![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5556575859 138> |
Автор | |
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сакам луѓе
не сакам лицемери. Сакам пријатели не сакам непријатели. Сакам љубов не сакам омраза. Сакам сонце Не сакам облаци. Сакам месечина не сакам мрак. Сакам пролет не сакам зима. Сакам деца не сакам возрасни. Сакам да чекорам по дождот. Оти тогаш никој не гледа дека солзи ми течат од моите очи заради се што не сакам. ![]() Изменето од butterflyM55 - 12.Април.2009 во 08:29 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Maco....
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
Delicia ![]() Сениор ![]() *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со невидливи синџири ме врза, Велиш,нема што да се брза, Велиш ,подобро е вака, Но јас незнаев дека боли кога се сака. Ги превиваш моите рани, Велиш,времето лек било, Ме бакнуваш и ми шепотиш мое мило, Знаеш дека мисли ми крадеш, Знам дека повеке не можеш да дадеш, А можеби е и подобро вака, И онака боли кога се сака. |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
![]() |
|
леа ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 10 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да можев да најдам збор
Денес го разбудив денот со твојот лик, а не сакав... Денес го сокрив сонцето со дожд под очи, а не сакав. Чекорев по асфалтот како да е подвижна лента за да не ме носи никаде, додека одам, а не сакав. Во мене живее нешто што не го разбирам. Ех да можев бар да најдам збор. Изменето од леа - 11.Април.2009 во 22:37 |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПAПАД ВО ПРОВАЛИЈА
хаику Ааааа ааааааа ааааах... ![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ме прашуваш постојано.
Се едно исто прашање. Зошто јас? И секогаш ти давам одговор кој тебе не те крепи. Не дека немам одговор. Имам. Не дека не знам зошто. Знам. Но твојот продорен поглед ме растреперува. Твојата прекрасна насмевка ме разоружува. Твоето заводливо тело ме возбудува. Твоето постојано одбивање ме привлекува. Твојата таинственост ме буди интерес. Твоето внимание кон мене ме исполнува. Твојата заинтересираност ми импонира. Со тебе сум принцеза од бајките детски. Додека разговараме не постои ништо друго освен ти и јас. Кога ме гледаш ти читам желба и жед. Кога ми се обраќаш ми мамиш насмевки. Кога си тука пред мене се чувствувам своја,цела. Ти си делчето мало кое мене ми недостига. Ти го надополнуваш сето она што друг не може. Ме прашуваш... Зошто јас? Не ме прашувај. Само прочитај. Очите мои ќе ти кажат се. Телото мое ќе ти даде одговор. Бакнежот мој ќе ти открие. Допирот мој ќе ти потврди. Со тебе сум цела. Своја. Единствена. Сакана. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Други раце те милуваат
а моиве копнеат за само еден допир твој. Сакам да те допрам да ја почувствуваш мојата топлина. Други очи гледаш, а моите светкаат на самата помисла за тебе. Еден поглед фрли само во моите очи и тој ќе ти каже се и ќе ги истопи сантите мраз кои околу себе ги чуваш. Ти си ледена долина, јас сум твојот вулкан. Дојди да те стоплам. Ти си студен дожд, јас сум жежок ветер. Да се споиме, ќе те претворам во жежок летен дождец. Ти си ѕверот мој, јас убавицата твоја. Дојди да те скротам. Срце да ти разнежнам. Ти си морска тишина, јас див бран насред море. Дојди допри ме! Смири ме со допир. Скроти ме со бакнеж. Стопли ме со љубов. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не веруваш,знам
скептик си голем. А јас како луда трчкам околу тебе и упорно покажувам, докажувам,се правдам... И сето тоа без некоја причина. Но ти така ме тераш со своето однесување. И секогаш си помислувам. Ма зошто морам само јас да се докажувам? Зошто морам да ти се правдам, а не сум направила ништо? Е нема повеќе!-си викам. Од утре нов лист свртувам. А утре.... Утрото ме буди со твојот лик пред мене. Отварам телефони со надеж дека тука ќе најдам барем „добро утро„ посакано од тебе. Отварам мејлови... Пак празно. А срцето полно... со надеж. „Утре ќе се сети„... Сигурна сум. И пак само јас сум таа која тебе те разбира и која се сваќа. И пак само ти си тој кој со поглед ќе осудува, со зборови ќе ранува и со молк ќе убива. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се вртиме во круг
вртоглаво,брзо, без престан. Како вртлог во вода е се околу нас. А јас и ти сме само две ливчиња, кои се нашле случајно во тие брзи движења. Се бркаме,се бараме во кружните движења. Се допираме,се галиме и пак сме далеку. Се гледаме, а никако да се видиме. И само вртоглаво пропаѓаме во центарот на водовртежот кој на крајот ќе не спои на самото дно. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога се губам во мракот
знам дека во твоите очи ќе најдам светлост, патот да ми го осветли. И кога ќе ме скрши стравот. И кога подот под нозе ќе почне да ми бега. Кога сиот свет околу мене почнува да се руши,да тоне... Тогаш ти доаѓаш пред мене и за миг сето тоа го променуваш. Секогаш си тука. Ми даваш се што имаш. И не ја завиткуваш стварноста во сонови. Само ја правиш за трошка поубава. И кога љубов ќе ми затреба ти пак си тука, на моја страна си. Ти верувам до крај и раце ти пружам да ме водиш низ мракот. Да ме браниш како штит. Во твоето срце секогаш можам да верувам. Ти си тој кому можам во секој момент да му дотрчам и утеха да најдам. ![]() Изменето од butterflyM55 - 09.Април.2009 во 12:14 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Одамна посакувам
да те одведам на едно место со врзани очи. Место,каде воздухот е топол и мириса на моите сонови. Одамна сакам да сум во тебе, и со затворени очи да гледаш како од тебе се раѓам и се издигнувам високо над твоето битие. Одамна чезнеам да спуштам ливчиња од миризливи диви ружи на твоите меки образи. Да те прегрнам со виножитото... Да те заспијам крај мене... Одамна чезнеам... ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ШТУРА СИНФОНИЈА
Расцутена синфонија на штурци во високите треви на мислата... Се што изгубивме други ќе пронајдат, се што спечаливме други ќе поарчат Светлината ја облековме во црнина на црнината облека од светлина и скроивме: за да ја премолчиме вистината и молчењето да го обвистниме Две клети суштества во надеж клета суштествуваме, заб по заб - раззабени во месото скапано си се пресликуваме: јас во себе – ти во мене, ти во себе – јас во тебе, а времето во себе не несака... Надвор сме а толку силно во него не има, сепак... Мисло моја, синфонија штура штуро штурците ти штурат. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Никогаш ноќта не била подолга
од онаа во која те нема. Кога времето поспано се провлекува низ ветерот. И кога минутите и часовите наместо твоите прсти, се провлекуваат низ мојата коса... Тогаш е најтешко. Толку многу ми недостигаш. Толку бавно минува денот кога тебе те нема. И единствено што знам е во тие досадни денови да пишувам за тебе. Затоа прости ми што тажни песни пишувам. Прости ми што тажни зборови во ноќите ти праќам по дождот кој паѓа под твојот прозорец. Прости ми... Но знаеш и сам... Кога твојот лик ќе го видам За миг сите стравови исчезнуваат. Се топат и се претвараат во желба. Се разведрува небото и бакнежи се ројат. Телото трепери под твоите допири. Како магла ги чувствувам на моето тело,насекаде. И времето застанува. И сега е кратко. Секогаш е малку. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Немој да се лутиш
што пишувам за тебе. Не е намерно. Едноставно... тргнувам на друга страна и незнам како на крај пак завршувам кај тебе. Знам! Земјата е крива. Таа се врти во круг, а ти си неизбежна точка на тргнување и враќање. Ма не....... Не си центар на светот. Ти си само мој центар на се... Ти си клучар позади врата, кој изазива со клучевите од тајните одаи на убавото. А јас... Само обична жена која те сака. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5556575859 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |