повеќе нешта да се одрече отколку монахот од минатите векови. Денешните благодетти на светот се многу поголеми од некогашните и затоа некогаш монасите од помалку нешта се одрекувале од денешните монаси. Денешниот подвиг да се остави се од нормалниот живот, да се остави дури и старата личност и да се посвети како нова личност посветена само на Бога го избираат само најхрабрите. Но истовремено тој живот на подвиг носи и големо смирување и исполнување. Завршуваат немирите на СВОЈАТА ДУША, човекот кој го живее тој живот влегува во Божјата благодат и се насладува на на Божјата љубов околу себе и во себе. Ако тоа не е така, дали некој ќе отидеше во монаштво? Секој кој има немир може во манастир да отседне и да побара да си ја поврати изгубената душа и изгубениот мир. Изменето од sard - 23.Септември.2008 во 12:48 |
||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кога би ја читале Библијата, тоа би знаеле да го кажете во една реченица.
"Исус им рече: „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога"
(Марко 12:17) Но, да му се даде Божјото на Бога, тоа не значи дека треба да се самоубиваме во суви бунари како што го направиле тоа некои од православните "светци".
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Прекрасен текст Опитен
![]() ![]() ![]() Убаво изнесени сведоштва дека Господ бара да го подадеме Божјото на Бога. Секоја чест ![]() Моли се за мене ![]() |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
![]() |
||
Опитен ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Велите дека монаштвото е неоправдливо затоа што тие се повлекуваат во манастир е безделнчење и не помагање на лугето но сега јас би ве прашал, што подразбирате овде во помагање и правење добро. Само Харитативната дејност? Значи грижата само за телото, а што бива со душата? И кој може да и помогне на душата и колку „школо“, како што Маран Ата вели, треба за тоа? И нели е поважна поважна душата од телото и Царството Небесно од царството земно?
А ако е така тогаш зошто лично Господ Исус Христос ја укорува Марта која се беше зафатила со многу работи, а ја оправда Марија која го избра подобриот дела да седи пред нозете Исусови и го слуша словото Божјо. Нели Марта работела и помагала, а Марија само седела и ништо не правела? И зошто тогаш ГИХ го опоменува Јуда кој се грижел за сиромасите и ја укорил жената која го растурала тоа скапоцено миро по нозете Исусови. Нели и во овој случај едното е грижа (без разлика каков бил Јуда, сега дискуираме за размислувањата) и што значат Неговите зборови дека сиромасите ги имаме постојано покрај себе а Синот Човечки не. И уште, зошто, повторно Самиот Господ Исус Христос, откако на богатиот младич му рекол дека за да наследи живот вечен е доволно да ги исполнува заповедите и откако овој побарал нешто повеке му одговара дека ако сака да биде совршен треба да остави се продаде на сиромаси и врви по Него? Внимавајте само да не се противеме на Божјите зборови и постанеме Богоборци, оти проблемот не е во Него туку во нас. Во тоа што за жал ние како луге, и како цивилизација имаме многу отстапено од Него и вистината и во нас се испревртило гносеолошкото сетило за познанието на доброто и лошото. И да не порекнеме една плејада монаси и свети отци, кои својот живот го положиле за Христа и своите ближни , правеле и до ден денес со силата на Божјата благодат, прават добро на луѓето кои молитвено и се обракаат. Ова е сведоштво. И те молам Евангелисе, не го споменувај повеке тој екстремен и единствен пример, туку отвори го твојот видик пошироко а и за тоа има одговор. Одговорот би го поставил најпрво во вид на прашање. Дали некој од нас ке издржи еден час затворен во бунар а да не прашувам за денови, месеци или 10 години како овој свет Отец на кој и Господ му го потвдил неговото дело и го примил како Богоугодно давајки му неговите мошти да не бидат распадливи и смрдливи, кави што нашите ке бидат, туку непаспадливи и миризливи. И познавам еден монах кој порано многу сакаше да шета и кога овој на својот татко му рече „ Ке одам в манстир“, татко му му одговори “ каде може тебе да те задржи едно место? Тебе Македонија ти е мала, сега ќе еден манастир ќе те задржи“, но подоцна кога виде дека овој ес ериозен и седи в манастир се убеди и самиот. Тој исти монах сега е веке повеке од 10 години во манастир. Значи, работите не треба да ѓи гледаме надворешно. Ако е тоа факт, тогаш мора да има некоја „сила“ која го задржува монахот на едно место. Тоа не е разочараност од љубовта, тоа не е неуспех, или се што е привремено и еден ден ке помине, тоа Госпосд. Љубовта кон Него и ќе казам, љубовта и кон бложните. Простете и помолете се за мене грешниот и преостете ако некој се најде повреден (Евангелисе), немам нижто протин никого, туку само си го кажувам моето мислење и не се сложувам или се сложувам со тушото мислење а секого се трудам да го сакам. Со почит, (Не)опитен п.с. подоцна ке се обидам да внесам текст од некој вистина опитен во областа на монаштвото |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
![]() |
||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ти се восхитувам на храброста да си додаваш на Божјиот Збор. Не се сомневам дека Христос се молел кога бил Сам, ама сепак немам толкава храброст како тебе да допишувам врз Божјиот Збор за да го "дообјаснувам".
"Кога се раздени, Он излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа при Него, Го задржуваа да не си оди од нив. А он им рече: "И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен." И пороповедаше по синагогите галилејски"
(Лука 2:42-44)
А ха! Значи Марија не била единствената мајка на Исус
![]() Па не е ни чудно зошто Тој никаде во евангелијата ексклузивно не ја нарекол неа "мајко", туку цело време и се обраќал со "жено"
![]() |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
![]() |
||
icxcnika ![]() Нов член ![]() Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
31. *И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
*Мат.12,46; *Лука 8,19; 32. А околу Него седеше народ. И Му рекоа: <Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.” 33. А Он им одговори, велејќи: <Која е мојата мајка, или кои се браќата Мои?” 34. Па, како ги погледна оние што седеа околу Него, рече: <Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. 35. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.” |
||
![]() |
||
icxcnika ![]() Нов член ![]() Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
35. А *утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.
*Лука 4,42; |
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мајмунче, јас немам видено ти да направиш нешто добро, дали треба да имам лошо мислење за тебе и за целото твое семејство?
Што е со идејата дека луѓето се створени добри? Што е со десетиците примери кои ги наведовме тука (доста конкретно опишани при тоа)? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
rabani ![]() Сениор ![]() Регистриран: 02.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 490 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
monasite pribiraat pari za crkvata preku:
izrabotka na ikoni izrabotka na brojanici chuvaat ovci i ptodavaat sirejne i jagnina sobiraat pari od prenokishta za posetiteli vo manastirite(inaku vo posledno vreme mladite chesto odat da se sexaat po manastiri, vo moda e ) nekoi manastiri imaat rasadnici i prodavaat ovoshje ima i tekvi koi imaat vino za potrebite na crkvata zenskite manastiri pravat pletenici shalovi i slichno monasite sobiraat maslo koe sluzi vo liturgiite(im go ostavat vernicite koga odat na manastir) inaku parite chesto odat vo crkvata, a kolku od parite se troshat za siromavite, e pa toa e druga rabota zatoa malkumina mozat da sfatat na koj nachin monasite pravat dobri dela ako ne bile i ne porazgovarale so niv a megu niv ima i teolozi i intelektualci od razni branchi, pa so niv mozi da razgovarash i za sex i za sport i za zivot i za se nikogash nema da ti sudat i da zgreshish postov mi e od lichno iskustvo primer: manastirot vo zrze chesto e i posertuvan od stranski diplomati ima sobrano mnogu donacii |
||
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII |
||
![]() |
||
icxcnika ![]() Нов член ![]() Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Mонаштвото и бракот
Бог го благословил бракот, најпрво во Рајот, а потоа на свадбата во Кана Галилејска. Во бракот две души се едно, две тела се едно, „неразделно и слиено“. Бракот го скротува сладострастието, а со умножувањето на човечкиот род се умножува и бројот на оние кои можат да го примат Христовото Евангелие и да се спасат. Затоа, бракот е символ на врската помеѓу Христа и Црквата. Освен брачната, сопружничка врска, постои и друг пат кон Царството Божјо – тоа е патот на монаштвото. Монахот се откажува од бракот не затоа што го презира, туку затоа што сака со сето срце, со сета душа, со сето свое битие да Му служи и угодува единствено на Христа. Негова сопруга е покајанието, а деца му се молитвите и воздишките за Царството Небесно. Меѓутоа, и монасите и брачниците имаат исти христијански идеали, од кои највозвишениот е задобивање на Светиот Дух и вечно заедничарење со Светата Троица. И монасите и мирјаните мораат да го сочуваат целомудрието: монасите воздржувајќи се од брачните прегратки, а мирјаните-сопружници, останувајќи си верни еден на друг и воздржувајќи се од тие прегратки по договор во текот на посрдечен и позасилен пост и молитва. И жителите на манастирите и брачниците треба, чистејќи го своето срце и измивајќи го од се што е грешно, да напредуваат кон очистувањето од страстите. Бракот мора да биде чесен, а брачната постела непорочна (Евр. 1, 4 ). Ревнителите на монаштвото, каков што бил Св. Атанасиј Велики, во исто време се и бранители на бракот: „Блазе му на оној кој во младоста, слободно избирајќи си себеси брачен другар, ја употребува природата за раѓање на деца“. Црковните канони се јасни: „Кој води девствен живот заради Господа, па поради тоа се вознесува пред оние кои се во брак, нека е анатема“, вели 10 Правило на VI Вселенски Собор. Според тоа, патиштата се различни, но целта е иста. Епископот будимски Данило преку споредба ја објаснува целта кон која се оди до врвот на планина, на која верните ги чека Христос. Откажувајќи се од бракот и избирајќи го манастирот, монахот е сличен на планинарот кој до врвот стигнува по покусиот пат, по пострмниот и поопасниот, качувајќи се по карпите и бездните. Оженетиот човек оди по заобиколениот пат, возејќи автомобил; крај него се жената и децата. Оженетиот му се восхитува на монахот, на храбриот планинар кој го ризикува животот по карпите на осамеништвото и одрекувањето; монахот пак, му оддава почит на оженетиот, зашто знае дека ако домаќинот ја изгуби контролата над својот дом, ако го испушти духовниот волан во себе, целото семејство ќе биде повредено. Тоа значи дека домаќинот одговара и за својата сопруга и за своето потомство, додека тој, монахот, одговара само за себе. И едниот и другиот на врвот ги чека Господ, помагајќи им да ги совладаат искушенијата и да влезат во Рајот. Како што рече свети Макариј Велики: „Не бара Господ ниту девојка, ниту мажена, ниту монах, ниту мирјанин, туку бара добра волја и намера, и неа ја прима исто како и делото. По волјата на секој, Он Го дава Светиот Дух, Кој дејствува и управува со животот на секој што сака да се спаси. |
||
![]() |
||
icxcnika ![]() Нов член ![]() Регистриран: 18.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Монасите
Светите отци велат дека како што ангелите се светлина за монасите така и вистинските монаси се светлина за луѓето. Што значи овде зборот „светлина’? Дека монасите се тие коишто го одржуваат високиот критериум, или маченички етос, на христијанскиот подвиг и живот во Црквата. И уште, дека тие треба да бидат патеводители, да им го покажуваат патот на духовното растење на луѓето со своето постоење, со своите дела, со својот збор, со целиот свој живот. Значи, монасите треба да се светлина за мирјаните, за луѓето кои што христијански живеат во светот. На свој начин тоа го поставува монашкиот чин во Црквата на место на пророчка служба: како што Пророците во Стариот Завет го објавувале доаѓањето на Христа и им го покажувале патот на луѓето како постојано да бидат во заедница со Бога и никогаш да не се оддалечуваат од Него така и монасите денес ја имаат таа улога во животот на Црквата. И навистина, доколку монасите ја исполнуваат својата назначеност, тие стануваат светлина и поткрепа за сите кои се надеваат во Бога. Вистински монах е тој што го поминал патот на очистување на срцето од страстите и од гревот и што се искачил на вториот степен на духовниот развој, а тоа е просветлувањето на умот. На тоа духовно ниво умот на монахот, заради отвореноста на срцето, може да се симне во самото срце и таму да ја твори молитвата. Престојувајќи молитвено во срцето, умот се причестува со Божествената благодат којашто секој човек ја добива при Светото Крштение. Тука, внатре, умот на монахот се просветлува преобразен од оваа благодат и заради тоа овој степен од духовното растење се нарекува просветлување на умот. Преку оваа просветленост на умот монахот ги спознава тајните на животот воопшто, тајните на Бога и на Светото Писмо, тајната на Црквата. Затоа тој и може својот пат и своето достигнување да им ги покаже на другите луѓе и да ги води по овој пат бидејќи самиот го има поминато и го познава... ...Љубовта кон луѓето ни е наједноставниот показател за тоа како растеме во Христа. (Митрополит Наум Струмички, извадок од есејот „За содржината на монашкиот живот“) |
||
![]() |
||
majmunce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Септември.2008 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 154 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Маран Ата, да речеме некој ти згрешил, никој од неговото семејство не си видел да прави добро. дали ќе имаш добро мислење за нив? не можам јас да ги подржувам монасите кога НЕМАМ видено да прават добро! ок?
|
||
не се плашам, стори се чучулига
|
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Евангелос, дали некаде реков дека монаштвото е привилегија само на Православието?! Го има во сите култури и во сите религии, во различни форми.
Веќе објаснив претходно во еден пост - не секој човек е способен да проповеда, затоа што не секој има ораторски способности. Не секој е способен да пишува. Но - секој си има свој позив во животот и свој начин на кој допринесува кон верата и помага на оние кои можат да проповедаат, пишуваат итн... Секој монах во манастирот има свој удел во тоа дело. А колку до оние кои се изолирале - со оглед на тоа што не ги знаеш нивните причини, повик, повод - зошто ги судиш? Замисли некој од нив да почувствувал повик од Бога или директно обраќање од Него за да направи нешто? Зошто тоа да не е можно? Затоа што ти решаваш дека не е и затоа што се коси со твоето разбирање за верата? Зарем ќе го ограничиш Бог само во рамките на твоето разбирање?! |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7172737475 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |