![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5859606162 184> |
Автор | ||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Колку да несакам да донесувам констатациии со кој би го карактеризирал народот на кој му припаѓам, сепак само по себе ми се наметнуваат контрапродуктивни мисли. Постои тој синдром на малодушност, недостаток на желба за борба, синдром на самоуништување. Како постојано да лебди во воздухот некаков комплекс дека сите други се подобри и подобро се организираат од нас. Тоа станува сериозен проблем. Македонија со векови била извор на политичка и економска миграција, а за тоа има, како објективни, така и субјективни причини. Не е ни чудо што ширум светот живеат повеќе Македонци одколку во самата Република Македонија. Чувството на безизлезност, чувството дека нема иднина не е нешто ново на овие простори и силно влијае врз писихата на луѓето, а во спрега со погоре споменатите каркатеристики преставува смртна комбинација. Тоа е и целта на тие кои и ги поставуваат условите на Македонија да “самата“ прифати, однсоно свати дека треба да го промени името. Класична пример уцена, принуда. Историјата ни се повторува па затоа и во овие тешки години сме сведоци на деградацијата на македонското јадро. Ако во минатото имало и објективни причини што дел од македонското население станле Бугари, Грци или Срби, несватливо е да тие појави и денес постојат после 65-70 години од постоењето на македонската држава. Дали тоа значи дека ништо не сме научиле од историјата, дали значи дека навистина сме малодушни, поведливи и луѓе кои можат да бидат лесно манипулирани?! По се изгледа нашите протвници и негатори добро не имаат проценето штом константо играат на таа карта. Ќе ни го направат животот пекол, а ние непдготвени да поднесеме било каква жртва ќе подклкнеме на нивните притисоци. Затоа во еден од моите постови ги спомнав Виетнамците, Кореанците, Кубанците... им одавам почит за нивниот дух, спирит да истраат до крај, безразлика што политчкото опкружување не им е наклонето. Само така ќе може да се заслужи респектот. Затоа во името на илјадници Македонци кои го положиле животот за денес на картата на светот да постои државата Македонија, јас не сум спремен да го отстапам правото кое ми следи, да мојата држава се нарекува Македонија. Одстапките со надеж дека можеби тие ќе и го донесат економскиот просперитет и душевен мир на Македонија е само морковче по кое се поведуваат луѓе кои се во очајна ситуација. Не сум спремен заради некои евентаулни краткорочни придобивки, членство во ЕУ и НАТО, да го отстапам она за кое некој се борел. Јас сметам дека секој еден таков кој е спремен да направи компромис во името на македонскиот народ треба да сноси покрај морална и кривична одговорност. Таквиот компромис нас ќе не направи уште побезвредни и дефинитвно монета за понатамошно подкусурување. Жалосно е што ние не сме спремни ниту да ги анализираме придобивките кои ги стекнаа нашите соседи по пристапувањето кон ЕЗ. Нетреба да се оди подалеку, погледнете го соседствот, Бугарија и Романија. Една Бугарија од 9 милиони,стана земја со 7 милиони. Животниот стандард е понизок дури и од онај кој го имала во социјализмот, а сметам дека е понизок и од македонскиот. Сите економски параметри покажуваат дека нивната задолженост и буџетски дефицит се полоши од македонските. На дното на Европа се, а ние ги сметаме за репер. Ќе ве молам дајте малку посериозно. Геополитиката добива нови спинови, современи, па народот ги прифаќа како нешто нормално. Она што Хитлер и Хирохито сакаа со сила да го постигнат, сега моќната и мудра Европа го постигнува со други методи. Се најде модус како мрсните и нецивилизрани Словени и Блаканци ќе станат евтина работна сила. Новите европејци Бугари и Румунци, образовани, со дипломи станаа слуги по Европа работејќи ги најниските и најмалку платените работи. Матичните земји им се во распаѓање, се нема идеја, капацитет, ресури да се направи нешто повеќе. Очај. Затоа драги мои размислете што правите, што зборувате, што пишувате. Читајте меѓу редови, пратете што се случува во земјите (посебно за оние кои сакаат да заминат), консултирјате се со некој кој го изодел тој пат, уверете се дали навистина тревата таму е позелена, па донесувајте одлуки. Прашувајте што мисли некој паталец, а не некој гаталец. Индивидуалниот успех е успех на поединци, што незначи дека е успех и на мнозинството. За сите кои ќе се одлучат на тој пат, да земат странски пасош им пожелувам секое добро. Ме прашуваш за алтерантива?! Мислам дека сето ова неможе да се сублимира во праграф или два, но верувај дека излез има. Како што некој влегува и креира хаос, така има и излез од него. За се треба добра волја, стратегија и добра визија. Да се стигне до целта треба многу многу, жртви и трпение. Пожелно би било Македонија да биде во ЕЗ и НАТО но може и без нив и сигрурно не по цена на нејзиниот интегритет. Во светот има 200 земји, не сите се во ексклузивниот клуб наречен ЕЗ, а живеат и се развиваат. Стратешки алијанси можат да се прават и со други поголеми играчи, а поединечно и со членки на заедницата. На оние кои ни стојат на патот треба постојано да им се повторува дека сме заинтересирани да бидеме дел од интеграциските текови, но исто така постојано треба да им се сугерира за нашата црвена линија. Упорноста се исплаќа. Решението на проблемите треба да дојде од внатре, а не од надвор. Да се структуира државата и админстрацијата значи да се стави во функција на стопанските субјекти. Да се создаде поволна екномска клима каде инвеститорите ќе видат можност за заработка, а државата од нивните активности ќе има повеќекратна корист. Државата да направи проценка кои се компаративните предности на тој мал простор, со какви ресурси располага и врз основа на тоа да ја поставува регулативата со која ќе и овозможи да ги ситмулира индустриските гранки кои имаат најголема веројатност да и донесат економски просперитет на земјата. Дали тоа ќе биде производството на храна, сирова и преработена, сточарството, туризмот, преработувачки капацитети, производство и составување на компоненти....треба да покаже таа сеопфатна студија. Еднаш кога тоа ќе се направи, админситрацијата треба да ги насочи сите свои расположиви средста да се материајлизра таа стратегија. Админситрацијата нетреба да биде во функција на носител на стопанските активности, туку треба да биде во функција на креирање и одржување на условите кои благопријатно ќе делуваат на стопанските текови. Секако приоритет пред се треба да имаат индустриски гранки кои креираат вистинско, реално, богатство, а не шопинг центри, кафани, трговија... се разбира дека терцијарните гранки несмеат да се запоставуваат, но не да бидата и основа на стопанството. Доколку истите се основа на стопанството тоа ти е е како да префрлуваш пари од еден џеб во друг. Кога ќе се постигне погоре споменатото, сигурен сум дека недостаток на инвеститори, како домашни така и странски, нема да има. Кога ќе си ја направиш Европа дома, тогаш Европа нема ни да ти треба, таа сама ќе дојде кај тебе. Знам дека на овја пост ќе има реакции од оние кои се негативци во основа и ќе го окалификуваат текстов како matherhood statment, но силно сум уверен дека тоа е единствениот можен начин да се стигне до посакуваната цел. Нема никој да ти помогне доколку не си помогнеш сам. Одкако ќе си помогнеш сам, потврдено е од праксата, ќе се појават многу пријатели за кои не си ни бил свесен дека ти се пријатели. Ќе се појават и такви кои ќе речат дека ние сето тоа го имаме направено, но нема кој да слуша или да го спроведе....небулоза. За жал во моментов нема политичка гарнитура во Македонија која има јасна визија што сака да направи. Според мене нема ниту една политчка партија на која јасно ќе можам да и ја одередам идолошката платформа. Се е тоа некаков си политчки дериват, збирштина на социјалистички, капиталистички, националистички идеи, ако можат да се наречат идеи. Пред се би рекол стихија и калсичен пример за политичка борба за превласт. На виталните национални интерси се заборава или едноставно без скрупули масовно се експлоатираат во таа безпоштедна борба. Нема критична маса по класна основа за да се формираат партиите преку кои во суштина ќе се бранат и интересите на соодветната класа. Вака изгледа секој со секого и секој против секого, а во името на народот и за народот. Дајте ми пример во светот за политчка партија која не ги штити интересите на одредена класа? Тоа што се промовира во името на народот и демократијата е само лижавче. За чии интереси се бори ВМРО како десно ориентирана партија, за капиталот, не, за чии интереси се бори СДСМ како лево ориентирана, за работничката класа,не, за чии интереси се борат ДУИ и ПДП, за капиталистилките, работничките, македонските, не?! Према тоа драги мои, фокусирајте се на битните прашања. Опстанокот на државата и економскиот прсперитет. Барајте политчка алтерантива во овие плуралистички времиња, опција која ќе им служи на вашите интереси. За мене во овај момент приоритет е опстанокот на Македонија согласно нејзиниот устав и името кое македонскиот народ го има избрано. Тоа е мојата црвена линија. Изменето од Platenik - 12.Јуни.2010 во 05:42 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сето напишано ми се бендиса, ама ова поцрвенетово некако ми даде повод да ти реплицирам ( односно надополнам ![]() Како народот опстанал низ вековите и во потешки услови од овие (зборувам воопшто за сите балкански народи) И од каде сега малодушност? Читајки низ историјата ке се сретнат податоци дека во турската империја немало граници, народот се селел од место на место барајки подобри услови за живот, работа. Живееле во мали места кои изобилувале со храна која никој не ја одгледувал, а сите ја јаделе-мајка природа си ги чувала децата оти и тие ја чувале. Градовите-касабите биле колку денешниве наши поголеми села. Разменувале стока-трампа и секој добивал она што другиот го има одвишок. Но нејсе, тоа е минато-така опстанале оти со полн стомак (па макар и со варени коприви сепак се живее) Денес- миграцјата од село град ги остави празни местата кои пак обилуваат со храна и сите се населиле на асфалт. Асфалтот не раѓа храна, ја црпи и онаа сол и вода што ја има некој во телото. Нема оптимизам кога слушаш постојано - извршители...извршители...нотари...адвокати...конфискација... ![]() Она вчера кога го слушнав министерот за правда кога изјавува извршителите ке ги наплаќаат сметките се фатив за глава. Министре топлификација, ЕВН, кабелските оператори... се акционерски друштва. Не може мнистер кој јас (и тие ко мене) сме му дале глас да дојде на власт да ми ги брани оние кои ми ја дерат кожата. Бил министер за правда. Па токму затоа треба да знае дека законот важи за сите. Граѓанинот треба да плати квалитетна услуга, а не замислена. Каде беше, каде е министерот да кога луѓето-народот се жалеше/жали на плаќање на незнам што точки и подточки запишани во сметките?? Или тој како министер го брани ПРОЕКТОТ ИЗВРШИТЕЛИ- во турско време нрекувани арачлии!! Каде човек може да го види оптимизмот? Нема храна оти нема плата Нема плата оти нема работа Нема работа, нема женачка /мажачка Нема женачка /мажачка нема поколенија Нема платени сметки оти нема плата Нема плата има конфискација на она малку што се има дома!!!! И сега се поставува прашањето- важат ли извршителите и за државата????Платата ја дава државата и АД друштвата и газдите и ...ии... Како народот да си ги наплати долговите од гореспомнатите? Е тука лежи чемерот на пасивноста,,,незаинтересираноста... Името...верувај дека никој не го става на дневен ред !!! Не останува време од сите набројани маки. За името -за неговото менување/зачувување зборуваат тие кои како така имаат леб да јадат. На црева кој кркорат, на дете со 40 температура и со немање пари ни за панадон ( за инфузии и витамини, сокои не збориме) нема мислење на името. Ако на сите досегашни политички гарнитури им беше целта осиромаши ги па владеј-сите до еден ја постигнаа целта. Ама сите до еден, со сите нивни глупи од поглупи проекти. Некои посериозни преговори никогаш очигледно ни немало, се било фарса. ![]() |
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кога народот ќе го формираат во аморфна маса со него лесно се работи а тоа без отпор и обработлив дозволува се од него да чинат. Е тука е проблемот, со замајување на народот и создавање на виртуални непријатели - надворешни и внатрешни, предавници и патриоти тие создадоа и виртуелна држава која постои само во ЕПП на Македонската телевизија .Е затоа народот изгубил верба и дефетизмот завладеал со голем дел од него, а ова ..влаституткиве ја праат дополнителната збрка кажувајки што е доблесно,морално,етичко...убаво....А за нив/.... најубаво е да се биде властитутка ...а и најкомотно им е ...и исплатливо... ![]() Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:09 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мамад, Мене сета таа работа ми е позната, а позната им е и на многумина, посебно на оние кои ги преживуваат тие трауми. Прашењто е што ние како поединци можеме да направиме за себе, затоа што неможеме повеќе да чекаме? Плата не даваат (иако тој термин даваат не ми се допаѓа, никој ништо не дава, туку платата се заработува) према тоа што останува? Револуција, пасош во рака и пат под нозе, враќање насело и со дипломите да ги подазбришеме задниците?! Можеби да чекаме да умреме, ама и умирањето не лесно и бесплатно. Што ни се чинеше, дека со распадот на пранешниот систем и воведувањето на деморкатијата ќе ни процветаат розите? Даги мои капиталот нема сентимент и е создаден со цел да има дифернцијација да има нееднакви. Само на тоја начин ќе може да има раководители и раководени. За некого да му се раздени некому треба да му се стемни. Се е добро додека работите одат по нагорна линија, па останува по некое ковче и за тие понесреќните. Кога работите се затегнуваат тогаш капиталот има предимство пред демократијата, хумнаизмот, социјалата. Што треба да се направи за да небиде така? Јас ги понудив моите алтерантиви. Некој треба да се ангажира да таквите решенија постанат дел од агендата на политичките партии, а ако барањата непостанат дел од нивната програма тогаш нека се казнат оние на кои им е дадена довербата. Ако непостои таква партија, незадовлните нека формираат сопствена која исклучиво ќе ги брани нивните интереси. Партија која нема да биде политчки, расна, верски, национална и во своите редови ќе регрутира лица кои се незадовлни, лица кои неможат да си ги платат сметките, невработените, запоставените.....Сето тоа ќе има и контраефекти, економски, политчки, безнедносни.... Реков добра волја, визија, стратегија која треба да излезе од врвот, а да се валидира меѓу широките народни маси. Нејсе, темата небеше за тоа. Сметам, несмее никој да си тргува со интегритетот на земјата ма колку и еконмската состојаба да е лоша. Состојбата може да се промени, системот да се смени, но културата, јазикот, традиците ќе останат, брендот мора да остане. Македонија нема да има никаква корист ако направи остапки и стане член ан ЕУ, и НАТО. Проблемите ќе останат. Се смени системот, мислам на социјализмот, а проблемите не само што останаа туку се продлабочија, добија друга димензија. Да недозволиме одново да ги правиме истите грешки. Повторно ќе го препорачам најновит филм на Michael Moore, Capitalism: Love Story. Убаво спакувана приказна, дава слика на едно развиено општество, односно како се развиваат работите кога ќе тргнат по надолна линија, непотизам, секташтво, кланови, групашење, политчки престројки...... Внатрешните проблеми сами ќе треба да си ги решиме, а надворешните ќе ги балансираме додека не дојде правото време и тие да се решат. Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:09 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Внатрешните проблеми сами да сме ги решиле? Ајде те молам.Па оваа власт ги зголемува се повеќе и повеќе.Уште малку и ќе се формираат одреди за ликвидација на предавниците.Државата е поделена повеќе од било кога дури и од 2001 год. Делуваме како распуштена банда. Ова тешко дека ќе можат политичариве без капацитет да го санираат. Ние сме пред целосен колапс на системот и кој тоа не го перцепира е дунстер за политика. Ужасот се наближува.Дај боже нашите пријатели да не го дозволат тоа. А народот и понатаму ќе го пумпаат со негативна енергија и емоции на виртуелната стварност - која им е сервирана. Господ да ни е напомош а за нив да не им заборави оти знаат што праат - ја растураат Мекедонија за свои приватни цели. ![]() Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:10 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Добро, како според тебе да се реши проблемот? Ако овие нечинат, кој се тие кои ќе бидат подобри?
Европа сигурно нема да ги реши проблемите, биди сигурен! Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:11 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Овие се најлоши од сите лоши досега.Е токму тука е и проблемот, што овој многу умен народ секогаш грешел ( во исборот - нели).Сега сме на најниско дереџе.Ако знаат да изберат ќе си изберат тоа што потоа ќе си го тргаат.Сега ова си го тргаат.
П.С. Во Австралија ги подучуваа Абориџините да се осамостојат и да бидат самосвесни.Да го отфрлат вазалскиот однос и комплексот на величини? Се освестуваат навистина, барем по она што го даваат на телевизијата. А да се обидеме и ние? Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:11 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Добро тоа го знаеме дека нардот незнае да избере. Чаре?
Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:11 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Малку повеќе да чита, да се едуцира,да размислува,да не биде алчен и егоист, да не прави она што не би сакал на него да му го правбат.И на крајот да не верува вбо големи ветувања - тие скоро секогаш се лажни.Милијардата, па осум милијарди и.т.н. Резон, чесност и само чесност. Да не се гледаме и себеси како искористувачи на привилегиите кои се добиваат од неправдите сторени кон други. Еве веќе 20 години --и ...повеќе... ![]() Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:13 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Бре бреее - идила, утопија, рај. Да не бил народот алчен и егоист, да читал, да се едуцирал, ... - и готово, го решивме проблемот со името (за тоа е оваа тема), а можда и сите други проблеми и со власт и со опозиција ќе ги решиме. Марсовец, можда на Марс е така - ама на земјинава топка такви утпоистички залагања не проаѓаат ни во најкомунистичката замја на светот Северна Кореа. |
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Zboruvam za podobruvawe na svesta .Zatoa i se voveduva -vo nastava- etikata.Jasno deka edukacijata e spora,zatoa i sme najdolu vo Evropa - skoro na site polinja.
Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:13 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
Fleksii ![]() Група ![]() Регистриран: 02.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 44 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Parite gi mas sega utre gi nemas i Obratno. Ne se zanesuvajte deka ako pojdeme vo evropa ka tece med i mleko i deka ke ima rabota za site. Imam mnog prijateli od tuka do Amerika.Koga me prasuvat sto se slucuva pomegu mojata drzava i " Juzniot sosed"> Prosto nemozat da veruvaat deka evropa gi podrzuva i deka evropa se zalaga za da ni bide smeneto imeto. Oni mi vikaat sto cekate zosto ne sme zemale nekoj poradikalen staf. Da si go odbranime ona sto e nase i SVETO. Nitu nato nitu EU se vecni,Kako sto bile vecni Rimskoto carstvo i Otomanskata imperija nitu ednite nitu drugite uspeale da ne unisttat
Ajde malce istorija: Rim posele zavrsubanjeto na tretata Makedonsko-Rimska vojna. Rim ja podelil na 4 horizontalni delovi da nitu eden makedonec da nemoze da odi od eden vo drug del. TOLKU MNOGU STO NI SE PLASELE A so ova denes se potvrduva istoto Makedonija e i makedonskoto ime e najstaro sto se zacuvalo do denesen den. A makedonskiot narod imal pogolemi maki vo otomanskoto carstvo negosto nie sega. Treba da izdrzime i da si go zacuvame ona sto gi imame. Imeto nase e najgolemoto bogastvo. Nikoj nema da ja izolira Makedonija, Razmilsete mace. So sto bi ne izolirale da pojasnam mace deka toa nema da se sluci. EVN -Avstriska kopanija Okta-grcka kompanija ONE-Slovenska kompanija VIP- avstriska kompanija Rudnicite vo Makedonija: RSKI,INDISKI,Grcki Skopska Pivara- Grcka sopstvenost Stopanska Banka- Mnozinski sopstvenik-Grcka Skopska Cementarnica- Grcka Sopstvenost Vo bunargik nekolku kompanii itn.... Oni samite sebe bi se izlolirale KAKO NE BE 2. So koe obrazlozenie EU ke iskoci pred svetskata javnost so koe bi ne izlolirala GLUPOSTI NEMA obrazlozenie Imeto e nasata Gordost Makedonska MAKEDONIJA ZASEKOGAS ako treba i ke se umre za Makedonija Изменето од Fleksii - 12.Јуни.2010 во 20:49 |
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Fleksii, а jas da ti kazam ne za stariot Rim tuku za 2001 godina.Ako ne znae detali. A ova vrakanje vo istorijata. cumu? Me potsetuva na indijancite da si gi povratat teritoriite ili k*rdite ili....Mesopotamija, Vavilon?
![]() ![]() Изменето од Анастеа - 12.Јуни.2010 во 23:14 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Читам по форумов, повеќе теми отворени врзани за овој проблем и едно чудо кумови на сопствената држава, те Северна, те Makedonija, те дали е подобро Република Северна или Северна Република- Па со кое право ние можеме да прекрстиме држава и народ кој постоел и постои...Не можеа да се најдат паметни порано, туку умираа во борби , по апсани, со името Македонија на како последен крик....Ах да, изумив тогаш ја немало ЕУ, немале Македонците можност да влезат во „рајот“, каков што ние имаме шанса сега.
Прочитав и дека не треба да се враќаме назад во историјата, дека модерните држави се од скоро, па во ред, и Македонија е „нова„ држава и си има свое име, зошто тоа на некого му пречи?
Македонија мора да гледа во иднина(утопија наречена НАТО и ЕУ) и да смени и име и опис, а другата страна-Грција може да присвојува историја стара преку 3000 години како своја и тоа е во ред?
Да, во ред е за ЕУ, зашто така ЕУ конечно би не избришала од листата на народите и како „пластелин“ нација ќе не шутка на маргините на континентов.
Велам ќе не избрише, зашто тоа и го почна со Бук*решкиот договор пред 100 години, истите тие што ни ветуваат благосостојба, се тие што сакаат да не уништат.
Бадијала е играта наречена преговори, нема преговори, имаме само ултиматум за да влеземе во едно труло друштво од какво што излеговме -Југославија. И ако смениме име на пример во Северна Македонија како што се протуркува овде, за кратко време, само референцата ќе биде различна, од Бивша Југословенска Република Македонија , кога ЕУ ќе се распадне(зашто ништо не е вечно) секој од ЕУ ќе си тргне по својот пат, ќе продолжиме како Бивша Европска Република (некоја си)...
И понатаму ќе си останеме Бивши...
Не помага онаа утешната-од еднаш педер не се станува....
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5859606162 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |