![]() |
|
Еколошка свест |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234> |
Автор | |
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јаглерод двооксид е гас кој што природно се среќава во атмосферата.
Како
што растат, растенијата го апсорбираат, а во комбинација со водата
преку
процесот на фотосинтеза создаваат прости шеќери. Овие се
претвараат во
посложени состојки, сочинувајќи ја структурата на растението.
Енергијата
за процесот на фотосинтеза доаѓа од сонцето. Кога растението ќе изумре, изгори или ќе го изедат животните, јаглеродниот двооксид се ослободува назад во атмосферата. Јаглеродниот цилкус придонесува за создавање стабилна животна средина за сите живи суштества, вклучувајќи не и нас! Прашумите апсорбираат милиони тони јаглероден двооксид од атмосферата. Како што се менувала планетата, шумите биле затрупувани под земја со јаглеродот содржан во нив. Низ милионите години, топлината и притисокот ги трансформираа
овие дрвја
во нафта, јаглен и земјен гас. Во последните стотина години, ние
искористивме
над половина од земјините резерви на фосилни горива за добивање на
енергија
и транспорт – брзо испуштајќи милиони тони јаглероден двооксид
назад во
атмосферата. На земјата не постојат доволно растенија да го апсорбираат овој дополнителен јаглероден двооксид, па тој се таложи во атмосферата. Јаглеродниот двооксид ги пропушта сончевите зраци, но топлината ја рефлектира назад кон земјата. Ова предизвикува постепено зголемување на температурата на земјата. Глобалното затоплување може да предизвика растење на морското ниво, крајбрежни ерозии и поплави. Може да предизвика и суша која доведува до недостаток на вода и уништување на посевите. Може да придонесе и за екстремни временски услови како бури и урагани, кои предизвикуваат значителни штети на објектите, патиштата и инфраструктурата (комуникации, снабдување со вода и ел. енергија). За да се успорат климатските промени, сите земји во Европа се сложија да ја намалат потрошувачката на енергија, со што ќе го намалат нивото на испуштен јаглероден двооксид во атмосферата. Исто така се договорија да ја зголемат употребата на обновливите извори на енергија. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
MyWay ![]() Сениор ![]() ![]() Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еко-кредити
за енергетска ефикасност на ПроКредит банка Скопје ПроКредит банка понуди
кредити со кои што ќе се промовира
финансирањето на
инвестиции
во проекти
наменети
за штедење на енергијата и намалување
на загадувањето на животната
средина. Еко-кредитите
се наменети за претпријатија и домаќинства, за инвестирање во проекти и
активности за заштеда на енергија како инсталација на нови прозорци со подобра
изолација, воведување на соларни панели за загревање на вода, подобар греен
систем, како и нови поефикасни машини и нови
возила. “ПроКредит Банка е прва банка во Македонија која нуди “Еко кредити”. Овие кредити се во согласност со мисијата на банката да обезбедува банкарски услуги, што ќе го поддржат долгорочниот и одржлив развој. Заштитата на животната средина, зголемените трошоци за електрична енергија и енергетската ефикасност се особена важни проблематики во светот и особено во Македонија, која се соочува со енергетски дефицит“ - ПроКредит банка понуди
кредити со кои што ќе се промовира
финансирањето на
инвестиции
во проекти
наменети
за штедење на енергијата и намалување
на загадувањето на животната
средина. Еко-кредитите
се наменети за претпријатија и домаќинства, за инвестирање во проекти и
активности за заштеда на енергија како инсталација на нови прозорци со подобра
изолација, воведување на соларни панели за загревање на вода, подобар греен
систем, како и нови поефикасни машини и нови
возила. “ПроКредит Банка е прва банка во Македонија која нуди “Еко кредити”. Овие кредити се во согласност со мисијата на банката да обезбедува банкарски услуги, што ќе го поддржат долгорочниот и одржлив развој. Заштитата на животната средина, зголемените трошоци за електрична енергија и енергетската ефикасност се особена важни проблематики во светот и особено во Македонија, која се соочува со енергетски дефицит“, |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... ![]() |
|
![]() |
|
ManushkA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Април.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 499 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Руските поларни мечки може да исчезнатКлиматските промени не само што сериозно се одразуваат врз животната
средина, туку го загрозуваат и опстанокот на некои животни и други
суштества. Па така, поларните мечки во Русија директно страдаат од
последиците на глобалното затоплување. Топењето на глечерите им го
отежнува наоѓањето храна. Зоологот и експерт за овие животни,
Овсианоков, апелира да се преземат итни мерки за да се спречи нивното
исчезнување.![]() „Многу од поларните мечки се во лоша здравствена состојба и страдаат од недостиг на храна. Се сеќавам, еднаш кога мразот се стопи, 15 % од мечките беа истоштени и ослабени“ вели Никита Овсианоков. Зголеменото ниво на водата во текот на летните месеци ги присилува мечките да се повлекуваат на копно каде лесно стануваат жртви на луѓето. Овсијаноков истакнува дека мечките може да се прилагодат на новата клима, но дека најголемата опасност доаѓа од нелегалните ловџии. „Убиваат мечки од разни причини. Тоа е голема несреќа. На копно ловот е и натаму дозволен и покрај напорите за негова забрана“ вели Овсиаконов. Според последните податоци, на островот Врангел бројот на мечките се намалил од четири илјади во 1999 на актуелно 1.500. Според руските научницу, на светов има уште само 21.000 поларни мечки. ![]() |
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не е лошо да се потсетиме, може слкиве ќе помогнат бар малку да ни се отворат очите пред вистината.
![]() ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ekoloshkata kriza i otsustvoto na strategija za zachuvuvanje na planetata,se posledica na seushte nedovolno igradena ekoloshka svest i ekoloshko obrazovanie,pa od tuka podatokot deka prirodnite resursi na planetata se za 30% nepovratno unishteni za izminatite 2-3 decenii.
Znachi primarna zadacha za site nas bi bila ,budenje na eko svesta i vospostavuvanje na harmonija na prirodata so samite nas.
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
Solun_2001 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 10 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Sunny јас мислам дека од денот кога ти си одлучила да не фралаш мастики светот е почист, дека светот е почист и од денот кога јас сум одлучил да не фрлам пластично шише. Да можда малку почис, небитно почист , но почист. Нашата мисија треба да биде да натераме колку што е можно повеќе луѓе да бидат како тебе, мене , другите на форумов и како луѓето кои ја сакаат планетава и се што Бог ни дал.
Се надевам дека не сме толку многу себични па да ние бидеме последните кои ќе уживаат во прекрасно топло лето седнати под убава сенка од некое старо дрво. Тоа ние го наследивме но дали ќе им го оставиме на нашите деца кои доправа треба да се родат? Дали ќе им го дадеме она што не е наше туку нивно...? Мене од секогаш зборот природа ме потсетувал на нешто зелено, се надевам и тебе. Зарем не треба и нив? Изменето од Solun_2001 - 28.Јануари.2010 во 22:33 |
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Солун, горе долу сите сме свесни за последиците од загадувањето, на сите ни сметаат депониите околу нас, на сите ни смета непријатната реа итн (како најблизок до нас и „најмал“ еколошки проблем)... но некако сите се оградуваме од тоа.
Секогаш други ни се криви, зар моето догорче, или моето фрлено шише ќе ја загадат околината, зар она пред мене што е фрлено не предизвикува штета, или пак зар за едно догорче ќе фаќаме кусури, па ова автомобиливе, фабрикиве, централиве не прават штета, та моето фрлено шише ќе прави проблем... И пак на крај не сум јас крива за загадувањето, туку „криви“ се градските власти што не се способни да го дособерат она што јас го оставам зад себе, зар не ги плаќаме за тоа, па за што земаат пари, за што се поставени тие на такви функции ако не се способни... И како може јас од тука во Македонија да предизвикам топење на глечерите на поларниве предели... И се додека вака размислуваме ни нема спас, убаво викаш, свесни сме, но што конкретно превземаме за тоа? Читам низ темиве како имало надворешни опасности за опстаноков на Земјава, како крајот на светот бил многу близу, за жал, но вистинито е тоа што најголема опасност за Земјата сме самите ние, но прашање е колку сме свесни за тоаи уште повеќе, што конкретно превземаме околу тоа? ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
Solun_2001 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 10 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ми се допаѓа што има луѓе кои сеуште размислуваат нормално, и поради тоа сеуште не се чувствувам луд, но сепак и покрај тоа се прашувам зошто нас секогаш не има помалку, зошто секогаш повеќе се оние кои унишуваат и зошто секогаш на чело на проектите кои треба да ја исчистат средината стојат луѓе за кои од далеку се гледа дека не им е битно тоааааааааааааа!!!!!!
Прочитав коментар погоре од девојката која вели дека поради емисијата со мечето не фрлала ни мастика. Бескрајно ми е мило за таа нејзина реакција, не дека мастиките ќе го уништат светот, но се работи за грижата кон планетата како кон нешто свое. Но додека ние овде пишуваме треба да сме свесни дека загадуваме. Дали сме исти како сите кои загадуваат? Дали ние сме загадувачи кои освен што загадуваат и коментираат друго ништо не прават? Доволно ли е ова? Имаме ли храброст и доблест да направиме нешто повеѓе од виртуелна акција? Се надевам ДА !!! Ако со само една наша постапка покажеме дека сме различни значи вреди што дебатираме. И за крај би сакал да го погледнете ова доколку не сте го виделе..... http://www.youtube.com/watch?v=jqxENMKaeCU Изменето од Solun_2001 - 28.Јануари.2010 во 22:33 |
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ekoloska svest na nivo
![]() ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ekoloshka svest: Kiseli dozhdovi, gubrinja, pozhari...Ekoloshkata svest 1%
|
|
![]() |
|
BisernA ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
заради нашата еколошка свест,...... и самите сме свесни на променливоста на климата.... во јуни, имаме премногу високи и премногу ниски температури..... се прашувам зошто не си ја пазиме планетата, единствениот дом кој го имаме ???
![]() |
|
![]() |
|
ManushkA ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Април.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 499 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
odlicen tekst Biserna, bravo... najtragicno e toa sto samite nie koga ke izlezeme nekade nadvor od zemjickava nasa sme najprimeren narod, a tuka...
![]() |
|
![]() |
|
BisernA ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
еколошката свест,.... а воедно еколошката свест значи и морална свест кон околината,...... ја имаме сведено на минумум.... на многу ниско и незавидно ниво......
![]() ![]() во мојот учебник по социологија има еден многу убав текст,.... од индијански поглавица до американски претседател.... ![]() ,, Морате да ги научите своите деца дека тлото под нивните нозе е пепелта на нивните дедовци. За тие да ја почитуваат земјата кажете им дека земјата е со нас во сродство. Учете ги вашите деца како што правиме ние со нашите, дека Земјата е наша мајка. Што и да ја снајде Земјата, ќе ги снајде и нејзините синови. Ако човекот плукне на земја, плука на самиот себе. Ние тоа го знаеме : Земјата не му припаѓа на човекот,...... туку човекот на Земјата . " |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |