IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 17:27

Овие три хороскопски знаци бараат само авантура


Некогаш ви се допаѓа некоја личност и подготвени сте да бидете со неа, па и на една вечер, само за да ви се исполни сонот.


Не заборавајте да ја прашате што е вохороскоп и ќе знаете како да се поставите во таа ситуација.

Понекогаш кај некои луѓе може да се случи авантурата за една вечер да се претвори во среќна и долгогодишна врска, но тоа се мошне ретки случаи. Ова се трите хороскопски знаци што бараат само авантура.

Овен

Кога се работи за додворување, овните секогаш се директни и агресивни. Немојте да го прашувате за дозвола да го бакнете, само бакнете го секогаш кога ќе најдете згоден миг за тоа. Колку посилно ќе му пристапите, толку подобро.

Овните се подложни и на комплименти, тие сакаат кога слушаат дека се најпривлечните луѓе на целата планета.

Сепак, слободно можете и да им се спротивставите. За нив расправиите се како афродизијак. На тој начин лесно ќе стасате до неговото срце.

Лав

Ако сакате да го освоите лавот, тоа ќе биде тешка борба. Затоа веднаш ќе ви порачаме да се откажете. Таа личност веќе одамна има заборавено дека спиела со вас, а пораките што им ги праќате за да продолжите да се дружите, нема ниту да ги отвори.

Риби

Рибите сакаат да заведуваат и никогаш во тоа не ги вклучуваат емоциите. Можеби многу подоцна, но и тогаш тоа е под знак прашалник.

Тие имаат галантен став, така што секоја девојка за една вечер ќе се чуствува како да е единствена. Тоа е само нивната тактика, со која имаат за цел да ги опуштат партнерките.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
atan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај atan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 15:24
еве еден дел од прашања и одговори.....

6.Дали може да добијат одговор на конкретно прашање-на пример Кога ќе стапам во брак?

Да можете да добиете.Но дали ќе добиете квалитетен и директен одговор, зависи од вашата натална карта.Кај некои одговор е поедноставен и поребна е помала анализа на наталната карта, а кај некои ова прашање треба многу посериозно да се погледне.Доколку таа дозволува во овој живот вие да влезете во брачна

заедница.Постојат хороскопи на лица кои се под карма на потешкотии за влегување во брак,некои имаат тежнение за духовен живот па доброволно се

откажуваат,други влегуваат многу млади во брак итн.Кога Вашата натална карта е јасна по тоа прашање одговорот го добивате веднаш кога ќе стапите во брак.Доколку има потешкотии и одложување на ова прашање ,Ви се кажува како и кога позитивно може да се реши.Доколку настапува потежок период за брак после средината на животот соодветно се советува,порано да влезете во брак во дадени години.Моето искуство околу ова прашање е некојпат само минута астро анализа и брзо точно да заклучам кога би влегле во брак,но кај некои натални карти потребни се часови работа само за ова прашање и пак не може да се даде прецизен

одговор.Тоа зависи од Вашата кармичка условеност,Вашето верерување на непроменлива судбина,пред се кармата преку родители, правци во просторот во кој живеете (посебно Вашата спална соба) итн.Се даваат прогнози за успешни години почеток на љубовна врска и можност за брак,се советува кој знак ви одговара и како да го препознаете кога ќе се појави во вашиот живот.Но најважно како да ги надминете блокадите во Вашиот дом и пред се Вашите верувања,кои произлегуваат од Вашата натална карта.

7.Што е подзнак и како влијае на мене?

Подзнак или асцендент е точката која се крева на исток кога сте вие родени гледано од вашето место.Постојат разни видови подзнаци ,но за вас доволно е да го знаете основниот т.н. Асцендент или лагна во ведската астрологија.Во ведската астрологија треба да го знаете и вашиот месечев знак т.н. Чандра лагна.Подзнакот ви го претставува вашето тело и како другите ве гледаат ,на физички план дава одредени силни и слаби црти и ви покажува на што да внимавате за да немате проблеми во животот- со умот(манас) или телото.Некојпат само преку подзнакот може да се дадат прецизни предвидувања за вашата иднина љубов,здравје,работа,кариера,родители,брак и сл.Има метода која само со подзнакот се предвидува кога ќе стапите во брак!Но да повторам.За разлика од западната астрологија која се потпира на интуицијата,а помалку на математиката кај ведската астрологија е обратно.Некои

предвидувања не е доволно да бидат видени само преку подзнакот,туки преку повеќе подзнаци во сите карти 16 хороскопски карти приготвени за Вас од Д1 до Д60.Се разбира дека се користат неколку десетици прогностички методи (од стотици кои постојат), а се во зависност од потребите за детална анализа.Подзнакот е важен фактор во наталната карта ,а поврзан со долговечноста и на тој начин е основа за успехот во животот.Подзнак кој е ослабен од неповолни планетни влијанија , неповолно влијае на повеќе сектори во вашиот живот.На пример може да влијае во љубовта,партнерските односи и кариерата,бидејќи нагласува здравствени проблеми во одредени години од животот.

8. Какво е влијание на планетите во мојата карта? На едно место прочитав дека мојата венера е лошо поставена во наталот , па стравувам за мојот љубовен живот.

одговор:

Венера иако е поврзана на основно ниво со сексуалноста и допадливоста(привлечноста),играта и забавата таа може да влијае поволно и неповолно во зависност од толку многу фактори , што би ги збунило учениците на астрологијата кои ја студираат, а не Вие доколку немате познавања за влијанието на планетните фрекфенции врз луѓето.Венера ја викаат Шукра (слатката) или Шукер,Шекер е најблизу до македонскиот превод ,па доколку се најде во некој знак кој е горчлив или опор по вкус (јарец,девица,скорпија,овен) може на основно ниво да направи потешкотии.
Наводно ваквата неповолна венера е застапена ,кај многу познати лица кои имале богат љубовен живот - па каков заклучок да се донесе-дали е поволна или не?
Доколку не сте студент по астрологија, не треба да се исцрпувате откривајќи го влијанието на Венера, од проста причина што понекојпат само малкумина астролози можат со сигурност да потврдат дека заради венера Вашиот љубовен живот е лош! Само на момент претпоставете дека за еден љубовен склад потребни се 12 системи на склад(не хороскопски знаци туку посебни 12 системи по 12 хороскопски знаци или помножено по 27 основни среќни ѕвезди.
     Вашата венера иако поставена во неповолен зодијачки знак , може да биде под среќна ѕвезда, да има добра позиција во аглите на небото,да е во добро друштво со друга планета, да има т.н. паривартана јога кога таа се јавува како исклучително силна и поволна , кога делува поволно кога местото каде живеете (државата) е во криза додека во мирно време е неповолна .....
Многу текст е потребен да се заврши овој прилог за влијание на планетата венера.
Затоа не треба да се нервирате за Вашата венера,бидејќи таа може да ви донесе посебна љубовна вибрација иако е сместена во лош знак.

Премногу фактори одлучуваат за и најмалото влијание.Да прашате неколку астролози кој е виновен за лошиот љубовен живот ќе добиете различни одговори.Зашто е така?Замислете дека вие ја гледате венера на основно ниво и се што ќе ви кажат или прочитате Вие безрезервно верувате.Кај почетниците астролози(барем 4 години студирање), венера ја анализираат на повисоко ниво од вас, но немаат искуство или време да проверат нејзиното влијание во разни ситеми на периоди,во сите 16 хороскопски карти,да направат анализа на просторот кај се живее да се види дали влијанието на венера е негативно,да се погледне венериниот брег на левата дланка кај женски пол или на десната кај машкиот,да го видат влијанието на среќната ѕвезда итн.Во зависност од нивната анализа тие ќе го кажат нивното мислење на одредено ниво,па доколку друг астролог ги зел во предвид повеќето фактори тој може да изрази спротивставено мислење.Ведски астролог кој ги зел скоро сите фактори може да се нарече мудрец и неговото знаење и предвидување е непогрешливо.

9.Како да се препознае денес астролог?

На ова прашање на повеќе наврати е даден одговор , но еве повторно можете да прочитате , што се треба да поседува еден добар астролог

10.Кој е мојот хороскопски знак?

Кус одговор во ведската астрологија најважна е позицијата на месечината,а не на сончевиот знак како во тропскиот т.н. сајана зодијак.За да ја најдете Вашата позиција на месечевиот знак , потребна е пообемна табела и покомплексна математичка пресметка , во случај месечината кога сте родени да била позиционирана помеѓу два знак или т.н сандхи точки.Сончевиот знак најчесто го преставува вашето лажно јас и затоа не е релевантно да опише каде е насоката на Вашата среќа. Тоа се поврзува со Егото и најчесто создава илузија на потреби во животот ,кои во одредени години се распрснуваат како меур од сапуница. Месечевиот знак или т.н. Чандра Раши е најважниот показател за Вашата среќа во животот ,бидејќи ја преставува Вашата најдлабока природа.Треба да се спомне дека во западниот зодијак месечината може да биде во различна позиција како хороскопски знак , за разлика вво реалната астрономска позиција во индискиот сидерален зодијак.На тој начин и описот за Вашиот хороскопски знак е различен.

На ова прашање е одговорено пошироко во објавениот текст за зодијак и дадени се табели ,како лесно да го најдете Вашиот сончев знак.
Кон врв
atan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај atan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 14:51
натална карта ваши прашања и одговори http://asvedic.com/natalna-karta-prashanja-i-odgovori-od-vedski-astrolog

Изменето од atan - 21.Септември.2015 во 14:56
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2015 во 20:04
ГРИЖЛИВИ, НЕЖНИ И ЛОЈАЛНИ: ТИЕ СЕ НАЈДОБРИТЕ СОПРУГИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ


За среќен и успешен брак потребно е да се совпаднат многу коцки, но многумина не го земаат и астролошкиот аспект во предвид. Кога би "ѕирнале" во Зодијакот, и токму таму би ја побарале совршената сопруга, што мислите, под кои знаци се крие таа?

Тоа се токму овие три знаци од Зодијакот.

Рак

Раковите се познати како чувствителни и нежни суштества, а токму тоа е она што чини да бидат добри сопруги. Способноста да сакаат на вистински начин чини сопругите во овој знак од Зодијакот да бидат подготвени буквално на сè за својот партнер. 

Жените во знакот на ракот секогаш ќе се трудат сите околу нив да се чувствуваат добро, а освен тоа тие се и одлични домаќинки и мајки.

Она што би можело да претставува проблем во оснос со жената која што му припаѓа на овој хороскопски знак е тоа што жените ракови се подложни кон драматизирање на нештата, но никој не е совршен, зарем не? Тоа е едноставно таа, а оној кој што ќе ја прифати како таква може да очекува и добар брак, а она што таа пак го очекува од својот маж е почит, искреност и поддршка.


Лав
Исто како и жените ракови, и лавиците знаат навистина искрено да сакаат. Нивниот начин е можеби и поинаков, но кога вистински сакаат, со нив може да се чувствувате безбедно.

Таа е храбра, бестрашна и неверојатно способна, а кога се работи за децата, таа е и исклучително пожртвувана. Како вистинска лавица, таа е токму онаа која што го чува своето семејство, а од партнерот очекува тој да биде потпора и поддршка. 

Од лавиците може да очекувате буквално да ве опсипуваат со нежност и внимание.

Јарец

Жените јарци се тешко достапни, на прв поглед ладнокрвни, но токму под таа маска се кријат исклучително емотивни личности. Тие се одговорни, пожртвувани и посветени кога се работи за работните обврски, а истото може да го очекувате и во бракот со нив.

Како што главно важат за личности кои што ја сакаат традицијата, семејството им е исклучително важно.

Тие добро знаат каков човек имаат покрај себе и колку е тој човек вреден, па токму затоа подготвени се да дадат буквално сè од себе за од него да го извлечат она најдоброто.


Како мајка, жената Јарец е строга, но праведна. Сè што бара од својот партнер е да покаже карактер и истрајност, карактеристики кои што и самата таа ги покажува.

Љубовта со жената која што му припаѓа на овој знак од Зодијакот не е огномет, но е жар кој што ќе гори и кога сите останати огништа ќе изгорат.



Изменето од Valerija - 20.Септември.2015 во 20:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2015 во 16:39
По по шо убаво...Вака ни баба ми не ме фали.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2015 во 15:25

КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК Е НАЈСЕКСАПИЛЕН, КОЈ Е НАЈМОЌЕН, КОЈ Е НАЈОПАСЕН! И КОЈ Е ТОЈ ШТО НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИШ!

9

Најмоќниот хороскопски знак

Можеби ќе се изненадите, но тоа е хороскопскиот знак Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има рој додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија.

Најпосветениот знак

Тоа е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот.

Најопасниот знак

Ова веројатно нема да ве изненади – тоа е Шкорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Шкорпијата кова лукави планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија.

Најубавиот знак

Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност.

Најсреќниот знак

Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е такава – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали.

Најсемејниот знак

Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа.

Најкомуникативниот знак

Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни, Вагите се неприкосновени. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар.

Најмистериозниот знак

Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш.

Најпретставителниот знак

Е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец.

Знакот кој никогаш нема да го заборавите

Секао, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да одолее ни пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Бикот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш…

Најекстравагантниот знак

Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Неверојатен осет за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2015 во 15:24

ЗНАЕТЕ ЛИ КОИ СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈМОЌНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ?

36

Јарец

Јарците се супериорни, а нивната супериорност доаѓа од големата самоконтрола и од челичната истрајност. Често прерано созреваат и размислуваат најдобро од сите знаци. Темпераментни се, и тоа ги води до остварување на целите, што дополнително им ја подига самодовербата која и без тоа ја имаат премногу.

Овен

Овните се преполни со енергија и постојано се во движење и акција. Тие се токму како оган, никогаш не запираат, и ако им е здодевно едноставно ве избегнуваат. Овенот никогаш не се потпира целосно на другите луѓе, туку ги презема работите во свои раце, упорен е и го остварува тоа што го зацртал.

Водолија

Моќта на Водолијата најмногу доаѓа од нивната ладнокрвност, односно способност да ги држи чувствата под контрола или целосно да ги игнорира. Водолиите се исто така љубопитни и се интересираат за многу работи, а се и многу интелигентни. Тие се претерано самоуверени и тврдоглави, веруваат во себе и својот став секогаш го бранат најдобро.

Шкорпија

Шкорпиите се лојални, но и предавници во исто време. Лојални се на оние кои го заслужуваат тоа, додека ако некој ги повреди, знаат да бидат вистинска напаст и стануваат емоционално агресивни. Шкорпиите имаат развиена интуиција и чувствуваат многу работи за кои вие не сте свесни, но ги кријат информациите за да се послужат со нив кога има најмногу потреба за тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 16:15

ДВА ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ НИКОГАШ НЕ ЛАЖАТ

12

Астролозите тврдат дека овие два знаци се секогаш најискрени  без разлика колку и да е вистината болна.

Овен

Припадниците на овој знак се многу искрени, а најголема причина за тоа е што немаат волја да лажат, ниту пак сакаат својата енергија да ја трошат на оправдувања и работи кои подоцна ќе им се удрат од глава.

Дури и по цена да повредат некој близок со својата искреност, попрво ќе го изберат тоа отколку да лажат за било што.

Тие и сакаат да го кажуваат она што го мислат и да им го дадат тоа до знаење на другите, а истото се очекува и од другата страна. Често умеат да ги повредат другите со своето отворено мислење, па потоа да им биде жал, но и после некое време повторно би постапиле исто.

Стрелец

За Стрелците слободно може да се каже дека се најискрениот знак во хороскопот. Понекогаш умеат да претераат со прераскажувањето на приказни од својот живот или животот на пријателите, но тоа е во главно поради забавувањето на друштвото и сето тоа е само вистина.

Меѓутоа, не ги сакаат лагите во никој случај, тоа ќе го избегнуваат дури и кога самите гледаат дека е за нечие добро.

И во најлош случај како и Овенот, секогаш ќе ја кажат вистината, бидејќи сметаат дека така е најдобро.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2015 во 18:19
Мислаааааа има ли подобро од тоа кога другите зборат за тебе.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2015 во 08:31

КОЈ Е НАЈМОЌЕН, КОЈ Е НАЈУБАВ, А КОЈ Е НАЈСЕКСАПИЛЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

3

Најмоќниот хороскопски знак

Можеби ќе се изненадите, но тоа е хороскопскиот знак Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има многу додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија.

Најпосветениот знак

Тоа е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот.

Најопасниот знак

Ова веројатно нема да ве изненади – тоа е Скорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Скорпијата прави мудри планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија.

Најубавиот знак

Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност.

Најсреќниот знак

Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е таква – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали.

Најсемејниот знак

Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа.

Најкомуникативниот знак

Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни, Вагите се неприкосновени. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар.

Најмистериозниот знак

Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш.

Најпретставителниот знак

Тоа е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец.

Знакот кој никогаш нема да го заборавите

Секако, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да му одолее ниту пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Лавот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш…

Најекстравагантниот знак

Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Имаат неверојатно чувство за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.



Изменето од Valerija - 14.Септември.2015 во 08:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2015 во 21:37
Нема везе ја увек сакав на втора клупа во среден ред до Розе.
А и така беше.   

Изменето од Орка - 04.Септември.2015 во 21:38
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2015 во 08:56
ne e tochno - za lavovite ,

tvrdam od iskustvo hahahah

nema mali lavovi - sdk!
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2015 во 08:46

Каков е секој хороскопски знак во училиште: Девицата секогаш брише табла, Лавот седи на катедра


Детето ви тргна на училиште? Или ве интересира како ќе се однесува за некоја година кога ќе почне? А, можеби и вие сакате да откриете какво дете сте биле како мали...

kakov-e-sekoj-horoskopski-znak-vo-uciliste-devicata-sekogas-brise-tabla-lavot-sedi-na-katedra-01.jpg

Прочитајте си еден забавен хороскоп кој го опишува секое дете во училиште.

Кој брише табла, кој си го мести приборот на работ од масата, а кој е најдотеран?

Овен

Малиот Овен уште од првата минута пробува да е главен. Во трчањето накај училиште никој нема да го запре, исто како и во освојувањето на училницата. Си седнува во прва клупа и од тогаш па до 10-ти јуни се обидува да ги наметне своите ставови и да биде претседател на одделението.


Бик

Бикот е мирно дете, но ќе стане целосна спротивност ако некој му стапне на нерв. Покрај книгите и приборот, во неговото ранче секогаш има грицки и сендвичи, па знае и да си касне на сред час. Со задоволство ја прифаќа улогата на благајник во одделението.


Близнаци

За Близнаците училиштето е рај, полн со деца и нови лица за запознавање. Тешко дека ќе ги замолчите додека зборуваат на час. За нив часовите се игра, која по само неколку дена може да им стане здодевна. Обожаваат да си наоѓаат нови соговорници на неколку недели.


Рак

Раковите се мирни и добри деца, па брзо стануваат миленици на учителките. Одлично се сложуваат со девојчињата и не е чудо што сакаат да се дружат со нив, попрво отколку со бесните момчиња. Ако случајно се здружат со немирни деца, стануваат главни во сите бељи.


Лав

Малиот Лав треба од почеток да го учите дека катедрата е место за учителката не за него. Од првиот час пробува да биде главен, а ако случајно му се понуди да биде претседател, тешко на соучениците. Лавовите се добри другари и сакаат да помогнат во неволја, но само ако и понатаму се во центарот на вниманието.


Девица

Кога ќе видите совршено испишани тетратки, сочувани и завиткани книги во украсна хартија, наместен прибор и моливи подредени по големина, знаете дека на тоа место седи Девица. Вредни се, па нема да имаат проблем по цел ден да ја бришат таблата. Ако на некое детенце му треба помош - први се.


kakov-e-sekoj-horoskopski-znak-vo-uciliste-devicata-sekogas-brise-tabla-lavot-sedi-na-katedra-02.jpg

Вага

Секогаш најубаво облечена и дружељубива, Вагата со задоволство ќе ја ишкрта таблата со цртежи. Ликовно им е омилен предмет, а фломастерите и боичките омилени од целиот прибор. Мирните Ваги со задоволство ќе ги решаваат кавгите во одделението.


Скорпија

Харизматичното дете кое без многу труд станува лидер во одделението , секогаш е Скорпија. Мали бунтовници кои обично се закачаат и се потсмеваат на сите, а истовремено многу лесно се извлекуваат од ваквите ситуации. Добри другари се, но и многу немирни, па често се дежурни кривци. Меѓу први си наоѓаат симпатија.


Стрелец

Стрелецот е главен истражувач во одделението. Сакаат да го прочепкаат секое ќоше и да откријат нешто ново. Школската табла не ја сакаат, но затоа географските карти им се омилени. Го обожаваат одењето на училиште, но само заради дружбите.


Јарец

Секогаш е подготвен, вреден и одговорен, само чека шанса да го каже тоа што го знае. Мирен е и сталожен, а другарите секогаш може да се потпрат на него. Сака да учи, а најсреќен е кога учителката ќе го пофали. Плус, обожава кога има ред во одделението, наместо хаос и викотници.


Водолија

Мал немирко кој ќе се пикне во секое ќоше од училницата и дворот. Водолиите по природа се љубопитни, па затоа сака да оди на училиште и секој ден да учи нешто ново. Уште од првиот ден лесно се врзува за одделението. Смислувањето нови игри и бркањето по ходници му се омилени активности.


Риби

Ликовно и музичко се омилените предмети на малите Риби. Сите дечиња ќе ги проучуваат со денови и месеци, само за да откријат кој може да им биде најдобар пријател. За разлика од Овенот, Рибите сакаат кога се во последната клупа. Така се најдалеку од учителката, а можат да посматраат се околу себе.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2015 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2015 во 08:31


leleee ostanav bez pari..bezdomnichka! hahhaha

ama zatroa kje spechalam nekoja para na onie koi kje stignat do mentalna ustanova hahahah

Изменето од outlook123 - 04.Септември.2015 во 08:32
едно е - не се две
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.