![]() |
|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2122232425 146> |
Автор | |||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Јас колку што знам зборот „ствар“ го нема во македонскиот јазик, исто како што нема и „створење“ меѓутоа е навлезен преку учените кои што претежно се образувале во Белград или пак преку српски книги, а исто така и преку обилните медиумски содржини на српски јазик со кои што и до ден денес сме опсипувани е навлезен во македонскиот јазик заедно со другите србизми. Наместо тој збор во нашиот јазик се употребува „работа“ или „нешто“ или „предмет“ зависно од контекстот.
Ти ги објасни нештата од правен аспект (за кој што исто така имаме македонски збор, само што е во женски род), јас само ќе дополнам со следниот пример: Дали ќе биде исто ако од некој човек сакам да извлечам некаква корист, и ако од некој човек сакам да извлечам некаква полза? Тоа се некои многу убави финеси во нашиот јазик за кои што самите ние упорно работиме на тоа да ги изгубиме, и наместо како што вели Платеникот дека нашиот јазик е збогатен, всушност тој се осиромашува се повеќе од ден на ден. Изменето од Pat - 16.Декември.2010 во 16:39 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Многу зависи од самата ствар дали ќе се употреби зборот употребувам или користам. Доколку станува збор за потрошна ствар, поприкладен е зборот користење, затоа што со тоа се искористува стварта. Додека, доколку станува збор за непотрошна, подобро е да се употреби зборот употребување. Или ако станува збор за плодови од стварта, тогаш, секако ќе се говори за искористување на стварта*. * Да не се мешаат поимите имот, предмет и ствар. Тие имаат сосема различно значење, барем во правото, затоа што истите потекнуваат од латински термини. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Чоли, кај нас истотака е задржан зборот фајде, но не сум сигурен дали е дел од стандардниот македонски јазик. |
|||
![]() |
|||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Е арно на некого му текна за тоа. Меѓутоа ние зборот „користи“ го употребуваме наместо зборот „употребува“, зар не? Еве во мојата последна реченица ако кажев „но ние го користиме зборот итн. итн.“ по правило би значело нешто сосема друго. А како синоним за употребува имаме и еден друг глагол, малку подзаборавен, имено „ползува“, изведен од именката „полза“, кој што меѓу другите често го има ползувано и Конески. И кога станува збор за тие именки, во мојата перцепција (за која што имаме и македонски збор) именките полза, корист и употреба се со блиски, но сепак различни значења. |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
"Корист" го има и во бугарскиот со значение на "изгода" "фаjда":
корист Пише што думата ja има и во бибилиjата, кое значи што е старословенскa. Изменето од чоли - 16.Декември.2010 во 06:38 |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
![]() |
|||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Прво едукација не е српски збор. Колку да разјасниме!
Едно е како некој поединец го користи јазикот, па макар тој бил и академик или новинар, а сосема друга работа е како треба да го користи. Значи, критериумите и стандардите како се користи јазикот од поединци или институции не се предмет на расправа. Секој поединец самиот треба да го поткрене рамништето, а одговорните во институциите да се грижата за запазувањето на стандардите и прописите. Чинам и ти избегнуваш правилно да го користиш јазикот. Свесно или можеби несвесно решаваш да го користиш локалниот дијалект на регионот во кој живееш. Во Лескоец дијалектот е поразличен. Со оглед на тоа дека си поборник за запазување на чистотата на македонскиот јазик, тогаш редно е барем да се потрудиш да пишуваш на литературен македонски јазик. Секој еден жив јазик е изложен на влијанија, па дури и нјраспространетите. Македонскиот не е исклучок од тоа! Тешко ли е ова да се разбере? Изменето од Platenik - 16.Декември.2010 во 14:07 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
![]() |
|||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Нема гајле, не е ни важно дали е наш или српски.Во мојот погорен пост пишав која е вистинската опасност.
|
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Еднаш велиш, ако го немаме, да го земеме, а потоа велиш србизам? Значи, го имаме, но сме го зеле од Србите? Парадокс! |
|||
![]() |
|||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Корист/користи е многу убав и корисен збор, да го немавме, ќе требаше да го измислиме(или земиме од србите). Изменето од DragancoLeskoec - 16.Декември.2010 во 00:59 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ти очигледно си во голема заблуда. Зборот користи се употребува и во Егејска Македонија, а не само во Република Македонија. А да не говорам дека зборот користи во правната терминологија има сосема различно значење од зборот употребува. |
|||
![]() |
|||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
То е моето мислење.Башка шо имам општо непочитување кон стандардните јазици како вештачки јазици. Изменето од DragancoLeskoec - 16.Декември.2010 во 00:52 |
|||
![]() |
|||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Каква неминовност ?Неминовност е наместо образование да се користи(србизам)едукација, наместо одлука - дец ..., наместо намера - интенција ![]() Ох загрев, жал ми е за тебе, во недостиг на аргументи се запна за мојата употреба на мојот локален дијалект - прав мајчин јазик.Е место да се грижиш за то шо користам дијалект, грижи се за српските и англиските зборој за кои нема потполно никаква цел(Такви за кои имаме наши соодветни зборој). Значи не зборам за штрафцигер и компјутер, туку за шегите од зборој/термини, шо ги слушам на телевизија од новинари, политичари, доктори на науки, луѓе шо на народО, му се некаков пример. Развојот е неминовна работа и на никој не можи да му пречи, ама треба да се запрашаме во која насока тој развој оди и каква должност имаме ние за него.Ама некој преферира да ги затвори очите. Македонскиот литературен јазик е несериозно почнат(Или беше исфрлен од патеката со додавање на нестручни лица во јазичните комисии) и недовршен проект, наша задача и должност е да го реконструираме.(Видете само чиј внук е Благојче Коњевич и нема потреба од понатамошна дискусија) За Азбуката не ми се ни почнува. Изменето од DragancoLeskoec - 16.Декември.2010 во 00:54 |
|||
![]() |
|||
ADVISOR ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Za sramota literaturniot jazik za tebe e majtap od jazik??? |
|||
![]() |
|||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Зборувам (не зборам) за свремениот македонски литературен јазик кој е во службена употреба на сите истанци во Република Македонија. Значи од образованието, културата, админситрацијата, науката, медиумите.....
Што се однесува до странските зборови само можам да кажам дека тоа е неминовност. Секој еден жив јазик е изложен на влијанија, па дури и најголемите или поточно најкористените јазици. Македонскиот не е и неможе да биде исклучок од тој светски тренд. За мене тоа (не то) преставува успех! Јас убаво си прашав кои се тие на кои им пречи развојот на македонскиот јазик, а згора на тоа уште се шегуваат (мајтап е странски збор, нели) и се срамат од мајчиниот јазик?! |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2122232425 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |