IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 139>
Автор
Порака Обратен редослед
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 19:26

....Само моите чекори ја раскинуваа тишината ,како што треперлива рака раскинува лист хартија нанижан со болка.Полека ја кревам главата кон мастиловото небо ,каде претходно ги распрскав сите мои зборови ....и гледај чудо.....станале сјајни ѕвездички ,кои намигнуваат на месечината додека ги мами во својата прегратка.Сенка сум, сенка треперлива и исплашена ,сенка напуштена и изгубена ,која талка во нокта барајки го делот за да биде целосна.....Сенка сум треперлива ,створена од сонцето, родена од месечината,која бесшумно се провлекува во сните на затворените очи ,можеби желни ,можеби не, да сонот стане јаве ,а јавето вистина....Долг е патот до светлината , а и товарот што го носам во старата магична торба натежнува ,забавувајки ги моите чекори.Се напрегам со сите сетила да ја допрам целта ,која ме чека,некаде таму на крајот на вечноста каде што запираат чекорите, каде што сонцето ги мами насмевките и ги скокотка усните на ангелите и самовилите ,додека танцуваат со боси нозе на полјаните насеани со рајското цвеке....Срекни ли се тие што сонцето им ги полни срцата ,срекни ли се тие срца ,загреани од чудесната топлина,кои испуштаат воздишки кои се претвараат во портокалови облаци.Патот е долг ,а јас сум само сенка ,која врви по патот посипан од невидилавта прашина украдена од рајските градини,оставајки  траги ,можеби видливи ,можеби не ,за обичните смрттници.

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 16:55
аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 10:34
Ми вели
поет сум бил
ма јок
битанга сум ја
а она принцеза
нежна
свилена
за галење само
за мои груби раце испукани не се
ја’ гребам
тешко дишам
за романтика не знам
да и рипнам ми иде
на сила
и силно
и брзо
дур да се предомисли
не и текне.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 10:19
ТОЧКИ НА СРЕТНУВАЊЕ
На Тања

Ти ми шепотиш за твојата судбина
јас за песните ти зборувам
за песните што ги однесоа преселниците
од овоштарниците,
од зениците на страдалниците,
и пак се сретнуваме...

Ми велиш „Поету“,
а јас тебе, само, „Принцезо“:
од две прости нишки килим ткаеме
а секој друга шара има
и по друг траг од срцето се распознава
но пак се сретнуваме...

Калдрма од солзи,
скамент мирис на ранета срна во прогон,
- пат до тебе...

Калем без подлога,
истечен божилак во здив на пролетно утро
- пат од мене...

Нешто сепак не сретнува...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 17:51
НЕНАПИШАНА КНИГА

Земи ми ги очите,
спакувај ги во корици
од утринско свежило
на бессони ноќи
и читај ги моите
ненапишани песни
за тебе...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 12:30
Јавам по облаци
не умеам по земја да одам
барам далечини исполнети
а празнини се
ми велиш
а молчиш
додека со глава нишаш
некако сожаливо
ни траг нема
дека некогаш ќе пораснам
иако се гледа
дека имам нешто
што не ми припаѓа
ме совладува
глава ми наведнува.
Конец од облак виси
пак се закачувам
заминувам
нишаш со глава
некако сожаливо.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 11:18
Мајка му нека плаче
ти прва онади го
меѓу трава росна
нека настине
нека мисли дека ќарил
дур кашла после
од бронхитис јак
дур газот решето да му го сторат
и со топломер во муцка
нека лелека
дур се кае
шо посегнал
таму кај дораснат не е.
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 11:04

Pametni sme nie
na treva
ne se spie,
koprivi ima sekade,
a i nivi ne orame nikade
kade nase ne e,
vo ova vreme kleto
sledbenici sme nie
na zbunkovo ucenje sveto,
siot maski rod
od nas ke ima strav
zasto zavrsivme skolo
kaj mudrecot prav.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 09:38
Смеј се ти само
ќе ти текне
шо ти зборев
у небо дур гледаш
меѓу цвечиња многу
легната таму
од тежина душманска и зла лутина
заради ова она
ептен и со страст
на плодна почва
во плоден ден
грабната така
ти ќе преташ да се браниш
он ќе мисли дека мешаш
а трња долу има
дур не попуштиш така
оти попаметна
си ти.


Изменето од zbunet - 01.Јуни.2009 во 09:39
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 09:12
газење%20од%20смеење ма%20ајде смеење
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 08:59
Кукли они умни големо%20гушкање   аплауз
ке ве грабне некој
ми е страв
ова она
таму негде
зад планини седум
и нешто ридови
секој сака такви умни
да си има
и дома
и во бавча
цвеќе да му крои
на тој лошиот  лутина
дур на столче се лула
у згодно да гледа
песни дур она пева
дур крв му зоврие
и низ бавча ја збрка
у сончев ден тој.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 02:20
И пак онаа борба започнува во мене..........
Нешто што не ми дава мира,постојано ме следи.
А сепак се е толку сложено,колку што е и просто..........
А пак ме спречува да го искажам сето она што нејасно тежи
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 23:22
Ја гледа ли некој неа,
вистината,
зад присилната насмевка,
се прашува ли некој,
што се крие зад сликата убава,
сака ли да ја види
тагата длабоко закопана
во темнината на зениците твои,
единствена ли сум што го забележа,
светкавиот сјај на солзата скриена
кој се провира низ мрежата пајакова
што времето ја плетела
со лажна утеха,
наметната радост
го замаглува ирисот твој
како леќа розова.
Насмевката пркосна
не ја добива битката
во очите мои,
додека нурнати длабоко
во тајните на тие зеници
го бараат одразот свој,
со последни сили се борат
да фрлат јадица
на единствениот останат зрак,
да го задржат за себе,
да го чуваат цврсто
додека мрежата граби
го влече во својот мрак.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 10:13
Научи ме
како да те сакам
поважно нема
не чекај да се сетам
загаден сум од мачоизми
или мачор во чизми
изигрувам
а не знам
што навистина треба
како да те допрам
и во вистина претворам
сите оние зборови
на јастук искажани
додека со прсти и усни минувам
и пред и потоа
затоа што на филм сум видел така
ми се чини
како поинаку да треба
од 7 до 15.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 139>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.