IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 43>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2011 во 00:47
Хахахаха....сигурен сум Ли дека вечерва баш ја намести плазење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2011 во 00:48

Баер со пресврт до три бода

                 Баер Леверкузен и Валенсија одиграа интересен меч и очекувањата дека ова ќе биде вистинско дерби на вториот ден од програтамата од 3. коло во ЛШ беше оправдана

Валенсија го доби првото полувреме од средбата. Дека домашните оправдано стравуваа од нападот на Шпанците се виде во 24 минута од мечот кога гостите создадоа одлична шанса за гол. Пробија по левата страна и беше упатена брза и ниска топка пред голот на Лено. Голманот на Баер не можеше да стори ништо, но затоа Жонас убаво се снајде и ја искористи добрата поставеност. Ја смести топката во голот и донесе предност која остана актуелна до крајот на првото полувреме.
Мечот меѓу Марсеј и Арсенал мина во преголемо тактизирање на двајца стручњаци од Франција. Венгер е со далеку поголемо искуство од Дешамп, но сезонава и двајцата имаат изменети состави и не се на нивото од последните сезони. Оттаму и на овој меч изостанаа погодоците.
Уште во првото полувреме се виде дека средбата ќе заврши со резултатот со кој стартуваше или, пак, ќе биде решена со само еден гол. Акциите не беа доволно добро изградени така што немаше завршница, па на одмор се замина со 0:0.
Во второто полувреме долго се бараше шанса за да се дојде до првиот гол. Се направија многу обиди да се загрозат голманите, но Манданда успеваше да го заштити својот гол. Меѓутоа не можеше да го запре Арон Ремзи кој по истекот на регуларниот дел успеа да го совлада и да донесе многу значајна победа за Арсенал.

ОЛИМПИЈАКОС СО ЛЕКЦИЈА ЗА БОРУСИЈА
Во Пиреја имаше изненадувачки многу погодоци во првото полувреме. Олимпијакос тргна силно уште од првата минута и како одминуваше времето стануваше сосема јасно дека Борусија ќе има тешка задача за да освои бодови во Грција.
Веќе во 8. минута резултатот беше 1:0 откако Холебас успеа да го совлада Вајденфелер. Надежите на гостите ги врати Левандовски после одличниот удар ода далечина кој беше доволно прецизен за да донесе нерешени 1:1 во 26 минута. Сепак, на пет минути до крајот на првиот дел домашните одново се вратија во предност. Немаше време за нови погодоци, па на одмор се замина со водство на Грците од 2:1.
Дилемите за тоа кој ќе победи во Пиреја беа решени во 78. минута кога Модесто по третпат го погоди голот на Борусија со што практично гостите се најдоа во незавидна ситуација и имаа само малку време за да направат пресврт, па мораа да се помират со првиот пораз во ЛШ сезонава.

ГРУПА "Е"
БАЕР Л. - ВАЛЕНСИЈА 2:1 (2:1)
Стрелци: Шурле 52' - Жонас 24'
ЧЕЛЗИ - ГЕНК 5:0 (4:0)
Стрелци: Мејрелеш 8', Торес 11', 27', Ивановиќ 42', Калу 72'

ТАБЕЛА
1. Челзи 3 2 1 0 8:1 7
2. Баер Л. 3 2 0 1 4:3 6
3. Валенсија 3 0 2 1 2:3 2
4. Генк 3 0 1 2 0:7 1

СЛЕДНО, 4. КОЛО (01.11.2011)
ВАЛЕНСИЈА - БАЕР Л. 20:45ч
ГЕНК - ЧЕЛЗИ 20:45ч

ГРУПА "Ф"
МАРСЕЈ - АРСЕНАЛ 0:1 (0:0)
Стрелци: Ремзи 90'+2
ОЛИМПИЈАКОС - БОРУСИЈА Д. 3:1 (2:1)
Стрелци: Холебас 8', Џебур 40', Модесто 78' - Левандовски 26'

ТАБЕЛА
1. Арсенал 3 2 1 0 4:2 7
2. Марсеј 3 2 0 1 4:1 6
3. Олимпијакос 3 1 0 2 4:4 3
4. Борусија Д. 3 0 1 2 2:7 1

СЛЕДНО, 4. КОЛО (01.11.2011)
АРСЕНАЛ - МАРСЕЈ 20:45ч
БОРУСИЈА Д. - ОЛИМПИЈАКОС 20:45ч

ГРУПА "Г"
ШАХТЈОР - ЗЕНИТ 2:2 (2:1)
Стрелци: Вилиан 15', Луис Адриано 45'+1 - Широков 33', Фејзулин 60'
ПОРТО - АПОЕЛ 1:1 (1:1)
Стрелци: Хулк 13' - Аилтон 19'

ТАБЕЛА
1. Апоел 3 1 2 0 4:3 5
2. Зенит 3 1 1 1 6:5 4
3. Порто 3 1 1 1 4:5 4
4. Шахтјор 3 0 2 1 4:5 2

СЛЕДНО, 4. КОЛО (01.11.2011)
ЗЕНИТ - ШАХТЈОР 18:00ч
АПОЕЛ - ПОРТО 20:45ч

ГРУПА "Х"
МИЛАН - БАТЕ БОРИСОВ 2:0(1:0)
Стрелци: Ибрахимовиќ 33', Боатенг 70'
БАРСЕЛОНА - ПЛЗЕН 2:0 (1:0)
Стрелци: Иниеста 10', Виља 82'

ТАБЕЛА
1. Барселона 3 2 1 0 9:2 7
2. Милан 3 2 1 0 6:2 7
3. Плзен 3 0 1 2 1:5 1
4. Бате Борисов 3 0 1 2 1:8 1

СЛЕДНО, 4. КОЛО (01.11.2011)
БАТЕ БОРИСОВ - МИЛАН 18:00ч
ПЛЗЕН - БАРСЕЛОНА 20:45ч
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2011 во 23:31
Баерн спасуваше победа против Наполи

Баерн Минхен и Наполи на „Алијанц арената“ го одиграа најинтересниот натпревар на вечерашните натпревари во групите од А до Д во Лигата на шампионите.

 

„Баварците“ и покрај одличното прво полувреме во кое со хет-трикот на Марио Гомез од 17. до 42. минута стигнаа до убедлива предност од 3-0, на крајот мораа да спасуваат победа откако гостите од Неапол со двата гола на Фернандез во 45 и во 79 стигнаа на само еден гол од бод. Сепак, Баерн Минхен ја зачува предноста по што ја задржа и лидерската позиција во Групата А, пред Манчестер Сити кој лесно стигна до триумф од 0-3 на гостувањето против Виљареал. Јаја Туре во 30 и во 71. минута, и Марио Балотели во 45. минута од пенал беа стрелците за „граѓаните“.

 

По пауза од еден месец поради повредата на бутниот мускул, Горан Пандев повторно се врати на терени одигрувајќи ги последните шест минути за Наполи. Но, овој пат не успеа уште еднаш да ја замолкне „Алијанц арената“ во финишот на натпреварот, како што беше тоа случај минатата година кога на Интер му обезбеди пласман во полуфиналето од ЛШ.

 

На останатите вечерашни натпревари лесни победи забележаа фаворитите. Манчестер Јунајтед во групата Ц немаше проблеми против Оцелул победувајќи со 2-0, додека Реал Мадрид со двата гола на Кристијано Ронладо (во 24. минута и во 69. минута од пенал) стигна до триумф на гостувањето во Лион. Во истата група Ајакс го декласираше Динамо Загреб со 4-0.

 

Сигурен во Групата Б и натаму е Интер кој го совлада Лил со 2-1. „Нераѕурите“ дојдоа до водство од 2-0 со головите на Самуел во 19 минута, и Диего Милито во 65 минута, а гостите од Франција единствено преку Де Мело во 84 минута успеаја да го ублажат поразот. 

 

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – РЕЗУЛТАТИ (4. КОЛО)

Група А: Баерн М – Наполи 3-2, Виљареал – Манчестер Сити 0-3

Табела: Баерн М. 8, Манчестер С. 7, Наполи 5, Виљареал 0.

 

Група Б: Трабзон – ЦСКА Москва 0-0, Интер – Лил 2-1

Табела: Интер 9, ЦСКА 5, Трабзон 5, Лил 2.

 

Група Ц: Манчестер Ј – Оцелул 2-0, Бенфика – Базел 1-1

Табела: Манчестер Ј. 8, Бенфика 8, Базел 5, Оцелул 0.

 

Група Д: Лион – Реал М 0-2, Ајакс – Динамо З 4-0

Табела: Реал М. 12, Ајакс 7, Лион 4, Динамо З. 0.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2011 во 08:46

Апоел, Баер Леверкузен и Арсенал од вечерва се меѓу осминафиналистите во фудбалската Лига на шампионите

Кипарскиот Апоел на македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски влезе во историјата на фудбалот на оваа држава и меѓу сензациите во фудбалска Европа откако вечерва обезбеди место во нокаут фазат од елиното натпреварување.

 

Во дуелот од 5. коло во фазата по групи, Апоел непоразен, со реми без голови,
си замина од гостувањето кај Зенит и ја прдоложи серијата без пораз сезонава
во шампионската лига. Со 9 бода, Апоел е лидер на табелата во групата - Г и на
коло пред крајот на групната рунда обезбедува место меѓу 16 најдобри екипи.Во последното коло Порто и Зенит играат меѓу себе за второто празно место во фазата 16 преку оваа конкуренција.

Арсенал оди во следната натпреварувачка фаза како првопласиран во групаа-
Ф- откако вечерва славеше со 2-1 над Борусија Дортмунд. Арсенал има 11 бода,
Марсеј кој вечерва загуби од Олимпијакос со 1 - 0 останува на втората позиција,
но за пласман во нокаут рундата ќе мора да се мачи во последното коло на
гостувањео кај Борусија Дортмунд. Олимпијакос во последното коло дома игра
со Арсенал.

Баер Леверкузен со победата вечерва против Челзи си осигура пласман меѓу 16
најдбори европски екипи сезонава. Баер славеше со 2 - 1 и со 9 бода ја предводи
групата -Е-. Во последното коло Челзи и Валенсија во меѓусебен дуел директно
ќе решаваат за вториот патник во осминафиналето преку оваа конкуренција. На
тој дуел на Челзи ќе му биде неопходна победа или реми без голови за да оди во
фазата 16. Валенсија вечерва комплетно го декласираше Генк, тирумфирајќи на
Местаља со 7-1.

Барселона ќе ја заврши групната фаза како првопласирана во групата -Х- откако
вечерва во дербито со 3 - 2 го победи Милан и му побегна дури на пет бода
дистанца. Милан двапати се враќаше од негатива, израмни на 1 - 1, а потоа и на 2
- 2, но немаше сили да ја достигне и третата позитива на Каталонците. Викторија
Плзен си обезбеди добра позиција пред завршното коло по две недели во
битката со Бате Борисов за третото место кое води во УЕФА Европа лигата.
Чесите вечерва забележаа гостинска победа од 1 - 2 кај Бате и дојдоа до 4 бода,
Белорусите имаат два помалку. Во завршното коло Плзен го пречекува Милан, а
Бате и гостува на Барселона



Изменето од емил - 24.Ноември.2011 во 08:47
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2011 во 10:42
ЛШ: Челси убедливо, Марсеј магично, Олимпијакос несреќно
 
Челси, Баер Леверкузен, Олимпик Марсеј и Зенит обезбедија учество во осминафиналето од Лигата на Шампиони по што им се придружија на Арсенал, Милан, Барселона и АПОЕЛ кои претходно обезбедија учество во нокаут фазата на ова елитно натпреварување
 
 
Челси го потврди пласманот во следната рунда во директен дуел со Валенсија. „Сините“ на домашен терен го решија мечот за 20 минути, откако Дрогба и Рамирез за затресоа мрежата на Валенсија.

Во продолжение Дрогба со својот втор гол само ја запечати судбината на Валенсија, која европската авантура ќе ја продолжи во Лига Европа.

Баер Леверкузен против аутсајдерот Генк не успеа да победи, па „фармацевтите“ во Белгија освоија бод, со што го загубија првото место во групата и во осминафиналето одат како второпласирани.

Најинтересниот натпревар се случуваше во Ф групата, каде по половина час игра Олимпијакос го имаше обезбедено второто место, грчкиот тим водеше со 2-0 против Арсенал, додека Марсеј со ист резултат губеше во Дортмунд.

Но, вистинската драма допрва следуваше - до крајот сепак Марсеј успеа да победи. Рами, Ајев и Валбуена беа творци на волшебниот пресврт со кој Марсеј се пласира во осминафиналето, а го остави Олимпијакос да се задоволи со Лига Европа.

АПОЕЛ на Иван Тричковски претрпе безболен пораз на домашен терен од Шахтјор, но поради нерешениот резултат на Порто и Зенит кипарскиот тим е прв во Г групата.

Барселона во Х групата со младинскиот тим убедливо го победи БАТЕ Борисов со 4-0. Гвардиола на теренот истрача со екипа во која само Максвел и Дос Сантос беа странци, а покрај овие двајца од познатите имиња играа уште голманот Пинто, како и Педро и Алкантара. Но и ваквиот тим на Барса беше пресилен за Белорусите.

Милан, пак во Чешка, против Викторија Плзен, во финишот ја испушти предноста од 0-2 и му дозволи на противникот да освои бод.

Резултати:

Група Е:
Челси-Валенсија 3-0
Генк-Баер Леверкузен 1-1
Табела: Челси 11, Баер 10, Валенсија 8, Генк 3

Група Ф:
Олимпијакос-Арсенал 3-1
Борусија Дортмунд-Марсеј 2-3
Табела: Арсенал 11, Марсеј 10, Олимпијакос 9, Борусија 4

Група Г:
Порто-Зенит 0-0
АПОЕЛ-Шахтјор 0-2
Табела: АПОЕЛ 9, Зенит 9, Порто 8, Шахтјор 5

Група Х:
Барселона-БАТЕ Борисов 4-0
Викторија Плзен-Милан 2-2
Табела: Барселона 16, Милан 10, Викторија 5, БАТЕ Борсов 2

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2011 во 05:52
Топчиите ќе стрелаат во Милан


Ништо помалку интересен нема да биде и вториот италијанско-англиски дуел меѓу екипите на Наполи и на Челзи


Раката на легендарниот репрезентативец на Германија, Паул Брајтнер, одлучи во 1/8-финалето на Лигата на шампиони силите да ги одмерат: Лион - АПОЕЛ, Наполи - Челзи, Милан - Арсенал, Базел - Баерн (М), Баер (Л) - Барселона, ЦСКА (М) - Реал (М), Зенит - Бенфика, Марсеј - Интер. Со тоа е избегната првата можна пресметка во елиминации меѓу македонските репрезентативци Горан Пандев (Наполи) и Иван Тричковски, кој е предводник на нападот на најпријатното изненадување сезонава, кипарскиот АПОЕЛ.

 

Од сите двојки најголемо внимание привлекува првата пресметка меѓу претставниците на Италија и Англија, Милан и Арсенал. Лондонскиот премиерлигаш го доби најтешкиот можен противник од групата на аутсајдер, додека на калчо гигантот му се исполни желбата да го нема за противник, претставникот на Шпанија, Реал (М).
- Одличен тим, предводен од фантастичниот менаџер, Арсен Венгер. Очекувам два тешки натпревари, Арсенал е на исто ниво како и Милан. Ќе мора да се почека, по вториот натпревар ќе биде познат патникот во 1/4-финалето, изјави тренерот на "росонерите", Масимилијано Алегри.

Незадоволство од ждрепката демонстрираше и претставникот на "топчиите", Дејвид Мајлс.
- Да бидеме искрени, Милан не ни беше желба кога е во прашање противникот. Ќе дадеме се од себе, прво во Милано, потоа и во Лондон. Го елиминиравме Милан во сезоната 2007/2008. Јас сакам реприза на таа сезона, изјави претставникот на Арсенал.

Ништо помалку интересен нема да биде и вториот италијанско-англиски дуел меѓу екипите на Наполи и на Челзи.

Германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен ќе биде противник на актуелниот бранител на тронот, каталонскиот гигант Барселона.
- Подобро ќе беше да играме со Барса во следната рунда. Чест е да се игра со каталонскиот гигант. Сите позитивно размислуваме и сите се радуваме на дуелот со Барса. Ние ќе пробаме да го изненадиме најголемиот фаворит за шампионскиот пехар, изјави претставникот на "фармацевтите".

Далеку подобро помина вториот претставник на Германија, Баерн (М) кој важи за апсолутен фаворит во дуелот со актуелниот шампион на Швајцарија, Базел.
- И минатата сезона игравме против Базел. За нас ова е добра ждрепка. Особено се радувам на реваншот на "Алијанц арена". Веќе нема слаб противник, Базел не може да ја има улогата на апсолутен аутсајдер. Очекувам добар резултат уште во Швајцарија, изјави претставникот на баварскиот гигант, Карл Хопфнер

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2012 во 22:51

ЛШ: ЛЕКЦИЈА ОД МИЛАН ЗА “ТОПЏИИТЕ“







Во последниот натпревар оваа недела во рамките на осминафиналето од Лигата на Шампионите, во дербито на Сан Сиро, Милан го демолираше лондонски Арсенал со 4:0.


Дербито на осминафиналето на Сан Сиро започна со мала иницијатива на италијанскиот шампион, но без некои посериозни шанси кон голот на Шчесни.


Првиот посериозен удар го упати Сидорф, но топката мина крај десниот дирек од голот на Арсенал. Истиот играч беше заменет поради повреда веќе во 12-тата минута, а на негово место влезе Емануелсон.


Во пенаесеттата минута иницијативата на Милан вроди со плод и водство од 1:0, а голот беше вистинско ремек дело на Боатенг. Асистенција од Ночерино од десната страна, ја прими топката на гради малку од косо во шеснаесетникот и со силен и прецизен волеј удар ја смести топката во голот на Арсенал.


Но екипата на Милан не застана со нападите. Во 20-тата минута следуваше нова “бомба“ од Ночерино, но за малку не беше прецизен. До тој момент екипата на Арсенал скоро и да не ја помина средината од теренот.


Првата полушанса за Арсенал дојде дури во 25-тата минута. Ван Перси нафрли од слободен удар, а Кошчелни со глава биеше во добро поставениот Абиати.


Милан продолжи со иницијативата и неколку пати, доколку реагираа малку подобро, ќе можеа да постигнат и втор погодок.


Но не можеше вечно да грешат. Во 38-мата минута, иако се чини дека беше во офсајд, Ибрахимовиќ поведе акција по левата страна, упати остар центаршут и буквално го погоди во главата Робињо за водство од 2:0.


До крајот на полувремето Кевин Принс Боатенг имаше шанса да постигне и втор гол но овој пат неговиот шут беше за малку непрецизен и резултатот остана 2:0.


Второто полувреме започна најдобро што може за екипата на Милан. Во 49-тата минута Робињо по една асистенција на Ибрахимовиќ од 16 метри по трет пат го совлада голманот на Арсенал и во тој момент може да кажеме дека со едната нога екипата на Милан се наоѓаше во четвртфиналето.


Имаа шанса и за 4:0 кога по еден контра напад сам пред голот на Арсенал беше Антонини, но левиот бек на Милан шутираше очајно.


Во 65-тата минута ја видовме најубавата шанса за Арсенал да постигне гол и колку толку да ги врати надежите дека можат да се пласираат во четвртфиналето, но Абиати со прекрасна интервенција го спречи волејот на Холанѓанецот.


Во 77-мата минута пенал за Милан, кој го изнуди Ибрахимовиќ кога на него стартуваше Џуру. Истиот играч ја превзеде одговорноста и зголеми на огромни 4:0 за италијанскиот шампион.


До крајот Арсенал имаше неколку обиди за почесен погодок, пред се преку Ван Перси, но Абиати не дозволи да се затресе неговата мрежа.


На крајот може да кажеме дека екипата на Милан со 99,9 проценти е во четвртфиналето од најелитното натпреварување во Европа.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2012 во 23:04

ЛШ: ЗЕНИТ ПОДОБАР ОД БЕНФИКА ВО ФАНТАСТИЧЕН НАТПРЕВАР






Во првиот натпревар денес од Лигата на шампиони, пет гола, одличен натпревар и заслужена победа на Зенит од 3:2.


Натпреварот двете екипи го започнаа претпазливо, без некои поголеми шанси на двете страни. Првата ја искористија гостите во 20-тата минута после една лоша интервенција на домашниот голман Жевнов. Од слободен удар шутираше Кардозо, а Жевнов ја одби кратко топката точно на ногата на Макси Переира на кој не му беше тешко од 5 метри да ги доведе гостите во водство.


По примениот гол Зенит заигра многу поангажирано, ја презема контролата на играта што набрзо резултираше со израмнувачки погодок. Се играше 27-мата минута, од левата страна центрираше Хубокан, а Широков со волеј од петнаесетина метри постигна убав гол за израмнување на резултатот. Во продолжението од полувремето немаше шанси за постигнување гол па резултатот на полувремето гласеше, 1:1.


Второто полувреме донесе слична игра како и првото, а во првите 25 минути немаше некои поголеми шанси за гол и на двете страни.


А потоа дојде 71-та минута и најубавиот момент на натпреварот кое беше мало ремек дело на фудбалерите на Зенит. Акцијата се движеше по десната страна, Бистров одлично го проигра Семак, кој на брилијантен начин, со пета, го постигна голот за водство на Зенит и ги стопли срцата на навивачите на преполниот стадион, кои и покрај температура од -10 Целзиусови степени дојдоа да го бодрат својот тим.


Но во 87-та минута повторно молк на стадионот во Санкт Петерсбург и повторно лоша интервенција на домашниот голман кој му ја подари топката на Кардозо, а на него не му беше тешко да погоди од само два метра.


Но тука не беше крајот на овој натпревар. Само што тргнаа од центарот, уште една грешка на одбраната но овој пат на спротивната страна. Стрелецот на првиот гол за Бенфика, Переира, му поклони една топка на Широков во шеснаесетникот, а овој тоа го искористи за негов втор гол и победа на Зенит од 3:2 и надеж дека овој резултат ќе им биде доволен за пласман во четвртфиналето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2012 во 23:44

ЛШ: Арсенал на чекор од сонот, Бенфика го исфрли Зенит







Феноменалното прво полувреме “топџиите“ не успеаа да го крунисаат со пласман во четвртфиналето. Во Лисабон, Бенфика го елиминираше Зенит.


Фудбалерите на Арсен Венгер беа свесни дека мораат да одат на се или ништо доколку сакаат да ја достигнат огромната предност на Милан од првиот натпревар.


За нивна среќа уште во 7-та минута Кошчелни по еден убаво изработен корнер успеа со глава да ги доведе многу рано домаќините во водство. По голот Арсенал имаше уште две убави можности преку Ван Перси. Во првата шанса лошо искомбинира со Росицки па убавата можност пропадна, а во втората убаво интервенираше голманот Абиати.


Но во 25-тата минута Росицки успеа да постигне гол по една очајна интервенција на одбраната на Милан, поточно на Тијаго Силва. По еден лош центаршут на Волкот од десната страна тој не успеа да ја исфрли топката која дојде до Росицки, а тој од 13 метри убаво пласираше до левиот дирек од голот на Милан, а Абиати не успеа да го одбрани милиметарски прецизниот шут на Чешкиот репрезентативец, 2-0. Од тој момент, “невозможната мисија“ за Арсенал изгледаше многу возможна, 2-0 по само 25 минути. Милан до тој момент не успеа посериозно да го загрози голот на Арсенал, а првиот прецизен удар го упати Абате во 32-та минута.


Арсенал продолжи со притисокот, а тоа резултираше со пенал во 42-та минута кој беше направен врз Чембрлен. Тој одлично продре во шеснаесетникот на Милан и беше соборен од Месбах, а Ван Перси не греши од белата точка и тоа беше веќе 3-0 за Арсенал.


Милан можеше во 45-тата минута да постигне гол за дополнително да им ја отежни работата на “топџиите“, но Ел Шарави од идеална позиција, очи во очи со Шчесни, биеше крај голот на Арсенал.


Второто полувреме започна со подобра игра на Милан, но првата огромна шанса повторно ја имаше Арсенал преку Ван Перси кој по еден контра напад од само 2-3 метри не успеа да го совлада Абиати, кој пред тоа ја одби топката по шутот на Жервињо.


Тоа можеше да го казни Ибрахимовиќ во 62-та минута по “подарокот“ од голманот на Арсенал Шчесни кој наместо да ја исфрли, му ја додаде топката на Швеѓанецот, а овој шутираше само покрај голот на лондончаните.


И Милан беше опасен во неколку ситуации преку Робињо и Ел Шарави, но не успеа да постигне гол со кој би ги решил сите дилеми за четвртфиналето. Ибрахимовиќ го немаше никаде на овој натпревар, барем до 75-тата минута кога го упати првиот посериозен удар кон голот на Арсенал но голманот на домаќините одбрани. Ночерино во продолжение од истата акција успеа, слично како и Ван Перси, од само 2 метри, непречен од никого, да го погоди денеска одличниот Шчесни.


До крајот немаше посериозни можности за гол. Арсенал одигра одличен натпревар, но големиот дефицит од првиот натпревар во Милано се покажа како решавачки за неуспехот да се пласираат во четвртфиналето.






Бенфика на “Да Луш“ бркаше негатива од еден гол, а победа од 1-0 над Зенит ја водеше во четвртфиналето од ЛШ.


Португалскиот гигант ја имаше иницијативата во првото полувреме и стрпливо ја чекаше својата шанса да го постигне толку посакуваниот погодок. Зенит очигледно дојде да го брани водството од првиот натпревар и немаа никакви намери да нападнат кон голот на Бенфика. Во последната минута од првото полувреме Португалците успеаа да постигнат гол кога Переира од непосредна близина успеа да го совлада Малафеев.


Во второто полувреме Бенфика успеа да се одбрани, а во финишот од натпреварот, кога Зенит фрли се на една карта, успеа преку Оливеира да стави точка на овој дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите и заслужено се пласираше во следната рунда од најелитното натпреварување во Европа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2012 во 11:11
Тричковски и АПОЕЛ пред историско четвртфинале во ЛШ

 
Вечерва во Лигата на шампиони, се играат реванш натпреварите меѓу АПОЕЛ и Олимпик, и Барселона и Баер, по што ќе бидат познати имињата на уште две екипи, кои ќе продолжат во четврфиналето.
 
 
Апоел од Никозија оваа сезона секако е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите, а пласманот во осминафиналето беше вистинска сензација и најголем успех во клупската историја.Вечерва, екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Иван Тричковски за противник го има Олимпик Лион.

Францускиот преставник на првиот меч и покрај целосната доминација забележа победа од 1:0, резултат што на тимот на Тричковски, му дава шанси за пласман меѓу најдобрата осумка во Европа.

Актуелниот европски првак, Барселона, на домашен терен ќе го пречека Баер Леверкузен. Реваншот на „Камп Ноу“ треба да биде само формалност, бидејќи Каталонците на првиот меч победија со 3:1.

Синоќа, поранешните европски шампиони, Милан и Бенфика, станаа првите четврфиналисти во Лигата на шампиони.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 08:28
Тричковски и АПОЕЛ во четвртфиналето на ЛШ

 
Меѓу осумте најдобри во Европа влезе и кипарскиот АПОЕЛ по победата над Олимпик на пенали (4:3), благодарение на голманот Кјотис кој успеа да одбрани два пенала
 
 
Фудбалерите на АПОЕЛ од Никозија каде настапува и нашиот репрезентативец Иван Тричковски приредија нова сензација и се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампиони. 

Во Никозија вкупниот резултат после регуларниот дел од реванш натпреварот со Олимпик Лион беше 1-1. Се играа продолжениjа, но и дополнителните 30 минути не дадоа победник, пa се изведуваа пенали.

Во првите три серии играчите на двата тима беа сигурни. Првото промашување дојде во четвртата серија на страната на Олимпик, а несигурен од 11 метри беше Лаказет. По него прецизно биеше нашиот Тричковски кој го одведе АПОЕЛ во водство. После него Бастос имаше шанса да го израмни резултатот, но неговиот удар не беше прецизен. Ова промашување го одведе АПОЕЛ во четвртфиналето. 
Тричковски влезе во игра во 73. минута на местото на Солари, но неговиот пенал се покажа како клучен во победата на кипарскиот претставник
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2012 во 08:29
Меси е првиот играч што постигна 5 голови на еден натпревар во ЛШ

 
Актуелниот европски првак Барселона го демолира Баер Леверкузен, во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони.
 
 
Барса го победи Баер со 7:1, а најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, се запиша во историјата, како прв фудбалер која на еден натпревар во елитното натпреварување постигнал пет гола.

Голгетерскиот шоу на Меси го надополни маладиот напаѓач Тељо, кој два пати ја погоди мрежата на Германците. Почесниот гол за Баер го постигна Белараби во 90-та минута.

Меси со овие пет гола се искачи на третото место, на вечната листа, кога се во прашање стрелците.

Аргентинецот на 65 натпревари во ЛШ постигнал 54 погодоци, прв е Раул со 71 гол во одиграни 144 натпревари, втор е Руд ван Нистелрој кој на 74 средби, противничките мрежи ги погодил 56 пати.

Победата на Барса е една од најубедливите во историјата на елитното фудбалско натпреварување, Манчестер Јунајтед, во сезоната 2006/07 ја победи Рома со 7:1, а со ист резултат, во сезоната 2008/09, Баерн Минхен го совлада Спортинг Лисабон.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 23:17

ЛШ: БАЕРН КАКО БАРСА, ШОК НА МЕАЦА





Баерн вечерва против Базел импресивен. Многу лесно дојде до победа, дури и полесно од очекуваното. Четири гола на Гомез и резултат од 7:0.





Фудбалерите на Базел ни во сон не очекуваа дека на Алианц арена ќе ги снајде ваков кошмар.


Се беше решено уште во првите 45 минути, кога Баерн постигна три од вкупно седумте голови. Серијата ја започна Робен во 10та, настави Милер во 42та, а потоа на сцена стапи феноменалниот Марио Гомез. Во 44та минута го постигна првиот гол, потоа уште три, во 50та, 61та и 67та минута. Точка на натпреварот стави Робен во 82та минута за конечни 7:0. 

Во вториот натпревар фудбалерите на Марсеј изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампиони, откако вечерва во драматичен натпревар во завршницата го елиминираа Интер и покрај поразот од 2:1.


Домаќините во првиот дел промашија неколку извонредни прилики, во продолжението поведоа преку Милито, а прав шок следеше во продолжението кога Брандао ја искористи грешката на Самуел.Конечните 2:1 за Интер ги постави Пацини од пенал, недоволен за пласман понатака, бидејќи Марсеј постигна гол во гости.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 23:03

Реал Мадрид и Челси исчекорија кон полуфиналето во ЛШ 


Европските гиганти Реал Мадрид и Челси, едни од најбогатите европски клубови моментно, исчекорија кон полуфиналето во Лигата на шампионите по денешните гостински победи против АПОЕЛ на Кипар, односно Бенфика во Лисабон.

Карим Бензема му даде два гола на кипарскиот првак

„Кралскиот клуб“ потврди дека сезонава е практично непобедлив и преголем залак малиот АПОЕЛ, чиј член е македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, по победата со 3-0 во Никозија. Популарниот Тричко, уште по пласманот во ова четвртфинале, јастно стави до знаење дека приказната завршува ако им се падне Реал или Барса.

Тричко не успеа да даде гол, а на спротивната страна рутински Карим Бензема во 74. минута на асистенција на Кака, кој осум години подоцна даде гол по акцијата на Марсело. Реал беше подобар противник, а дефанзивата на АПОЕЛ одолеваше повеќе од еден час, но не успеа бедемот да издржи пред голот на Хјотис. Бензема во 90 минута погоди уште еднаш по полуконтрата на Месут Озил.

Тричковски во дуел со Алваро Арбелоа

Тричковски во позадина го „напаѓа“ Пепе

Бенфика посакуваше англиски противник и го доби Челси, но „сините“ не се така лесен противник за залетаните „орли“, па лондонскиот богаташ со минимални 1-0 направи огромен чекор кон полуфинале. Саломон Калу го постигна највредниот гол сезонава за Челси, а најголемите заслуги одат на грбот на Фернандо Торес по чија акција и асистенција, Англичаните стигнаа до вредната победа.

Утре се играат преостанатите два меча, дербито на рундата Милан – Барселона и Марсеј – Баерн Минхен.



Изменето од емил - 27.Март.2012 во 23:03
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.