IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - ЕУ - НАТО, просперитет или утопија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЕУ - НАТО, просперитет или утопија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 28>
Прашање: Дали сте за членство на Македонија во ЕУ и НАТО
Одговор Гласови Статистика
6 [27,27%]
13 [59,09%]
1 [4,55%]
2 [9,09%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2013 во 17:51
Originally posted by zagor zagor напиша:

.....................

Не бива стопанство и развиена индустрија заснована на лимена барака,чекан и наковална.


А на кого му одговара таква приказна...?збунетост

без тешка индустрија...
која ќе повлече со себе и низа пропратни гранки...
нема индустрија, јок...

со правење олуци и огради не значи дека развиваме метална индустрија...
со механичарски работилници не развиваме автомобилска индустрија...
со Рамстори, Веровци, ситимоловци не развиваме трговија на наши производи...
со штанцање факултетски дипломи не произведуваме академски кадри...

ISO, EN , хасапи и така понатаму ама не понаваму...
значат квалитет ама на производство...
не на курчење "увезувам производи по стандард"...
ама увезувам, не произведувам...

алоо...
наместо 300 купени автобуси по 100 илјадарки, вкупно 30 милиони...
една фабрика да му понудија на некого да направи за автобуси...
со повластици, даноци итдитд...
ќе се вработеше некој и пак ќе ги имаше автобусите...

ама то се долгорочни планови на една држава, бре...
не од денес за утре...

алоо...
не ја утнав темава, а...збунетост



Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2013 во 22:36
Originally posted by zagor zagor напиша:

...иако имам причина да навивам не го правам тоа,туку чисто беше спомената Словенија и затоа ја спомнав.Кажи ми кога сме веќе тука,кој производ од МК го купуваш ти таму освен некое залутано шише вино (и тоа ако го има) од Македонија.Да не има некој апарат електичен ,некој прибор за ....па еве и домашна употреба,еден шпорет го нема затоа што е ван секој стандард иако и тоа го произведуваме.Бојлер на Леов да не си купил..?А отвори го фенот или телевизорот ќе видиш знакче ...Искра!.Да и тој на Бош и тој на Панасоник имаат делчиња од Искра.Како да ја фалам МК кога не ми дозволува поимањето...знаеш ли дека ние една тоалетна хартија не произведуваме?.Не бива стопанство и развиена индустрија заснована на лимена барака,чекан и наковална.

Тоа со катализаторите и некои бравички...тоа не е наше.Како влегло така излегло..нема голем аир од тоа..само глуви бројки.

Зошто Џонсон сега ќе гради две фабрики во Србија?.Да не се далеку овие овде па нарушен е комодитетот на комуникација?.Намирисале нешто...нешто не штима кај нас....




Има Загор има македонски призводи во Австралија. Да не се повторувам, пишував за тоа пред извесно време на некоја друга тема. Во Австралија има толку мнгоу македонски производи, како никогаш предходно.

Кога ги има во толкав голем број, неможе да се каже дека се залутани!

За електрични апарати малку ќе почекаш. Причини за чекањето има многу. Многу е полесно да се каже нешто отколку да се направи!

Кога сме веќе кај делчињата, катализаторите, бравичките или високо квалитетните кабли и тие не се наши, а не се ни словeнечки. И тие се наменети за некој друг кој ќе ги вгради во неговиот, краен производ. Развојот, дизајнот и технологијата му припаѓа пак на некој друг. За жал сите ние останавме со штрафцигер индустрија. Кој повеќе, кој помалку. За разлика од нас од европскиот исток, западот остана со една многу важна компонента, research and development as well as intelectual property. Прашање е на време и тоа до кога ќе претставува компаративна предност, ако и воопшто преставува. Плагијаторите одамна ја надминаа таа фаза!

Горење кое некогаш постоеше на австралијанскиот пазар, сега веќе го нема. Се обидоа и да го ребреднираат нивниот производ за да можат австралијанците да го изговорат. Како Горенџе не проаѓаш, но ниту како Симсон не пројде. Го купуваа само оние кои го знаеа тој производ и тоа или од некои сентиментални причини или затоа што беше поевтин. Брзо луѓето се опаметија и научија што е добро.

Тоа ти е исто како кога ќе видиш некој да вози Фиат, знаеш дека барем во 90% случаеви човекот е италијанец.

И Искра и Горење или било кој друг неможе да конкурира на пазарот со лиценцни прозиводи и со најмалку 3 генерации застарени технологии.

Пазарот се освојува со развој и иновации за кои треба многу пари и знаење, потоа големи капитални инвестиции, значи пак многу пари, масовно производство, бездруго ефтина работна рака.... потоа години на усовршување на производите, пак пари..... за преку агресивни маркетинг кампањи да го запознаеш пазарот со квалитетниот прозивод во кој ти веруваш дека си го направил безпрекорно. За жал судот за квалитето нема ти да го донесеш, туку оние кои пазаруваат. Со други зборви нема гаранција за твојот успех.

Многу западни брендови кои имале пари, знаење, капацитети, освоени пазари, развиена дистрибутивна мрежа, производите им биле ценети и барани, се исчезнати или се пред исчезнување Филипс, Грундинг, Телефункен..... да не набројувам ги има многу.

Какви се шансите за сите нас од „земљама пуних сељака са брдовитог Балкана“, после уништивањето на целокупната индустриска инфраструктура,
да почнеме одново и постанеме фактор?! Да постанеме еден од главните играчи. Не мора да биде тоа Меси или Роналдо, ама тука некаде!

Море држете се до штрафцигерот, пиперките, доматите, краставиците, може и малце сиренце, млекце, винце и пивце. По некое кравче, прасенце, коковче и јаре.

Што и фали на Австралија? Додуша Австралија има многу, многу, многу неискористени природни ресурси, сем вода. Секој со својата компаративна предност или судбина. Со мал људски потенцијал и релативно скромно визионерство шансите да се делува на сопствената судбина, во светски рамки, се многу мали.

Ова може да биде добра идеја за некој да направи одлична видео игра и да ја нарече, Како се станува индустријалец! Ако таква едукативна игра сеуште не е измислена.

Изменето од Platenik - 08.Февруари.2013 во 12:17
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2013 во 11:47
Преку дискусијата стигнавме до закључокот.Малите земји единствено служат за обезбедување на евтина работна сила додека големите земји ја користат за правење добра кои на слободниот пазар им носат профит.Малите земји преку задолжувањето се повеке осиромашуваат и стануваат зависни,а нивните ресурси се ставаат во корист на нивните работодавци .
Тоа е и суштината на глобализмот,создавање на модерно робовладетелско опшество под закрила на слободен пазар и демократија на народите.
Многу е лесно во земји кои се со 20-30 милиони луге да се произведува и да се постигни рентабилност отколку во мали земји со презадолжено население.

Изменето од Alekxandar - 08.Февруари.2013 во 11:50
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2013 во 12:52
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Преку дискусијата стигнавме до закључокот.Малите земји единствено служат за обезбедување на евтина работна сила додека големите земји ја користат за правење добра кои на слободниот пазар им носат профит.Малите земји преку задолжувањето се повеке осиромашуваат и стануваат зависни,а нивните ресурси се ставаат во корист на нивните работодавци .
Тоа е и суштината на глобализмот,создавање на модерно робовладетелско опшество под закрила на слободен пазар и демократија на народите.
Многу е лесно во земји кои се со 20-30 милиони луге да се произведува и да се постигни рентабилност отколку во мали земји со презадолжено население.


Не би рекол дека малите земји се извор на ефтини човечки ресурси, напротив, тоа се пред се многубројните, желни за работа и просперитет. Да неречам гладните! Големината е релативен поим, јас би рекол моќните (финансиски и воено) и оние чиј збор влева доверба, држи вода.

Пазар од 20 милиона е подобар од пазар од 2 милиона, ама пак полесно е да нахраниш и обезбедиш услови за 2 милиона отколку за 20, 100 или 1300 милиона. Се разбира ако имаш знаење, визија, стратегија. Кина има, не сум сигурен дека Индија некогаш ќе има стратегија. Сите далеку источни земји тргнаа по стапките на Јапонија, Кине, Кореја, Тајван, Витнам, Малезија...

Имаш поента во прашање на глобализацијата!

Има некои писанија од времето кога почнуваат да се распаѓаат империите, отоманската, француската, британската... и формирањто на новите национални држави да се води сметка за големината на тие ново создадени држави. Непишано правило било да тие небидат помали од 20 милиона. Така например, Маркс пишувал за турските Словени, од кои подоцна ќе се изроди идејата за јужните Словени. Понекогаш границите биле произволно исцртувани со цел да им излезат во пресрет на интересите на аристократијата или крупниот капитал. Не се водело којзнае каква сметка дека некоја етничка група ќе биде разделена во повеќе држави. Новите држави неесмеело да стант конкурент на старите во секој смисол, економски, финасиски, воен..... Независни ама во одередна свера на влијание.

Многу се комплексни работите, псоебно кога ќе се измешаат политика и интереси!

Не се случајни идеите за формирање на унии, тие се пред се со цел да се има интегриран пазар, слободен проток на идеи и капитал. Но и во тие услови некои ќе добијата, а некои ќе изгубат. Обично добиваат оние кои секогаш имале. Нели парата на пара оди!   
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2013 во 13:58
којсумјас напиша

алоо...
наместо 300 купени автобуси по 100 илјадарки, вкупно 30 милиони...
една фабрика да му понудија на некого да направи за автобуси...
со повластици, даноци итдитд...
ќе се вработеше некој и пак ќе ги имаше автобусите...

Пак доаѓаме до моето да се испита кој што правел и како правел односно што упропастил, уништил од 90-та наваму.
Фабрика имавме, реномирана, со квалитетни производи, немаше потреба да се прави нова, но фабриката исчезна. 
Кој ги испокраде машините ( јас знам, а и вие знаете ), цела лента за производство на ФАС. Поради тоа никој не одговараше до ден денес!!!
А и не сум чул некој да спомнува од надлежните институции, барем да праша, што се случи со стотици такви случаеви и кој е одговорен!!!

Платеник напиша

research and development as well as intelectual property

за сето тоа се потребни средства, многу средства, а оние кои и дадоа на Словенија 67 милијарди ( ја земавме за пример ) не им ги дадоа парите за research and development . 
За Словенците како и за останатите тие ( нашите западни пријатели ) имаат предвидена коњушарска улога.

"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2013 во 00:29
..како и да е,октоподските нозе на БЦ досегнаа и до СЛ и до БГ.И таму ги поткопува владите...организира протести демонстрации..немири...Опасен типов мајката.намигнување 
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2013 во 00:47

Има Загор има македонски призводи во Австралија. Да не се повторувам, пишував за тоа пред извесно време на некоја друга тема. Во Австралија има толку мнгоу македонски производи, како никогаш предходно...


...Сакаш да кажеш ..за последниве 3000 години сега ги има најмногу!.Така го мерат рејтингот на развој кај  нас!...абе у бугарија и србија (да не кажам и кај нас нема наши) а не пак таму у Австралија.

Ти знаеш да не беа овие денес ние ќе си останевме во комунизмот на Тито и ќе немавме компјутери и мобилни.

...Тоа  Горење во РМ котира на исто равниште со Панасоник,Самсунг...ЛГ.

Лашкото пиво е поевтино од Скопското на пример...е клучевите на ТАНГ и Униор се скапи.

...нас ни Марс не не бере.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2013 во 06:54
До Загор, Блек Стена и Командант Марк,

Неставив временска рамка, но ако сакаш може и така.

Австралија постои нешто повеќе од 200 години, а официјално со устав oд 1901. Прогласена како доминион на Биртанската Империја, со сопствен парламент. Полунезависност, која и до ден денеска опстојува. Иако има независно движење земјата да постане република, референдумите поминуваат само да се задржи статус кво, односно Австралија и понатаму биде со праламентарно монархистичко уредување.

За твоја информација, првите австралиски пари се пуштени во опток во 1911 година.

Со оглед дека пак Македонија ја стекнува својата државност во 1945, компарациите за застапеноста на македонските производи на астралијанскиот пазар може да покрива многу покус временски период од твоите 3000 години. Се сомневам дека некој водел статистика за процентот на македонските производи во рамките на целокупниот југословенски извоз на австралијанскиот пазар во периодот од 1945 - 1991 година.

Занчи реална слика за застапеноста на македонските производи во Австралија може да се добие само од времето на осамостојувањето на Македонија па се до денес. Со други зборови, последниве 22 години.

Производите кои се наоѓаат во Австралија пред се се од прехрамбено-преаботувачката индустрија. Туршија, ајвар, лутеница, мајонез, козервирано овошје и зеленчук, мајонез, пиво вино, ракии, гроздова мастика, минерлана и обична вода, бисквити и вафли...... дури и прилепска газоза и струмка. Дојди и увери се сам!

Горенџе, ака Симсон дефинитивно го нема! Македонците се среќни што во Македонија го имаат како избор и Горење, меѓу другите светски производители. Не сум убеден дека Горење може да биде на исто рамниште дури и со турска Бата, а камо ли со другите брендови и тоа на било кој пазар.

Ако Горење има некакво значение било каде на Балканот тоа може да се должи само на развиената трговска и сервисна мрежа. Сентиментот дека се со подобар квалитет од Ободин, Леов или фабриката за фрижидери во Битола (ако уште постои), ЕИ Ниш..... не се за потценување. Репутација е тоа, не е шала!

За разни брави, клучеви и кваки..... најмал проблем, можеме ние и поефтинко да си најдеме, на Зелен Пазар. Нема да останеме со разно разни резиња, катинари, ланци и катанци.... од времето на Тито!

Незнам само зошто го спомна БЦ и во кој контекст?! Но, ако треба да коментирам и за тоа, ќе го потенцирам следново:

За некој да остане толку долго во јавниот живот, на високи политички функции мора да има и некој квалитет, потенцијал.

Прашање е дали треба да се сомневаме во неговите способности или пак во капацитетот на оние кои ги мерат неговите способности? Можеби проблемот е ради недостаток на квалитет и критериуми меѓу бирачите, штом способностите на вечно избраниот остануваат ненадминати?!       

Изменето од Platenik - 12.Февруари.2013 во 07:04
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2013 во 09:14
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Прашање е дали треба да се сомневаме во неговите способности или пак во капацитетот на оние кои ги мерат неговите способности? Можеби проблемот е ради недостаток на квалитет и критериуми меѓу бирачите, штом способностите на вечно избраниот остануваат ненадминати?!       

на последните избори повеќе од 300 илјади гласови доби тој сатрапот, ти кажа се, нема потреба ни буква да надополнувам.

што би рекол меси, на овие твои зборови само амин можам да кажам!!!


"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2013 во 13:32

...не случајно го споменав горење или искра.Кај нас овие два бренда и по квалитет и по цена се на ИСТО рамниште со СИТЕ увезени странски брендови.

Македонија..балкан е ова ,не е заебанција.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2013 во 15:02
Originally posted by zagor zagor напиша:

...не случајно го споменав горење или искра.Кај нас овие два бренда и по квалитет и по цена се на ИСТО рамниште со СИТЕ увезени странски брендови.

Македонија..балкан е ова ,не е заебанција.



Мора Словенците квалитетот на своите производи и нивната цена да ги направат конкурентни, ама само за македонскиот пазар.

За цената ти верувам дека е иста, ама за квалитетот?! Фабриката во Велење неработи, а производството им е пренесоно таму каде што работната сила е поефтина. Не во Кина, туку во Србија, а Словенците демонстрираат!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2013 во 21:27

Сакаш да кажеш ..за последниве 3000 години сега ги има најмногу!.Така го мерат рејтингот на развој кај нас!


....благодарение на оваа власт,тоа ми беше поентата.

Кај нас овде фрчат бројки за корисници на мобилни телефони компјутери и интернет.И во право се,порано во другите режими бевме закржлавени,изолирани..Тито Маршалот не дозволуваше компјутери дома да имаме,потоа Кљусев,Бц и Кирчо не даваат да имаме мобилни со интернет..абе остај....

Затоа денес сум и благодарен на оваа власт (а и на претходната богами)што имам покрив над глава,вода за пиење со квалитет подобар од оние во ЕУ(инаку редовно и вршат контрола од некој си завод),воздух дишам ист како и најбогатите и најценетите луѓе во државава...во првиот им мандат успеав благодарение на условите што беа достапни и да се оженам за да во вториот мандат и деца да имам.Дури и кола успеав да земам..само кредитите за сето понапред напишано ..јас треба да ги вратам(евентуално децата)со камата од која боли глава....!

А татко ми сиромашкиот,со една плата( Тито ретко дозволуваше и жената да работи..каква дискриминација јебем ти богу)успеа дом и покуќнина да создаде деца да исшколува,а имаше скромно образование...Тито не им изградил школо и не пратил учителки таму пошто коли тогаш жени не возеа...а и елек.енергија немало.асфалт....само на ТВ кај комшијата виделе!...Сега,благодарение на оваа власт,тоа е минато.А можеше и денес да трае,како што траат некои други процеси за кои не сме ни  свесни..

Ако ме сфаќаш што сакам да кажам,ако не да си ми жив и здрав, и ќути таму зашто овде гревот нема да ни се гледа за некој месец.


....ќе заборавев за фрижидерите пивото и кока-колата да кажам...и тоа е достапно кај нас и по цена малку повисока од таа таму кај тебе..а квалитетот не се сомневам дека е нај.Мојот Самсунг што овде се продава за 500 евра го нема на ниту еден портал,најмалку на матичната web страница на компанијата.Значи тежок фалц за повеќе пари(споредба со тие кај тебе)Твојата Кока-Кола не е иста со мојата.Тоа е факт и така е.

Горење,е тоа... е сега турско или кинеско?!..како и многу други марки кај нас.

Брат,никој не гледа какво ѓубре и од каде се увезува и со кој квалитет и стандард.Туку така "на бафтама" ќе прсне некоја афера(по нарачка на конкуренцијата) и толку.Ниту има "асална" лабараторија ниту "саглам" опрема за проверка,па не дупат за свои пари како сакаат.



Изменето од zagor - 14.Февруари.2013 во 21:41
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2013 во 23:49
Originally posted by zagor zagor напиша:

Мојот Самсунг што овде се продава за 500 евра го нема на ниту еден портал,најмалку на матичната web страница на компанијата.Значи тежок фалц за повеќе пари

газење од смеењегазење од смеењегазење од смеење одамна вака се немам насмеано, немој да ме сфаќаш погрешно, не мислам ништо лошо.
Само ме потсети малку на мене, какви се не расправии имав порано со продавачите дали тука во Канада, дали во МК, или на некое друго место.
Она што во МК можеш да го земеш, не можеш да го најдеш во Сев. Америка или пак во Азија. Се разликуваат моделите од континент на континент.

Зимата 2004 имав прилика да го посетам Шангај. Претходно наоружан со знаење од нетот, си направив список што да земам од фотоапарати, видео камери, лап топчиња и слични тракатанци.
Целиот тој список кога влегов во една стоковна куќа на 15 спрата можев одма да го фрлам, затоа што ниеден модел од мојот список не се совпаѓаше со моделите кои што кинезите ги продаваа, ни по име на модел ни по карактеристики.




"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2013 во 00:36

...јасно ми е дека не се исти секаде!..и по квалитет и по цена!„...ама една компанија е тоа,има фабрики и модели за таму и таму..и има регистратор на типовите на своја страница.Ова кај нас ни се води ни се тера...

А мојов апарат ако не е склопуван во некоја гаража кај нас или во комшии...па еве.Тоа ми е зборот.

Е поради вакви матни работи и трговии нема влез во ЕУ и некој од тука не сака ..влез.Едноставно му одговара и толку.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,828 секунди.