IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 55>
Автор
Порака Обратен редослед
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 17:42
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици го напуштаат Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните на Тито.


Prasam se mnogu odamna od kogo go oslobodile Skopje borcite na NOB!


Во Скопје имало останати германски единици, имало борби за ослободувањето на градот ( има сведоштва во темата за НОБ ), има многу сведоштва за тоа. Истотака тука не заборавај, била формирана квази-државата ( дисфункционална во секој поглед ) "независима Македонија", на чело со Спиро Китинчев.

Истотака во текстот има и други неточности. Методија Андонов-Ченто никогаш не се сретнал со претставници на Михајлов, за тоа сведочи неговиот исказ пред судот. Не знам од каде им текнало да пишуваат такви глупости.


Изменето од Македон - 25.Март.2010 во 17:45
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:55
Стефан Требст

Стефан Требст е професор по историја за Источна Европа на Лајпцишкиот универзитет. Во 1976/77 година специјализирал на Историскиот факултет на Софискиот универзитет „Кл. Охридски“. Автор е на три книги за македонското прашање во 20 век –„Македонскиот век“, „Мусолини, Македонија и големите сили 1922-1934 година“ и „Бугарско-југословенската контроверза за Македонија 1967-1982 година“. Моментно пишува „паралелна“ биографија на Иван Михајлов и Димитар Влахов.


“Македонски век“
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:35
убав пост
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:25



Рафаел Моше Камхи (Битола, 15 декември 1870 година - Тел Авив, 1970 година) е македонски револуционер од еврејско потекло.

Во 1894 година се запознал со Даме Груев и влегол во ТМОРО. Учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во 1896 година, во Солун, како битолски делегат на местото на Даме Груев. Учествува во Аферата Мис Стон. Во 1903 е депортиран заедно со брат му Ментеш во Дебар. Се поврзал со тамошната организација и под името Скендер Бег, учествувал во Илинденското востание во Дебарско, а потоа и во Малесија.

Длабоко разочаран од делбите на Македонија и од решенијата на Версајската конференција во 1919 година, Рафаел Камхи се преселил од Софија во Солун. Во текот на Втората светска војна е подложен на иследување и тортура од нацистите и од грчките колаборационисти и е затворен во 1943 година. Благодарение на ангажирањето на Македонскиот национален институт, Илинденската организација и на Националниот комитет на македонските братства од Софија и со ангажирање на бугарската влада е издејствуван посебен третман за Рафаел Камхи, како „заслужен Бугарин“. Целото негово семејство завршило во злогласните логори на Треблинка.

По војната извесен период живее во Софија, а по 1950 се преселува во Тел Авив, каде што починал во длабока старост во 1970 година. Камхи е автор на книга спомени, кои како несредени ракописи ги депонирал во Еврејскиот институт во Софија, а подоцна еден примерок е депониран и во Архивот на Македонија.
Рафаел Моше Камхи е роден во Битола, на 15 декември 1870 година. Потомок е на познато еврејско семејство од Сефардскиот род, кое се населило на Балканот по прогоните на Евреите од Шпанија, кон крајот на 15 век. Неговите предци биле едни од најпознатите општественици, трговци, банкари и сопственици на бродови во Османлиската империја.
Татко му, Моше Соломон Камхи, бил банкар, претприемач и снабдувач на турската војска. Мајка му, Роза Ватино, потекнувала од прочуено граѓанско семејство од Јанина. На деветгодишна возраст останал без татко, а десет години потоа починала и мајка му.
Се школувал во еврејското училиште во Битола, во кое учел француски, турски и грчки јазик. Заради често поставуваното прашање: зошто во нивното училиште се учи на грчки јазик, во што имал поткрепа и од својот директор Нахмијас, заедно биле исфрлени од училиштето.
Тука некаде во тие училишни години, во таа постојана војна меѓу грчките и бугарските егзархиски учители во Битола, започнува и разгорот на револуционерниот бунт кај младиот Рафаел. А тука, во Битола, веќе било силно развиено македонското националноослободително движење. Директор бил Ламбро Попов, а учители биле Ѓорче Петров, Даме Груев, Ѓорѓи Стрезов и Стефан Зографов.
Запознавањето со Дамјан Груев, преку братот на Дамета, Фидан, било пресудно за неговото определување за македонското револуционерно дело.
Во 1894 година, кога бил формиран и првиот Централен комитет на Револуционерната организација, со претседател Христо Татарчев и секретар Даме Груев, Рафаел се запознал со Даме Груев и го прифатил неговиот предлог во куќата што ја реновирал да направи посебна скривница, во која го чувал оружјето на Организацијата. Од тие денови датира и неговото познанство со Ѓорче Петров, Христо Матов и со Пере Тошев. Истовремено, неговиот дом бил користен за илегално сместување на дејците на македонското националноослободително движење при нивниот престој во Битола, меѓу кои во неколку наврати биле и Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов. Тоа ја зацврстило и довербата на Организацијата во него и Рафаел с? повеќе се посветува на нејзиното дело. При една средба на Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Борис Сарафов во Солун, во 1896 година кога Рафаел имал одговорна к*рирска задача, тој бил официјално примен и покрстен во Револуционерната организација.
Иако некои директни учесници и историчари тоа не го регистрираат, според кажувањата на Рафаел Камхи, тој учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во 1896 година, во Солун, како битолски делегат на местото на Даме Груев, кој наводно не добил дозвола за патување. Зачуваните документи и официјалната историографија го регистрираат присуството на Даме Груев на овој конгрес. Но, според веродостојноста на спомените што Рафаел Камхи ги изнесува, очигледно и тој учествувал на Конгресот или, пак, бил добро запознаен со неговата работа.
Факт е дека по овој конгрес, Рафаел Камхи добива една мошне значајна и одговорна задача: организатор на финансиските акции за помош на Организацијата, нејзин специјален к*рир и врска меѓу солунскиот Централен комитет, битолскиот Окружен комитет и Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.
Таквата активност во која учествувал и неговиот брат Ментеш, не можела да остане неоткриена од турските власти. ,,Ноќта на 17 мај 1903 година, турска патрола влегла во домовите на двете еврејски семејства од битолското маало Али Чауш и со себе ги одвела браќата Рафаел и Ментеш Камхи. По пет-шестдневно задржување во битолската зандана, без да бидат изведени пред суд, само врз основа на полициски извештај од 21 мај 1903 година и службено писмо 133, тие се депортирани во Дебар.
Заради поткупливоста и тромавоста на турската администрација, Рафаел се движел слободно во Дебар, се поврзал со тамошната организација и под името Скендер Бег, учествувал во дебарскиот пожар на Илинденското востание, а потоа и во Малесија.
Без оглед на овие дилеми каде точно дејствувал Рафаел Камхи за време на Илинденското востание, евидентно е неговото учество во него, за што сведочат и неговите исцрпни кажувања за текот на востанието, со јазик и познавање на непосредните настани.
По крвавото задушување на Илинденското востание, Рафаел Камхи извесно време престојува во Битола, каде што биле најтешките последици од турскиот терор: опожарени села и градови, ограбен добиток и храна, уништени и опљачкана покуќнина, општа неизвесност во која е под прашање голата егзистенција на повеќе десетици илјади луѓе.
На 11 ноември 1903 година, во Битола дошол Ѓорче Петров и се упатил кај Рафаел, давајќи му задача: веднаш да замине во Софија, за да на тамошните власти им ја раскаже вистинската слика за Македонија и да се ангажира за материјална помош.
Судејќи по неговите кажувања, во Софија имал повеќе драматични средби со министрите на владата на Бугарија, на кои со многу конкретни факти им ја предочил тешката судбина на македонскиот народ. Особено е карактеристична средбата со принцот Фердинанд, на која Рафаел Камхи изрекол тешки обвинувања на адреса на измамничкиот однос на Бугарија во однос на Илинденското востание: "Јас му раскажав на кнезот Фердинанд подробно за целата историја на Востанието, за сите битки и за очекуваната помош од Бугарија да и објави војна на Турција. Ако тоа се случеше, немаше да ни се случи таа катастрофа. Ние ќе победевме. Но, за голема жал, од ваша страна останавме измамени, затоа што не ги исполнивте дадените зборови", му рекол Рафаел на Неговото царско величество, принцот Фердинанд, на што овој му се заканил дека за такви зборови заслужува најстрога казна.
