![]() |
|
Ми треба ... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 6> |
Автор | ||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ми требаат што повеќе луѓе со отворени умови и со омекнати срца кои ќе Го примат Исус за свој Господ и Спасител!
|
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Одлична идеја... пишувај текстови и отворај дискусии интересни и за другите верски заедници. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Наместо со кукање, да придобиваме со љубов... |
||
![]() |
||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ми треба форум кој нема да биде пренатрупан со текстови од само една верска заедница.
|
||
![]() |
||
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Статија Трета на Велики Петок
Сите народи твоето погребение Христе, со песни го пеат. Денес Ариматеец од дрво те симна и во нов гроб те положи. Жени мироносци миро ти донесоа од се срце, Христе мој. Сите созданија дојдете, на Бог да принесеме песни жални погребални. Како мртов животот, со мироносиците со миро да го помажеме. Јосифе преблажен, погреби го телото на твојот Животодавец. Со мана Тој ги храни, тие неблагодарни, со зло се отплатија. На својот Благодател што им даде мана, оцет и жолчка му даваат. О безумство страшно на пророкоубиците, што тие Христа ни го убија. О, безумен Јуда, ти на Христа предавник - од мудроста се откажа. Јуда лицемерен, Бога го остави и пленик гревовен стана. Според Соломон, устите лажливи се бездна на безумство. Патиштата нивни, криви и безакони, опасни се и трнливи. Јосиф го погребува чесно со Никодима телото на Творецот. Животодавче Спасе, Слава на твојата власт, адот ти го разурна. Твојата пречиста Мајка, гледајќи те мртов Христе, жално те плачеше. Слатка моја пролет, о премило чедо, каде е твојата убавина. Твојата пречиста Мајка мртов штом те виде, мајчински те оплакуваше. Жени мироносици дојдоа при Христа со миро да го помажат. Христе мој, со смртта смртта ја уништуваш со божествена сила. Се измами измамникот, луѓето се спасени со мудроста твоја Боже мој. Предавникот Јуда во бездната на адот гние и се измачува. Патиштата на Јуда очајникот безумен, полни се со трња и примки. Тие што те распнаа сите ќе загинат, Сине Божји Спасе мој. Во бездната на смртта гинат во страшни маки сите твој злосторници. Слове, Сине Божји, Боже мој и творче, зошто си примил да страдаш. Дева жално плаче гледајќи те Христе тебе распнат на крстот. Телото живоносно Јосиф со Никодима денес го погребуваат. Дева жално ридаше, со болките на мајка топли солзи ронеше. Слатко мое чедо, Светлино на сонцето, како лежиш во мрачен гроб ? Мајко не ридај, страдам да ги ослободам Адама и Ева од адот. Твојата голема милост денес ја Славам, заради која страдаш. Оцет и жолчка денес Христе вкуси, да не ослободиш од зло. Ти на крст си распнат што со столб од облак народот твој го водеше. Жени мироносици на гробот ти дојдоа Спасе, да те миросаат. Стани, Животодавче од пеколна бездна, воскресни не нас мртвите. Тажна, твојата мајка солзи рони, плаче: воскресни Животодавче. Брзај да воскреснеш, радост да и донесеш на твојата родителка. Силите небесни многу се исплашија кога мртов те видоа. Со страв ги почитуваме твоите страданија, прости ни ги гревовите. О пречудна гледка, Слово Божјо, Сине мој, земјата да те покрива. Некогаш со Јосиф во Египет појде, друг Јосиф те погребува. Твојата чиста Мајка те жали и оплакува тебе мртов, Спасителе. Разумот е во ужас Боже наш Створителе, кога го гледа твојот гроб. Жени миросици рано в зори со миро гробот твој го поливаат. Мир на твојата Црква, нам дај ни спасение, дај со твоето Воскресение. Троица Света Славна, Отец, Син, Дух, сиот Свет помилувај го. Дева, удостој не ние да го видиме од гроб воскреснат твојот Син. Сите народи твоето погребение Христе, со песни го пеат.
|
||
![]() |
||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Еве ја првата статија од Велики Петок.
|
||
![]() |
||
pravoveren ![]() Нов член ![]() Регистриран: 12.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 28 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Почитувани, Дали некој ги има Статиите на Голем Петок на македонски јазик во електронска верзија? Поздрав. |
||
Bog e VISTINA
|
||
![]() |
||
aladin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
temata e odlicna.....na mnogu im gi skratuva makite.
![]() Изменето од aladin - 26.Март.2009 во 14:52 |
||
![]() |
||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ова ми личи на купи-продај, дај ми она ќе ти дадам ова... Па и на чело сте ја ставиле темава. Ова треба да се премести на некој друг дел од форумов.
|
||
![]() |
||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не знам што те чуди Алдра. Па од секогаш на форумов православно-пропагандните теми биле на врвот и посебно привилегирани и заштитени.
|
||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||
![]() |
||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Алдра, мислам дека е доста вулгарен овој твој однос и обраќање, и се разбира - сосема непотребно. Темата е поставена со јасна идеја, која е искажана во првиот пост, и е отворена за сите учесници на форумот без разлика на нивната верска определба. Потребата да се критикува нешто или некого само затоа што "не се од нашите", каде и да е, оправдано или не, е едноставно пројава на нетолерантност. Само да те потсетам, ова е првиот пост и идејата на темава:
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
![]() |
||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не ми се верува која тема сте ја ставиле на врвот.ц ц ц ц ц ц Овде единствено самонаречените ,,православни’’ се чувствуваат добредојдени!
|
||
![]() |
||
skalica ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 16.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 64 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пред некој ден, кај едни мои пријатели, читавме од една прекрасна книга „ГОЛЕМ Е БОГ“ од старец Клеопа. Дали е можно некој да ја има во електронска верзија и да ја постира овде?! Ќе му бидам многу, многу благодарен. Поздрав. |
||
Прости ми, Господи, јас сум грешен човек!
|
||
![]() |
||
Orthodul ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 162 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
о. Александар Шмеман- Велики пост (на српски)
Драги во Христа браќа и сестри имајте лесен пост. Изменето од Orthodul - 01.Март.2009 во 19:39 |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |