IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2014 во 18:59



Пилешки шницли со модар патлиџан


5

Подготовка:

 

Модриот патлиџан исечете го на четири листови по должина, од двете страни посолете и оставете ги некое време.

 

Загрејте малку масло во тава и додадете ги листовите од модриот патлиџан. Испржените домати ставете ги на хартија за да се исцеди маслото.

 

Истолчете ги шницлите, посолете и додадете црн пипер. Премачкајте ги со ајвар, а фета сирењето исечете го на дебели листови и наредете ги врз месото, на карј прекријте со листовите од модриот патлиџан. Затегнете ги краевите со чепкалка, а потоа пржете во врело масло по 4 минути од двете страни.

 

Изрендана краставица и истолчен лук додадете во кисело млеко помешано со павлака и помешајте. Додадете сол, црн пипер и малку шеќер и ќе добиете вкусен сос кој ќе го сервирате со месото.

 

Состојки:

 

  • 4 шницли
  • 1 модар патлиџан
  • 2 лажици ајвар
  • 100гр фета сирење
  • ½ краставица
  • 1 чаша кисело млеко
  • 100гр кисела павлака
  • Сол, црн пипер
  • 1 чешне лук

 

 



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 18:52
1

Пилешки бутови на скара и салса


  • 700 грама пилешки бутови, без коска
  • Крупна сол и црвен пипер, по желба
  • 3 лажичка балскамико
  • 4 главици од лук, истолчени
  • ½ шолја маслиново масло, плус количина за скара
  • 4 средни домати, исецкани ситно
  • ½ краставица, без лупка, исецкана на ситни парчиња
  • 1 мала тиквичка, ситно сецкана
  • ½ зелена пиперка, ситно сецкана
  • ¼ шолја ситно сецкан млад кромид

Чекор 1

Во голема пластична кеса со вакум патент ставете го пилешкото и прелијте со ½ шолја маслиново масло, 1 лажичка балсамико, додајте го лукот и ¾ лажичка мелен црвен пипер. Оставете во фрижидер 2 часа (доколку сте во можност и цела ноќ)

Чекор 2

Во среден сад додадете 3 лажички маслинов масло и 2 лажички балсамико, послоете со сол и црн бибер. Додадете ги патлиџаните, краставицата, тиквичките, зелената пиперка и младиот кромид. Измешајте се и оставете на собна температура да опстои 2 часа.

Чекор 3

Загрејте ја скарата. Премачкајте со масло. Тргнете ги батаците од маринадата и посолете. Прежете на скара оклу 6 до 8 минути од двете страни. Послужете со претходно подготвената салса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 13:43

ПЕЧЕНО ПИЛЕШКО СО ЈОГУРТ И ЛУК

7

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради
  • сол и свежо мелен бибер по вкус
  • 6 чешниња лук
  • 1/2 шолја јогурт
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1/4 шолја презла

Подготовка:

Пилешките гради чукнете ги  со кујнски чекан, но не премногу, за да не бидат премногу тенки.
Ставете ги пилешките гради во сад, посолете и ставете бибер по вкус.
Во друг сад, ставете ги лукот, јогуртот и мајчината душица и промешајте.
Истурете го јогуртот врз пилешките гради и нежно масирајте. Покријте ги со пластична фолија и ставете ги во фрижидер околу 4 – 6 часа.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во тавата за печење ставете малку масло за готвење.
Извадете го пилешкото месо од садот, и отстранете го остатокот од јогуртот.
Ставете го пилешкото во тавата за печење, и наросете презла врз пилешките гради. Печете од 40 до 45 минути, се додека пилешкото не е готово.

На здравје!



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:31
1
    Пилешки бутови на скара и салса
  • 700 грама пилешки бутови, без коска
  • Крупна сол и црвен пипер, по желба
  • 3 лажичка балскамико
  • 4 главици од лук, истолчени
  • ½ шолја маслиново масло, плус количина за скара
  • 4 средни домати, исецкани ситно
  • ½ краставица, без лупка, исецкана на ситни парчиња
  • 1 мала тиквичка, ситно сецкана
  • ½ зелена пиперка, ситно сецкана
  • ¼ шолја ситно сецкан млад кромид

Чекор 1

Во голема пластична кеса со вакум патент ставете го пилешкото и прелијте со ½ шолја маслиново масло, 1 лажичка балсамико, додајте го лукот и ¾ лажичка мелен црвен пипер. Оставете во фрижидер 2 часа (доколку сте во можност и цела ноќ)

Чекор 2

Во среден сад додадете 3 лажички маслинов масло и 2 лажички балсамико, послоете со сол и црн бибер. Додадете ги патлиџаните, краставицата, тиквичките, зелената пиперка и младиот кромид. Измешајте се и оставете на собна температура да опстои 2 часа.

Чекор 3

Загрејте ја скарата. Премачкајте со масло. Тргнете ги батаците од маринадата и посолете. Прежете на скара оклу 6 до 8 минути од двете страни. Послужете со претходно подготвената салса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 16:46

Пилешки ражничи со соја сос и сусам


Нашиот народ е учен да ужива во месото, особено во летните денови, кога се користи секој слободен викенд за подготовка на скара со друштво некаде надвор од градот.

За овој викенд решивме да ви понудиме вкусни пилешки ражничи, а ваше е само да го следите рецептот и потоа да уживате во прекрасниот вкус.

Потребни состојки:

  • 4 парчиња пилешки гради (бело месо)
  • 2 лимона
  • 2 лажички шеќер во прав
  • 3 лажици сос од соја
  • 4 лажици маслиново масло
  • 250 гр. спанаќ
  • 1 чешле лук
  • 150 гр. чадена сланина
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 лажици сусам
  • сол
  • бибер

Приготвување: 

За маринадата измешајте 2 лажици масло, сок од еден лимон, сосот од соја и шеќерот. Пилешкото месо тенко исечете го и маринирајте го 15-на минути во фрижидер, повремено вртејќи го. Во меѓувреме, сварете го спанаќот во солена вода исцедете го и исечкајте го. Мешајте го на преостанатото масло со истолчениот лук додека не испари целата течност. Потоа додадете сол и бибер. Пилешкото месо избришете го, исечете го на мали коцки и врз нив распоредете го спанаќот. Завиткајте го во ролнички, па боцкајте ги на стапчиња за ражничи, наизменично со парчињата сланина, четвртинките од кромидот и парчиња лимон.

Печете ги 15 минути на скара, премачкувајќи ги со маринадата. Печените раженчиња посолете ги, ставете им бибер и посипете ги со сусамот.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2014 во 11:15

ПИЛЕШКО СО КАРИ

21

Состојки:
• масло
• 1 кро­мид, ситно сеч­кан
• 2 големи лажици кари паста
• 4 домати, сеч­кани
• 4 пар­чиња пиле­шки стек
• 100 гр млад спа­наќ
• 4 големи лажици јогурт
• малку коријандер

Подготовка:
Чекор 1: загрејте го маслото во сад за пржење (нај­до­бро да имате сад кој не лепи и има покло­пец). Дода­дете го исеч­ка­ниот кро­мид. Пржете околу 3 минути, додека не омекне. Потоа се става пастата од кари и потоа пржете уште 1 минута.

Чекор 2: во сад за пржење се дода­ваат пиле­шкото (исеч­кано на пар­ченца), дома­тите и вода. Затво­рете го садот и оста­вете да се дин­ста околу 15–20 минути. Потоа, дода­дете го спа­на­ќот. На крај поме­шајте со јогурт и коријандер.

Се служи со ориз, печено лепче, тор­ти­лја или салата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2014 во 15:48
Clipboard053

Маринирано пилешко месо

Состојки:

- 4 поголеми карабатака

-180 гр. ориз

-400 гр. ситни шампињони

-0.5 дл. маслиново масло

-3 лажици сенф

-2 лажици мед

-сок од два портокала

-мајчина душичка, шафран

-мешан зачин

-сол и бибер

Подготовка:

1.Карабатакот одвојте го од коските, а потоа истенчете го со помош на толчник за месо.

2.Во поголем сад соединето го маслиновото масло, сенфот, медот и сокот од портокал. Додајте го шафранот, мајчината душичка и зачинете по вкус и се заедно измешајте.

3.Во припремената маринада ставете ги парчињата месо и оставете ги во ладилник да отстојат најмалку четири часа.

4.Оризот обарете го во солена вода и изцедете го.

5.Пилешкото извадете го од маринадата и пржете го на загреано масло  додека да порумени.

6.Во маснотиата од пилешкото додајте ги шампињоните и кратко пропржете ги додека да омекнат. Додајте го оризот, маринадата и кратко време гответе.

7.Прженото месо послужете го со подготвеното рижото.



Изменето од Valerija - 12.Мај.2014 во 15:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 08:36

ПЕЧЕНИ ПИЛЕШКИ ПРСТИ

8

Состојки:
1 кг. пилешки гради
200 гр. лебни трошки
200 гр. сусам

Состојки за маринада:
2 лажици мајонез
½ лажица црвена пипер
½ лажица оригано
1 лажица сенф
200 мл. павлака

сол
црн бибер

Подготовка:
Во поголем длабок сад се подготвува маринадата од наведените состојки.
Пилешките гради се сечкаат на долги ленти со дебелина од 1 см. и се ставаат да стојат во маринадата 5 часа за убаво да ги впијат состојките.
Маринадата повремено се меша.
После 5 часа лентите пилешко месо се прпелкаат во лебните трошки, па во сусамот и се редат во плех обложен со хартија за печење.
Се печат во рерна на 180°Ц додека да поруменат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:46

Пилешки бродет

Потребни состојки:

  • малку црн бибер
  • црвен пипер
  • 200 мл. суво бело вино
  • малку рузмарин
  • 1 кгр. пилешко
  • малку магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 3 ливчиња ловоров лист
  • 4 главици кромид
  • 300 гр. компир
  • 250 мл. доматен сок
  • малку вагета
  • малку босилок

Подготовка:

Кромидот изблендирајте го, па ставете го во длабок сад.
Месото исечете го на парчиња.
Наредете го месото преку кромидот, сипете 1 л. вода, додадете, црвен пипер, ловоров лист, изгмечениот лук, зачинете по желба со мешан зачин и бибер, поклопете и крчкајте на тивок оган 1 час.
Потоа, додадете го доматовиот сок, белото вино, компирите исечени на полукругови, промешајте, поклопете и варете уште 30 минути.
Пред крајот додадете малку рузмарин и босилок.
Посипете со сецкан магдонос и послужете.



Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:43

Поховано пилешко месо


Потребно
  • 1 кгр. пилешко
  • 150 гр. кашкавал
  • 150 гр. брашно
  • 2 јајца

Подготовка:

Белото месо сечете го по должина на пола, за да добиете две шницли, односно вкупно 8 шницли. Шницлите ставајте ги помеѓу два листа хартија за печење и добро исчукајте ги. Во посебна чинија измешајте го кашкавалот ситно изрендан, презлата, ренданата кора од портокал и сецканиот першун.

Шницлите прво извалкате ги во брашно, па во изматените јајца и на крајот во подготвената мешавина со кашкавал (добро притискајте со раце за смесата убаво да се залепи на месото).
Пржете ги шницлите од секоја страна додека не поруменат. Вадете ги шницлите на кујнска хартија да се исцедат од непотребната маснотија.



Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 22:48
ВКУСНО ПИЛЕШКО СО МЕЛЕНИ БАДЕМИ

И похованата храна може да биде здрава со мали промени во начинот на подготовка.

Пилешкото на медитерански начин се подготвува многу лесно, а има одличен вкус.

Потребно

 ½ шоља мелени бадеми
 ¼ шоља интегрално брашно
 1 ипол лажичка мелена пиперка
 ½ лажичка сецкан лук
 ¼ лажичка сол
 1/8 лажичка бибер
 1 ипол лажица маслиново масло
 2 белки од јајце
 400 г пилешки гради
 Масло за јадење

Подготовка

1. Во блендер ставете ги бадемите, брашното, пиперот, лукот, солта и биберот и миксајте неколку минути. Во текот на миксањето додајте го и маслото.

2. Изматете ги белките па прво во нив извалкајте го пилешкото, а потоа и во смесата од бадеми. Ставете го месото во тава за печење обложена со мрсна хартија и попрскајте со масло. Печете 20-25 минути на 250 степени. 

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:01
БЕЛО МЕСО ВО КИСЕЛО МЛЕКО

За белото месо вројатно веќе знаете некој начин на подготовка, но никогаш не е лошо да пробате и нешто ново и поинакво.

Пилешкото месо може да се подготвува на илјадници начини, а овој рецепт се подготвува многу брзо и едноставно, а за него се потребни само неколку состојки.

Потребно:

 1кг пилешки стек
 2 чаши кисело млеко
 2-3 кисели краставички
 Брашно
 Сол


Подготовка:

 Стекот истолчете го со чук, посолете го и оставете да отстои 15 минути. Потоа секoе парче стек извалкајте го во брашно и пржете го на топло масло.

 Откако ќе го испржите целиот стек, вратете ги сите парчиња во тавата. Краставичките исецкајте на кругчиња или коцки па додајте ги во тавата, во која ќе го ставите и киселото млеко.

 Поклопете ја тавата со капак и оставете само неколку минути да се готви, и потоа јадењето е готово.

 Можете да го сервирате со помфрит или варен зеленчук по желба.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 16:06

Печено пилешко со тестенини

Сварете ги тестенините во поголемо количество посолена вода. Исцедете ги и оставете ги на страна.
Во тава за пржење загрејте го маслото па ставете го кромидот да се пржи заедно со сланината додека не добие убава златна боја. Додајте ги коцките месо, пропржете да добие малку боја, па додајте ги и печурките и лукот. Пржете неколку минути, посолете, побиберете и оставете го на страна.
Во еден помал сад растопете го путерот, па на него испржете го брашното, но така да остани светло. Мешајки додајте го млекото, коцката за супа и водата, па варете го со постојано мешање додека да добиете средно густ бешамел.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Додајте го бешамелот во тавата со пилешкото месо, додајте ја и брокулата и сувите домати, измешајте, дотерајте го вкусот и претурете ја целата содржина во керамичка тава за печење.
Ставете ги одозгора ренданата Моцарела и кашкавалот, па печете дваесетина минути додека не добие убава боја.
Кратко, 5 - 10 мин нека отстои во тавата пред да го послужите.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 11:44

Пилешки увијачи од рерна

Пилешкиот стек се чука убаво да се истанчи, секое парче се сечи на половина по должина, така ќе се добијат 8 парчиња за полнење, се става бибер и се реди со парче шунка и парче кашкавал сечени на тенко, се ролаат мини ролатчиња кои по краевите се затвораат со чачкалици.

Настрана во сад се тура половина шоља јогурт и во него се додава 2 лајци сенф, бибер по вкус, се меша убаво, во втор сад се става презла. Секое од ролатчињата се "мака" прво во смесата од јогурт и сенф па во презла...така сите се редат во тепсивче на хартија за печење и се попрскуваат со малку масло одозгора, одат во рерна на 200С за време од 45-55 минути во зависно од јачината на рерната така да добијат златесто-кафеава боја.




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.