IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Фотографија, камери и видео
  Активни теми Активни теми RSS - Чкрап! на Идивиди
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чкрап! на Идивиди

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
hypertech Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hypertech Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2009 во 02:59
Си се запишал на единствениот сеуште добар факултет во Македонија, браво за изборот!
eos 1D mk4 , EF 24L , EF 50L , EF 85L , EF 135L , EF 200L , EF 400L
Кон врв
JAWA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај JAWA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 02:20
Еххх баш касно го видов ова и касно разбрав - веќе се запишав на електро.....

Потегов е прекрасен - се надевам дека ќе успее проектот, ма да сепак - ова требаше да биде на државен факултет.......
____________________________________________
http://www.flickr.com/photos/kiril_jordanoski
Кон врв
chkrap Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chkrap Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 14:38
Конечно! Катедра за фотографија во Македонија!
На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, за првпат годинава е отворена катедра за фотографија.
Со звршување на студиите во траење од 3 години се стекнува звање - дипломиран фотограф.

Од каталогот на ЕСРА:

СТУДИСКА ПРОГРАМА: СЦЕНСКИ ДИЗАЈН
КАТЕДРА ФОТОГРАФИЈА
Траење на студиите од прв циклус: 3 години
Број на ЕКТС: 180
Звање: Дипломиран Фотограф

Студиите по фотографија се уште една ексклузивност на
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, како катедра која
за прв пат се основа во Република Македонија.
Широката примена на фотографијата како медиум обезбе -
дува широко поле на професионална реализација. Токму тоа
е и причината за масовниот интерес, кон ова поле на визу -
елниот медиум, кој на идните студенти им нуди креативна,
динамична, провокативна професионална кариера. Но,
фотографијата, впрочем како и уметноста воопшто, бара
голема и длабока секојдневна посветеност. Или, како што се
вели, уметноста не е професија, тоа е начин на живот.
Оние идни студенти, кои ќе најдат предизвик во фотографи -
јата како професија, мора да бидат подготвени на спојот на
креацијата, техниката и технологијата, занаетот и имагинатив -
носта, длабоката мисла и динамичноста на секојдневието на
еденфотограф.
Фотографијата своја примена наоѓа во работата во медиу -
мите, низ студиската, модната, документарната фотогра -
фија, во адвертајзингот и во севкупниот аудиовизуелен пре -
дизвик. Со овие студии студентот се подготвува за пре финети
визуелни вештини, но и за култивирана и прецизна мисла.
Низ студиите, студентите ќе поминат низ процесот, од основите
на фотографијата, преку фотографската технологија до
најсуптилните уметнички постапки кои се со унивезална вре -
дност, и претпоставуваат кариера на голем професионалец,
успешен уметник и тимски работник. Катедрата по фото -
графија поседува добро опремена црно-бела лабораторија,
и фотографско студио опремено со фотографски светла,
како и компјутерска лабораторија за електронска обработка
на сликата.
Благодарение на Болоњскиот систем, студентите по фото -
графија, ќе се стекнат и со знаења од областа на филм ската
и телевизиската камера, што е дополнителен бенфит, за секој
студент кој својата професија ја замислува како медиум кој
настанува низ објективот.

Студиите по фотографија ќе создадат идни профе -
сионалци во доменот на фотографијата, изучуваќи ги сите
фази на професионалното занимавање со фотографија.

„Ме прави среќен помислата
дека отсега натаму на
Универзитетот ќе можат да се
школуваат многу млади идни
професионални фотографи. А,
ме води една мисла, дека ништо
не си, ако она што го имаш нема
кому го му го дадеш. Денес
подигаме храм на една од
најплеменитите професии на
светот, единствената која е
поголема од времето, и го
овековечува мигот.“

Роберт Јанкуловски,
фотограф

За упис има уште време и само неколку слободни места. Пријавувањето е од 25 август до 10 септември 2009 година.

http://www.esra.com.mk/index.php?option=com_frontpage&Itemid=1

Изменето од chkrap - 27.Август.2009 во 14:40
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.