IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2014 во 09:28

Кои вежби му одговараат на вашиот хороскопски знак?

Спортот или барем рекреативното вежбање и движење се важен фактор за човечкото здравје. Сепак, не им одговара сè на сите. Постојат одредени вежби кои повеќе одговараат ан еден отколку на некој друг знак.

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-001

Пронајдете го својот знак и дознајте кои вежби најмногу ви одговараат.

Овен

Припадниците на овој знак ги привлекуваат секакви телесни активности. Омилени им се адреналинските спортови кои во себе носат доза опасности како што се скијањето, сурфањето, јавање или качувањето по карпи. Натпреварувачки се настроени, па им одговараат и некои боречки вештини. Тие не играат само за да учествуваат, туку и за да победат.

Бик

Ако се прашуваат тие би останале да се излежуваат на песочна плажа. Но, ако баш мораат да одберат некоја физичка активност, можеби тоа би било пешачење, голф или јога. Ако се одлучат за нешто што бара поголем труд, тоа максимум би било планинарење или дигање тегови.

Близнаци

Тоа се активни и интелигентни луѓе кои во секоја активност сакаат да го вклучат и својот бистар ум. Токму поради тоа најмногу им одговараат ментални активности низ игра како шах или карти. Доколку бираат спорт, тоа би било тенис, сквош или бадминтон.

Рак

Припадниците на овој знак сакаат групни спортови, бидејќи се склони да ги тестираат своите крајни граници на издржливост. А со оглед на тоа што се воден знак, природно им е да изберат пливање, ватерполо, рибарење, едрење, но се одлучуваат и за голф или хокеј на мраз.

Лав

Лавовите го обожаваат спортот и рекреацијата. Најмногу сакаат да вежбаат во теретана, каде може да му се воодушевуваат на своето добро градено тело. Со оглед на аристократскиот вкус, Лавовите сакаат спортови во кои доаѓа до израз гламурот, како голф, поло, коњанички и автомобилски трки.

Девица

Девиците сакаат да бидат во форма, но најмногу поради здравјето, а помалку заради изгледот. Според тоа, најчесто одбираат аеробик, јога, пилатес и танц. Во спортот бараат прецизност, па затоа се одлучуваат за голф, билјард и стрелаштво.

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-2.jpg

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-1.jpg

Вага

Овој знак се води според љубовта и убавината, па не ги сака спортовите со насилство и преголема активност. Типичните ваги се занимаваат само со лежерна рекреација или со естетски спортови како тенис, гимнастика, уметничко лизгање и синхронизирано пливање. Поради рамнотежата која сакаат да ја одржуваат често применуваат медитација и јога.

Скорпија

Натпреварувачки се расположени и страствени се кон сè што прават. Цел живот настојуваат да ја подобрат својата физичка подготовка и менталниот капацитет. Отпорни се, концентрирани и моќни, па најмногу им лежи карате, маратони, мечување и фудбал. Но, ги привлекува и играњето покер или шах.

Стрелец

Тие се најздрави од сите знаци во Зодијакот, се карактеризираат со непресушна енергија. Сакаат да бидат во природа и на свеж воздух, па често шетаат или планинарат. Надарени се и за индивидуални и за колективни спортови. Најчесто бираат стрелаштво , кошарка, јавање и искачување по карпи.

Јарец

Што и да прават Јарците се концетрирани и трпеливи. Не очекуваат брзи резултати и затоа бира спортови кои бараат високо ниво. Од широкиот спектар на спортови одбираат некои со атлетска дисциплина, бодибилдинг, планинарење или скијање. Често учествуваат и на шаховски или математички турнири.

Водолија

Не сакаат монотонија и рутина, па колку е некој спорт понеобичен толку полесно се одлучуваат. Падобранството и банџи скокањето им се омилени, како и останатите екстремни спортови. Но и танцот им помага за ослободување од вишокот енергија. Како големи хуманитарци често се вклучуваат и  во спасувачки активности.

Риби

Романтичните Риби нема често да ги видите како изведуваат спортски вештини. Но, ако баш мораат тоа сигурно ќе биде поврзано со вода како сурфање, нуркање или сијање на вода. Успех може да постигнат и во уметничкото лизгање и аеробикот.

koi-vezbi-mu-odgovaraat-na-vasiot-horoskopski-znak-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 20:44
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Мажот Риби
Се прави чувствителен и грижлив, но речиси никогаш не ги покажува овие квалитети во пракса. Крши срца а потоа се прикажува како жртва. Се насладува додека другите страдаат. Во почетокот се претставува како принц, а потоа сваќаш дека си се фатила со коњот.




Аман бре,одма во Срна пријавувам за дискриминација.

Кон врв
mesecina_sonce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 123
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mesecina_sonce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 12:24
Декември

Покрај тоа што си добра, ти си и многу искрена. Секој маж, на кој му е доста од лицемерни жени, ќе даде мило за драго за таква како тебе.

Не верувам во хороскоп но кога ке прочитам нешто добро за мене убаво ми доаѓа на душава..
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 11:56

НАЈЛОШИТЕ НЕДОСТАТОЦИ НА МАЖИТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК

1

Девојки, дали сте подготвени да ја дознете најтемната страна на карактерот на вашиот сакан? Имајте во предвид дека ако сте во почетокот на вашата врска, најверојатно уште не сте се соочиле со неа. Но, само прашање на време е кога ќе ги покаже рогчињата. Ве предупредуваме дека фактите може и да не ви се допаднат. Но исто така ве потсетуваме дека иделани луѓе сепак нема.

Мажот Овен

Арогантен и самобендисан, вика и вреска како луд, ако нешто не е по негово. Често ќе ви се чини дека овој човек има потреба од психијатар, а можеби и навистина е така. Троши неразумно и не е во состојба да ги признае своите грешки.

Мажот Бик

Здодевен, алчен, старомоден и опседнат од “практичната страна на нештата”. Тврдоглав како магаре и мрзелив како слон. Згора неа се и со големи побарувања. Ретко превзема иницијатива на интимен план. Се преправа дека е голем добродетел или маченик, но под тие маски се крие еден презир кон се и секого.

Мажот Рак

Плашливо мамино синче. Да знаете дека ако не и се допаѓате на мајка му, многу наскоро и тој ќе си измисли повод да се разделите. Има лоша навика остро да ја навредува жената до себе. Скаран е со романтиката и многу е скржав. Не е амбициозен, доволно му е да седи дома и да си има една “совршена” жена која ќе му готви, чиси и пере. Исто како мама…

Мажот Лав

Тој е ужасно досаден со цврста верба дека е најкомпетентен од сите. Има постојана потреба да го фалиш. Лесно се оддава на алкохол и коцкање.

Мажот Девица

Стане ли збор за интимност и романтика, фантазијата му е не поголема од онаа на комарец. Супер здодевен, вечно гневен или “загрижен” за нешто. Заедно со тоа над претенциозен – полн со критики и барања. Сомничав, критичен, љубоморен. Многу веројатно е да имате детективски наместо љубовен роман меѓусебно.

Мажот Вага

Мисли дека е голем естет и сака да дели памет. Живее во свој розов свет и е апсолутно неадекватен за реалноста. Доколку се заљубите во него бидете подготвени дека вие ќе бидете мажот во куќата. На вашите плеќи ќе паднат тешките одлуки и справувањето со проблемите. За тоа време тој ќе слуша релаксирачка музика и ќе пие вино, убедувајќи ви дека се ќе се среди само по себе.

Мажот Шкорпија

Господар на игрите. Позади неговиот невин поглед се крие една злобна душа. Си има свои убедувања и никогаш нема да ги промени заради тебе – ти си таа која треба да се “смести”. Мисли на секс два пати повеќе од останатите мажи, па дури е малку перверзен во кревет. Тоа се причините понекогаш да си фаќа љубовници, додека на тебе ти се колне во љубов до гроб.

Мажот Стрелец

Се чини дека мозокот му е одвоен од телото. Мисли едно, прави друго, а се добива трето. Постојано сонува за нешто но не прави ни чекор за да го постигне. Предлозите и идеите му се граничат со апсурд, троши неразумно, постојано е во заеми. Не можете да се потпрете на него, тој смета дека се е забава и секогаш си го гледа сопствениот ќеф. Ќе бара постојано да изгледате беспрекорно. Ако тоа се промени, веднаш ќе погледне за друга жена.

Мажот Јарец

Искреност на даночен инспектор, срце на кредитор и чувство за хумор на гробар. За него жената е родена да биде мајка и сопруга. Еднаквост меѓу половите? Што е ова по ѓаволите?! Здодевен, скржав, обожава да го расипува расположението на другите. Секогаш ги обвинува другите за своите грешки.

Мажот Водолија

Неспособен за нормална врска. Никогаш не можете да бидете сигурни што точно му се врти во главата! Склон кон изневери, редовно прави нешто намерно за да им наштети на другите.

Мажот Риби

Се прави чувствителен и грижлив, но речиси никогаш не ги покажува овие квалитети во пракса. Крши срца а потоа се прикажува како жртва. Се насладува додека другите страдаат. Во почетокот се претставува како принц, а потоа сваќаш дека си се фатила со коњот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2014 во 11:48

ВО КОЈА ТВОЈА КАРАКТЕРИСТИКА МАЖИТЕ СЕ ВЉУБУВААТ СПОРЕД МЕСЕЦОТ ВО КОЈ СИ РОДЕНА?

3

Сакаш да знаеш со што ги покоруваш мажите? Ќе ти кажеме! Или барем според месецот во кој си родена. Затоа што веруваме дека апсолутно секоја жена има десетици позитивни карактеристики кои ја прават уникатна и неодолива за вистинските луѓе.

Јануари

Ти си толку префинета и достоинствена што ги оставаш мажите без зборови. Покрај тоа имаш исклучително убави и експресивни очи.

Февруари

Ти си потајна мачка со неверојатна насмевка, која секогаш зрачи. Не си само предизвик, туку и гордост за секој маж, кој успеал да те спечали.

Март

На тебе едноставно ти е дадена силна способност да ги привлекуваш мажите и да го задржиш оној кој си го избрала. Како го постигнуваш тоа, ни најдобриот астролог никогаш нема да дознае. Природа!

Април

Ти си навистина за завист! Најсилното оружје е твојата фигура. Дури и да качиш некој килограм, продолжуваш да изгледаш страшно примамлива.

Мај

Најмногу мамиш со начинот на однесување. Знаеш на кој што да кажеш, за да му останеш долго во мислите. Многу долго!

Јуни

Има некоја невиност во твоите очи, дури и кога се однесуваш провокативно. Покрај тоа, надарена си со висок интелект. Се гледа дека за тебе нема место во категоријата “просечна жена”.

Јули

Толку си слатка со својата срамежливост што на човек му доаѓа да те гушне и никогаш да не те пушти. Ти си една од жените кои секој маж без грам двоумење би ја претставил на своите родители.

Август

Најсилниот афродизијак за мажите е увереноста на една жена. А ти си токму таква! Дури, кога ти е нешто криво, гестовите и твоето однесување повторно емитуваат доверба. Ако не ти се верува, прашај ги луѓето околу тебе.

Септември

Ти ги скокоткаш машките инстикти со твојата недостапност. Убава жена, која може да даде многу. Но не и на секој!

Октомври

Ти си едноставно поинаква жена. Твоите реакции, размилувања и погледи, пријатно ги изненадуваат мажите. Во тебе гледаат една достоинствена и паметна дама.

Ноември

Привлекуваш со силна страст! Со тебе е како да си играш со оган. Знаеш дека е опасно, но не можеш да одолееш.

Декември

Покрај тоа што си добра, ти си и многу искрена. Секој маж, на кој му е доста од лицемерни жени, ќе даде мило за драго за таква како тебе.




Изменето од Valerija - 03.Август.2014 во 11:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2014 во 08:34

Хороскопскиот знак открива дали ве изневерил и како?


Со мала помош на ѕвездите, уште на првиот состанок можете да процените дали е авантурист или мирен тип, дали е одлучен и сигурен во себе или имате работа со срамежлив маж.

horoskopskiot-znak-otkriva-dali-ve-izneveril-i-kako-1.jpg

Според тоа, многу лесно ќе откриете дали само сака да фантазира за неверство или пак обожава кога стапува во акција.

Изневерување со поглед

Погледите се често оружје на Јарците и Раковите. Не е важно дали е сам или со девојка, тој постојано има чувство дека некој друг го гледа и сака да шета со погледот за да открие некоја на која ќе „фрли око.“ Кога ќе ја лоцира, симпатично се насмевнува.

Иако е зависник од флерт, можеби тоа му треба само за да му го подигне егото. Наместо да го критикувате и напаѓате, прокоментирајте „колку е згодна таа девојка.“ Тоа брзо ќе го врати во реалноста.

Изневерување во мислите

Секси фантазии најчесто имаат Биковите и Вагите. Тие штом видат згодна девојка, веднаш ја замислуваат во кревет. Заведувањето, страсните бакнежи и жешкиот секс се типични машки фантазии, па затоа не се мачете со прашања од типот „зарем не сум доволно добра?“

Фантазиите не се знак на физичко неверство. Тоа што понекогаш сака да ве замени со друга девојка во мислите, не значи дека ве изневерува, ниту дека планира.

Изневерување во сон

Во сон најчесто изневеруваат Вагите и Скорпиите. Иако не сакаат да зборуваат за тоа, по извесно време ќе ја споделат информацијата со своите партнерки.

Но, не грижете се, сите понекогаш имаме жешки сонови, без оглед на тоа дали сме сами или во врска. Сетете се колку пати и вие сте сонувале нешто слично, па не сте го реализирале. Имајте на ум дека она што го сонувате многу ретко се остварува.

Порнографско изневерување

Во порнографијата најмногу уживаат Биковите и Водолиите. И покрај тоа што можеби ве загрижува неговата опседнатост со совршените женски тела и страствени, еротски сцени, тоа не е знак на неверство.

Напротив, размислувајте дека едноставно сака повеќе да ужива во сексуалниот живот кој го делите. Тоа може да биде одличен почеток на нови, незаборавни авантури.

horoskopskiot-znak-otkriva-dali-ve-izneveril-i-kako-01.jpg

Изневерување заради монотонија во врската

Кон вакво изневерување најсклони се Овните, Стрелците и Раковите. Ако вашиот однос се оладил, бакнежите станале рутина, а речиси не знаете што значи страст, не се чудете ако преземат ваков чекор.

Далечината и емоционалната недостапност најмногу влијае на овие 3 знаци која нешто подоцна завршува со изневерување без срам и страв.

Изневерување со зборови

Најлесни на зборови се Лавовите и Рибите. Кога некој би ги слушнал од страна, ќе помисли дека се случува тајна авантура. Тие обожаваат да зборуваат како на мажите се им е дозволено, но ова е најчест пример за тоа дека кучето кое лае - не каса.

Мажите Лавови и Риби обожаваат да се во центарот на вниманието, па често пати тоа ќе го постигне со вербално неверство. Сепак, имајте на ум дека со ваквиот тип на изневерување ви оддава големо непочитување.

Реално изневерување

Во реалноста, најчесто во акција стапуваат Девиците и Близнаците. Тие често пати од инат знаат да пронајдат несогласување и кавги. Веројатно, подоцна ќе се потпре на овие несогласувања како оправдување за неверството.

Овие мажи се несигурни, па авантурите им служат за да го зајакнат сопственото его.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
nikolceo Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 15.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 46
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolceo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2014 во 20:41
Pisi mi na email koleo@hotmail.com ke ti dadam podetalni informacii za astrologot ne znam dali ima smisla tuka da pisuvam negovi podatoci
Mene od se 60 do 70% mi pogodil sve i ne mozis da smenis se odi po toj redosled. 
Ne se raboti za programiranje na potsvesta ili nesto slicno rabotite zavisat od celokupnnata sredina.
kolku pobrzo go svatis toa tolku poveke bi izvlekol od zivotot. Site sme razlicni ,, imame svoja misija i svoja sudbina. Aj da ne dolzam pozdrav na site. 
Nikolce
Кон врв
nikola61 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikola61 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2014 во 23:34
Originally posted by nikolceo nikolceo напиша:

Napravete si svoj licfen horoskop i otkrijte nesto za vas a toa dneven ili ne znam kakov horoskop za site ne vazi :)


ako znaes nekoj koj pravi licen horoskop pisi
Кон врв
nikolceo Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 15.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 46
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikolceo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2014 во 13:10
Napravete si svoj licfen horoskop i otkrijte nesto za vas a toa dneven ili ne znam kakov horoskop za site ne vazi :)
Nikolce
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2014 во 21:43
ама... мене не ми е потребен маж...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2014 во 08:44

Вашиот идеален летен партнер во хороскоп е...


Ако ова лето имате во план да фрлате љубовни стрели, добро би било да знаете на каде да ги насочите, односно, дали сакате да уловите опасна Скорпија или комплициран Близнак.

vasiot-idealen-leten-partner-vo-horoskop-e-01.jpg

Еве како хороскопот ве советува на тоа поле:

Овен

Ловете Стрелец затоа што е општо познато дека момците во овој хороскопски знак може да ви приредат незаборавни моменти. Припадниците на овој знак позитивно ќе влијаат на вас, проширувајќи ви го кругот на интереси. Благодарение на него, правилно ќе ја насочите целата енергија, а покрај тоа во креветот ќе бидете и повеќе задоволни.

Бик

Лоцирајте маж кој е во знакот на Девица затоа што само тој ќе ви овозможи однос полн со взаемно разбирање. На жените Бикови им одговара практичноста, мудроста и сериозноста на Девиците. Со заеднички сили ќе постигнете многу затоа што ќе бидете и пријатели и љубовници во исто време.

Близнаци

Ако сте припадник на овој знак, обидете се да уловите Лав кој со својата сила и топлина ќе го грее вашето срце, но и тело. Лавот маж е учител кој ќе ве соочи со мааните и предностите кои ги имате, штитејќи ве со сета своја енергија.

Рак

Жената Рак во текот на ова лето би требало да улови Скорпија затоа што само овој знак ќе ја разберете потребата за дом, топлина и семејство. Големи се шансите Скорпиите да ви ги читаат мислите ова лето, па ќе ви овозможат одличен емоционален однос. Плус, никогаш нема да ви биде здодевно.

Лав

Тргнете во потрага по Овен затоа што само тој ќе знае да ви ги исполнува желбите. Вашата врска ќе ја краси високо ниво на толеранција и компромис, иако ќе имате ситни расправии заради сличниот темперамент. Плус, летниот секс ќе биде феноменален.

Девица

Најмногу ви одговара маж Јарец затоа што само тој ќе ги разбере вашите стравови и ќе ви овозможи доволно љубов и заштита. Плус, двајцата сте практични и реални знаци кои се насочени кон негувањето на семејните вредности.

Вага

Побарајте некоја Водолија ако сакате да ви се исполнат најскриените еротски фантазии. Со мажот роден во знакот на Водолија никогаш нема да ти биде здодевно затоа што ќе знае како да ви го разубави денот кога сте тажни и изморени.

Скорпии

Потребен ви е нежен, страствен и сензуален маж кој најчесто е во знакот на Риби. Вашиот однос ова лето ќе биде крајно емотивен и бурен, но само Рибите ќе успеат да ги поднесат вашите промени на расположението и критиките.

Стрелец

Девојките во овој знак би требало да пронајдат огнен Овен кој ќе им ја овозможи посакуваната акција. Плус, како Стрелец секогаш ќе ги разберете взаемните потреби, а на сексуален план - немате грижа. Ве очекува двоен оган и жешко лето.

Јарец

На вас ви е потребен Бик кој ќе ви го овозможи она што постојано го барате - сигурност. Двајцата сте знаци кои цврсто веруваат во традицијата, но и во семејните вредности па заедно полесно ќе ја достигнете среќата.

Водолија

Близнаците се вашиот идеален партнер за ова лето. Овој маж ќе ги разбере сите ваши хирови и потребата за индивидуалност и слобода. Плус, двајцата сте друштвени и секогаш имате нови теми за разговор.

Риби

Најмногу ви одговара партнер во знакот на Рак кој со својата мирољубивост ќе ја смири вашата сомнителност и љубомора. Мажот Рак ќе ве чита како отворена книга, плус ќе ви овозможи чувство на сигурност.




Изменето од Valerija - 10.Јули.2014 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2014 во 19:22
Читам и сега сфаќам,зошто толку сериозно јас си
сфатив...Оти ако се пријавам за Амбададор во Бразил
сигурно мене ќе ме одберат.
Среќа моја што покрај летањето со памет се откажав
заради тој детаљ со светското првенство.
Којзнае колку ќе се депримирав кога реалноста ќе ме удреше.
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2014 во 00:14

Најверните знаци во астрологијата се Риба, Рак и Јарец, Додека Стрелец, Вага и Водолија тешко дека ќе се спротистави на возбудата.


Oven

Овенот е роб на страста

Доколку овенот се впушти во афера, за тоа брзо ќе дознаат сите во околината, бидејќи тешко ќути во својот љубовен живот. Овенот го води страста, а поради својот темперамент и непромисленост, може да го остави својот партнер бидејќи се заљубил. Најчеста причина за впуштање во неврество е потрагата по возбуда, која им недостасувала во врската, а ако се откријат во афера, кривицата ќе пробаат да ја префрлат на другата страна.

Bik

Бикот сака уживање ама се плаши од измама

Припадниците на овој знак се големи љубовници, но во долгите врски најчесто се верни. Ако партнерот емотивно и сексуално ги задоволува и им овозможува финансиска сигурност, неверството нема да им ја загрози врската. Исто така се и исклучително лојални, а тоа истото го очекуваат и од својот партнер. Најчеста причина за неверство кај бикот е недостатокот на физичката интимност со партнерот.

Bliznaci

Близнаците изневеруваат емоционално, а не физички

Немирниот дух на близнакот ги охрабрува да се вклучат и покрај долгата врска во флертувањето. Сепак на следниот чекор нема да прејдат и ќе се задржат на комплименти и верблано надмудрување преку SMS или социјалните мрежи. Тоа нема да се случи ако нивниот партнер и понатаму им преставува предизвик, а ако сепак изневерат, тогаш тоа е знак дека односот дефинитивно е готов и тогаш продолжуваат понатаму.

Rak

Ракот изневерува ако е несреќен

Чувствителниот рак во љубовта е верен, првенствено дека се води според “немој да го правиш она што неќеш да ти го прават тебе”. Ако дома имаат доволно љубов и нежност, тогаш раковите се имуни на измама. Тоа добро го знае и нивниот партнер и тоа не треба да го земат здраво за готово, бидејќи еден рак кој изневерува се чуствува несакано и несреќно.

Lav

Лавот сака возбудувања и внимание

На лавот драмата и возбудувањата се омилените состојќи на меѓучовечките односи. Додатен фактор кој ги вклучува во групата на знакови кој често изневеруваат, е нивната постојана потреба да бидат во центарот на вниманието. Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот лав е само ваш, тогаш немојте да заборавите да му делите комплименти, ама и понекогаш играјте си со нив топло-ладно за да останат заинтересирани. Најчесто изневеруваат со луѓе кои се помлади од нив бидејќи ги привлекува младешката енергија.

Devica

Девицата изневерува кога сака да излезе од врска

Девиците се едни од сериозните припадници во хороскопот, приземјени се, и најчесто лојални се кон партнерот. Ако се срќни и задоволни во врската нема да размислуваат за забранетото овошје, но измамата им станува нормална работа ако чувствуваат дека партнерот не ги почитува доволно или не им обезбедува се што им е потребно. Тогаш аферата им е оружје кое ќе им помогне безболно да излезат од врска и да го замислат својот живот со некој друг.

Vaga

Вагата многу зборува, а малку работи

Праведни и фер се припадниците на овој знак, своите обврски ги разбираат серизоно, па така и оние партнерските каде што се во принцип верни. Сепак они се љубители на новото друштво, комплиментите и флертот се оние кои  често ги водат во некои необични ситуации. Најважно е партнерот на вагата да е пријател на кој ќе може да се наслони, бидејќи тогаш ќе биде во најмало искушение да изневери.

Shkorpija

Шкорпијата бара нова возбуда во сексот

Мрачната, таинствената и еротичната шкорпија често се поврзува со измама, ама сепак тоа најчесто не е вистина. Ако навистина се заљубени, неверството нема да им падне на памет. Она што може да се случи е да им здосади рутината во врската, посебно рутината во сексот, па ќе се впуштат во измама за една ноќ која никогаш нема да ја признаат на својот партнер. Противотров за шкорпијата да не изневерува е воведување на новитети во спланта соба, ама и првремено будење на нивната љубомора.

Strelec

Стелецот го сака забранетото овошје

Слободоумни, желни за авантура, стрелците се склони на неверство. Може да бидат во долги и сериозни врски, но измамата нема да ја доживеат како нешто драматично. Најдобро е што повеќе време да се дружи и забавува со својот партнер, по можност во забавни активности како спортот. Исто така, неверството ќе го опрости полесно отколку некој друг знак.

Jarec

Јарецот е столб на лојалноста

Припадниците на овој знак се помеѓу најверните во целиот хороскоп, првенствено затоа што они измамата не ја доживуваат како нешто телесно, туку најпрвин како духовна измама. Тие можат да хипнотизираат некој, првенствено со својота интелектуална страна, но ништо повеќе од флерт нема да се случи. Ако изневери, тоа го прави како начинот на девицата – аферата е бегство од врската. Колку верност даваат, толку и бараат за возврат, никогаш не опростуваат неверство.

Vodolija

Водолијата измислува сопствени правила за неверство

Припадниците на овој знак често тврдат како никогаш не изневеруваат, ама вистината е дека нивната дефиниција на неверство е многу толерантна отколку кај други луѓе. Рутината им оди на нерви, најчесто ќе изневерат со некој кој е различен од нивниот партнер, но сами на себе ќе објаснат како тоа било неизбежно за да не ги јаде совеста. Водолијата нема да изневери единствено ако навистина сака и знае дека партнерот тоа нема да му го опрости.

Ribi

Рибите се главни актери во својата фантазија

Припадниците на овој знак живеат во светот на фантазијата, а љубовни и стрствени сценарија секогаш се вртат во нивната глава. Ако врската им стане досадна и предвидена, тогаш ќе почнат да фантазираат за колегите од работа или некој друг од околината. Лесно знаат да застанат на време, прашање е дали во тој процес ќе се заљубат или не. Партнерот риба треба да се труди да ја одржи страста во живот бидејќи само тогаш нема да им падне на памет измама.

 

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:20

ЕВЕ КАКО ПОДЗНАКОТ ВЛИЈАЕ НА ВАС

13

Овен

Ако сте родени со подзнак Овен вие сте активна личност со многу енергија. Своеглави сте, а многумина ве доживуваат како себична личност. Добро знаете што сакате и како да ги остварите целите во животот. Амбициозни сте, па затоа имате постојан конфликт со колегите и партнерите кои се обидуваат да ве убедат на компромис. Потребен ви е партнер кој прв попушта. Што се однесува до здравјето, често пати имате проблем со крвниот притисок и силната мигрена.

Бик

Сакате да уживате и затоа ви е важна материјалната сигурност. Уживате во храната и готвењето. Сакате да имате стабилен партнер и здрава врска – таа е основата на вашето добро расположение. Голем број од пријателите прво кај вас се упатуваат за совет, затоа што знаат дека искреноста е вашата најдобра страна. Очајно барате партнер кој е страствен. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со килограмите и тироидната жлезда.

Близнаци

Зборлести сте и искрени, и покрај тоа што многумина ве доживуваат како личност склона кон лажење и измислување. Можеби затоа што не го кажувате она што другите сакаат да го слушнат. Сакате да се дружите со пријателите, да телефонирате и слободното време да го минувате на социјалните мрежи. Потребен ви е партнер кој ви овозможува целосна слобода. Можни се проблеми со здравјето на нервна база, инфекции, алергии и проблеми со дишните патишта.

Рак

Чувствителни сте на туѓата несреќа и постојано помагате. Семејството ви е на прво место, сакате да бидете опкружени со најблиските. Важно ви е домот да ви е чист, среден и удобен затоа што тоа е вашето омилено катче. Потребен ви е партнер на кој можете да се потпрете и да му верувате. Можни се проблеми со репродуктивните органи и компликации предизвикани од нервоза.

Лав

Горделиви сте и некогаш недопирливи, или барем таков впечаток оставате. Амбициозни сте и работното место ви е најважно, како и парите. Статусот, децата и парите – тоа се работите кои ги вреднувате во животот. Потребен ви е партнер кој е истовремено и ваш пријател, кој ќе ви ја разбере потребата за слобода и нема да се натпреварува со вашите пријатели и работното место. Можни се проблеми со притисокот, срцето и видот.

Девица

Вечен перфекционист. Важно ви е сè да биде на свое место, куќата мора да блеска. Примарно ви е здравјето, но и покрај тоа сте склони кон нервоза. Единствен лек е да прифатите дека ништо не може да биде совршено, па ни вие. Потребен ви е партнер кој ќе ве натера да се опуштите и кој ќе ве научи што значи да уживате. Можни се проблеми со стомакот и варењето на храната.

Вага

Важен ви е балансот. Секогаш сте тука за другите, не знаете како да бидете сами со себе. Имате голем круг на пријатели и роднини кои ви се секогаш на располагање. Партнерството на работно или љубовно поле е секогаш најдобра идеја, барем за вас. Важно е да пронајдете стабилен партнер кој ќе знае да ви даде позитивна енергија и индивидуалност. Можни се проблеми со кожата – иритации и алергии, затоа заштитете се на време.

Скорпија

Постојано сте во акција, постојано нешто правите и не знаете да застанете во место. Сè зимате при срце, па често сте под стрес. Понекогаш знаете да бидете од типот на тешки пријатели кои само критикуваат. Ако ви е здодевно занимавајте се со некој спорт наместо да барате проблеми таму каде што ги нема. Парите и сексот ви се на првото место, па затоа вашиот партнер мора да ги има и двете. Можни се проблеми со репродуктивните органи, па затоа не ги заборавајте редовните прегледи.

Стрелец

Секогаш сте весели и добро расположени, подготвени да ги разберете сите околу вас. Толерантни сте, понекогаш дури и премногу. Важно ви е да се движите и патувате, односно да се усовршувате секојдневно. Многу важно е да се занимавате со некаков спорт затоа што постојано имате вишок енергија. Друштвени сте, па затоа ви е потребен и партнер кој е зборлив, весел и позитивен. Важно е во врската да не ја загубите својата слобода. Можни се проблеми со црниот дроб.

Јарец

Тврдоглави сте, упорни и амбициозни. Постојано сакате да напредувате во кариерата, имате високо ниво на самопочит и се сметате за одличен учител. Не се брзате, верувате дека сè доаѓа во свое време. Стабилни сте и смирени, но партнерот кој ќе го одберете ќе има задача да ве научи како да бидете малку потопли кон другите, да не бидете полни со недоверба. Можни се проблеми со грбот и забите.

Водолија

Сакате да се дружите и мислењето на другите луѓе ви е секогаш важно. Во постојано движење сте и со вас никогаш не може да биде здодевно. Сакате да ја ширите мрежата на контакти и да запознавате нови луѓе. Но, мора да направите место за партнерот и да не го ставате во втор план. Потребен ви е партнер кој ќе го разбере вашето динамично темпо. Заради брзината со која живеете можни се проблеми со вените и нервозата.

Риби

Никој не знае што точно мислите, живеете во некој сопствен свет. Не сакате да се вклопите во друштвото, ниту во стандардниот ритам на живот. Сакате да останувате будни и да заспивате со музика и филмови. Потребен ви е партнер кој е рационален и стабилен, кој дели добри совети и ве води низ животот. Можни се проблеми со варењето, спиењето и нискиот притисок.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.