![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6263646566 184> |
Автор | |
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Р И П А Б Л И К О Ф М Е Ј К Д О Н А Ј Џ А
![]() Даме, нели дискутиравме јас и ти на оваа тема... Сега читам и Боби истото ти го вика. Но, нема врска, овој твој предлог секако не е официјален, така што можеме да се расправаме до утре и никому ништо... Пак ќе биде Северна Република Македонија на крај... Идентитетот - makedonski(macedonian) за народ и јазик. Тажно, но така ќе биде, ќе влеземе во ЕУ и НАТО и... пак ќе си остане сиромаштијата уште 10-15 години минимум... ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А како ќе не нарекува светот доколку си го смениме името? ![]() |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тогаш нема никако да не нарекува...од проста причина што нема веќе да постоиме...
![]() |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ваш би сакала да слушнам некој таков виц, да видиме како тоа европјаните се смееле на наша сметка? ![]() Имаш ли претстава какви вицови ќе има на наша сметка во случај да си го смениме името? Инаку, и ова е јавен форум, место за дискусија каде сите ги изнесуваме своите ставови. Има членови со цврсти ставови, кои не се менуваат, има членови чии ставови варираат од тема во тема или со текот на времето. Не би сакала да помислам дека “комплиментот“ инаетливо магаре се однесува на некој од нас кои ги браниме своите ставови (против промена), само затоа што сметаш дека твоите аргументи се повалидни. |
|
![]() |
|
igi 3 ![]() Сениор ![]() ![]() KVO VADIS Регистриран: 30.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 18736 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Aj neka ne narekuvaat VISTINSKA MAKEDONIJA
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
@IggyK
Да сум како тебе, кој чувствува дека ја носи целата нација на рамењата, дека тој е одговорен за состојбите, и изложен на подсмев и презир, јас едноставно не би го поденсувал тоа. Јас би си земал странски пасош (бугарски е најлесно) и би ја дувнал некаде каде нема да бидам изложен на потсмев, а истовремено ќе имам услови да заработувам за пристоен живот. Со текот на времето ќе ја прифатам респектабилната националност на државата во која ќе завршам. Знам мене како на прва генерација ќе ми оди потешко да ја прифатам новата националност, а исто ќе им биде потешко и на мојите нови браќа по нација да ме прифатат како нивен, ама истотака знам дека моите деца нема да имаат проблем, а за внуците и да направам муабет. Не е вредно да се трпат овие трауми. Оправдано би било да си најдеш излез од депресивните, економкси, политчки, историски и незнам уште какви состојби кои погубно делуваат по психофизичкото здравје на оние кои се чувстуваат виновни или исмеани за она што и се случува на Македонија. Остави не нас кои сме спремни да одиме во Европа без уцени и принуди да трпиме, бидеме трауматизирани и исмејувани до онај момент додека се избориме за она што ни припаѓа. Патем, никој не се тупа во гради, Македонија не е центарот на светот за другите, Македонија е центартот на светот за Македонците. Егоцентрично, всушност како и другите што сметаат дека сонцето изгрева од нивните задници. Добар пример за тоа е Бившата Турска Провинција Грција. Овде им правам услуга на таканаречените Грци (антички или модерни)што ги промовирам со статус провинција, иако тој статус никогаш не ни го имале. Изменето од Platenik - 17.Јуни.2010 во 02:07 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хмм - од каде ти е оваа сигурност дека на крај ќе било Северна Република Македонија? Мислиш дека со големиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, (надопонет со повикот на СДСх да го прифатат тој предлог) или со лобирањето на Миленко Неделковски на Канал 5 и Велија Рамковски на неговите агит-проп медиуми - ќе не’ убедите да си го смениме идентитетот? Да дискутиравме, и ти тогаш нафрли дека мнооогу било поразлично Северна Република Македонија, од Република Северна Македонија. И тогаш и сега ти кажувам дека таквите „мудрувања“, дека мноооги било поволно за нас да ни ја ставеле придавката „Северна“ пред зборот „Република“ не значат ништо, и со тоа ни се менува идентитетот. Придавките служат за појаснување на именките, ама кога придавките го „појаснуваат“ она нај-интимното, т.е. мојот идентитет, ТИЕ ГО МЕНУВААТ ИДЕНТИТЕТОТ. Дополнително, како што ти кажав, ќе те сортираат насекаде под буквата "N" (North), и ќе бидеш северњак и северно-македонец. НАЈНОВАТА НАЦИЈА СО ГОДИНА НА НАСТАНУВАЊЕ: 2010. ЈАС ЗА ТОЈ ПРЕДЛОГ ЌЕ БИДАМ ПРОТИВ. ЌЕ ГЛАСАМ И ЛОБИРАМ И НА РЕФЕРЕНДУМОТ ТОЈ ПРЕДЛОГ ДА БИДЕ ОТФРЛЕН ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Изменето од DameMak - 17.Јуни.2010 во 07:29 |
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само ме буни тоа ,,убедите,,... Како јас да сум за промена на името... Јас сум и против влез во ЕУ и ПОСЕБНО во фашистичката организација НАТО (која во 1999 уби во Србија околу 2500 ЦИВИЛИ). Ти го кажувам само ИСХОДОТ од преговорите. Ова дури е и оптимистичка варијанта од моја страна (длабоко се надевам дека барем ќе биде macedonian/makedonski за идентитетот)...Поздрав
![]() |
|
![]() |
|
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Немаш барем кога во исто време си го до-објаснуваш идентитетот со придавка. Тогаш АВТОМАТСКИ си North-macedonian/Северно-македонски. А јас за разлика од тебе, сум за влез и во ЕУ и НАТО, и тоа со уставното име Република Македонија/Republic of Makedonija. |
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Па, преговорите за тоа се водат. Да бидеме ЗАПИШАНИ во ОН (во графата за народ/нација и јазик) како Macedonian. За името се знае уште кога се нафативме да преговараме дека е сменето... Нема автоматски да бидеме
Северномакедонци, ако се избориме поинаку да стои во ОН. А, не се согласувам со тебе дека уставното име е Рипаблик оф Мејкдонајџа, туку Рипабилик оф Маседониа (Република Македонија, а доколку го пишуваш на латиница е REPUBLIKA MAKEDONIJA)... |
|
![]() |
|
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Твојата индивидуална експертиза за англискиот изговор на имињата на државите веќе ја дискутиравме - колку сакаш карикатуризирај и крши го јазикот за да го направиш предлогот Republic of Makedonija смешен и неприфатлив - оние кои англискиот јазик го имаат за свој мајчин јазик називот „Makedonija“ ќе го изговараат „Македониа“. А приказната дека „Нема автоматски да бидеме Северномакедонци, ако се избориме поинаку да стои во ОН.“ гледам дека „мудраците“ околу Груевски му ја спремаат на Македонскиот народ. Еве истите тие мудреци му советуваа „Црква на Плоштад“ за која јас цела година пишувам дека ќе придонесе да му се спушти рејтингот и така се случува. Ако си ти дел од таа „мудра“ екипа што му сугерира ставање на придавката „северна“ пред или позади „Република“ - тогаш резултатот ќе ви биде уште покатастрофален (ама за жал не на сметка на вашиот рејтинг, туку на сметка на мојот македонски идентитет). |
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ееее, камо среќа да сум дел од таа екипа советници на Груевски. Кога би бил, би му го советувал следново:
1. Прекин на преговорите со Грција; 2. Повлекување на апликацијата за ЕУ; 3. Влегување во воен сојуз со Русија и Кина наместо членство во НАТО; 4. Зачувување на уставното име Р.Македонија; 5. Повлекување на признавањето на српската покраина Косово и Метохија како независна држава; 6. Поништување на рамковниот договор; 7. Одземање на сите државјанства и пасоши кои не се легално добиени; 8. Одземање на македонското државјанство на Македонците кои земале бугарски пасош; Од сето ова ти заклучуваш дека јас сум за промена на името??!! Јас само кажав дека ќе биде тажен исходот од преговорите за името (реална опсервација), а моите лични желби ги набројав во осумте точки. А тоа твоето ,,сакаме во ЕУ и НАТО, ама под уставното име и зачуван идентитет,, , можеш на некое дете да му го кажуваш како приказна за добра ноќ,,. Исто така и српските политичари, ,,сакаме во ЕУ, ама само со Косово и Метохија како дел од Србија,,. Е, тоа... малце потешко... |
|
![]() |
|
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Tuka postanuva interesno...mi se chini, imame direkten uvid vo kujnite za imeto...
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6263646566 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |