IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Црвено - црни новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црвено - црни новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 17>
Автор
Порака
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 18:49
spostvenokot na Milano e vo zatvor
izgleda vardar godinava nema konk*rencija :89
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 22:02
Милано не ни беше кој знае каква кок*ренција
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 16:50
ФК Вардар се врати на врвот

Прволигашите го минаа 10-от праг од мак-фудбалот и тоа секој со своја приказна. Македонија Ѓорче Петров прв пат на колена, Вардар не успеа да го згасне „фенерџијата“ Металург, Победа со скалпот на Пелистер.

Вардарци потврдија дека имаат проблеми по заминувањето на Ратко Достаниќ и во дуелот со „фенерџијата“ Металург.

Ѓоре Јовановски дебитираше на клупата на металурзите и успеа да му парира на фаворитот прво резултатски благодарение на погодокот на Нухиу во последните моменти од средбата.

Поранешниот вардарец беше најумешен по прекин и го совлада Пачовски кој имаше неколку добри интервенции главно на удари од далечина.

Вардар водеше повеќе од едно полувреме со осмиот гол на првиот стрелец во лигата Јанчевски сепак, на крај теренската иницијатива и можностите на Али, Јовановиќ и Јанчевски останаа максимум за тимот на Жикица Тасевски.

Нема непоразени во најдобрата македонска фудбалска лига. Македонија Ѓорче Петров загуби од Напредок иако имаше повеќе од натпреварот. Клучниот момент на средбата 81. минута и погодокот на Левков.

Вардар се врати врвот на табелата со 19 бода, Македонија остана на 18, Милано и Ренова имаат по 17, Победа стигна до 5-то место со 13 бода 1 повеќе од Работнички. 7-ми е Пелистер со 10 бода, следуваат Напредок со 9 и Силекс 8, на дното Металург и Хоризонт Турново со по шест бода.

Резултати од 10. коло:

    * Пелистер Победа 0:1
    * Вардар Металург 1:1
    * Напредок - Македонија 1:0
    * Ренова - Работнички 1:0
    * Милано - Хоризонт Турново 3:0
    * Слободна беше екипата на Силекс


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 17:58
Милко Ѓуровски нов тренер на Вардар

Легендата на македонскиот фудбал Милко Ѓуровски од утре ќе биде нов тренер на Вардар. Челниците на нашиот најтрофеен клуб се решија за ваков чекор по слабите резултати на Жикица Тасевски како предводник на црвено-црните.

Елиминацијата од Ренова ја прелеа чашата, па раководството на Вардар експресно најде замена за Тасевски, кој откако стана прв тренер не победи ниту еднаш.

Сега Тасевски ќе добие понуда да му биде прв асистент на Ѓуровски, односно да се врати на позицијата на која беше додека Вардар го водеше Ратко Достаниќ.

Милко Ѓуровски ќе дебитира в недела на првенствениот дуел во Кратово против Силекс. За него ова ќе биде прв ангажман во македонскиот клупски фудбал. Претходно работеше како тренер во Нафта и во Марибор, а му беше помошник и на селекторот Никола Илиевски во младата репрезентација на Македонија.

Во бившиот југословенски фудбал Милко Ѓуровски остана запаметен по извонредната вештина и по шокантниот трансфер од Црвена Ѕвезда во Партизан во 1986-та.

Настапите за белградските тимови ја обележаа неговата играчка кариера која заврши во Бежиград, во Словенија, во натпреварувачката 2005-та/2006-та.

За југословенската репрезентација Милко Ѓуровски одигра шест средби и постигна два гола. Трипати го облече дресот на македонската, но немаше реализација.

Ѓуровски доаѓа во македонското првенство на крајот на првиот дел од сезоната. 11-то коло утре ќе го отворат Работнички и Милано. В недела од 13 часот Македонија ќе го пречека Пелистер со директен пренос на А2.


Милко Ѓуровски

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 17:54
Вардар во лов по аргентински фудбалери

Управата на скопскиот фудбалски клуб Вардар ќе ангажира тројца играчи од средниот ред од клубови од првата аргентинска фудбалска лига, дознава Спортнет.

Според нашите информации, управата на Вардар веќе има пикирано тројца играчи, од кои дознаваме дека едниот е од клубот Индипендиенде. За таа цел во јануари, претставници на најтрофејниот македонски фудбалски клуб заминуваат за Мексико, каде треба да разговараат со агенција за ангажирање на овие фудбалери. Плановите се тројцата Аргентинци во зимскиот преоден рок да дојдат во редовите на Вардар. Според неофицијални информации тие ќе имаат едногодишен договор со скопскиот клуб, со можност по неговото завршување да го продолжат или да заминат во некој друг европски клуб.

Нашите извори велат дека тоа се играчи кои не успеале во летниот преоден рок да најдат ангажман во клубовите од Примера Дивизион, каде конк*ренцијата е голема.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 17:08
Вардар ќе плати за скршени 30 столчиња и за украдена топка

Навивачката група „Комити“ скршила 30 столчиња и украла една топка, при престојот на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, за време на дербито Победа - Вардар. Тоа е констатирано во записникот од претставници на двата клуба. Штетата што е направена во нередите на северната трибина, на полувремето, ќе ја плаќа „виновникот“, односно Вардар, чии навивачи се „комитите“.


Placete be za edna topka! Bog da cuva!

Изменето од Vardar1947 - 17.Ноември.2008 во 17:09

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 19:16

ВТОРИОТ ТИМ НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ВО ЖДРЕПКАТА ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД ЧЕЛЕНЏ КУПОТ

Денеска противникот за МРК Вардар

Екипата на МРК Вардар, која успеа да дојде до пласман во осминафиналето од Челенџ купот, денеска го очекува својот следен противник со кој ќе треба да игра дури на средината од февруари.
Во комбинација за противници на "црвено-црните" се неколку добри екипи со коишто, сепак, може да се надева на пласман во следната рунда.
Доколку рангирањето пред ждрепката биде како досега тогаш ќе има два шешири во коишто ќе се најдат вкупно 16 тима. Затоа што натпреварувањето го напуштија неколку од подоброрангираните состави ќе има мало поместување, а со тоа МРК Вардар се најде на 7. место од оние кои минаа во осминафинале. Според тоа "вардарците" се во групата на носители и утре ќе ги избегнат составите на Ресица, Бакау, Берн Мури, Кремс, Скиф Кранодар, и Динамо Полтава.
Затоа, пак, на мегдан во СРЦ "Кале" може да дојдат осум тима од коишто тренерот Темелковски смета дека за пласман понатаму најдобро би дошле Бугарите од тимот на Добруџа.
"Кога би можеле да бираме тогаш Добруџа е мојот избор. Сепак, ние не се оптоваруваме премногу со противникот бидејќи најважно е ние да играме добро. Тоа го потврдивме и против Филипос Вериа. Се виде она што го зборувавме. Кога се игра добро и се дава с$ од себе на теренот тогаш и три гола може да бидат доволно. Ако, пак, има опуштање тогаш ниту десет нема да завршат работа и да донесат пласман во следната рунда. Затоа, нам ни е потполно јасно дека против секој противник мораме да одиграме", коментираше Темелковски.
Во секој случај Темелковски даде и свое видување за тоа дека против дел од тимовите кои фигурираат како можни за ждрепката ќе биде полесно да се дојде до позитивен резултат. Покрај Добруџа во таа група се наоѓаат и Инсбрук од Австрија и Будуќност од Црна Гора. Против Турците и Грците ќе биде потешко, но со овој состав на МРК Вардар никој нема да се наигра. Веќе е надминат психолошкиот притисок за деби на меѓународната сцена и затоа сега се очекуваат подобри резултати.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 17:53
Вардар - Милано 2:4

Милано конечно славеше на најголемиот македонски стадион, Милко Ѓуровски не успеа да се радува на победата и во првиот меч на домашен терен, Глигоровски постигна три гола за пет минути.

Дербито во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Милано, кое се одигра на Градскиот стадион во Скопје им припадна на гостите од Куманово. Фудбалерите на Милано прикажаа многу позрела игра во однос на противникот и сосема заслужено славеа со 2:4.

Играч на мечот несомнено е напаѓачот на кумановскиот тим, Ивица Глигоровски кој постигна хет трик. к*риозитет е тоа што голманот на Вардар, Пачовски и покрај тоа што постигна гол од пенал е трагичар на мечот, поради неколкуте лоши интервенции. Од друга страна, агонијата на „Црвено црните" продолжува, ниту двата досудени пенали во полза на вардарци не беа доволни за славје на „Градски“, а тренерот Милко Ѓуровски и во првиот меч пред домашната публика не успеа да го почувствува вкусот на победата.

Вардар - Милано 2:4, стрелци на головите беа, Пачовски (14'), Бајевски (36') од пенал за Вардар, а за Милано Глигоровски постигна хет трик (16', 18', 21') и Алими (55').
Продолжува агонијата на Вардар


Имено, Ѓуровски откако го презеде најтрофејниот македонски клуб нема забележано победа во најсилниот национален фудбалски шампионат:

    * Силекс - Вардар 0:0
    * Победа - Вардар 0:0
    * Пелистер - Вардар 0:0
    * Ренова - Вардар 1:1

По денешниот триумф, јасно е дека Милано и по 16. коло во Првата фудбалска лига на Македонија ќе остане на втората позиција, сега со 27 освоени бода, додека Вардарци остануваат на претходно освоените 23 поени.






Изменето од Vardar1947 - 29.Ноември.2008 во 17:53

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 12:28
Vardar - Milano, Sliki od Komiti
















Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2008 во 22:11
Трифун Костовски останува прв човек на Вардар

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=07214DB3BF23E74EA60172908A0DF48C

Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 19:52
Armend Halimi rasipuvac na zabavi :)
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 20:00
бриши сандуче ред блек
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 21:14
ФК Вардар нападнат од „Комити“, инцидент во 17. коло

Фудбалерите на Вардар се нападнати од својата навивачка група „Комити“ на превојот „Стража“ помеѓу Кичево и Гостивар по враќањето од гостувањето кај Напредок каде одиграа само 1:1, продолжувајќи ја мизерната серија од 10. натпревари по ред без победа.

Според информациите, фановите на Вардар незадоволни од играта и од резултатот, се решиле да се пресметаат со фудбалерите, по што автобусот со кој играчите се враќале од ова гостување бил целосно искршен.

По овој инцидент, претседателот на Вардар, Трифун Костовски веднаш реагираше и се закани дека ќе си замине од екипата доколку не се расчистат работите, а најави дека ќе биде свикана и прес конференција на која ќе ги објасни последните случувања.

Неофицијално, и тренерот Милко Ѓуровски најави заминување од клупата се додека екипата не се стабилизира. Овие денови ќе го дадат одговорот што ќе се случува со "Црвено-црните" иако работата според последните настани не кажува дека ќе оди на добро.

Екипата западна во сериозна резултатска криза, која го навлече гневот кон навивачите кои се решија врз фудбалерите да искажат своето незадоволство од играта на Вардар.


„Комити“ гневни на резултатите на својот тим

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 21:48
"Комитите" се оградуваат од вчерашниот инцидент и го убедуваат Трифун да остане

И покрај тоа што сопственикот на Вардар, Трифун Костовски вчера бесен поради нападот на фудбалерите на Вардар, од страна на "Комитите" на превојот Стража, најави дека ќе си замине од најтрофејниот тим, сепак денеска имаше средба со навивачката група која го убедувала Костовски и натаму да остане главен финансиер на "црвено-црните".

"Комитите" се оградија од немилиот настан, и на средбата со фамилијата Костовски го убедувале Трифун да биде и натаму со Вардар.

"Комитите преку Одборот за спас на Вардар се оградуваат од изолираните поединечни инциденти што се случија по натпреварот Вардар -Напредок. Воедно сакаме да ја искажеме нашата целосна поддршка на актуелното раководство на клубот,со надеж за брзо надминување на играчката и резултатска криза на клубот. Истовремено го осудуваме и дивеењето и физичкиот напад на поединци врз вардаровата легенда Александар Баевски" - изјави во името на Управниот одбор на Вардар и Одборот за спас Ванчо Шехтански.

Костовски за утре најави одлука околу неговата иднина во македонската фудбалска гордост, со оглед на последните случувања.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,267 секунди.