Потоа Рафаел заминал за Солун каде што се ангажирал за помош на настраданото македонско население. Учествувал во организирањето на низа промакедонски доброволни акции во странство, а и самиот издвојувал сопствени парични средства и друга опрема. Постои сведоштво на битолската учителка, Захарија Шумлјанска, за тоа дека "Евреинот Камхи ни даде можеби до 10000 лева, штофови, платна, ќебиња и облека за нашиот Дом за сирачиња. Тука, воопшто, Евреите се покажаа подготвени да поднесат материјални жртвувања.
Рафаел Камхи, истовремено, бил активен и во напорите за обновување на Внатрешната револуционерна организација, разгромена по неуспешното востание, тој бил сведок и учесник на драматичните расправии за причините и виновниците за поразот на Востанието. Тешко ги доживувал расправиите меѓу истакнатите револуционери и меѓусебните обвинувања. Бил ангажиран во подготовките на Рилскиот конгрес на ВМОРО (во 1905 година), за што оставил значајни белешки од еден интересен и драматичен претконгресен разговор меѓу Ѓорче Петров, Даме Груев и Пере Тошев, за натамошните правци на дејствување на Организацијата, за виновниците за неуспехот на Востанието и за изградувањето на заеднички настап на Конгресот.
Во раздорот и делбите што настануваат потоа во ВМОРО, Рафаел Камхи останал доследен на своите определби за македонската кауза и огорчен противник на врховизмот. Одржувал најтесни врски со дејците од левицата на македонското ослободително движење, со Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов и други. Отворено им се спротивставувал на политиката и на приврзаниците на Александар Протоѓеров и Тодор Александров.
Но, веднаш потоа, длабоко разочаран од делбите на Македонија и од решенијата на Париската конференција во 1919 година, Рафаел Камхи се преселил од Софија во Солун, каде што во тоа време живееле повеќе од 100 илјади Евреи и Солун претставувал најголем еврејски центар на Балканот.
Набрзо, едно разочарување го заменува друго, уште погорчливо! И Солун го заплиснуваат антисемитските погроми и третманот на еврејскиот народ како "последностепен". Со доаѓањето на германскиот фашистички окупатор во Грција, Рафаел Камхи ја доживува судбината на своите сонародници. Подложен е на иследување и тортура од нацистите и од грчките колаборационисти. Затворен е и во 1943 година очекува да биде однесен со возовите на смртта во Полска.
Но, благодарение на ангажирањето на Македонскиот национален институт, Илинденската организација и на Националниот комитет на македонските братства од Софија и со ангажирање на бугарската влада е издејствуван посебен третман за Рафаел Камхи, како "заслужен Бугарин". Тој е ослободен и заминува за Софија. Таму, по ослободувањето, во Отечественофронтовска Бугарија и подоцна во НР Бугарија, се вклучува, со особени почести во тамошното ВМРО: "како ценет соработник на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорѓ Сугарев, Ѓорѓи Чуранов, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов и на сите раководни лица на Револуционерната организација", како што му соопштува раководството на ВМРО на директорот на Еврејскиот институт во Софија, Ели Ешкенази, со кој Рафаел Камхи одржувал интензивни врски и кому тој ќе му отстапи значаен материјал за историјата на македонското револуционерно движење.
Со настојување на Македонскиот научен институт во Софија, Рафаел работи на своите спомени, кои ќе ги заврши по своето одење во Израел, во 1950 година. И оттаму, од Тел Авив, продолжува соработката со Ели Ешкенази и со Македонскиот научен институт од Софија, како и со професорот Борис Јановски, врз основа на што ќе се појави и книгата "Јас, војводата, Скендер Бег", што во 2000-та година во Софија ја издадоа ИК "Синева" и ИК "Шалом", на која издавачите и даваат пробугарски белег, нарекувајќи го Рафаел Камхи "достоен син на бугарскиот и на еврејскиот народ".
Доживувајќи ја својата стота година, Рафаел Камхи во 1970 година, во Тел Авив го завршува својот богат и драматичен револуционерен живот, во најголем дел посветен на македонското револуционерно движење, за што сведочат и објавените сеќавања и неговите ракописи, сочувани во оставината кај семејството на Роза (Камхи) Русо и во архивот на Институтот за национална историја на Македонија.
С? на с?, Рафаел Моше Камхи претставува значајна фигура во македонското национално револуционерно движење во кое оставил значајни траги со своето револуционерно дејствување и со своите автентични сеќавања и записи. Тој подеднакво му припаѓал на својот еврејски народ за чие слободно и рамноправно место во државата, што требало да се избори како автономна Македонија, сесрдно се залагал, но истовремено, претставува и чесен син на македонскиот народ, кој сфатил дека татковината во која заедно се живее, мора да се сака со чиста љубов и со лојалност и да се бори за нејзината слобода. Оттаму и долгот на нашата историографија за натамошно расветлување на неговиот лик и дело, како значајна вредност на еврејскиот и на македонскиот народ и на нивната поврзаност со заедничката судбина, заедничката борба и живот.

Изменето од mungos80 - 24.Март.2010 во 20:29
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:16
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици го напуштаат Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните на Тито.


Prasam se mnogu odamna od kogo go oslobodile Skopje borcite na NOB!
Од остатоците од бугароманите
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:14
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:


Абе Мунгосе, стави малце текст, па даj линкот кон "Глобус", коj сака да чита оригиналот...


Јас не кријам од каде е текстот само глобус има обичај по време архивата да се изгуби како и другите весници а вака целиот текст ќе остане.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:08
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици го напуштаат Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните на Тито.


Prasam se mnogu odamna od kogo go oslobodile Skopje borcite na NOB!


Од избеганите германци , така има мајтап, германците избегаја ние ги ослободивме градојте Та да не си заминеа, се знај шо ќе беше.
Ама вие јадовте убав ќотек па, ако не друго


Изменето од DragancoLeskoec - 24.Март.2010 во 20:08
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:05
Абе Мунгосе, стави малце текст, па даj линкот кон "Глобус", коj сака да чита оригиналот...

Изменето од lav4eto - 24.Март.2010 во 20:07
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 20:02
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици го напуштаат Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните на Тито.


Prasam se mnogu odamna od kogo go oslobodile Skopje borcite na NOB!
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 19:58
Мунгос интересен текст.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 19:46
ВАНЧО МИХАЈЛОВ НЕ ЈА ИСПОЛНИЛ ЗАДАЧАТА НА ХИТЛЕР



Кој беше лидерот на терористичката ВМРО? И во Бугарија и во Македонија се пренебрегнува со определена цел фактот дека Иван Михајлов порачал стотици политички убиства

Пишува: Стефан Требст

Во центарот на Софија, во Борисовата градина во 1990-те години, беше подигната спомен-биста на маж на средна возраст во паравоена униформа. Се онесува на Иван Михајлов (1896-1990), лидер на терористичката Внатрешно македонска револуционерна организација (ВМРО) од 1928 до 1934 година, сојузник на Мусолини, Хитлер и на усташката Независна Држава Хрватска. На Балканот тој е познат и како нарачател на многубројни политички убиства на македонски и на бугарски дејци, како и на југословенски политичари и заедно со Анте Павелиќ и тој е автор на атентатот во Марсеј во 1934 година. И покрај тоа, по 1945 година, против него не само што не е поведена судска постапка, туку тој дури и денес е непознат во Европа.

Неоспорен факт е дека во Европа во периодот меѓу двете светски војни, меѓу национално-револуционерните движења, кои си поставуваа за цел преразгледување на Версајскиот договор, воено најспособна и за тоа најопасна и ултимативно најефикасна е ВМРО. Нејзината краткорочна цел е присоединувањето на Вардарска Македонија, која што од 1918 година е дел на Југославија, кон Бугарија, а подалечна - обединување на сите делови кои припаѓаат на историската територија на Македонија, во една Голема Македонија, на која главен град би бил Солун. ВМРО се бори против новата југословенска држава од бугарската и од албанската територија, кога секоја пролет преку границата преминуваат меѓу 1.000 и 2.000 илјади униформирани четници. По 1922 година ВМРО формира држава во држава на територијата на југозападна Бугарија - во Петричкиот крај. Тоа станува со согласност на власта во Софија, и покрај нејзините „шкртања со заби“. Таа држава во држава располага со самостоен даночен, полициски и правен систем, одделни печатени медиуми и банки. Освен тоа, ВМРО има и сопствена фракција во бугарскиот парламент. Нејзиниот голем дипломатски апарат соработува со Турција и со Унгарија, склучува сојузи со СССР и со Италија. Само Вермахтова Германија откажува соработка со ВМРО – макар што и таму голем број политичари, дипломати, претприемачи, интелектуалци и новинари се големи симпатизери на организацијата.

Во 1927 година во раководството на ВМРО се јавуваат различни погледи во однос на тактиката на организацијата. Интензивната партизанска борба е заменета со принципот на терористичка дејност: кон познати југословенски лидери се насочуваат тројки или петорки на атентатори; кон претставници на новиот европски повоен поредок се подготвуваат самоубиствени атентати; а против дисиденти во сопствените редици се изрекуваат смртни пресуди. Во 1928 година таа нова тактика доведува до остар внатрешен конфликт, кој ја поделува организацијата на две крила, кои влегуваат во масовно братоубиство. Движечка сила на тој нов развој во ВМРО е Иван Михајлов, познат уште по псевдонимот „Ратко Дејанов“. Во 1925 година, една година откако беше убиен харизматичниот лидер на ВМРО - Тодор Александров, Иван Михајлов влегува во тричлениот Централен комитет на организацијата. Тодор Александаров, којшто е прогимназиски учител и бугарски офицер, награден со железен крст од Вилхем II во 1916 година, по Првата светска војна, заедно со бугарскиот генерал Александар Протогеров, ја реорганизира организацијата создадена во 1893 година, која најпрво се бори за автономна Македонија под управа на султанот, и и' дава нова насока во дејствувањето - присоединување на Македонија кон Бугарија. По смртоносниот заговор против Александров, Михајлов ја искористува положбата на доверлив човек - негов секретар, за да го наследи неговото место во Централниот комитет. Во 1928 година, Михајлов го порачува убиството на својот колега и противник во Централниот комитет - генерал Протогеров, по што ги поставува во раководството на ВМРО двајцата негови најблиски луѓе - Страхил Развигоров и Иван Караџов и така практично ја презема контролата над организацијата. Приврзаниците на Протогеров, под раководство на Петар Шанданов и Наум Томалевски, жестоко се спротивставуваат. Тоа доведува до долгогодишна внатрешна братоубиствена војна, која зела стотици жртви меѓу активистите од двете завојувани крила. И до денес на бугарски изразите „македонска работа“ или „да завршиш со нешто по македонски“ означуваат да извршиш нешто на особено жесток и крвав начин.



Во 1929 година, Михајлов започнува стратегиски промени во ВМРО - оддалечување од целта за присоединување на Македонија кон Бугарија и поставување на нова задача - „слободна и независна Македонија“, која би ги обединила трите дела, т.е. Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија како „втора бугарска држава на Балканот“. Во текот на 1933 година, новиот к*рс на дејствување се претвора во доктрина на организацијата. Според Михајлов, нацијата на новоформираната држава, која се состои од „македонски Бугари“, може да се дефинира и како „бугаро-македонска“, бидејќи е бугарска во етнокултурен и јазичен однос и македонска – во регионален. Така ВМРО си создаде непријател од политичката елита во Бугарија која до тој момент, поголемиот нејзин дел, е поволно расположен кон организацијата. Како резултат на тоа, на 9 мај 1934 година, политичкиот центар „Звено“ и воениот сојуз ја испраќаат бугарската армија против цитаделата на ВМРО во Петричко. Само за неколку денови стуктурите на организацијата се разбиени, нејзините лидери се интернирани, а во 1935 година на Михајлов му е изречена смртна пресуда.

Фатен во тесно, Михајлов успева, за разлика од останатите лидери на ВМРО, во продолжение на неколку месеци да се сокрива во државата и во септември 1934 година, да избега во соседна Турција. Лидерот на нова Турција - Мустафа Кемал Ататурк, роден во Македонија, му дава на Михајлов политичко прибежиште - веорјатно со идеја да не може да се востанови хегемонија на Балканот од страна на Јужните Словени под форма на сојуз меѓу Југославија и Бугарија.

Непосредно по бегството на Михајлов во Турција, ВМРО успева да го нанесе својот најголем терористички удар: атентатот во Марсеј на 9 октомври 1934 година, при што загинуваат југословенскиот крал Алксандар Први Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи, Луј Барту. Испраќањето на искусниот атентатор на ВМРО, Владо Черноземски, е резултат на тесната соработка на Михајлов со хрватските усташи на Анте Павели против Југославија. Павелиќ е иницијатор на планот за атентатот и тој ги оценува реално професионалните можности на своите луѓе, т.е. ниско - затоа го моли Михајлов за помош. Откако нервите на тројцата хрватски стрелци на пристаништето во Марсеј не издржуваат, Черноземски ја исполнува успешно задачата што му е дадена од Михајлов. Имено, атентатот во Марсеј ја испровоцира Лигата на народите да се обиде преку Женевската конвенција да го спречува и казнува тероризмот, да ја мобилизира меѓународната јавност за спротивставување против организираниот тероризам и да ја вклучи борбата против него во меѓународното право.

Треба да се одбележи дека Михајлов, кој го прекинал студирањето право во Софија, нема искуство во партизанската борба и никогаш не влегувал во „внатрешноста“ на Македонија. (оттука и буквата „В“ во името на организацијата), т.е. во бојното поле на самиот југ на Југославија. Тој се обидува да го надмине тој недостиг, кој влијаел негативно на неговата позиција во организацијата, целосно ориентирана кон култот на хероизмот и на мачеништвото, оженувајќи се со една популарна терористка на ВМРО. Во 1926 година тој склучува брак со Менча Крничева која во 1925 година, по лична наредба на Михајлов, го изврши прославениот атентат против македонскиот политички деец во прогонство, Тодор Паница, во виенскиот „Бургтеатар“, за време на претставата „Пер Гинт“ од Ибзен. По пресудата, австрискиот суд ја ослободува Карничева поради здравствени причини.

За време на четиригодишното прогонство во Турција, кога Михајлов и Крничева се интернирани најпрво во северна Анадолија, а потоа на осторвот Бујук Ада близу до Истанбул, тие се обидуваат без успех да добијат визи за САД. Таму во составот на „Македонската патриотска организација“ во САД и Канада (МПО) со седиште во Форт Вејн, Индијана, ВМРО располага со густа мрежа од поддржувачи. Но, дури и Швајцарија, Романија и Велика Британија, како и бившиот сојузник на ВМРО - Италија на Мусолини, не сакаат да ја примат двојката терористи. Едвам во 1938 година, Полска им дозволува на двајцата да влезат на нејзина територија, но под услов да се воздржуваат од секаков вид политичка дејност. Михајлов и неговата сопруга добиваат визи на лична иницијатива на полскиот амбасадор во Софија - Адам Тарновски, кој уште во времето на Првата светска војна е дипломатски претставник на Австро-Унгарија во бугарскиот главен град и одржувал тесни врски со ВМРО. И покрај тоа што Варшава ги анулира визите поради бурни протести во Белград, турските власти го натоваруваат семејството Михајлов на полскиот трговски брод „Левант“ кој бил укотвен во пристаништето во Измир. По долга одисеја низ Средоземното Море, на 23 септември 1938 година, бродот најпосле пристигнал во Гдањск со своите немили и несакани патници.


И покрај тоа што Михајлов се населува во една глува провинција на Полска, тој има можност, како и пред тоа во Турција, да одржува тесни контакти со своите приврзаници во Бугарија и во Северна Америка. По влегувањето на Вермахтот во Варшава во септември 1939 година, Михајлов и неговата жена, која говори добро германски, се поврзуваат со Гестапо. Потоа тие се населуваат во Рајхот - колку долго, останува неизвесно. Таму тие се населуваат во привремено живеалиште во Берлин, во населбата Нојклојн, каде што му се непосредни соседи на Анте Павелиќ и на неговото опкружување. Не е јасно какви контакти поддржувал Михајлов во германскиот главен град со национал-социјалистичката власт - во архивите на Третиот рајх досега не е најдена информација по тоа прашање. Веројатно, во пролетта 1940 година, Михајлов се преселува во Будимпешта. Таму тој ја разгледува можноста со германски и со италијански претставници за формирање македонска држава, додека Третиот рајх, како и фашистичка Италија се занимаваат со новата територијална поделби на југоисточна Европа. Влијанието на Михајлов врз преживеаните структури на ВМРО во Бугарија реално намалува многу видно во април 1941 година – по повторната окупација на Вардарска Македонија од бугарските војски и востановување на бугарска административна структура. Поголемиот дел од приврзаниците на Михајлов го одобруваат де факто тоа присоединување како „повторно обединување“ на Македонија со „мајка Бугарија“ и прифаќаат функции во окупираната територија. Михајлов, кој непоколебливо ја следи целта - „слободна и независна Македонија“, прифаќа во мај 1941 година да се пресели во Загреб - на покана испратена од неговиот долгогодишен сојузник Павелиќ, којшто во меѓувреме стана водач („поглавник“) на германско-италијанската марионетска држава Независна Држава Хрватска (НДХ). До 1944 година, Михајлов е најважниот надворешно-политички и воено-политички советник на хрватската управа на усташите, како десна рака на Павелиќ.

Од Загреб Михајлов продолжува да оддржува тесни контакти со Рим и со Берлин. Пролетта 1943 година, тој се договара со началниците на италијанската армија за формирање на вмровски одреди кои би ги помогнале италијанските окупаторски сили во северна Грција. Во октомври 1943 година, непосредно по повлекуваењто на Италијанците од Балканот, по преговорите со рахјсфирерот на СС Хајнрих Химлер, Михајлов договара формирање на силна вмровска заштитна група („Обезбедување“) составена од 12.000 мажи, која би била распоредена во грчки делови на Македонија окупираните од Германците. Меѓутоа, регрутирањето на нејзиниот состав се оддолжува и не ја достигнува договорената моќ. Исто така, останува нереализиран и предлогот на Михајлов даден на Павелиќ за формирање на силна платена армија на ВМРО, која би се борела против различните партизански одреди во босанскиот дел на НДХ.

Меѓутоа, од Бугарија - Цар Борис III, како и власта на военото раководство во државата, гледаат со неспокојство на активностите на Михајлов во Загреб, бидејќи се плашат дека неговиот план да формира „слободна и независна Македонија“ може да успее. И, за да може да биде контролиран, се поништува неговата смртна пресуда и му се предлага да се врати во Бугарија и да заземе раководно место во Вардарска Македонија. На изненадување на Софија и на неговите најблиски соработници, Михајлов категорично го отфрла предлогот. Поповолна е неговата реакција кон предлогот на германскиот министер за надворершни работи, Јоахим фон Рибентроп да биде претседател на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх. На 1 септември 1944 година, Хитлер издава „фирерска заповед“ за брзо прогласување и формирање на слична таква држава. Така, поради Црвената армија која секавично навлегува на Балканот, треба да се гарантира повлекувањето на Вермахтот од Грција.

Михајлов го задржува правото да даде конечен одговор на германскиот предлог, откако ќе направи посета на Скопје. На 3 септември 1944 година тој пристигнува со германски воен авион од Загреб во Софија каде ја разгледува ситуацијата со останатите свои соработници. На 5 септември човекот за врска меѓу Михајлов и СС началникот на Шестата управа (надворешно-политичкото разузнавање) во Главната управа за империска сигурност, СС-бригадфирерот Валтер Шеленберг, му телеграфира на Рибентроп: „Со неколку расправи - денес и утре, Михајлов треба да се обиде да го спаси она што треба. Меѓутоа, состојбата изгледа безнадежна. И Михајлов е на истото мислење, откако сам можеше да се увери за состојбата на нештата“. Истовремено СССР и објавува војна на Бугарија. Непосредното навлегување на советските трупи во балканската држава што следеше потоа, како и нивното напредување до германската основната сврзувачка линија во Вардарската долина, доведуваат до драматично изострување на воената ситуација. Како резултат на тоа, Рибентроп го притиска германскиот амбасадор во Софија СС-обергрупфирерот Адолф Хајнц Бекерле: „Денес фирерот одново нареди да биде прогласена независноста на Македонија - овојпат без повеќе одлагања“.



На истиот 5 септември Михајлов патува од Софија за Скопје, каде на 6 септември има повеќе средби со активисти на ВМРО и со месни првенци како и средби со комунистички партизани и со претставници на граѓанското антибугарско ослободително движење на Методија Андонов-Ченто. Вечерта тој го соопштува своето решение, кое веднаш е е испратено од германскиот генерален конзулат во Скопје до амбасадата во Софија: „Комитетот (скопските вмровци) се откажува категорично да ја прогласи независност на Македонија, убеден од Ванчо Михајлов, и по опстојна анализа на стекнатите состојби. Аргументирајќи го своето решение, Михајлов се запира најмногу на: Прво, отсуство на приврзаници кои ќе се подготвени да застанат зад независноста и да ја наметнат и, второ, непрекинато и агресивно деморализирање на целото население.

Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици го напуштаат Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните на Тито.

Михајлов и неговата жена, заедно со уште неколку верни другари, се евакуирани од СС припадниците од Скопје, прво во Виена, а пролетта во 1945 година тој бил преместен во гратчето Алтаузсее, во австриските Алпи. За разлика од многуте национал-социјалистички величини кои се наоѓале таму, Михајлов не е вознемируван ниту од американските единици, кои пристигнуваат во градот на 9 мај 1945 година, ниту од востановената по тоа британска воена администрација, како што не е вознемируван, кога Титова Југославија официјално бара негово екстрадирање од Англичаните.

Не е познато каде Михајлов и неговата жена ги поминуваат првите години по војната. Веројатно привремено се запреле во Шпанија на Франко. Во 1948 година, тој успева да добие жителство на Италија, која во наредните 42 години ја напушта само за да се одмора во Австрија и во Германија. Од 1958 година, тој живее под името на „професор Џовани од Унгарија“ во римската населба Монтесакро на ул. „Виа Понца“ 6/7. Тој ги ужива привилегиите на својот долгогодишен познаник Анџело Ронкали, кој во периодот од 1925-1934 година е апостолски претставник на Ватикан во Бугарија, а потоа, до 1939 година, е апостолски пратеник во Турција, државата во која Михајлов добива прибежиште. Во 1958 година Анџело Ронкали е избран за папа Јован XXIII. За разлика од Павелиќ и други усташки лидери, Михајлов не ги користи добрите врски со Ватикан за да се извлече преку „каналот на духовите“ и да најде сигурност во Јужна Америка.

Кога во 1946 година, во „народно-демократска“ Бугарија и последните преостанати ченови на ВМРО на Михајлов, под раководство на Кирил Дрангов и Владо к*ртев, се ликвидирани, приврзаниците на Протогеров, сега поврзувани со БКП, прават кариера во различни министерства и особено во Државната безбедност на НРБ. Исто така, и во новата југословенска Република Македонија тамошната комунистичка тајна полиција ги задушува обидите за реорганизацијата на истомислениците на Михајлов. Од тој момент во сталнистичка Бугарија, како и во Титова Југославија, „михајловист“ се претвора во етикета, застрашувачка за живот. Меѓутоа, сепак во 1978 година, долгогодишниот државен претседател и раководител на партијата на Бугарија, Тодор Живков, дава наредба да се востанови таен контакт со прогонетиот во Италија - Михајлов. Мотив за тоа е разгорениот бугарско-југословенски спор за Македонија, поконкретно: прашањето дали постои македонска нација како тврдат од Белград и од Скопје, или дали поголемиот дел од населението на Македонија се Бугари, како што сметаат во Софија. Факт што во тој спор Михајлов застанува на бугарска страна, го прави за Живков важен сојузник против Југославија, пред се', среде бугарската и македонската дијаспора во Северна Америка и во Океанија. Во исто време, Михајлов гледа во комунистичка Бугарија партнер против Тито и Лазар Колишевски и против нивниот проект за одделна македонска нација со национален јазик, национална литература, национална црква и специфична македонска - а не бгуарска идентичност.

Запрашан дали многубројните порачани од него смртни пресуди на бугарски и на југословенски политичари и службеници и особено против членови на ВМРО, му тежат на неговата совест, Михајлов одговора дека такви слични пресуди се негово дело само при отежнувачки случаи на предавство или, пак, при злоупотреби со пари на организацијата, како и во случаи кога смртните пресуди правно биле издржани и изречени од легални органи на ВМРО. „Ми се наложуваше да потпишувам смртни пресуди на мои пријатели“, признава Михајлов, сочувствувајќи сам со себеси, за време на разговорот со бугарскиот службеник во Ватикан, Георги Елдаров. Според него, ВМРО била „суверена државна структура“ и „дејствувала како другите држави“. Тоа дека бројот на смртните пресуди во споредба со другите држави бил повисок, Михајлов го објаснува со состојбите дека „организацијата немала затвори за издржување на тие што ги прекршиле правилата на уставот“.

По епохалната 1989 година, во Бугарија и во новата Република Македонија се појавуават независни македонски политички партии, кои се сметаат за организации - наледници на ВМРО. Во сегашна демократска Бугарија, бившиот шеф на ЦК на ВМРО Михајлов е сметан за национален херој. Тоа јасно се гледа од чинот на подигнување на неговата спомен-биста. Од друга страна денес, во Македонија, Иван Михајлов, роден во 1896 година, во источномакедонскиот град Штип, е делумно рехабилитиран - и покрај неговите погледи за националното прашање. Во 2000 година неколку пратеници од македонското Собрание учествуваат во панихидата што му е отслужена на атентаторот-камиказа од ВМРО, Владо Черноземски, кој во 1934 година во Марсеј се справува исклучително успешно со задачата дадена од Михајлов. Во 2002 година во центарот на Скопје се открива спомен-плоча и за една друга атентаторка-камиказа од ВМРО, Мара Бунева, која во 1928 година, исто така по наредба на Михајлов, застрелува висок белградски службеник, а потоа се самоубива.

Фактот дека мирно починатиот на 5 септември 1990 година, на библиска возраст од 94 години, прогонетиот во Италија порачал стотици политички убиства, во Бугарија и во Македонија се пренебрегнува со определена цел. Вистината дека Турција, Полска, Унгарија, Хрватска, Австрија го прикривала и го заштитувале Михајлов, и покрај тоа што тој официјално бил баран од Бугарија поради обвиненија за терористичката дејност, во тие држави нема никаква улога. А во општествената памет на Италија, како и во Германија, сојузникот на Мусолини и Хитлер е целосно заборавен.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 20:15
Цитирај Стара б`лгарска поштенска картичка: "Обесването на војводата Александар Турунджов на 18 Август 1905 наБитолскиот плоштад Ат пазар."

Интересното во ова картичка е што през 1941 е надпишана од братот на војводата Ал.Турунджов и е подарена на војводата Тане Николов.


"За господинот

Тане Николов

За спомен од мене братот
на покојниот Александар којшто беше обесен
за свободата на Македонија и величието
на б`лгарскиот род.


29/VIII 1941 год Пандо Турунчов

Битола"

позајмено од Строубери


Изменето од Каснакоски - 23.Март.2010 во 20:17
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 16:35
Диме Стоjанов- Берберчето, од град Велес:

Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 15:17
...Во Гевгелиско убил еден поп - гркоман, а подоцна и бугарски поп и учител. Јане Сандански, кој тогаш не го познавал Ќосето лично, кога разбрал за убиствата му испратил остро писмо во кое го предупредил да престане со убивањата. „Во писмото тој ми даваше ак’л. Ми пишеше дека сум бил жесток, дека не требало да убивам попови и даскали, дека неопходна била засилена агитација, зашто тие луѓе ќе ни биле потребни...’“, раскажува Ќосето...намигнување

...Неговата ќерка беше омажена за еден Турчин во селото Поски, а органзизацијата имаше издадено наредба во ниту едно од бугарските села да нема полјак – Турчин.голема%20насмевка

Еве уште во почетокот што пропуштил да спомне Цветаноски за семеjството на Андон:

Мајка ми се вели Марија. Татковото и име не можам да си спомнам. Таа беше по потекло од село Лисиче, Велешко. Тоа е под селото Дреново и беше населено со Бугари, Турци и Арнаути.


...Камата ми беше во рака; таа се беше изкривила и не влегуваше во ножницата. Турнав ја во устата, извадив пиштолот и почнав да викам  по бугарски: "Назад!"
 Зборував нарочно по турски, та  да не разберат дека сме Бугари. Избегавме. Беа соопштиле во Солун да фатат патиштата.


Сите другари трчаа по мене и веднаш се упатија кон градината. Реков на другарите и ги предупредив никој да не зборува по бугарски.


Ние двајцата со Делчев решивме да одиме во Солун. Влеговме во Солун и најдовме добар прием. Се криевме во текот на два - три дена. На третиот ден побаравме  да смениме седиштето и вечерта јас и Делчев поjдовме каj Пиргите.
Ние не можевме да поминеме преку други пократки улици и требаше да минеме пред "Коломбо". Јас одев напред, а Гоце по мене. Одевме кај бугарската маало, од едно седиште над бугарската црква.


Истата ноќ поминавме Вардар и влеговме  во селото Мировци, Гевгелиско. Тука имаше раздор меѓу гркомани и Бугари. Ние одевме каj бугарскиот поп. Во селото имаше два попа. Кога дојде празник единиот чита на бугарски, а другиот на грчки. Веднаж попот беше предупреден од страна на легалниот комитет; предупреден беше исто така и од нас, ама тој не сака да се помири. Отидовме каj бугарскиот поп и се настанивме во една голема соба. Планот ни беше вечерта да го фатиме грчкиот поп. Бевме 7-8 души и токму седнавме, објавија дека таксилдаринот дошол. Тој беше се упатувал директно до куќата на бугарскиот поп, знаејќи дека попот има убава куќа.

...Во Бук*решт беше убиен Михаjлjану и слушнавме дека помеѓу Бугарија и Романија, можело да избувне војна. Со Попето одлучивме да патуваме за Бугарија и да пристапиме во бугарската армија. Собравме неколкумина другари и сите преку Валандово, Струмишко, стигнавме во Ќустендил.





Изменето од lav4eto - 16.Март.2010 во 22:57
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.