![]() |
|
Ваша поезија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 146> |
Автор | |
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тукутака
Да сме далечни, колку што сме туѓи, многу мои стихови ќе потонеа во залудното сито на молкот. Јас во душата сум дете, што не знаејќи те, ти подава рака и ти го отстапува редот на лулашката, чекана цел живот, можеби... Затоа, не заминувај тукутака. Ти несвесно му припаѓаш на споменарот што крајпатните брези грижливо го пополнуваа со нашите стапки. И силно си прицврстена за херојскиот израз на моето лице, кога во морето насмевки, успевам да го закотвам мојот кораб во твојата. Од сонот на гугутките ни израснаа крилја... Но, југот е далеку... Не заминувај тукутака. Ова е нашиот прв и последен снег. |
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Недовршена... Што кога зборот ќе остане недоречен а јазикот ќе се заплетка во сопствените лаги? Што кога сонот ќе остане недосонуван зошто си разбуден од звуците на реалноста? Што кога мислата ќе остане недомислена а книгата ќе остане недопишана зошто нема веќе со што да се пишува се потрошило мастилото на инспирацијата? Што кога се трудиш да сфатиш да разбереш, да ја направиш песната совршена а време немаш, time runs out песната останува недоврш Изменето од Lithium - 07.Февруари.2009 во 22:35 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
В Е Ч Н И О Т М И Г
Бакнеж... Тоа е бескраен бакнеж Од него усни не се двојат Слепени се едни до други Прегратка... Споени во вечноста Споени две тела Една ,единствена прегратка. Даница Петровска „08„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
|
Дак ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
З А С Р А М И С Е Срам да ти е! Ме исклучуваш,вклучуваш, робот од мене стори, старо радио си што мрмори. Засрами се! Ме соблекуваш,облекуваш, барбика од мене стори, запалено шкорче си што гори. Срам да ти е,засрами се! Немаш ситка,многу зборуваш, маки разгоруваш,најди друга мивка јас сум зрела сливка Даница Петровска„08„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПАД
Кога завршуваше ти во просторот и времето, го криев лицето со дланки, за да ја разграничам земната болка од веселата преселба на твоето постоење во воздухот. Низ прстите си оставив мало растојание и гледав како пируваш врз фригидното студенило на формата, опипувајќи ги контурите на нашите маски и податоците од лажните идентитети. Кога завршуваше ти во албумите и спомените, си направив портрет, за да го затрупам својот лик во песокот на времето, заедно со твојата насмевка која се витка во привидение од неподвижна слика. До тебе сум насликан, но, никој не може да ме препознае. Со твоите дланки ликот ми е покриен. Од земната болка сакаш да ме одделиш. |
|
![]() |
|
Командантица ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Никаде светлина
Безуспешно талкам низ ходниците н астравот барам утеха во сопствената тага Се повторува тоа што поминало, Идтаат нови бранови, со нови немири.. Којзнае кога ќе застанат.. Колку се да е гледа подалечно, долку е уште поблиско.. во хоризонтот се губат распарчени души, кои незнаат каде да ја најдат својата утеха,.. во солзите гледаат мрак и темнина.. во насмевката гледаат беда и самотија.. Ни зрак, во темнината нема да ги осветли срцата, се тони..не застанува..колку е подлабоко толку се ближи и крајот..! Изменето од Командантица - 03.Февруари.2009 во 22:18 |
|
..Живеам за да умрам..!
|
|
![]() |
|
Quentin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
I am what i am
Од бесот се раѓаат најубави зборови. Сакам да раскрстам со бројачите, што со броеви ја одредуваат староста на мојата душа. Сакам со свои стапки да го изодам патот, со свои очи да се залепам на задното стакло од автобусот и со свои солзи да плачам што заминувам. Сакам во моето ќоше за тага, да има само влакна од мојата коса и крв од мојата рана... Сакам да дишам со свои дробови, да верувам со свои молитви, да клекнувам со свои колена, да љубам со свои стихови… I am what i am… I am what i am… I am what i am… Ова не е поезија Некој ми ги испил зборовите испишани со крв, "зошто те нема во секундите кога не те мразам...!?" Толку ли е слепа нестрпливоста да се умре, па се потсопнува и од гробовите што уште ги нема? Клучот со кој ги затворив сликите од лица што се смеат... има ли рака за да го одврти? |
|
![]() |
|
Командантица ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Без крај...
Таму далеку, кај хоризонталната линија, Каде небото ја љуби земјата И ветерот ги гали гранките н астарата врба, Таму се слуша шепотот Господов И ехото на срцата ранети. Таму се чувствува здивот на вечната носталгија И се вдушува реата на некое бурно, крваво минато Таму некаде, кај залезот на сонцето. Каде раката Господова ја слика иднината Таму се гледа крстопатот на вечноста Таму се слушаат мудрите зборови на предците И новите истории на идните генерации Таму некаде, во песокта на пустината Каде се е исто само дните се поинакви Каде пустинските ветришта ги враќаат старите спомени како суво лисје. На вљубените млади девојки, Таму се чувствуваат оковите на вечноста и времињата. И се гледа бледо сенката на иднината. И јасно е само едно Изменето од Командантица - 03.Февруари.2009 во 22:10 |
|
..Живеам за да умрам..!
|
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бунар без дно
Мислите му се секогаш тајни скриени од другите, длабоки... кријат нешто, таму долу ко бунар, без дно... Неговата мечта е до недоглед ја сакам, но и нема крај нема гранци, нема ништо ко бунар, без дно... А очите ко мориња ги гледаш, чиниш тонеш и паѓаш без да запреш, надолу во бунарот без дно... А зениците ѕвезди му светкаат во ноќта недостижни се, немам збор ко бунар, без дно... ![]() Изменето од Lithium - 03.Февруари.2009 во 22:27 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ГЛАС
Колку ли траеше, све ли си кажавме... Уште ѕвони не знам што ми рече... Не,нели не ме караше? Исто ти значеше ќе почекам... Само глас беше на твоето скорешно пристигање |
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не знае што е среќа
никогаш не ја почувствувал Не знае што е казна никогаш не ја заслужил Нема појма што е страв никогаш не се исплашил Нема појма што е врева кога тишината му е придружник |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Скржава
Не давам повеќе ништо ни на питачи, ни на коледари, ни на врапци разџивкани. Не оставам повеќе ништо на ачик: ни алишта сушам на жицата зад куќа, ни калливи чизми оставам пред влезот. Не ти давам ништо пред туѓи очи, зинати муцки и грабливи шепи - ќе го раскубат и излигават пред да стигнеш ти. Ти биди дарежлив без остаток, биди сонце, свети им на сите насмеани и опулени во тебе. Јас морам да го чувам ова малкуто за нас. Изменето од filmadzijka - 30.Јануари.2009 во 14:03 |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МОЛИТВА
На син ми Мики Ти си мојата молитва: утринска, вечерна, пладневна... Во секое време (па и во сонот) на радост што мириса, што ги блажи горчините на црните снегови, таму, по осоите на душата, со музика блажена кај што ги топи и низ жилите набуени реки растекува - реки осветени, со мирото на копнежот миросани, реки од светлини расклокотени - реки од сни неодсонувани... Ти си мојата молитва… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Трагачот по изгубениот простор и време Како скитник оди, без патоказ, без цел тој е трагачот по изгубениот простор и време Само сенката го следи неговиот сопатник вечен тој е трагачот по изгубениот простор и време Чекори сам не гледа ништо пред себе тој е само трагачот по изгубениот простор и време И нема што да даде нема што да земе еден беден трагач по изгубениот простор и време Ќе се одмори, па ќе се замисли ``Време е да се крене`` тој е само еден трагач по изгубениот простор и време И тој самиот не знае дали ќе ги најде или не тој е сеуште упорниот трагач по изгубениот простор и време! Изменето од Lithium - 10.Јуни.2009 во 00:05 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |