![]() |
|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НЕ ДАЈ СЕ ИНЕС
Возев накај дома полека, немав веќе рефлекси за да поминувам на жолто и си правев во главата супер план ![]() Ќе ги метнам чевлите уште од врата, ќе се пикнам под туш...мммм...... ќе си ја земам Бриџит Џонс и ќе се опуштам максимално едно два три саати, а после ќе заспијам ко бебе до сабајле. И нема ![]() Првиот чекор од планот, успешен! Ги фрлив чевлите. Ама толку. ![]() Маж ми имал тежок ден на работа и му се праеше муабет. Моето лошо јас ![]() ![]() ![]() Влегов после него во купатило, се прошлакав на брзина со полу млака вода и пишман се сторив заради тоа, ама облеков пижами и си реков, ај барем сега ќе си читааааааааммммм.... јес!!! Е, ама.... није нам било суџено, систер Ќерка ми кога ме виде дека читам и' текна дека има нови сликовници и ми рече, плисссс мами да си читамееее...... ![]() Конечно сите заспаа ![]() Мир!!! Бриџит, не ти било судено! Компјутерон е слободен! И никој нема да ми виси над глава, стани! стани! Јупиииииии........ Уште една вечер неспиење, кај била, кај не била ![]() Изменето од kejt-d-grejt - 28.Септември.2009 во 23:49 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кликни го, за тебе е
http://www.youtube.com/watch?v=oFSRs7iqAv8&feature=fvst чувствувај ме... Облечена во излитен балски фустан за матура со засушени дамки од црвено вино, години минав оплакувајќи го своето умирање. Те сакам, ме сакаш, зашто сме направени од ист материјал и двајцата насадени накриво. Лицемерна е нашата смеа, патетичен обид да бидеме како другите, и пак е само увертира во мол Бетовен, moonlight sonata и... ме имаш... те имам... убаво е... Требаше прво да се навикнеме на нашите искри па после да си ги спржиме очите. гушни ме... сокриј ме... тука си... топло е.... добро е... Изменето од kejt-d-grejt - 26.Септември.2009 во 14:24 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направив план!
![]() Ќе заспијам в зори! Така ќе го прескокнам сонувањето и посебно во полусон нервирањето оти пак ја оплескав. ![]() Во иднина, тоа што сакам да ти кажам, ќе го пишувам, за да не мислиш дека имам говорна мана кога сакам да се правам јак штих, а јазикот во устава ми прави некои неконтролирани пируети и на крај саботерски ми се врзува во чвор. „@gT;&-..$#> И мораше ли да ги облечам баш највисоките штикли, кои успут ми прават плускавци??? Па кога така фина, дотерана и лелеава, лепршав накај тебе, мораше ли да ми се превитка ногата баш во моментот кога ти исцвркутав - Здраво?!?! А толку беше згоден...и фин...и нежен...ммммммм...... ![]() и ми поверува дури кога ти објаснив дека всушност сум зиморлива, затоа се тресам, а ти си мислеше од трема? - хахаха ма даај... ![]() И толку многу ми обрнуваше внимание, што повремено се завртував зад мене да проверам да не оставам траги од топење. И имаше супер план за романтично попладне ![]() А јас ти реков дека морам да одам и во истиот момент си опцув матер кога ги видов тие разочарани преубави, преубави....уф...преубави очи, ама, реков, морам, имам страшни обврски од типот на пропаст на светот... - а мене всушност ми се вриштеше колку ме болеа............штиклите. ![]() |
|
![]() |
|
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() Те читав многу страници наназат.........генијалка си станала ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум јас душиче ни посебно мека, ни мазна, ни жена само... кога премногу долго седиш во темно, и најмала капка светлина заслепува или... така ми велиш оти тогаш скокотливо ти се смешкам ти добар, добар, нежен кавалеру. Не туркај ме назад во светот во кој сите мислат дека се подобри од другите. ќе се угушам дишејќи засмрден морал. Откривајќи ја твојата душа, како да ја чистам мојата. Сите сме ние сирови цепаници, додека не се пронајдеме во некого. Не прекинувај ме! Баш сакав да ти кажам, дека те сакам... |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
на Блу, мојата форумска умница-убавица Се кладам во идниот цут на една цреша дека по цели ноќи се прашуваш - лузерите ли само одат во рајот? Многу си убава - како бел крин случајно никнат на испрашен тротоар среде отпушоци и стуткани кесиња од смоки Свесна ли си колку е тоа криминално и безобразно? Твојата суптилна ароганција е магично несекојдневна би дале царства за неа, но не им стои добро, затоа ќе те мразат. Ќе ти нудат слобода само кога ќе немаш избор. Со поглед преку рамо ги анализирам своите минати солзи би сакала да ти дадам драгоцен совет, жалам, но изгледа не ме направија попаметна. Кога си млад, немаш концепт за времето Понекогаш и самата релативност е релативна. Сепак, спакувано во украсна хартија, со розева машна, како што прилега за девојче, ова ти е од мене: Направи ги зборовите рамка за тишината. И никогаш... немој никогаш да дишеш од навика. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
е да, оти стилов повеќе личи на збунет, од колку на кејт ![]() фаќај гушка -------> ![]() |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
E da
![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Си заминува и овој ден оставајќи зад себе слики од холограм се појавуваат и исчезнуваат, па полека се гасат. скапи производи, ефтини зборови, Mercedes критериуми зомби костумосани и sugarfree чесни зборови. Изменето од kejt-d-grejt - 01.Септември.2009 во 00:26 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Проколнета на вечна потрага по тебе, се уморија улиците од моите чекори. Тоа што го држиш во раката е мојот живот и да го изџвакаш, сеедно ќе потонам во екстаза. Еден ден ќе ти напишам песна за среќата еден ден...сега не сега сеуште не умеам да ја римувам. Ти си единствената спонтаност во моето стерилно секојдневие. Јас верувам - само ми е тешко да се навикнам. Ги сакам тие груби дланки - ми ја размладуваат кожата и начинот на кој ми го земаш во нив лицето... Не бакнувај ме сеуште дај ми да те мирисам играј ме, дури лиги не ми потечат. Само не гледај ме длабоко ќе видиш нешто, што јас нема да умеам да го објаснам и ќе го расипам моментот а тоа загрижувачки често го правам... |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Правилата се напишани за луѓе кои најсигурно се чувствуваат кога ги цитираат. ![]() Јас сум од оние кои се возбудуваат кога ги прекршуваат и докажуваат дека и вака може. Укради го она што е веќе твое. Излажи ме за да имам што да ти простам Убиј ме, оти слатко е кога ме оживуваш. Оти ти си мојот Идол и јас немам други Богови освен тебе. ![]() Понекогаш не сакам да одам кога ме викаат Баш ми е удобно во мојата ќелија и скроз ми е таман што сум помала од прашинка пред тебе. ![]() Изменето од kejt-d-grejt - 22.Август.2009 во 18:14 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еј, батали! ништо веќе не е важно Не биди ми тажен - доста е! Насмевни се мангупски со едниот крај на устата и бакнувај ме. Ако престанеш да ме бакнуваш, мислам дека ќе се угушам. Ми се причини како да заборавивме да бидеме среќни луда мисла - јас уште полуда Нели се договоривме, солзите се за сентиментални серковци. Ај да се смееме ко зелени ти на моите глупости, јас на твоите. Ја обожавам мојата трансформација во второ лице еднина. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Секое мое утре ќе го бара нашето вчера. Јас знам дека беше тешко да ме следиш премногу сенки, илузии, колачиња тага маскирани со шлаг од потребни насмевки. Не мораше толку силно да ме ошамариш. Имам душа потрпрена на дршка од есенско ливче дувни ме, ќе паднам сега...и тебе дланките те болат. Само спушти ја ролетната и оди. Време ми е да го започнам своето непостоење. Тие веќе раздаваат за душа - сепак е ова нивни свет. Поштеди ме од лицемерие или не дај боже сожалување. Не е важно дали се каеш смртната казна е пресуда без право на жалба. Не требаше вака да биде. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |