IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Љубовни off - муабети...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубовни off - муабети...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
Автор
Порака Обратен редослед
Devojcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Март.2015
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 497
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Devojcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2015 во 23:37
Ne e fer
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 15:10
 
 
    хипнотизиран


Изменето од Klara-D - 24.Јуни.2011 во 10:36
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 06:52

Веќе сте навикнале да гледате како мажите ја вртат главата дискретно или не, кога на улица ќе видат некои привлечни девојки, во кратка маица или фармерки.

Но тоа што поголемиот дел од жените не го разбираат, е фактот дека за да се разбуди вниманието кај мажот, потребно е многу повеќе а некогаш и многу помалку. Еве во што навистина уживаат мажите.

1.Кога го освојува “преку стомак“

Сите оние приказни измеѓу храната и сексот имаат помалку вистина. Поточно кога жената во престилка подготвува јадење, или едноставно го готви она што тој сака.

2.Кога на жената и се гледаат брадавиците под маицата

Тоа мажите едноставно ги излудува и веднаш им пали фантазијата

3.Кога жената ќе го возврати погледот

Повеќето мажи го меркаат секое здолниште кое поминува, но кога таа ќе им возврати со директен поглед, тоа кај нејзе предизвикува бура на возбуда.

4.Кога жената става руменило на усните

Жените мислат дека мажите сакаат нежни усни кои блескаат затоа што се намачкани со кармин или сјај. Тие всушност сакаат да ја гледаат жената додека става сјај на усните, со главата поднаведната малку наназад, полузатворени очи и полуотворени усни- тоа за мажите е секси.

5. Кога е убава и без шминка

Дајте и на секоја жена платинеста картичка и шест часа пред огледало, и секоја од нив ќе изгледа супер. Но, вистинскиот тест е како изгледа таа кога нема на себе позната марка фармерки и кога е без шминка, туку кога на себе има износена маица и собрана коса. За посилниот пол позначајна е онаа жена која е секси и заводлива и без шминка и скапи облеки.

6.Кога слатко ќе опцуе

Ниеден маж не сака дрдорки кои не затвараат уста, а поготово жени кои пцујат, Но, вообичаено сакаат кога умерено, изненадно, ќе и излета некоја пцовка, или грд збор, тоа делува доста возбдуливо кај мажите.

7.Жена во теретана

Дали е тоа поради тесното трико, потта, тешкото дишење, жената која прави вежби за мажи е доста привлечна слика. Можеби и заради нејзиното истегнување на телото и позата кои ја скокоткаат фантазијата.

8. Кога си игра до сруга жена

Две жени кои заедно си играат на подиум потсетуваат  на женско борење во кал.  Движењата на галење меѓу двете жени е причина за мажот да не го тргне погледот од нив.

9.Кога ќе успее да види што се крие под облеката

Мажите е познато дека пред се се визуелни. Кога ќе ја здогледа чипката која се гледа или тенката прерамка која паѓа од рамењата, хормоните веднаш му проработуваат.

10.Кога ќе му предложи заедно да гледаат порно филмови

Поголемиот број на мажи не се баш горди со својата опседнатост од гледање еротски филмови. Затоа ќе почувствувате вистинско олеснување кога партнерката ќе му предложи да гледаат заедно. Тоа навистина силно ги возбудува.

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 22:13
Љубовта и лудоста се сакале, еднаш лудоста и поклонила ружа на љубовта и со трњето и ги повредила очите. Оттогаш љубовта е слепа, а лудоста и е водич.

Ако во сеќавање не ти се наоѓа ниту најмала лудост на која те навела љубовта, тогаш никогаш не си љубел. - Вилијам Шекспир

Изменето од bluebell - 23.Мај.2011 во 22:14
always look on the bright side of the life!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13960
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 08:42
 
 
  ti ova od iskustvo ili od statistika намигнување
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 06:06

Караници 7 пати дневно

Просечен пар во годината се расправа дури 2.455 пати, најчесто заради игнорирање на партнерот кога зборува, неконтролирано трошење и мрзливост.

Караници%207%20пати%20дневно

 

 

Ако некој од партнерите рчи, другиот за тоа му префрла 102 пати во 365 дена, за сметките се “закачуваат“ 98 пати, прашањето што да правиме за ручек ги скарува околу 92 пати, сексот 87 а 69 пати избива караница заради ретко изразување на љубов, покажа истражување спроведено меѓу двојки во Британија.

Ники Селерс од компанијата Esure која што го спровела истражувањето констатира дека препирките се составен дел од врската или бракот и порачува  дека фактот што партнерите се караат 7 пати во текот на денот не треба многу да загрижува, освен ако вербалните не преминат во физички напади.

Партнерите најчесто се караат за:

игнорирање - 112 пати во годината
претерано трошење - 109
мрзливост - 105
рчење - 102
сметки - 98
што да се јаде - 92
пребрзо возење - 91
неред по дома - 90
што да се гледа на ТВ - 89
дисциплинирање на децата - 88
валкани алишта расфрлани по куќата - 88
секс - 87
кога да си легнуваат децата - 83
доцнење од работа - 82
валкање на теписите со нечисти обувки - 80
разгалување на децата - 79
кој да готви - 79
пцуење пред децата - 79
паркирање на автомобилот - 77
пропуштање на телефонските повици - 76
изразување љубов - 69



Изменето од емил - 23.Мај.2011 во 06:08
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 01:41
mozes da imas 5 pa i 10 istovremeno ali se e djabe koga ne si so taa sto sakas i ne si sreken, neispolnet
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 22:41
 
 
Иднина

Разговорот за заедничката иднина ниту еден пар не го доживува премногу пријатно. Затоа, не притискајте го премногу на ова прашање и не започнувајте приказни за вашите баба и дедо. Секако, тоа не значи дека не треба да се интересирате и да ги знаете неговите/нејзините желби, цели и надежи во животот.
 
 
.....................
 
..... Знаеме  ......замисленост......
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 11:33
Знаете ли колку е силна вашата врска?

Експертите, преку истражувањето објавено во списанието Psyhological Science, утврдија девет теми на разговор кои претставуваат најзначајни показатели за тоа колку е силна врската помеѓу двајца партнери.

Непријатни моменти

Доколку на својот партнер му се отворате во врска со непријатните ситуации кои ви се случиле и ако сте му ги довериле најсрамните моменти од вашиот живот, значи дека имате цврста и зрела врска која се темели на взаемна доверба, искреност и разбирање. Вие сте пар на кој многу можат да му подзавидат.

Политички ставови

Кога е во прашање политиката, секако дека не морате со партнерот да се сложувате околу сè, но би требало да бидете отворени за сите опции. Во добра и здрава врска, двете страни ги изнесуваат своите ставови и сфаќања, и тоа никако не треба и не смее да биде причина за лутење.

Стравови и несигурност

Кога со партнерот разговарате за работи кои претставуваат моменти на слабост, како на пример причините за вашата несоница, ја покажувате вашата ранливост и ризикувате да бидете повредени, но исто така постои голема веројатност дека тој ќе ве разбере и ќе ви помогне. Вашата отвореност од овој аспект ја покажува вашата волја да ги решавате проблемите заедно со партнерот, а не да бегате од нив или пак од него. Доколку оваа особина е обострана, имате силна и успешна врска која ги решава проблемите на најдобриот можен начин. Без разлика дали минувате низ тешки моменти, вистината е секогаш најдобрата опција.

Детство

Сеќавањата од детството се многу интересна тема на разговор во која несомнено и двајцата ќе уживате и слатко ќе се смеете. Но, што е уште поважно, на овој начин ќе откриете како и во каква средина вашиот партнер израснал во човек каков што е денес.

Претходни врски

Се сложуваме, ова е дефинитивно осетлива тема. Никој не сака да зборува за поранешните врски, ниту пак да слуша за нив. Меѓутоа, сепак постои разлика во тоа дали тој/таа додека раскажува за тоа сеуште копнее за врската од минатото, дали можеби зборува со огорченост, или пак едноставно, смирено и без никакво возбудување зборува за нешто што некогаш било и завршило. Ова е исто така значајно, бидејќи можете многу да откриете за однесувањето, навиките и ставовите на вашиот партнер спрема луѓето од спротивниот пол.

Семејни односи

Многу е важно да знаете сè за тоа каков однос има партнерот со своето семејство и како тие го воспитале. Ова мора да го знаете особено ако планирате заедничка иднина.

Моментални случувања

Прашувајте го што почесто за неговото мислење во врска со случувањата во светот, економската криза, новите технолошки откритија, популарните филмови и слично. Сето ова ќе ви помогне да се зближите и да развиете нови заеднички интереси.

Телевизија и филмови

Ако ова го споредиме со политиката, ќе изгледа премногу површно. Сепак, и ова може да ви покаже доста за партнерот. По заедничкото гледање на одреден филм, прашајте го сè во врска со мотивите на некој од ликовите во филмот, за заверите, заплетите... Ќе дознаете повеќе за него отколку што очекувате.

Иднина

Разговорот за заедничката иднина ниту еден пар не го доживува премногу пријатно. Затоа, не притискајте го премногу на ова прашање и не започнувајте приказни за вашите баба и дедо. Секако, тоа не значи дека не треба да се интересирате и да ги знаете неговите/нејзините желби, цели и надежи во животот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 07:46
 
 
1. Ми доцни

Аларми на сите страни. Оваа реченица испраќа порака до него: „Твојот живот е готов“, не си слободен човек“. На ред се девет месеци хормони и барања.

2. Не ми е ништо

Оваа реченица звучи толку лажно во вашата уста, што мажите буквално полудуваат. Немојте да се трудите да разбере што погрешил, бидејќи ќе се разочарате колку слабо ве разбира.

3. Тоа е само обичен натпревар

Општо ни се познати следниве асоцијации, маж и спорт, и жена и шопинг. Очигледно ниту мажите можат да ја разберат женската потреба за купување, ниту пак жените можат да ја разберат нивната поврзаност со спортот. За нив натпреварот никогаш не е "обичен". Нив тој им влијае на расположението. Мажите знаат дека емотивната поврзаност со нивниот омилен тим и резултатите што тој ги постигнува немаат многу логика. Но, тие на тоа гледаат како на дел од својот живот.

4. Сè е во ред

На сите ви е позната следната ситуација: Жената не зборува, но на нејзиното лице пишува дека нешто не е во ред и таа чека тоа да ја прашате. И таман кога ќе се осудите,  ќе ви одговори со "сè е во ред". Мажите немаат ништо против тоа жените да им се пожалат ако нешто ги мачи. Тие се против женската манипулација и молчење, кога многу често се оставени да погодуваат што ги мачи. Кога би се прашувале тие, жената никогаш не треба да го остави мажот да погодува што и е. Не за друго, неговите одговори никогаш не би и се допаднале, а покрај тоа нема да бидат ниту блиску до проблемот.

5. Звучам како мајка ми

Мажите потсвесно се преплашени од фактот дека еден ден вие навистина би станале како вашата мајка. Нив тоа дури не им е ни смешно. Всушност, мажите не веруваат во старата изрека дека "секоја жена станува како својата мајка". Ако верувале во таа изрека, ретко кој маж би се оженил.

6. Сакам да бидеме пријатели

Кога вака ќе им кажете, мажите помислуваат на следново: Не дека таа сака да бидеме пријатели, туку сака да престанам да ја барам. Всушност, мажите на оваа реченица не гледаат како на дефинитивно одбивање. Затоа и не ја сакаат, затоа што ги залажува дека сè уште имаат шанса кај таа девојка. Кога би се прашувале тие, подобро да им кажете јасно дека не сакате ништо со нив и да ја завршите агонијата.

7. Големината не е важна

Никогаш жената нема да го убеди мажот дека е така. Напротив, подобро никогаш да не ја кажува оваа реченица. Мажите се свесни дека е важна, и се трудат на секој можен начин да го надоместат тоа.

8. Што си се облекол така?

Мажите не го поднесуваат модниот критицизам на жените, посебно ако изговорената критика има циничен призвук. Тие го облекуваат она што е чисто и во кое се чувствуваат удобно. Ако веќе сакате да давате сугестија, направете го тоа на пофин начин и ќе ве послушаат.

9. Мислиш ли дека е убава?

Океј, ваквото прашање од далеку се гледа дека е трик прашање. Ниеден маж на планетава не е сигурен што треба да одговори на тоа. Мажите многу често помислуваат дека жената за која го прашувате е убава, ама не знаат како најбезболно да ви го соопштат тоа. Вистината е дека меркањето други жени им е во ДНК-та, но тоа не значи дека не мислат на вас. Тие кога се со вас се водат по паролата, "кога убава жена ќе помине крај тебе, најдобро да се правиш дека ништо не си видел".

10. Во која облека изгледам поубаво?

Можете да извадите два фустани и да го прашате кој ви стои подобро, но верувајте дека мажите нема никогаш да ви кажат што искрено мислат, туку ќе се обидат да погодат што мислите вие. Работата се состои во тоа што и во двата фустани за нив ќе изгледате исто, то ест, сè додека не сте како од мајка родена пред нив, тие не се способни да забележат разлика.
 
11. Баш е слатко

Жените никако да научат колку мажите го мразат зборот "слатко". Тие ниту го употребуваат, ниту сакаат да го слушаат, а најмалку пак сакаат да се најдат во иста реченица со него. Ако пред излегување на маж му речете дека изгледа "слатко", 100 % се шансите дека веднаш ќе се пресоблече. Мажите се посилниот пол, и тие самите се доживуваат така. Така што немаат никава потреба да бидат "слатки", туку силни.

12. Мораме да разговараме

Штом овие зборови ги изговори жена, машкиот мозок веднаш се исклучува. Тие ќе направат сè што е можно, за да го избегнaт разговорот кој започнува со "мораме да разговарамe". Според нив, таквиот старт на разгoворот навестува нешто непријатно и подобро за вас да му обезбедите удобна позиција, ако сакате да му кажете сè што ви лежи на душа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:34
Почит кон бившата девојка

Чувствувате дека на вашата врска и се ближи крајот. Нема страст, плановите повеќе не се исти, сè помалку теми за разговор. Сепак таа е прекрасна личност...

 

...и сакате да ја сочувате како пријател.

После љубовта, тоа не е лесно, но некому му поаѓа од рака. Како?

 

Трудете се да бидете искрени и при тоа не заборавајте на нејзината гордост. Жените се многу осетливи кога некој ќе ги остави.

Сигурно ќе страдаат поради крајот на врската, но пред сè ќе се чувствуваат понижено. Од моментот кога ќе донесете конечна одлука, трудете се да ја спроведете со многу почит. Секако, сè мора да се изведе во четири очи, телефон не доаѓа во предвид.

Без исклучок споменете ги сите нејзини добри страни, а приказната завршете ја дека врската станала напорна, и вам ви е тешко така да продолжите. Задолжително нагласете колку ви значела.

Извесно е дека нема веднаш да станете пријатели. Оставете ја малку да размисли сама. Да ја повикате уште утредента на кафе - би било пребргу. Некое време треба да ги избегнувате средбите.

Што се однесува до вашето окружување, бидете дискретни, бидејќи она што се случило помеѓу вас е ваша интимна работа. Ако баш сакате да му раскажете некому што се случило, кажете дека двајцата сте сфатиле дека е најдобро да раскинете.

Битно е да не се знае кој ја донел конечната одлука и за неа да зборувате во суперлатив.

Ако сте пронашле нова љубов, потрудете се да не ве види заедно. Сигурно ќе помисли дека сте ја нашле додека сте биле со неа во врска, а тоа ќе ја разочара. Најдобро ќе биде да и се јавите еден месец по раскинувањето.

Нормално, таа на почетокот ќе биде воздржана. Немојте да ја повикувате на интимни дружења, тоа нека биде излегување со друштво. Немојте премногу да и се доближувате и не зборувајте само со неа. Едноставно, со неа однесувајте се како и со сите други.

Никогаш немојте да ја прашате дали и е тешко, или дали добро се чувствува. Така само ќе ја понижите и дополнително ќе ја потсетите на тоа што се случило пред неколку недели.

Кога ќе станете пријатели, ќе се изненадите за колку сè работи со неа можете да зборувате, да и се доверите, па и да побарате совет. Секако, услов е таа успешно да го надминала раскинувањето со вас



Изменето од емил - 03.Февруари.2011 во 08:37
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 16:33
ова гарант од гледна точка на информатичари е
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 00:30
11 типови на жени
 
Информатичарите разликуваат 11 типови на жени, а еве како изгледа класификацијата од нивна гледна точка...

1. Интернет жена
Мора да платите за да добиете пристап.

2. Сервер жена
Секогаш е презафатена и преоптеретена кога ви треба.

3. Windows жена
Знаете дека има многу недостатоци, но и понатаму неможете да живеете без неа.

4. PowerPoint жена
Идеална за презентација на друштвени збиднувања.

5. Excel жена
Збори дека може се, но вие и понатаму ја користите само за четирите основни функции.

6. Word жена
Нема што, секојдневно ве изненадува, па сепак, не постои некој на светот кој навистина ја разбира.

7. MS-DOS жена
Сите ја имале и никој веќе не ја сака.

8. Бекап жена
Мислите дека има се, но кога нешто ќе ви затреба, сфаќате дека сепак нешто и фали.

9. Scandisk жена
Сите знаеме дека таа може да направи многу добра и сака само да помогне, но всушност никој не знае што таа навистина знае и умее.

10. Скринсејвер жена
Нема никакви поважни функции, а сакате да ја гледате.

11. Хард диск жена
Се сеќава на се, во секое доба од денот.

смеењегазење%20од%20смеење
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 01:01
Што сакаат современите девојкизбунетост

Она што го посакувале и нивните баби, да се омажат за образован
и богат маж, па тој да работи, а тие да водат грижа за
куќата и да ги воспитуваат децата.

Само што најчесто тоа не сакаат да го признаат.

Верувањето дека жените не сакаат финансиски да зависат од мажите е мит, затоа што процентот на жени кои сакаат да бидат издржувани, денес е поголем за разлика од ’40-те години од минатиот век, вели др.Кетрин Хаким од Лондонската школа за економија.

По повеќедецениската кампања за еднаквоста на половите, денес на жените речиси им е потешко да признаат дека сакаат да бидат домаќинки наместо да градат кариера, пишува "Telegraph".

Мажите ги завземаат повеќето водечки функции поради што за многу жени едноставно не е цел да имаат долги деловни кариери, објаснува Хаким.

И покрај децениските напори за еднаквоста на половите на работното место, финансиската зависност од мажите во очите на жените не ја изгубила својата привлечност, смета оваа професорка.

Во резултатите од неодамна спроведеното британско истражување кое го направи Центрот за политички студии, др.Хаким наведува дека "желбата на жените да се омажат добро, ако е можно за маж кој е високо образуван и има висока плата, е присутна во повеќето европски земји".

Анализите покажуваат дека во 1949 година во Британија 20% од жените се омажиле за мажи со значително поголемо образование од нивното, а кон крајот на ’90те години, овој процент речиси е двојно поголем.

Слична ситуација се забележува и во повеќето европски земји, како и во САД и Австралија.

Идеалот на "симетрични улоги" во семејството, во која мажот и жената подеднакво би ги чувале децата, би ги извршувале домашните обврски и би работеле, е популарен меѓу високообразуваната елита, но тоа секако не е цел кон која се стремат повеќето парови, наведува др.Хаким.

"На жените им е непријатно да кажат дека сакаат да бидат домаќинки. Тоа стана политички некоректно, така што повеќето од нив го прикриваат тоа", заклучува професорката.


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.