![]() |
|
Флуор - Тивок убиец |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога децата ми беа мали, ми беше препорачан флуор, но јас од голема претпазливост и страв не им давав, мислам, одев се на природно.
Сега кога ќе им се расипе некое запче се обвинувам себеси дали правилно постапив со тоа што не сум давала флуор? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
BisernA ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
подобро е да се почне кампања против газираните сокови, блакцата, грицките,..... да се рекламираат здрави и природни сокови, и такви да се произведуваат..... да се научат сите, не само децата,... како правилно да се хранат, и да го чуваат целото свое здравје, не само на устата.....
многу поздраво за разлика од флуорот ![]() |
|
![]() |
|
Evenstar ![]() Сениор ![]() ![]() Вечен оптимист Регистриран: 09.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3388 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Е морав овде нешто да пишам, не сакам да испадне дека пропагирам флуоризација на водата или млекото - како стоматолог лично сум против тоа, ама кај нас мора на некој начин да се започне со превентива на забните заболувања, бидејќи е жалосно во каква состојба се забите на децата, а да не зборувам за возрасните, од кои ретко некој на 30 годична возраст ги има сите заби во устата и тоа здрави... има и други начини да се постигне она што сакаат да го постигнат г-динот Царчев и премиерот, ама да се разбереме, јас немам ништо против нив, а посебно против мојот професор, кого навистина го почитувам и ценам како голем професионалец...
Како прво, кариесот сам по себе не е бактерија! Кариес е болест на забите, предизвикана од бактериите кои нормално ги има во усната празнина, и кои се нормални жители на истата - меѓутоа, сите немаат ист вид бактерии во устата, но тоа може да биде друга тема... конкретно, ФЛУОРОТ не ги убива бактериите, како што тврдите погоре, туку, флуорот помага во изградбата на забите и нивната структура - т.е ја зацврстува решеткастата структура на забната глеѓ и таа станува поотпорна на дејството на киселините што ги создаваат бактериите во устата од остатоците и наслагите од храната. Најефикасно е ако се прима во фаза на формирањето на забите - затоа и на бремените жени им се дава флуор некаде од четвртиот месец на бременоста, кога и започнува создавањето на забните зачетоци од кои ќе никнат млечните заби, и се дава на жената се додека дои... потоа се продолжува да му се дава на детето, во одредени, строго пропишани дози, се до периодот кога и последните зачетоци на трајните заби се формираат, - а оној флуор што го има во пастите за заби делува само локално, и нема ист ефект како оној што се внесува додека се формираат забните зачетоци - затоа и е глупаво и непрактично тоа со флуоризацијата. Инаку, флуорот е токсичен, тоа е точно, тука нема што да се дискутира, па затоа се применуваат точно и стриктно одредени дози. Сега, тоа е дискутабилно во последно време, дали да се дава или не, не само заради токсичноста на флуорот, туку и заради тоа што ако се претера, има спротивен ефект врз забите... нели, се што е претерано не е добро, тоа важи и за флуорот! |
|
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
|
|
![]() |
|
IQ ![]() Сениор ![]() ![]() Darling Регистриран: 11.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 12382 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
znam deka fluorot vo pastite za zabi e steten pred se za nervniot sistem ako se koristi so godini, ama sto da pravi covek, ne mozes da se setas so nemieni zabi...a vo SEKOJA pasta go ima, bidejki e dobar za zabite...
masovno ne trujat od site strani, hrana, voda, obleka, sredstva za higiena, vo se ima shtetni sostojki koi ako se koristat podolg vremenski period predizvikuvaat raznorazni bolesti, ama toa e, moderni vreminja, ne gledam alternativi za zal... |
|
![]() |
|
mmomirovski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 15.Септември.2008 Локација: Tuvalu Статус: Офлајн Поени: 1219 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вчера во шпиц на страниците каде што пишуваше "Здравје" прочитав една статија за флуорот и колку тој е добар. Колку во определени количини ни ги штити забите(се согласувам се додека се користи во форма на паста на заби, иако и за ова сум против, но фактот дека кариесеот е ништо друго туку бактерија која лачи киселина која ја исшушта, а таа киселина ги нагризива непца и забите и ги расипуваат) и се кога видов, кого цитираат Д-р Царчев, да не испадне нешто немам ништо против споменатиот стоматолог и неговите високо стручни квалификации, но се прашувам, кај е тука токсиколог, да каже колку е убав флурот кога се прима орално во вид на вода, таблети, флуорирано млеко. Да биде уште поголема трагедијата истото се дава додека жената е бремена, се прашувам зошто не се инвестира да се окрие антибиотиок или нешто слично кое ќе го уништи кариесот(бидејќи е бактерија), или слично средство кое ќе штити. Нормално одговорот е Профит. Да се навратам на штетните дејствие на долготрајното користење на флуорот. Уште Сталин и Хитлер откриле дека ако се стави определена доза на флуор во водата затворениците биле помирни, склоста кон насилство, кон бегство била значително намалена. После втората светска војна во америка, кога компаниите кои произведувале алуминиум немале каде да го исфрлат флуорот, бидејќи бил толку токсичен што не можело ни во земја да се, бидејќи целата ја разградувал. Досетливте Американци рекле дај ќе го фрлиме во вода. И така до денес под изговор дека е добар за хигиената на забите започнало да се флуорира водата. Каде што денеска повеќе од 60% од водата е флуорирана. Подоцна кога одеднаш во Америка настанал експлозија на разни болести, од рак, леукемија, ментална ретардација, мултиплекс склероза, поврзан е со намалување на коефицентот на интелегеција кај луѓето и до 15 I.Q. Значи ако некој што би имал коефициент на интелегенција да речеме 80 или 90 па и повеќе, ќе остане ментално ретардиран кое понатами остава длабоки последици во семејството, и ред други работи. Поврзан е со многу, многу болести, но нормално ќе ти речат дека ти не се доволно информиран и тоа нема врска, не постојот доволни докази за тоа. Доволно е да изгулаш малце, и ќе видиш дека студиите што се правени, на здравјето на љуѓето во општини каде што се флуора и нефлуорира водата ќе се види дека во општините каде што се флуорира водата, најразлични болести се во поголем степен зафатени од општините во кои водата не се флуорира, а степенот на кариес кај луѓето горе доле ист процент. Што ме загрижи уште повеќе во статијата, добиените податоци од флуорирањето на водата и како тоа добро влијае врз намалувањето на кариесот ќе излезе во весникот на СЗО. Заклучок. Бидејќи има огромен отпор во Европа за флуорирањето на водата, пак се ние заморчињата врз кои ќе се вршат експерименти за да се "докаже колку флуорињето на водата е добра", со други зборови, податоците ќе бидат наместини од старт, во тоа сум сигурен. Претпоставувам не се задовлни што не трујат со aspartаme или емулгатор Е951 во "Кока-кола", која нели ја доби наградата за најдбора кока-кола произведена во светот, па изгледа ќе треба допилентелен напор да направиме самите во труењето. Се надевам Д-р Царцев и Премиерот Никола Груевски, кој во една прилика ја најави флуоризацијата, која како пилот проект ако не се лажам започната е во Битола, кој нели веруваат во Господ и дека ова масовно труење ќе го спречат. Лично не верувам, дека некој од нив ќе излезе и прозбори, бидејќи секогаш има една вистина, другата е лага. Ако мислевте дека сега во Македонија има експолизија од карциноми, чекајте да видите што ќе биде.... http://www.fluoridealert.org/, добра страна ако некој повеќе го интересира...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |