Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
konki
Нов член
Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јули.2008 во 18:47 |
koj si be ti
kazi kako se vikas
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јули.2008 во 12:34 |
точнотака. лугето на власта ја крадат државата...  не мислев јас као држава туку оние луге од кои зависи државата...од нивните одлуки
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
ariela
Група
Регистриран: 15.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 47
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2008 во 17:59 |
државата како држава не е ништо...луѓето во неа ја прават државата
|
forever in my heart,no matter what..
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2008 во 17:48 |
грешка..од државата спортот изумре
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
ariela
Група
Регистриран: 15.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 47
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2008 во 17:37 |
|
forever in my heart,no matter what..
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јули.2008 во 14:36 |
НАЧИНОТ
НА КОЈ Е ИЗВРШЕН ИЗБОРОТ НА ЖЕНСКАТА КАДАТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БП ВО
ГРЦИЈА ПОСТАВУВА НИЗА ПРАШАЊА КОИ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР
Селекцијата - резултат на притисоци!?
Меѓународните настапи на нашите национални селекции,
независно за кој спорт станува збор, се чини не можат да минат без
проблеми, некаде помали некаде поголеми. Последен таков случај е нашата
женска кадетска репрезентација во одбојка која од вчера се наоѓа во
Грција каде ќе настапи во рамките на БП во Портарија, близу Волос.
Проблемот
е лоциран во начинот на кој се одредени патниците, во 5 мин до 12
часот. Ваквиот стил на работа, кој за некои е неправилен, внесе револт
кај многумина, особено кај дел од родителите чии деца беа повикани на
подготовките, ги одработија тренинзите, ги завршија сите формалности,
па дури и пасошите им беа визирани.
Еден
од неколкумината е и Александар Царчев, поранешен ракометар, родител на
Андреа Царчева, членка на Вардар, која во последен момент ненадејно
беше елиминирана од националната селекција.
"Мојата реакција не
сакам да се свати како реакција на загрижен родител, далеку од тоа. До
сега ниту еднаш во животот, иако сум спортска личнот, не сум го
користел или злоупотребил мојот афторитет моето има и презиме за цели
кои не се својствени за спортистите. Меѓу тоа ова што се направи со
децата ги помина сите граници. Најмногу е виновен селекторот Жабев.
Преку разни канали дознав дека мојата ќерка нема да патува во Грција
иако до последен момент сметаа на неа. Ако тоа требало да биде така има
начин како тоа треба да се стори, предвреме, како што тоа го прават
сите селектори кои држат до себе, кои се селектори во вистинската смила
на зборот. Не тебаше да ја планираат ниту за подготовките или пак јасно
да стават до знаење дека е потребна само за подготвителната фаза.
Откако ја дознав веста имав средба со Жабев кој ја прифати критиката,
призна дека Андреа заслужува да го носи дресот со државен грб. Патем
добив впечаток дека е немоќен да се справи со притисоците кои му се
вршени последните денови. Токму тоа ме натера и да реагирам, да
поставам прашање - До кога селекциите ќе се составуваат под притисок,
до кога во националните репрезентации ќе партиципираат спортисти чии
родители 'плаќаат' имаат врски, ги туркаат децата, или селекторите се
уценуваат? Ќе има ли крај? Се додека така се работи Македонија, на
спортски план, ќе назадува. Резултатите ќе дојдат само тогаш кога
стручните штабови ќе бидат независни, кога нема да подлегнуваат на
притисоците. Дали Жабев е свесен какви трауми претрпуваат овие деца кои
се на возраст од 15 - 16 години, возраст која сама по себе е осетлива,
деца кои неможат да сватат дека се изиграни, деца кои можеби за прв пат
ја почувствуваа неправдата, деца кои на одреден начин се измамени.
Жабев ќе биде истиот и кога ќе се врати од Грција, но Жабев нема да
биде истиот во очите на децата. За нив секогаш ќе биде човекот кој
нечесно ги елиминирал од репрезентацијата. Жабев како селектор денес е
утре нема да биде, што значи тоа е менлива категорија, а спортистите се
спортисти целиот живот. Токму ваквиот стил на работа многу деца ги
натерало да се откажат од најубавото нешто во животот - од спортот.
Едно можам да ветам. Ова вака нема да зарши. Ќе се борам со сите сили,
со сите средства, во името на сите деца кои на ваков или друг начин ја
почувствувале неправдата. Ќе се борам да го елиминирам најголемото зло
во спортот - притисоците, корупцијата, уцените, пријателствата. Дресот
со државне грб ќе го носат само тие кои во моментот го заслужуваат,
најдобрите."
ПЕТАР ЖАБЕВ - СЕЛЕКТОР
Ова се најдобрите!
Одговор на обвинувањата даде лично селекторот Жабев, пред заминување за Грција, кој потврди дека имал средба со Царчев.
"Точно
е дека конечниот состав на нашата селекција, која учествува на БП во
Грција го дефинирав пред еден ден. Јас имам свои методи на одлучување,
впрочем одговорноста како селектор е моја. Сметам дека тие кои се
најдоа на списокот во моментов се најподготвените. Имавме само 7
тренинзи што е премалку за добивање на комплетна слика за играчите.
Главни критериуми беа финалните натпревари од Купот на Македонија за
пионерки и за кадетки. Сите натпревари ги следев кои ми помогнаа да
создадам слика за секој играч поединечно. Тоа не значи дека Царчева
нема да се најде во кој друг состав, за некое следно натпреварување.
Точно е тоа дека имавме заедничка средба со Царчев, средба која беше
доста мачна, средба за која не би сакал да говорам. Ако ме обвинуваат
зошто порано не сум го дефинирал списокот, одговорот е многу
едноставен. Доколку направев такво нешто залагањето на тренинзите кај
дел од играчите ќе се сведеше на нула. Такво нешто од спортски аспект
во фаза на подготовки не е препорачливо. Токму од тие прични сите беа
во неизвесност, до последен момент, кога го соопштив конечнот список на
патници", рече Жабев, како одговор на обвинувањата на Царчев.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јули.2008 во 16:53 |
СЕЛЕКТОРОТ НА КАДЕТИТЕ ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ИГРАЧИ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА СЕЛЕКЦИЈАТА
Седум одбојкари отпаѓаат
Селекторот на машката кадетска репрезентација, Деан
Стојанов, одлучи седум одбојкари кои се најдоа на поширокиот список на
селекцијата предвреме да го завршат настапот. Поради технички проблеми
со пасошите на дел од играчите, како и со начелното формирање на
екипата која би н$ претставувала на Балканијадата во Бугарија, Стојанов
реши да го намали бројот на 15 репрезентативци од кои ќе го направи и
конечниот список.
"Поради технички проблеми кои ги имаат дел од
играчите со пасошите, но и поради тоа што начелно имам формирано
некаква слика за тоа која селекција ќе н$ претставува во Бугарија,
седум од досегашните 23 одбојкари, тројца од Струмица, двајца од Скопје
и по еден од Пробиштип и Велес, кои беа на поширокиот список предвреме
ќе ги завршат обврските кон репрезентацијата. Тие денеска заминуваат, а
останатите 15 играчи продолжуваат со работа до 24 јули кога ќе бидат
познати и конечните 12 патници", н$ информираше селекторот на машката
кадетска репрезентација, Деан Стојанов.
Изминативе
денови репрезентацијата ја темпираше формата во Блаже Конески, а од
денеска се селат во СЦ Форца каде ќе работат на воигрување на екипата.
"Во
договор со СЦ Форца подготовките ги продолжуваме на тој терен. Следните
неколку дена предвидено е посебен акцент да се стави на тимските зони и
воигрувањето на екипата со цел да се формира костурот, како и конечниот
список на репрезентацијата", додава Стојанов.
Со потесниот избор
Стојанов ќе работи до 24 јули, за ден подоцна кадетите да заминат во
Казанлак, Бугарија на Балканското кадетско првенство.
Противниците под знак прашалник
Според
првичната ждрепка, Македонија требаше да разигрува во групата "А"
заедно со Србија, Црна Гора и Молдавија, но по суспензијата на Албанија
од ФИВБ дојде до промени во другите групи, со што постои можност пред
почетокот на првенството, како што е случај и кај дамите да биде
извршена нова ждрепка на која кадетите ќе добијат нови противници.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2008 во 14:21 |
ОФМ ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЦИЗИРА ДАТУМИТЕ ЗА СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ СЕЛЕКЦИИ ЗА БАЛКАНИЈАДИТЕ
Кадетските репрезентации во исчекување
* Поради
финансиските преоптоварувања на Федерацијата за сениорската машка
репрезентација, челниците на ОФМ се во потрага по најекономичниот начин
со кој ќе ги спроведат Балканијадите.
Раководството на Одбојкарската федерација на Македонија даде зелено
светло за настап на сите четири младински репрезентации на балканските
шампионати годинава, но и покрај тоа се соочува со проблем, односно е
во потрага по најекономичен начин со кој ќе може да се овозможат овие
натпреварувања, а притоа да не се преоптовари дополнително буџетот на
Федерацијата. Оттаму произлезе и идејата во зависност од тоа од кој
град ќе има најмногу репрезентативци таму да се одржат и седумдневните
подготовки за Балканијадите. Селекторите на кадетската машка и женска
репрезентација, Деан Стојанов и Петар Жабев, веќе ги доставија
пошироките списоци на одбојкари и одбојкарки до канцеларијата на ОФМ со
цел да ја олеснат работата, а според доставеното најмногу играчи има од
Скопје, што би значело дека и темпирањето на формата на двете екипи би
требало да се одржи во главниот град. Сепак, првите луѓе на ОФМ се уште
го немаат одредено стартот на подготовките и на селекциите кој би
требало да биде во текот на следната недела бидејќи кадетките веќе на
21 јули треба да заминат за Грција, додека кадетите пет дена подоцна
настапуваат во Бугарија.
"Според составите на репрезентациите
подготовките на двете кадетски селекции би требало да се одржат во
Скопје. Федерацијата се труди да го пронајде најекономичниот начин
преку кој ќе се спроведат подготовките и настапите на Балканијадите, па
поради тоа с$ уште не е определен датумот кога ќе стартуваат селекциите
со темпирањето на формата. Ова прашање ќе биде решено до почетокот на
следната недела бидејќи сме свесни за кусиот временски период со кој
располагаме и кој налага што побрзо да се донесат конкретни одговори",
изјави директорот на репрезентациите, Петар Јовановски.
Селекторите
во неизвесност го очекуваат почетокот на подготвителниот период и
размислуваат за промени во составите на репрезентациите за да може
најрационално да го искористат кусото време за воигрување на екипите.
"Со
оглед на околностите во кои се наоѓаме, можно е да ги одработиме
подготовките само со дванаесет играчи кои би влегле на конечниот список
бидејќи така најдобро би се воиграла екипата и кусото време би било
најрационално искористено. Нашите обврски да доставиме поширок список
на играчи и програма за работа се завршени, сега се чека на челниците
на ОФМ да кажат кога ќе стартуваме", вели селекторот на кадетската
машка репрезентација, Деан Стојанов.
Кадетките од 22 до 26 јули
во Портариа, Грција, ќе настапат на Балканијадата, додека кадетите од
26 до 30 јули играат во Казанлак, Бугарија.
В. Зарева
Познат распоредот за кадетките и младинците
Балканската
одбојкарска асоцијација вчера го објави редоследот на одигрување на
натпреварите по групи на Балканскиот шампионат за кадетки кој од 22 до
26 се игра во Портариа, Грција, како и за Балканијадата во машка
младинска категорија, која се игра од 13 до 17 август во Корча,
Албанија.
Кадетките ќе го отворат годинешното натпреварување,
каде во рамките од групата "А" за прв противник ја имаат Турција, а
потоа се среќаваат со Романија, додека последниот ден од разигрувањето
по групи сме слободни.
Младинците играат во групата "Ц" каде на
стартот за противник ја имаат селекцијата на Србија, потоа се среќаваат
со Албанија, а последна екипа со која ќе ги измериме силите во групата
е БиХ.
Трите првопласирани екипи во групите, како и најдобро
второпласираниот состав ќе играат во полуфиналето, додека останатите
селекции ќе се борат за подобар пласман.
Најлоша организација на младинските првенства
Тренерската
организација при ОФМ на состанокот пред два дена ја оцени оваа сезона
во младинските првенства како најлошо организирана. Причината за
ваквиот заклучок произлегува од заминувањето од функцијата на комесарот
за натпреварување, Мирко Трајков, по што беше направена пауза во
шампионатите, па дури беше ставено и под знак прашалник комплетирањето
на натпреварувањето. Потоа следуваше набиен распоред на турнирите во
сите категории, за на крај да се добијат победниците во сите
конк*ренции.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2008 во 15:54 |
СЕЛЕКТОРОТ НА КАДЕТИТЕ ГО ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА ОДБОЈКАРИТЕ НА КОИ ЌЕ СМЕТА НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА
Стојанов со 20 играчи на поширок список
* Селекторот
на кадетската машка репрезентација, Деан Стојанов го состави поширокиот
список на одбојкари, а работи и на програмата според која селекцијата
ќе се подготвува за Балканијадата во Бугарија.
Предводникот на машката кадетска репрезентација, Деан Стојанов го
формираше поширокиот список од 20 одбојкари на кои ќе смета во
подготвителниот период за Балканијадата која од 26 до 30 јули ќе се
одржи во Казанлак, Бугарија. Селекторот на седумдневните подготовки ќе
располага со нови, млади и перспективни репрезентативци, а од
минатогодишната постава на располагање има само четири одбојкари.
Плановите се темпирањето на формата да се одржи во Скопје, најверојатно
во СЦ Форца, а првиот собир кадетите треба да го имаат на средината на
овој месец.
"Поширокиот список на играчи е доставен до
Федерацијата. Во игра се нови, млади и перспективни одбојкари имаме
промена на генерација, додека од старата постава останати се само
четири репрезентативци кои најверојатно ќе го понесат товарот на
селекцијата годинава. Подготовките според начелните договори ќе бидат
одработени во Скопје, во СЦ Форца, а стартот би требало да биде на
средината на месецот иако ќе инсистирам доколку има можност да
започнеме и неколку дена порано. Списокот од 20 одбојкари сметам дека е
доволен за да се одработи она што е зацртано во програмата за кратките
седумдневни подготовки, од каде пред заминувањето ќе се направи уште
еден пресек и ќе се добие конечниот состав на селекцијата кои ќе не
претставува на Балканијадата", вели селекторот на кадетите, Деан
Стојанов.
Кадетите минатата сезона имаа скромен учинок и
завршија на претпоследното место на Балканијадата, додека оваа година
во разигрувањето по групи во "А" групата играме со Србија, Црна Гора и
Молдавија.
В. Зарева
ПОШИРОК СПИСОК - КАДЕТИ:
1. Игор Апел Вардар О.
2. Ѓорѓи Ѓорѓиев Струмица
3. Александар Ричлиев Македонија Џио
4. Милош Петровиќ Работнички Фершпед
5. Дарко Јовановски Работнички Фершпед
6. Марко Стошиќ Работнички Фершпед
7. Живко Дамјановски Работнички Фершпед
8. Игор Димковски Работнички Фершпед
9. Мартин Петковски Работнички Фершпед
10. Матеј Митев Борец
11. Дејан Димовски Борец
12. Саше Ивковиќ Борец
13. Мартин Милков Борец
14. Бобан Темелков Борец
15. Даниел Јанев Вардар О.
16. Иван Тодоровски Работнички Фершпед
17. Златко Николовски Проволеј
18. Мики Пешевски Македонија Џио
19. Љупчо Богоев Македонија Џио
20. Маријан Урдов Македонија Џио
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:38 |
ПО ЕДНА ГОДИНА НАСТАП ВО СРПСКОТО ПРВЕНСТВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТО ЛИБЕРО ПОВТОРНО ДОМА
Тања Алексовска им се враќа на "шпедитерките"

Столбот на одбраната во женската репрезентација на Македонија,
либерото Тања Алексовска по една година настап кај српскиот прволигаш
Зрењанин 023, следната сезона повторно ќе ги засили редовите на својот
матичен клуб, Работнички Фершпед. Таа деновиве е во преговори со
управата и тренерот на "шпедитерките", Светислав Пеица, и според
заедничките изјави постои обострана желба и интерес соработката да се
обнови. Алексовска имаше понуди од Зрењанин 023 за продолжување на
договорот, како и од суперлигашот Клик за да премине во неговите
редови, но сепак нашиот вицешампион претставува најдобра опција за неа
во моментов. "Следната сезона се враќам во Работнички Фершпед.
Имав понуда да останам во Зрењанин, но има големи промени во играчкиот
кадар на екипата, а и погледите и амбициите за новата сезона се сосема
поинакви па затоа не го продолжив договорот. Суперлигашот Клик исто
така сакаше да ме ангажира за следната сезона, но условите кои ги
понудија не ми одговараа па затоа се враќам дома. Сакам да направам и
пауза од градење на интернационална кариера и да се посветам и на
студиите, кои секако дека ми се приоритет. Затоа сметам дека најдобро
решение е да се вратам во мојот матичен клуб и да им помогнам да ја
повратат шампионската титула", изјави Тања Алексовска. Стратегот
на Работнички Фершпед, Светислав Пеица, н$ информираше дека изминативе
денови имал неколку средби со Алексовска, но конкретниот одговор ќе го
има денеска. "Точно е дека имавме неколку средби со Тања и
според досега разговараното постои заеднички интерес за таа да се врати
во екипата. Таа ќе биде дел од Работнички Фершпед следната сезона. Тоа
дефинитивно ќе биде потврдено денеска, а верификувано во еден од
преодните рокови", вели тренерот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица. Тања
Алексовска минатата сезона за првпат го напушти матичниот клуб и имаше
солиден настап во Првата српска лига, каде со екипата на Зрењанин 023
заврши на петтото место.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:17 |
"ЦРВЕНО- ЦРНИТЕ" ГИ ЗАВРШИЈА ОБВРСКИТЕ ЗА ОВАА СЕЗОНА
Пасивен период за Вардар О.
Тимот на Вардар Осигурување, кој изминатата натпреварувачка сезона се најде на петтото место на табелата во Првата машка лига, од почетокот на оваа недела ги прекина сите активности и замина на одмор. За одбојкарите на Вардар ова ќе биде пасивен период, с$ до крајот на јули кога како и изминативе две години, така и оваа дел од екипата ќе настапи на турнирот во одбојка на песок во Охрид, а во првата недела од август ќе стартуваат и подготовките за новата сезона. Раководството на "црвено- црните" паузата ќе ја искористи за креирање на политиката на клубот за следната сезона, како и за утврдување на финансиската и играчката конструкција.
"Одбојкарите од оваа недела се ослободени од обврските и имаат одмор до почетокот на август кога стандардно ги стартуваме подготовките за новата сезона. Единствена активност на дел од играчите ќе биде настапот на бич- волеј турнирот во Охрид. Додека играчкиот кадар одмора, на раководството му претстои период на состаноци на кои ќе мора да ја креираме политиката на клубот за следната година, како и утврдување на финансискиот аспект и конструкцијата на тимот кој ќе се натпреварува", изјави тренерот на Вардар Осигурување, Деан Стојанов.
Предводникот на "вардарците" најави дека дел од играчите ќе бидат ослободени од обврските кон клубот пред почетокот на следната сезона, а исто така и дека се очекува подмладување на тимот со нови одбојкари.
"Се планираат промени во екипата, па така некои одбојкари ќе бидат ослободени од настап за клубот, секако оние што се под договор остануваат во тимот, а би требало составот да го подмладиме со неколку квалитетни и перспективни млади играчи. Секако имињата и деталите за тоа ќе бидат познати во текот на преодните рокови на ОФМ", заврши Стојанов.
Се размислува и за подготовки
Тренерот на "вардарците" веќе размислува и за можната дестинација каде неговата екипа ќе го одработи првиот дел од подготвителниот период за следната сезона. Стојанов деновиве е во Крани каде со младинска екипа им се придружи на кампот на Форца Волеј, Борец и женскиот состав на Вардар Осигурување, а со тоа ги разгледува и условите кои ги нуди ова место за темпирање на формата.
"Сметам дека во Крани има солидни услови за одработување на базичните подготовки, но мора прво да се консултирам со управата на клубот и доколку добијам дозвола за тоа, првиот дел од подготвителниот период најверојатно Вардар ќе го помине во Крани", вели стратегот на "црвено- црните".
|
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:13 |
ОВАА ГОДИНА ПОВТОРНО "BEACHVOLLEYBALL OHRID 2008"
Одбојка на плажа - третпат
Од 17 до 27 јули, на плажата Бафало во Охрид ќе се одржи третото по
ред издание на првенството во одбојка на песок, во организација на
Промо дизајн и Евент менаџмент компанијата.
Како изминатите две
години така и оваа турнирот е поделен во неколку категории, аматери,
компании, јавни личности, а најголемото внимание и акцентот е ставен во
завршната фаза од настапот каде се натпреваруваат професионалците.
Минатата
година во машка конк*ренција шампиони беа Гоце Славков и
интернационалецот Христо Модев, кои потврдија дека оваа година ќе се
потрудат да ја одбранат титулата, додека кај дамите Сандра Ѓошева и
Софка Камиловска се закитија со втората титула како најдобра екипа на
првенството во одбојка на плажа.
Овој настан од година во година
привлекува с$ поголемо внимание, па поради тоа организаторите се
надеваат дека и летово ќе бидеме сведоци на уште еден квалитетен турнир.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:13 |
СТРУМИЧКИТЕ ПРВОЛИГАШИ СО ИДЕЈА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИЛИТЕ
Македонија Џио и Струмица во еден тим!?
* Директорите
на двата клуба покренаа иницијатива за здружување на екипите што би
било во интерес на подигање на квалитетот на машката одбојка.

Во периодот кога играчите на двата струмички прволигаши Македонија
Џио и Струмица ги полнат батериите пред стартот на новата
натпреварувачка сезона, раководствата на клубовите дојдоа до заедничка
идеја за обединување на силите и формирање една екипа. Иницијативата
произлегува од директорите на тимовите, Александар Ѓоргиев и Ѓорѓи
Ѓорѓиев, кои веќе имаат направено една неофицијална средба на која ги
изнесоа своите идеи за соединување на клубовите, како од финансиски
така и од играчки аспект. Оваа замисла е во голем интерес пред с$ за
македонската машка одбојка и подигање на нејзиниот квалитет на едно
повисоко ниво. Првите луѓе на Македонија Џио и Струмица во текот на
оваа и следната недела се очекува да се состанат повторно и да се
утврди дали оваа идеја ќе биде применета и во пракса.
"Директорите
на двата клуба имаа неофицијална средба во завршницата од младинскиот
шампионат, каде се покрена иницијативата за обединување на првите екипи
што како од играчки, така и од финансиски аспект би било по корисно за
двата тима, а воедно би го подигнала и квалитетот на машката одбојка во
домашното првенство. Сепак, допрва следуваат средбите и состаноците на
кои раководствата на двата клуба ќе мора да ги прецизираат сите детали
и доколку се најде заедничко решение оваа работа и да се официјализира.
Конечниот одговор би требало да го имаме до средината на јули, за
периодот кој ќе ни преостане до почетокот на август, кога би стартувале
и подготовките за новата сезона, со што ќе имаме доволно време да ги
организираме работите во новоформираната екипа", изјави тренерот на ОК
Струмица, Ацо Ѓорѓиев.
Информацијата ја потврди и вториот тренер
на Македонија Џио, Трајче Атанасов, но тој вели дека потребно е да се
почека да завршат разговорите меѓу првите луѓе на клубовите, а подоцна
да се обелодени конечното решение. Според Атанасов, оваа идеја би се
развивала соодветно со следењето на светските трендови на Одбојкарската
федерација и формирање на една поквалитетна Супер-лига, во која би се
натпреварувале шест екипи кои ќе можат меѓусебно да си парираат.
Доколку
оваа иницијатива не доживее реализација Македонија Џио и Струмица ќе
продолжат со самостојната работа и борбата за повисока позиција во
Првата машка лига.
Ждрепката за БКК на 8 јули
Нашиот
единствен претставник во пилот проектот на Балканската одбојкарска
асоцијација (БВА), Балканскиот клупски куп, Македонија Џио на ждрепката
на 8 јули, во Солун ќе ги знае противниците во својата група.
Струмичкиот прволигаш исто така поднесе пријава и за организација на
еден од двата турнири кои се играат по групи.
Едно од правилата
за настап на ова натпреварување кое треба да стартува во септември вели
дека екипите учесници не треба да имаат пријавено настап во некој од
евроските купови, па поради тоа имињата на поголемиот дел од клубовите
кои ќе играат на Балканскиот куп ќе се обелоденат на денот на самата
ждрепка. Таков технички проблем имаат Бугарите каде две екипи се на
листата на чекање за настап во ЦЕВ купот и во зависност од тоа кој тим
ќе влезе во натпреварувањето, другиот ќе игра во БКК. Досега во машка
конк*ренција покрај Македонија Џио, потврдени се пријавите на Модрича
Оптима од БиХ, како и Рибница од Србија.
Во женска конк*ренција Македонија нема да има претставник на премиерното започнување на Балканскиот клупски куп.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:39 |
НОВИ МОМЕНТИ ВО ПЛАНОВИТЕ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БАРАЖОТ
Сениорите на Копаоник!?
*Машката
репрезентација има покана од словенечката селекција заедно да го
одработат подготвителниот период пред бараж натпреварите кои двете
екипи ги играат на стартот на септември.

Стручниот штаб и раководството задолжени за машката сениорска
репрезентација се во преговори со првите луѓе на словенечката селекција
за одржување на заеднички подготовки на Копаоник од 20 до 30 август, во
пресрет на одигрувањето на баражот за Европското првенство 2009 во
Турција, каде Македонија игра со Чешка, додека Словенија се среќава со
Португалија. Во предвидениот период на Копаоник подготовки за новата
натпреварувачка сезона ќе има и рускиот шампион Искра Одинцово, што ќе
претставува одлична можност да се одиграат и неколку меѓусебни
пријателски натпревари, што ќе биде од заемна корист за сите три екипи.
"Имаме
покана од репрезентацијата на Словенија заедно да одработиме
десетдневни подготовки на Копаоник од 20 до 30 август, така што
меѓусебно ќе си помогнеме во темпирањето на формата пред почетокот на
двомеч баражот за ЕП во кој ние се среќаваме со Чешка, додека Словенија
за свој противник ја има Португалија. Во истиот период на Копаоник
рускиот прволигаш Искра Одинцово ќе се подготвува за новата сезона, што
претставува уште еден позитивен момент. Ќе може да одиграме неколку
контроли со двете екипи, што секако дека ќе биде од заемна корист.
Одговорот за оваа примамлива понуда ќе го дадеме по состанокот на
Извршниот одбор кој ќе треба да ја утврди финансиската поддршка за
репрезантацијата во следниот период", не информираше спортскиот
директор на репрезентациите, Петар Јовановски.
Засега останува
првичниот план, репрезентативците да се соберат на 5 август, а
понатамошниот тек на подготовките дополнително ќе биде познат.
Чесите во исчекување
Чешката федерација ќе мора да го почека одговорот на ОФМ за барањето за промена на терминот на првиот бараж натпревар.
"Се
уште немаме одговорено на барањето на Чесите. Ги разгледуваме сите
опции и нормално и ние поставуваме одредени услови бидејќи примарно е
пред с$ да ги гледаме нашите интереси", вели Јовановски.
Чешка
побара првиот дуел кој треба да се игра на 6 септември да биде поместен
за 9, поради поклопување на термини на два настани.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |