|
На денешен Ден |
Внеси реплика | страница <1 3132333435 36> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
539 п.н.е. Персискиот цар Цирус од Ахејменидската династија го освоил Вавилон. 1492 Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. 1822 Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија. 1941 Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд. 1941 На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 евреи во Днепропетровск, Украина. 1964 СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Јегоров. 1969 СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“. 1994 Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години. 1995 На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство. 1999 На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја.
Родени 1874 Андонис Влахакис, андарстки капетан. 1896 Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. 1962 Бранко Црвенковски, третиот претседател на Република Македонија. 1350 Дмитриј Донски руски кнез
Починале 1875 Жан-Батист Карпо, славен француски скулптор (р. 1827.) 1924 Анатол Франс, славен француски писател, нобеловец (р. 1844.) 1996 Рене Лакост, француски тенисер (р. 1904.) |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
202 п.н.е. Во битката кај Зама, Римјаните предводени од Сципион Африканецот извојувале конечна победа против картагинците и Ханибал во Втората Пунска војна. 1453 Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ла Манш. 1469 Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I од Кастилја што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастилја во една земја - Шпанија. 1512 Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia). 1812 Наполеон почнал да се повлекува од Москва. 1935 Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија. 1944 Втора Светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини. 1994 Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје. 2002 Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди. 2003 Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.
Родени 1735 Џон Адамс, втор претседател на САД (1797 - 1801). 1924 д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар.
Починале 1745 Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. 2003 Алија Изетбеговиќ, поранешен претседател на Босна и Херцеговина |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1728 Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот. 1803 Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија. 1865 Отава станала новата престолнина на Канада. 1941 Втора Светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. 1944 Втора светска војна: Ослободен градот Белград 1945 Жените во Франција добиле право на глас 1949 Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН 1973 Англиската кралица Елизабета II официјално ја отворила Сиднејската опера 1994 Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. 2001 Протести низ француските градови против зависноста од нуклеарна енергија.
Родени 1875 Димо Хаџи Димов, македонски револуционер. 1915 Мирче Ацев, народен херој на Македонија. 1915 Антон Попов, македонски револуционер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.
Починале 1940 Гунар Асплунд, шведски архитект. 1994 Берт Ланкастер, американски актер и режисер, добитник на филмската награда Оскар 2003 Миодраг Петровиќ - Чкаља, српски актер и комичар. 2003 Ѓоко Георгиев, водител на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови на поп музика. |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Настани:
1917 Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна. 1942 Втора Светска војна: Кај градчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка. 1944 Втора Светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби. 1944 Втора Светска војна: Сојузнички држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол. 1954 САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија. 1956 Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија. 1973 Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток. 1992 По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото. Родени: 1698 Анж-Жак Габриел, влијателен француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура. 1844 Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба. 1927 Лешек Колаковски, полски философ. 1940 Пеле, бразилски фудбалер. Починале: 1872 Теофил Готје, француски писател. Пишувал песни, романи, патописи и критики. 1893 Александар I Батенберг, кнез на Бугарија. 1918 Едмон Бушје Де Бел, француски писател. 1990 Луј Алтизе, француски философ. Празници: Унгарија - Национален ден Ден на мaкедонската револуционерна борба -Државен празник |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1517 На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на Реформацијата“. 1876 Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести. 1892 Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс. 1924 Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето. 1956 Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет. 1984 Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики. 1994 Лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата. 1995 Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ.
Родени 1345 Фернандо I Португалски, португалски крал. 1391 Едвард Португалски, португалски крал. 1424 Владислав III, крал на Полска и Унгарија. 1705 Папа Климент XIV, римски папа од 19 мај 1769 до 22 септември 1774 година. 1835 Адолф фон Бајер, германски хемичар. 1838 Луис I Португалски, португалски крал. 1920 Фриц Валтер, германски фудбалер. 1919 Димитар Богоевски - Мите, народен херој на Македонија. 1930 Мајкл Колинс, американски астронаут. 1942 Атанас Ќушкоски, македонски драмски писател. 1947 Херман ван Ромпој, белгиски политичар. 1961 Питер Џексон, новозенландски режисер. 1964 Марко Ван Бастен, холандски фудбалер. 1968 Ванила Ајс, американски рапер. 1971 Сашо Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избиле во 1991 година во СФРЈ. 1972 Григорис Георгатос, грчки фудбалер. 1976 Гути, шпански фудбалер. 1979 Симао Саброса, португалски фудбалер.
Починале 1448 Јован VIII Палеолог - претпоследен византиски цар. 1851 Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора. 1898 Јосиф Ковачев, македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник. 1984 Индира Ганди, премиер на Индија и истакнат лидер на Движењето на неврзаните. 1987 Џозеф Кембел, американски митолог . 1993 Федерико Фелини, италијански филмски режисер. 2002 Михалис Стасинопулос, претседател на Грција. 2006 Питер Бота, претседател на ЈАР. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1512 Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за прв пат ѝ е претставен на јавноста. Родени: 1339 Рудолф IV Австриски, војвода од Австрија. Починале: 921 Ричард Бургундски, војвода од Бургундија. Изменето од емил - 01.Ноември.2011 во 10:38 |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
6 ноември
Настани 355 Констанциј II го прогласил Јулијан Отпадник за цезар. 1315 Данте Алигиери е осуден на смрт. 1512 Фернандо Магелан пристигна на Молучките острви. 1860 Абрахам Линколн станал претседател на САД. 1942 Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“. 1943 Втора Светска војна: Советската армија го ослободил градот Киев. Родени 1479 Хуана I Кастилјска, кралица на Кастилја и Леон. 1494 Сулејман Величенствениот, отомански султан. 1661 Карлос II , крал на Шпанија. 1787 Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот литературен јазик. 1814 Адолф Сакс, белгискиот призводител на дувачки инструменти. 1909 Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент 1921 Јован Кокаловски, македонски поет, новинар и публицист. 1939 Јордан Добревски, македонски писател за деца и драмски автор. 1948 Роберт Хибнер, германски шахист. 1987 Ана Ивановиќ, српска тенисерка 1944 Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово. 1984 Роналд Реган повторно е избран за претседател на САД. 1996 Хрватска била примена во Советот на Европа. Починале 1032 Папа Јован XIX, римски папа. 1406 Папа Инокентие VII, римски папа. 1632 Густав II Адолф, шведски крал. 1836 Шарл X, француски крал. 1893 Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари во 19 век. 1915 Христо Чернопеев, бугарски офицер, учесник во македонското револуционерно движење. 1933 Андреј Љапчев, премиер на Бугарија. 1989 Владимир Хоровиц, најпознат пијанист во 20 век. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Родени на денешен ден
1931 Тома Прошев, македонски композитор. 1942 Михаил Левенски, македонски поет, раскажувач, драмски автор. Починале на денешен ден 1907 Лазар Маџаров, македонски револуционер. 1968 Јован Бошковски, македонски писател, филмски критичар, преведувач и сценарист. 2006 Вера Ацева - учесник во НОБ и народен херој на Југославија. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Настани 1933 Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот - нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за „големогермански простор“. 1941 Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва. 1992 Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана. 2001 Тројца припадници на специјалната единица на македонската полиција „Лавови" загинаа, а повеќе се ранети во близина на тетовското село Требош.
Родени 1547 Клаудија Валоа, француска принцеза. 1833 Александар Бородин, Руски композитор и хемичар (п. 1887.) 1840 Огист Роден, француски скулптор (п. 1917.) 1866 Сун Јат Сен, кинески политичар. 1933 Борислав Ивков, српски шахист. 1934 Леонид Штајн, украински шахист. 1953 Василис Карас, грчки пејач. 1961 Надја Команечи, романска гимнастичарка. 1972 Пабло Зарницки, аргентински шахист. 1974 Дарио Шимиќ, хрватски фудбалер. 1975 Алесандро Бириндели, италијански фудбалер. 1976 Мауро Каморанези, италијански фудбалер. 1979 Мунтазар ал Зејди, иракски новинар.
Починале 607 Бонифациј III, римски папа. 1035 Кнут Велики, дански крал. 1252 Бланка Кастиљска, кралица на Франција. 1693 Марија ван Остервејк, холандска барокна сликарка. 1903 Камиј Писаро, француски уметник. 1916 Персивал Лоуел, американски астроном. 1973 Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. 1981 Херман Пилник, аргентински шахист. 1989 Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, шпанска револуционерка. 1988 Јаника Балаж, југословенски музичар |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Настани
1944 – за време на НОВ ослободено е Скопје. Денеска им се оддава почит на 87 жртви и 1200 борци кои на 13 ноември 1944 година учествуваа во негово ослободување од бугарскиот и германскиот окупатор. 1945 Францускиот генерал Шарл де Гол е избран од 555 пратеници за претседател на привремената влада на Франција. Во новата коалициска влада, влегуваат и петорица комунисти. 1994 Швеѓаните на референдум одлучиле дека нивната земја може да се приклучи на Европската унија. 1997 Петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите. 2006 Европската Унија одобри преговори за визни олеснувања за Западен Балкан. Родени 354 Августин Хипонски, хриатијански философ. 1312 Едвард III, крал на Англија. 1813 Петар Петровиќ - Његош, владика и владетел на Црна Гора. 1818 Михаил Катков, руски публицист. 1834 Николај Столетов, руски офицер. 1850 Роберт Луис Стивенсон, англиски писател. 1882 Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода. 1899 Хуанг Сјенфан, кинески историчар и антрополог. 1915 Станко Липша, оперски пејач. 1922 Климе Стојоски, македонски партизан. 1949 – родена е Вупи Голдберг, американска актерка 1957 Стивен Бекстер, британски писател. 1959 Хари Костов, премиер на Македонија. 1965 Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам. 1969 Џерард Батлер, шкотски актер. 1982 Куми Кода, јапонска пејачка. 1991 Џефри Брума, холандски фудбалер. Починале 565 Јустинијан I, византиски император. 867 Никола I, римски папа. 1093 Малколм III, шкотски крал. 1143 Фулк Ерусалимски, крал на Ерусалим. 1357 Иван II Московски, кнез на Московското кнежество и голем кнез на Владимирско-Суздалското кнежество. 1868 Џоакино Росини, италијански композитор. 1981 Винсент Фереира Пастиња, мајстор по афро-бразилската боречка вештина Капуера. 1868 – почина Џоакино Росини, италијански композитот 1903 Камиј Писаро, француски сликар. 1912 Патријарх Јоаким III, патријарх на Константинопол. 1974 Виторио де Сика, италијански режисер и артист. Изменето од Calipso - 13.Ноември.2011 во 20:16 |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Родени на денешен ден :
1882 Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода. 1884 Добри Даскалов, македонски револуционер. 1922 Климе Стојоски, македонски партизан. 1959 Хари Костов, премиер на Македонија. 1965 Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам. 1944 година е ослободено Скопје. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
која година е роден Добри Даскалов ?
и зошто постираш работи што веќе са постирани ? Изменето од емил - 13.Ноември.2011 во 19:16 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум забележал ;)
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
17.11
Настани
1558 На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите. 1913 Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година. 1984 Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада. 1989 Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција. 1991 Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност. 2006 Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО. 2008 Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.
Родени 9 Веспазијан, римски император. 1291 Филип V, француски крал. 1755 Луј XVIII, француски крал. 1773 Витез Михај Чоконаи, унгарски поет. 1790 Август Фердинанд Мебиус, германски математичар, творец на Мебиусовата лента. 1887 Бернард Монтгомери, британски генерал. 1895 Кирил Преславски, принц на Бугарија. 1925 Рок Хадсон, американски актер. 1942 Мартин Скорсезе, американски режисер. 1944 Дени Девито, американски актер. 1963 Дилан Волш, американски актер. 1966 Софи Марсо, француска актерка. 1971 Мајкл Адамс, англиски шаховски велемајстор. 1983 Кристофер Паолини, американски романсиер. 1986 Нани, португалски фудбалер.
Починале 375 Валентинијан I, римски император. 474 Лав II, византиски император. 1558 Марија I, кралица на Англија. 1796 Катерина II , кралица на Русија. 1858 Роберт Овен, англиски социјалист. 1917 Огист Роден, француски скулптор. 1947 Виктор Серге, француски анархист 2006 Ференц Пушкаш, унгарски фудбалер. Изменето од емил - 17.Ноември.2011 во 08:22 |
|
Внеси реплика | страница <1 3132333435 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |