IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Чоколадо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чоколадо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 36>
Автор
Порака
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2012 во 00:11
да
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 07:36


Според најновото истражување, луѓето кои редовно јадат чоколада имаат тенденција да бидат слаби.

slabi500

Истражувањето е спроведено на 1000 Американци кои го следеа начинот на својата исхрана, внесувањето на калории и индексот на телесната тежина, односно степенот на дебелината.

Се покажа дека оние кои јадат чоколада неколку пати неделно во просек се послаби од оние кои јадат чоколада само привремено, објави BBC.

Иако чоколадата е калорична, таа содржи состојки кои наместо да прават масни наслаги, помагаат во губењето на тежината.

Според тоа, зголеменото внесување на калории од редовното конзумирање на чоколада е поврзана со слабеењето, а се чини дека честото јадење на чоколада е важен фактор, за разлика од некои други слатки.

Кон врв
Anita1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 898
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anita1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2012 во 16:01
kinder.....mmmmmmm
jas sum jas....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2012 во 18:45

5 митови за чоколадото


ЧоколадаМногу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка.

Мит 1. Чоколадото предизвикува проблеми со варењето на храната. 
Вистината: Чоколадото не е тешка храна. Истражувањата покажуваат дека порција од 200gr чоколадо се задржува во стомакот во просек околу 1 час. Тоа е многу малку во споредба со времето што е потребно за варење на многу други храни. Но, ако јадете неконтролирано, без разлика дали чоколадо или нешто друго, ќе имате проблеми со варењето.

Мит 2. Црното чоколадо содржи помалку калории. 
Вистината: Млечното и црното чоколадо содржат горе-долу исто калории – околу 560kcal/100gr. Сепак тие се разликуваат по нивниот состав. Млечното чоколадо содржи повеќе калциум (200-220mg/100gr) во споредба со црното (60-100mg/100gr). Црното чоколадо се добива со додавање на масти и шеќер кон какаото. Ова е чоколадо во чиј состав нема млеко како додаток. Млечното чоколадо е чоколадо со млеко во прав.



Мит 3. Чоколадото предизвикува мигрена. 

Вистината: Чоколадото содржи тирамин и фенилетиламин. Тие можат да предизвикаат мигрена, но се застапени во ниска концентрација во чоколадото. Затоа, многу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка. 

Мит 4. Чоколадото со повеќе какао е подобро. 
Вистината: Дали чоколадото со повеќе какао е повкусно или не, тоа зависи од индивидуалните преференции на секој човек. Ако чоколадото содржи повеќе какао, тогаш тоа има и повеќе масти. Доколку чоколадото има помалку какао во својот состав, тоа содржи повеќе шеќер. Едно чоколадо кое содржи 60% какао има само неколку калории повеќе, од чоколадото кое содржи 80% какао.

Мит 5. Чоколадото дебелее. 
Вистината: Факт е дека чоколадото е високо калорична храна, но сепак истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат проблеми со тежината не се чоколадохолици. Доколку се јаде умерено, чоколадото не предизвикуваа дебелеење.



Изменето од емил - 09.Април.2012 во 18:47
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2012 во 16:08
Најомиленитесреќа






















»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 18:16
Moj izbor:





.


Изменето од Valerija - 04.Мај.2012 во 18:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2012 во 19:51

Како се јаде чоколадо?

Секако дека не посто­јат строги пра­вила како се јаде чоко­ладо. Но како и кај сè друго, секо­гаш има подо­бар начин. А, кој би го знаел тој подо­бар начин, ако не некој швај­цар­ски про­и­зво­ди­тел на чоколадо.
 

Собата за дегу­ста­ции на про­и­зво­ди­те­лот на лук­су­зни чоко­лади „La Maison Cailler“, посто­јано прима тури­сти кои може да вку­сат неве­ро­јатни чоко­лади. Во собата има и спа­си­тел (Надеж Пилер), кој ќе ви помогне ако поч­нете да се давите во чоко­ладо. Токму таа ја знае нај­го­ле­мата гре­шка која ја пра­ват луѓето кога јадат чоко­ладо — речиси нико­гаш не го гле­даат и не го мири­саат, туку вед­наш го ста­ваат во уста.

Но, Мишел Бо, кој работи за Филип Паске, е тој кој ги знае речиси сите тајни на чоко­ла­дото. Него го наре­ку­ваат уште и чоко­лад­ниот мудрец. Еве што сове­тува тој:

Првин, чоко­ла­дото се крши. Потоа, се мири­саат аро­мите кои може да се почув­ству­ваат — какао, ванила, чад, слад…

Првиот залак треба да биде многу мал. Дово­лно само да го загрее јази­кот за пона­та­мо­шното уживање.

Вто­риот залак е оној што веќе се брои. Лижете го чоко­ла­дото, почув­ству­вајте како се топи. Утвр­дете ја тек­сту­рата (меко или рапаво). Слатко или суво?

Не брзајте со след­ниот залак. Ужи­вајте во вку­сот по голт­ну­ва­њето на првата коцка. Ќе се поја­ват нови детали.

Без оглед какво чоко­ладо кон­су­ми­рате, секо­гаш започ­нете од послаби кон појаки вкусови.

Нико­гаш не јадете повеќе од 4–5 различни видови чоко­лади. Со повеќе чоко­ладо, само ќе ја нама­лите можно­ста на јази­кот да чувствува.

Исчи­стете ги јази­кот и непцата со вода пред секој нов вид на чоко­ладо кој го вку­су­вате.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2013 во 18:02

5 митови за чоколадото


Чоколада
Многу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка.

Мит 1. Чоколадото предизвикува проблеми со варењето на храната.
Вистината: Чоколадото не е тешка храна. Истражувањата покажуваат дека порција од 200gr чоколадо се задржува во стомакот во просек околу 1 час. Тоа е многу малку во споредба со времето што е потребно за варење на многу други храни. Но, ако јадете неконтролирано, без разлика дали чоколадо или нешто друго, ќе имате проблеми со варењето.

Мит 2. Црното чоколадо содржи помалку калории.
Вистината: Млечното и црното чоколадо содржат горе-долу исто калории – околу 560kcal/100gr. Сепак тие се разликуваат по нивниот состав. Млечното чоколадо содржи повеќе калциум (200-220mg/100gr) во споредба со црното (60-100mg/100gr). Црното чоколадо се добива со додавање на масти и шеќер кон какаото. Ова е чоколадо во чиј состав нема млеко како додаток. Млечното чоколадо е чоколадо со млеко во прав.

Чоколада до вагаДоколку се јаде умерено, чоколадото не предизвикуваа дебелеење.

Мит 3. Чоколадото предизвикува мигрена.
Вистината: Чоколадото содржи тирамин и фенилетиламин. Тие можат да предизвикаат мигрена, но се застапени во ниска концентрација во чоколадото. Затоа, многу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка.

Мит 4. Чоколадото со повеќе какао е подобро.
Вистината: Дали чоколадото со повеќе какао е повкусно или не, тоа зависи од индивидуалните преференции на секој човек. Ако чоколадото содржи повеќе какао, тогаш тоа има и повеќе масти. Доколку чоколадото има помалку какао во својот состав, тоа содржи повеќе шеќер. Едно чоколадо кое содржи 60% какао има само неколку калории повеќе, од чоколадото кое содржи 80% какао.

Мит 5. Чоколадото дебелее.
Вистината: Факт е дека чоколадото е високо калорична храна, но сепак истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат проблеми со тежината не се чоколадохолици. Доколку се јаде умерено, чоколадото не предизвикуваа дебелеење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2013 во 09:47
mmm..so good
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2013 во 18:26
Originally posted by girl girl напиша:

sto mislite za cokoladite



Што да мислиме добро е што ги имаљубов
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2013 во 21:58
10 те најскапи чоколади во светот

Постојат чоколади во светот кои чинат дури стотици долари и претставуваат вистински луксуз и несекојдневие. Како што вели Форест Гамп „Животот е како кутија чоколади. Никогаш не знаеш што да очекуваш“. Колку и убаво да звучи ваквата метафора, таа не важи за овие најскапи чоколади. Тие што ќе ги купат, дефинитивно ќе знаат што ќе добијат. Еве кои се најскапите, од Париз па сè до Брисел, изберете си ги омилените и уживајте!10-те најскапи чоколади во светот

1. „Восгес У Шоколат“ – 60 евра

Со седиште во Чикаго, Восгес е компанија за чоколадо, која ги произведува едни од најуникатните чоколади што може да се пробаат. При изработката на чоколадото тие користат шунка, чили, цимет, ѓумбир и црн сусам.10-те најскапи чоколади во светот

2. „Чуао“ – 79 долари од парче

Чуао е регион во Венецуела и овој бренд, со седиште во Калифорнија, користи европски техники за правење на венецуелско чоколадо. Чоколадите се направени рачно, не содржат адитиви, и се прават со мешање на венецуелско какао со зачини и други уникатни состојки.10-те најскапи чоколади во светот

3. Гранд Кру од „Пјер Марколини“ – 100 евра

Оваа компанија е од Белгија, но користи какао од Еквадор, Индонезија, Мадагаскар, Мексико и Венецуела. Пјер Марколини има широк спектар на производи, кој од кој полуксузен, направени за задоволување на високите стандарди на посебните потрошувачи, меѓу кои и Опра Винфри.10-те најскапи чоколади во светот

4. Колекција „Џи“ од „Годива“ – 120 долари од парче

Овој белгиски бренд е синоним за луксузно чоколадо. Имаат посебна колекција на чоколадни бонбони, која се состои од 15 чоколатца, специјално артистички дизајнирани.10-те најскапи чоколади во светот

5. Бонбониера Енвол од „Ричарт“ – 120 долари од парче

Оваа компанија датира од 1925-та година и се наоѓа во Лион, Франција. Нудат чоколади со вкус на цитрон, билки и овошни ноти. Чоколадните зрна ги набавуваат од Хаити, Мадагаскар и Венецуела. Бонбониерата Енвол содржи 49 коцки чоколадо, рачно декорирани со деликатен дизајн.10-те најскапи чоколади во светот

6. Колекцијата на Афисионадо од „Куќата на Грауер“ – 200 евра

Компанија од Швајцарија, која нуди 14 различни вкусови чоколадо, кои најдобро одат со пура или цигара. Како и да е, никаде не пишува дека непушачите не смеат да уживаат во овој деликатес.10-те најскапи чоколади во светот

7. Црни тартуфи со Сваровски од „Амедеи Тоскана“ – 294 евра

Чоколадни тартуфи, шампањ и злато: кога ова се главните употребени состојки во една бонбониера, знаете дека ќе ве чини многу, но и дека навистина ќе вреди.Оваа компанија е основана во Тоскана, Италија. Чоколадните бонбони на сликата се исполнети со фил од шампањ и се поросени со јадливи златни снегулки. И ова не е сè, кутијата во која се спакувани е рачно изработена и декорирана со 450 Сваровски кристали.10-те најскапи чоколади во светот

8. Чоколатца со злато што се јаде од „DeLafee“ – 508 долари

Направени од фини какао зрна и рачно декорирани со јадлив златен прав, овие чоколадни бонбони се вкусни, но рака на срце, вкусна е и цената.10-те најскапи чоколади во светот

9. Ле гранд Луи XVI од „Debauve & Gallais“ – 900 евра

Компанијата датира од 1800-та и поседува кралска гаранција за изработка на чоколадо за кралските семејства. Ова било и местото од каде и францускиот император Наполеон се снабдувал со чоколадо. Оваа фабрика нуди темно чоколадни бонбони, со 99% какао, како вистински ексклузивитет.10-те најскапи чоколади во светот

10. Чоколадни тартуфи Чокополоџи од „Kinipshildt“ – 2.600 евра

Основана во Данска, во 1999-та, оваа компанија произведува чоколади со 70% темно чоколадо и ванила. Се додава масло од тартуфи и други состојки за производот да биде уште поуникатен. Чоколадото однапред се нарачува и кога веќе еднаш ќе го добиете, нема да претставува никаков проблем да го изедете најмногу во рок од една недела.10-те најскапи чоколади во светот

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2013 во 16:26
Не можам да им одолеамљубов толку се вкусни

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:33

Оние кои се вљубени во чоколадото знаат дека не им се потребни поголеми причини за да продолжат да го сакаат и да не можат да се откажат. А и зошто би се откажувале од нешто што ви причинува толку големо задоволство.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-01

Понекогаш ви се чини дека чоколадото е единственото нешто што ќе ви го направи денот. Сепак ако барате дополнителни причини за да се оправдате или да си докажете зошто без грижа на совест да го конзумирате секојдневно, научниците ви даваат неколку здрави предности за слаткото кафено парче:

1. Чоколадото прави подобро да работите со бројки

Според некои британски истражувања се докажало дека луѓето кои работат со бројки, пресметување, или други поспецифични работи за кои е потребна поголема концентрација и логика, одлично би им дошло едно топло чоколадо.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-1

2. Чоколадото помага во заштитата од сонцето

Не треба никако да го мачкате чоколадото на лице или тело, ниту да престанете да користите креми за сончање, туку секојдневно да јадете одредена количина со што ќе предизвикате кожата сама да си создаде одбранбен систем и да се заштитите од УВ зрачењето. Според некои анализи се забележало дека оние кои јаделе секојдневно чоколадо имале похидрирана кожа и воопшто не изгореле од сонцето.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-2

3. Чоколадото ја прави вашата коса посјајна

Може да си направите и супер маска за коса од темно чоколадо, мед и јогурт. Оставете ја да делува околу 1 час и ќе се изненадите од сјајниот ефект на вашата коса кој ќе го добиете. Се разбира, никој нема да ви забележи ако си каснете и некоја коцка чоколадо додека ја правите маската.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-3

4. Чоколадото може да ви помогне за да го регулирате индексот на телесната маса

Чоколадото нема да ви ја намали телесната маса, но со некои медицински истражувања во Калифорнија, забележано е дека оние кои почесто конзумираат чоколадо имаат помал индекс на телесната маса во однос на тежината, за разлика од оние кои тоа го прават многу поретко. Дополнително докажано е дека тоа помага и во балансот на хормоните.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-4

5. Јадењето чоколадо го одржува здраво вашето срце

Препорачливо е секојдневно да јадете по неколку коцки темно чоколадо, ако сакате здраво срце кое е заштитено од секојдневните појави како тахикардија, аритмија, а на подолг рок и од срцеви удари. Во многу ситуации се покажало дека помага и во лекувањето на скршеното срце или барем за момент смирува.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-5

6. Чоколадото помага во смирување на кашлањето

Има состојка во какаото наречена теобромин која помага во намалувањето на активноста на нервот во мозокот кој го интензивира кашлањето.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-6

7. Чоколадото може да помогне и во борбата со дијабетисот

Една мала студија покажала дека темното чоколадо помага да се зголеми чувствителноста на инсулинот, кој ги намалува шансите за развој на дијабетисот.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-7

8. Чоколадото го подобрува вашиот вид

Веќе знаеме дека чоколадото има влијание на мозокот, помнењето и концентрацијата, но тоа го подобрува и видот, бидејќи овозможува поголем проток на крв до ретината на окото со што би имале многу поизострен вид, особено кога е темно или магловито.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-8

Затоа, слободно сакајте го највкусното парче на светот, бидејќи и тоа ќе ви ја возврати љубовта.

8-pricini-za-uste-povekje-da-go-sakate-cokoladoto-9

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 17:13

Чоколадото е намирница на која ретко кој може да и одолее, во текот на својата долга историја се појавува во најразлични облици, правејќи го животот посладок.

9-dokazi-deka-uzivanjeto-vo-cokoladoto-ne-e-grev

Меѓутоа, често се поврзува со вишокот на килограми, појава на акни, хиперактивност и останати бројни негативни ефекти.

Но, дали тие негативни својства на чоколадото се вистинити?

Мит број 1: Чоколадото го зголемува нивото на холестеролот

Ако сте одлучиле да се откажете од чоколадото за да го намалите нивото на лошиот холестерол, би можеле да бидете непријатно изненадени со фактот дека залудно сте се жртвувале. Иако е вистина дека чоколадото содржи путер кој е преполн со заситени масни киселини, истражувањата покажале дека чоколадото не го зголемува нивото на лошиот холестерол, а кај некои луѓе чоколадото всушност и го намалува неговото ниво.

Мит број 2: Чоколадото е богато со кофеин

Спротивно на воспоставеното мислење, чоколадото не содржи толкави количини на кофеин како што се претпоставува. Вистина е дека потемните чоколади содржат повеќе кофеин од млечните чоколади, но не во толкава мерка како што се претпоставува.

Мит број 3: Шеќерот во чоколадото предизвикува хиперактивност

Претераните количини на шеќер ги тераат децата неконтролирано да трчаат, скокаат и дивеат, точно? Па, барем така се мисли. Меѓутоа десетина спроведени студии не успеале да пронајдат врска помеѓу шеќерот во детските оброци и хиперактивното однесување. Постојат две теории кои ја објаснуваат таа појава: самото опкружување, на пример детските родендени и прослави, создаваат хиперактивно однесување, па самата таа врска помеѓу детската хиперактивност и шеќерот е во главите на родителите кои очекуваат такво однесување по одредена доза на шеќер.

Мит број 4: Дијабетичарите не би смееле да јадат чоколадо

Факт е дека луѓето кои боледуваат од дијабет не мора нужно да го избегнуваат чоколадото. Всушност, многумина би биле изненадени со откритието дека чоколадото има низок гликемиски индекс. Неодамнешните студии дури укажуваат на тоа дека темното чоколадо може кај луѓе со нормален и висок крвен притисок да ја подобрат осетливоста на инсулин, а со тоа и дисфункцијата на ендотелот кај луѓето со дијабет. Меѓутоа, секогаш се пепорачува да се посоветувате со својот лекар пред да го отворите поголемото чоколадо.

Мит број 5: Чоколадото предизвикува кариес и крварење на забите

Истражувањето на развојот на плак од чоколадото открило дека чоколадото има помало влијание на забниот плак од чистиот шеќер. Секако, ретко јадеме само шеќер, меѓутоа друга студија укажува на тоа дека не постои поврзаност помеѓу јадењето на чоколадо и добивањето кариес. Студијата на Јапонскиот Универзитет во Осака потврдила дека зрното какао, една од главните компоненти на чоколадото, всушност помага во борбата против кариесот и бактериите во устата.

Мит број 6: Чоколадото дебелее

Не баш. Секако дека големи количини чоколаден сладолед нема да му направат услуга на вашиот струк, но големата студија која ја спровел National Institutes of Health покажува нешто многу интересно. Имено, според зборовите на научниците, консумирањето на мали колични чоколадо пет пати неделно е поврзано со понискиот индекс на телесна маса, дури и ако изедеме повеќе калории, а не го зголемиме вежбањето.

Мит број 7: Јадењето чоколадо е поврзано со стресот

Една студија покажала дека ако се консумира дневно околу 30 грама темно чоколадо во текот на две седмици ќе се намали нивото на хормонот на стрес кај личности кои се постојано и силно изложени на стрес.

Мит број 8: Чоколадото не содржи хранливи состојки

Овој мит е потполна невистина, но колку е чоколадото хранливо? Типичното темно чоколадо содржи еднаков број антиоксиданси како и две третини од шоља зелен чај, една чаша црно вино, или пак две третини од шоља боровинки. Освен тоа, чоколадото содржи и минерали, како и диетални влакна.

Мит број 9: Чоколадото мора да содржи најмалку 70 проценти какао за да биде здраво

Општа препорака е да се консумира темното чоколадо со најмалку 70 проценти какао за да се остварат здравствените бенефити. Навистина темното чоколадо содржи повеќе антиоксиданси. Меѓутоа, студија која 18 недели проучувала испитаници кои консумирале чоколадо со 50 проценти какао утврдила значително намалување на притисокот кај испитаниците. Освен тоа една, друга студија покажала краткорочни подобрувања на крвта и крвниот притисок по консумирање на темно чоколадо со 60 проценти какао.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.