![]() |
|
Браунис колачиња |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вегански „браунис“ со просо и урмиАко е здраво и веганско, нека биде и превкусно. За подготовка на чоколадните вегански „браунис“ потребни ви се:
Сите горенаведени состојки се миксираат во блендер. Префрлете ја смесата во длабока чинија, па додајте:
Подготовка:Смесата оставете ја да „одмори“ 20-30 минути. За тоа време, загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Ставете хартија за печење во тавата и нанесете тенок слој кокосово масло. Отстојаната смеса рамномерно нанесете ја во тавата за печење. Печете го колачот околу 50 минути. Откако ќе биде испечен, оставете го целосно да се излади. Одозгора можете да декорирате со стопено темно чоколадо, со кокос или што било друго по ваша желба. Бонус совет:За да ја отстраните целосно горчината на просото, оставете го претходната ноќ на стои во вода во која има исцеден сок од половина лимон. Следното утро истурете ја водата и измијте го просото, па ставете го да се свари. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Едноставен браунис Состојки 1 чаша од 250 мл. брашно ¼ чаша какао ½ мала лажичка пециво ¼ мала лаижчка сол 110 гр. путер(на собна температура) 240 гр. темна чоколада со повисок процент на какаоВо сад измешајте ги сувите состојки. Во сад на пареа стопете ја чоколада исечкана на коцки. Откако ќе се стопи чоколада додадете го путерот исечкан на коцки, оставете го да се стопи. Тргнете ја од оган и додадаете го шеќерот, мешајте да се стопи на пола, потоа додадете ги целите јајца и брзо мешајте со жица да се соедини. Течната смеса додајте ја на садот со сувите состојки и соединете со миксер или жица за матеше. Смесата сипете ја во плех 20х30 см. обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 25-30 мин. или додека зарумени. Внимавајте да не го препечите. Извадете го и оставете го да се излади, може да го служите додека е млако. Посипете прав шеќер или служете со изматена слатка павлака. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Браунис со тиква Состојки за браунис 125гр путер(маргарин) 200гр чоколадо 2 јајца 180гр шеќер 1 ванила 80гр брашно за фил од тиква 1 јајце 100гр крем сирење пола шола пире од тиква 1 ванила малку цимет(по желба) 3 лажици брашно ганаш 200мл слатка павлака 150гр чоколадоЧоколадо и тиква одлична комбинација. Прекрасни мекани браунси со фил од тиква покриени со прекрасен ганаш. Кој би одолеал на вакво нешто? Се матат со маталка јајцата со шеќерот и ванилата. На страна се топи на пареа путерот (маргаринот со чоколадото) Откако малку ќе се изладат се додаваат чоколадото со путерот во јајцата со шеќерот. Се мати убаво и на крај се додава брашното. Се мати додека не се добие убава мазна смеса. Во намрсено тавче(23х23-коцка тавче за лазањи е идеално) се истура половина од смесата и се печи во загреана рерна на 180степени 10-15мин додека не фати малку кора. Јајцето со шеќерот се матат со маталка. Се додава крем сирењето, пирето од тиква, ванилата циметот.Откако ке се потпечи тестото се истура филот од тиква и се врака повторно во рерна околу 10-15мин повторно да фати кора. На крај се додава останатото тесто врз филот и повторно се враќа во рерна да се допечи(околу 20мин) Кората ќе биде мека, но откако ќе се излади ќе се здрви. Ганаш: Слатката павлака се става на оган заедно со чоколадото се меша постојано да се стопи чоколадото.Откако ќе се испечат браунсите се додава врз нив ганашот. Се остава да се излади потполно околу 3-4 часа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Браунис со лимон СОСТОЈКИ Брашно(60 Грама) Путер(113 Грама) Јајце(2 ) Шеќер(3/4 Чаша) Свеж сок од лимон(4 Супени лажици) Рендана кора од лимон(1 1/2 Кафена лажица) Сол(1/4 Кафена лажица) Сода бикарбона(1/4 Кафена лажица) Прашок за печиво(1/4 Кафена лажица) Екстракт од ванила(1/2 Кафена лажица) ПОДГОТОВКА За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Браунис со путер од кикиритки За колачите: за чоколадниот прелив: Ги печев во големо тавче, околу 20 x 30 cm, намачкано со путер, па ставена хартија за печење и пак намачкана со путер, само мислам дека една или две работи од ова сето може да се скратат, ќе пробам следниот пат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Чоколадни -фаџ браунис Состојки 3/4 шолја какао 1/2 прашок за пециво 1/3 шолја масло 1/2 шолја вода што врие 2 шолји шеќер 2 јајца 1/3 шолја масло 1 1/3 шолја брашно 1 мала лажичка екстракт од ванила или 1-2 ванилин шеќер малку сол 1 шолја = околу 240 мл.Вклучете ја рерната на околу 200˚С да се загрее додека вие го приготвите тестото. Мојата рерна се загрева за 10 мин. а тоа време ми е сосем доволно за подготовка на тестото. Подгответе си го и тавчето за печење – јас ставам хартија за печење, но оригиналниот рецепт вели тавче подмачкано со масло. Вие одберете си. Во длабок сад помешајте ги какаото и прашокот за пециво (доколку немате пециво може половина лажичка сода бикарбона да ви заврши работа – тоа е впрочем оригиналниот рецепт, јас си го правам секогаш со пециво, поровко ми е тестото така). Додадете ја првата количина на масло (1/3 од шолја) и водата што врие. Убаво измешајте да се соедини, а притоа и малку ќе згусне. Додадете ги двете шолји шеќер па промешајте, па додадете ги јајцата, па останатата количина масло. Најпосле додадете ги брашното, ванилата и еден прстофат сол. Полутечното тесто префрлете го во тавчето за печење. Доколку сакате може да користите калапче за мафини. Печете во загреаната рерна околу 30 минути. После 20-тина минути проверете го зашто поентата е од горе да фатат коричка, но внатре во средина да бидат лепливи, како чоколадни. Јас ги проверувам така што ги боцкам со чепкалка и на чепкалката треба да остане чоколадо на врвот т.е. на потенкиот дел. Тогаш се готови. Доколку ги препечете/пресушите внатре не е крај на светот – тогаш се посуви и ќе бидат како колач. Во таков случај може да го премачкате со мармалад (најубаво некој свеж – кајсии, потрокал..) или шлаг или да го изредите со свежо овошје за да биде малку посочно или посвежо. Или прелите го со еден подебел слој топено чоколадо. Можностите се безбројни во однос на она што може да се додаде и да се промени вкусот на овие браунис по желба - мнооогу добро оди чили во прав, јас ставам секогаш од прилика, ама еве да речеме половина лажичка мислам дека е доволно, или една ако сакате повеќе да се чувствува. Цимет, малку морско оревче и каранфилче, плус може и тука малку чили за да добиете прекрасна зимска комбинација. Рум или некое друго ликерче му дава прекрасен вкус. Пред да го ставите да се пече може да му додадете сецкано чоколадо за дополнителна кремавост, некое суво овошје или јаткасти плодови за да крцка и да добие сосема поинаков шмек, малку свежо/смрзнато овошје како вишни, малини, боровници... Ако сакате чоколадо со арома на кафе може да сварите филтер кафе или инстант кафе и да ја замените водата со него. Ако сакате да имаат уште поубав, побогат вкус може да го замените маслото со растопен путер.. Мој совет е да го пробате прво еднаш во оригинал за да знаете со каков вкус си имате работа и потоа секој нареден пат може да си експериментирате со вкусовите ... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Браунис со вишниИако е едноставен за правење, Браунис колачот (колачите) високо котира кај љубителите на слатки Кога е направен како што треба овој колач е вистинско чоколадно задоволство, сочно и богато одвнатре, крцкаво од надвор. Токму во тоа е клучот за добар браунис и единственото нешто на што треба да внимавате е да не го препечете. Запомнете, доволни се 30 минути а чепкалката со која се проверува дали е тестото печено, не треба да излезе сува, туку напротив, влажна.. 80 г какао 1. Во лонче помешајте ги какаото и зовриената вода за да се стопо какаото. Чоколадото и путерот стопете ги и оставете ги да се оладат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |