IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Топ 10 најсмртоносни животни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Топ 10 најсмртоносни животни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2007 во 20:15
Отровна Дарт Жаба
10_deadly_poison_frog












Овие мали жабчиња не се за бацување. Тие нема да се претворат во принц, туку напротив ќе испуштат лигав неуротоксин кој ги убива предаторите. Секоја жаба произведува доволно отров за да убие 10 луѓе.

Кејп Бафало

9_deadly_capebuffalo












Кога ќе се соочи со предатор, кејп бафалото напаѓа со роговите. Тоа се 750 кг и два остри рога! Да не зборуваме како е кога напаѓа целото стадо.

Поларна Мечка
8_deadly_polarbear












Поларната мечка можеби изгледа слатко во ЗОО, но таа јаде фоки и моржеви за доручек! Застанете помеѓу неа и малечкото и многу лесно може да ви отиде главата со само еден замав.

Африкански Слон
7_deadly_african_elephant












Не сите слонови се пријателски расположени како Дамбо. Слоновите убиваат повеќе од 500 луѓе годишно во светот.

Австралиски крокодил
6_deadly_saltwater_crocodile












Овој предатор ќе ви се приближи кога најмалку очекувате и ќе ве повлече во водата, со ротација на целото тело која го кине месото како хартија. Страшнооооо!!!

Африкански Лав
5_deadly_african_lion2












Кралот на џунглата, татко му на Симба... Што повеќе да се каже за оваа голема мачка? Лавот е перфектен убиец.

Бела Ајкула
4_deadly_whiteshark












Крв во водата може да ги возбуди овие ајкули, кои ќе ги употребат сите 3000 заби за да гризнат се што мрда.

Австралиска медуза

3_deadly_aus_boxjellyfish












Оваа медуза во форма на голема шопска салата има повеќе од 60 долги пипци и дефинитивно не би сакале да ја имате на маса во кафана. Секоја од нив има доволно отров за да убие 360 луѓе.

Азиска Кобра
2_deadly_asian_cobra












Кобра, кобра, кобра...Ова не потсеќа на Марион Кобрети - најјакиот човек на светот. Азиската кобра е најотровната змија на светот. Годишно поради неа се случуваат 50,000 смртни случаи.

Комарец
1_deadly_mosquito












Многу негови убоди ќе направат да се почешате. Но, некои од нив пренесуваат маларија, предизвикувајќи паразити. Како резултат на тоа, овие мали штетници се одговорни за смртта на повеќе од 2 милиони луѓе годишно.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.