![]() |
|
Ваша поезија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2829303132 146> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КРСТОСНИЦА
На автопатот на мислите ти стоиш како крстосница - сите патишта кон иста цел ги узмеруваш. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ќе бидам човек
дур туѓата радост не ме растажи. После ќе плачам во себе, за себе... ...што сум божилак без сонце... ...што сум дожд без облак... Изменето од Quentin - 14.Јануари.2009 во 23:23 |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СТРАЖАР
Белите ѕвончиња на твоите насмевки Имаат вкус на магловити утра во есен А од песната им мириса скршениот мирис на подранетиот снег кога уште не бевме подготвени за плетење венц од Невени Далечино моја, На мостот до тебе што води Болката стражари над скаменетото ехо На белите ѕвончинја на твоите насмевки. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
aphrodite ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сочните усни на младоста бакнуваат беспрекорно.
Таму е, истрпнува сиот, студот венее за топлина. Топлината исчезнува кога крвта престанува да тече, кога болката станува фантомска, тогаш кога луѓето исчезнуваат. Сакам да слушам за твоите меки корици уметност на мојот сон, празнина на овој ден. Не, не можам да гладувам без тебе, Муза на моето Јас, Јас во деновите на бесознание, Тогаш кога луѓето исчезнуваат. Напросто, те нема, сродна душичке во душите на овие стари ѕидови, во мислите на овие стари пријатели, во сувата потреба за тебе, зависта исчезнува, тогаш кога луѓето исчезнуваат. Сакам да ги допирам твоите прсти во ноќта, да ги гризам нивните нокти зборовите мили во секоја реченица, топлиот нивен допир, или дојди или не доаѓај, продолжи ја неизвесноста, зашто да те немам е преголема казна, а да те имам, невозможна награда. Најповеќе ми требаш, кога луѓето исчезнуваат, кога не ги познавам старите добри пријатели, тогаш луѓето исчезнуваат и знам дека е тука во ноќта секое твое прсте да ги покрие очиве, ушиве и устава, да постојам и само да дишам со тебе кога не можам да гледам како луѓето исчезнуваат. Изменето од aphrodite - 14.Јануари.2009 во 05:53 |
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
HOLA CHIKA!
Во срце разгорен огин млада пупка не расцутена срамежливо отвора лист по лист чисти како утринска роса HOLA CHIKA! Фламенго гитара прекрасни звуци што мамат песна љубовна за девојка млада девојка не љубена. HOLA CHIKA! Црна коса мед медена твое лице чоколада ќе се растопи од бакнежи од срце огнено што љуби. HOLA CHIKA! Заиграј,фламенго на те*е чека подари ми разгорено срце очи што се кријат зад трепки долги твоја младост што на мене чека. Даница Петровска „09“ |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Писма
Ти пишува раката која има убиено. Но, само инсекти и мисли за секс. Газам по купишта недопишани писма, но ова е последно во низата нестуткани. Догорува цигарата на непризнат пушач во стаклениот пепелник што собира усни наместени за бакнеж. Тој што не успеа да ја згази уметноста на најдолговечната пеперутка, никогаш нема да се ослободи од својата кутикула. И ќе трае додека патиштата не дознаат кој им е последниот правец за слевање во океанот на конечноста. Затоа дојди и извини се што ми ги враќаш недопишаните писма, а јас ќе сфатам... Најдобар сум во тоа... |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сонував сон како јаве, сонував бакнеж и допир Сонував љубов и страст, сонував еден ангел и мал рај. Сонував ... Сонував едни очи и една насмевка, сонував милост и сладок немир Сонував сјај во еден поглед, сонував среќа во еден дух. Сонував... Но јаве не е сонот, ниту бакнежот и допирот На јаве немам љубов, немам страст, немам ангел ни мал рај. Јаве... На јаве ги нема тие очи, таа насмевка, нема милост и сладок немир На јаве нема сјај во еден поглед, нема среќа во тој дух. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сонувајте Ангели Имате сон, длабок сон Мојот сон го продавам За капка љубов искрена. Плачете зборови Лицето ви е хартија Нема солзи радосници А сепак ке се овековечат. Зборете ѕидови Раскажете за тајната Која ние ја родивме Го нема звукот на иднината. Цветајте стихови Ваш полен е ова мастило Ве посеа насекаде Нема крај на зумбулите. Скријте се снегови Не потсеќајте на него Детските мигови Закопајте ги со него. Дувајте ветрови Понесете ја тагата Доволно здосаси Земете ја во бестрага. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ``Кога ќе умирам во мојата последна воздишка ќе го понесам твоето име...`` It`s too good to be true ![]() |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Превез
Во аглите на просторот каде молкот си го пишува својот блог, дајте ми моливче и светлост, и ќе го преименувам светот во лулка што никогаш не била нишана, плот во која не продрел клучот на смртноста... Сега сме на еден гриз од јаболкото на гревот. Зачувај си ги црвените усни за подобри времиња. Бледилото е на мода. За се што било и не било ставаме цртки во небесната тетратка со тесни и широки. Превезот на смртта ќе ни долета. Низ него ќе си правиме кловновски фаци и смеејќи се ќе завршиме. |
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Наопаку
Грб свртен кон моето "Оди си" и догорче што не дише од усните и чадот, чадор што ненадејно ми се наоѓа во август и љубов што почнува од закопчувањето на шлицот. Ветви стихови што мирисаат на свежо печен леб , блудна симфонија и литургии на кои се проповедаат инцестуозни библиски приказни. Очи прашално наведнати, раце омисивно протегнати, најлонска ќеса укината со силата на грев што земјата нема сила да го распадне и пцост кажана со намера мајките пак да бидат девици. Сите нешта свртени наопаку, истресуваат по нешто неоткриено. |
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кула
Кога ќе го истресеш и последното чувство од касичката за штедење, ќе побараш да ти изградам кулa од зборови, за да заспиеш со уверување дека уште можам да ти го распарам небото. Но, јас морам да го спакувам лажното сонце на овие зимски утра и да наронам снег до четкичката за заби... Додека спиеш, пругите чекаат да им го одредам правецот, градовите во стутканата мапа чекаат да ги помилувам... Кулата од зборови громогласно ќе се сруши, а ти за првпат ќе дознаеш како звучи тишината. |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МИРИСОТ НА ВЕЧНОСТА
(реминисценција) Интервалите на твоите насмевки меѓу две видувања и две разделби мирисаа посилно од вечност. Исто како и музиката на росата што ја претвораше ехо со белите одблесоци на босите нозе кога ги полегнуваше тревите со разџагорени неба во очите кај поилото на првите бакнежи. Тивка музика со боја на срамежливост. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само ужасен крик се слуша
од душа проколнета,душа не мртва таа не умира,таа повторно се раѓа на други судбини да преткаже. Свои маки ниту на Господ не кажува не се слушат молитвите,крик затаен во душа само јадови,чемер и јад душа не мртва,таа не умира. Проколнета вечно да претскажува туѓи судбини на душа ги носи смртта нивна во око им гледа љубоморна на смртта што ги повикува. Проклетство. |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2829303132 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |