![]() |
|
Има ли место за нас во Рајот? |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве какво убедување се има во Прахристијанската заедница: Универзален живот, каде (како веруваме ние) Исус Христос повремено се објавува преку Габриеле од Вирцбург ословувајќи најразлични теми.
Во чистото Небо(го нарекуваме и Духовен Универзум) односно рајот, еден ден ќе влезат сите души без разлика како некогаш себе си или другите нив ги етикетирале, затоа што тоа е нашата вистинска татковина - од таму сите сме дошле. Човекот односно физичката обвивка на душата и планетата Земја, Сончевиот систем и тн. настанале многу многу подоцна. Но за да се случи тоа(враќањето во рајот), секоја душа(а таа е бесмртна) треба повторно да стане слика и прилика на вечниот Татко - Бог преку совршено исполнување на божјите закони бидејќи тие се нашата природна состојба. Важни делови од овие закони се содржани во Десетте Божји заповеди примени преку Мојсеј и во Беседата на Гората на Исус од Назарет. При тоа не е битно дали некој се нарекува муслиман, хиндус, Јеховинм сведок, православен, атеист, прахристијанин... битно е дали тој позитивните етички елементи кои ги спознал ги живее во секојдневието! Враќањето во рајот за многу души ќе биде еден долг процес неретко полн со патење(бидејќи секоја душа го жнее што таа самата го посеала, не другите). Таа се среќава со други души со кои има нешто нерасчистено и треба да прости и да добие прошка. На тој начин таа се чисти и станува посветла и посветла. Тој процес веќе започнал оддамна низ многу реинкарнирања како човек. Наскоро можноста за реинкарнирање ќе се намали, и многу души својот духовен развој ќе го продолжат во невидливите отадестрани подрачја наречени и астрални рамништа. Одтаму развојот продолжува во тнр. подготвителни подрачја каде живеат веќе претежно чисти души. Кога и тој процес ќе се заврши, дури тогаш може да се помине тнр. светлосен ѕид по кој што следат Небесата, самиот Апсолут - велиме и рајот. Но ниедна душа нема да биде изгубена и проколната, гаранција за тоа е Христос, избавителот на сите луѓе и души кој во сите нас ја распределил Христовата искра која чека да биде распламтена од нас за да не поведе во вечната татковина. Кој и кога тоа ќе го направи е прашање на неговата слободна волја. Во бесконечното Небо значи има место за СИТЕ! Прашање е само на време... Изменето од Majkl - 30.Август.2008 во 14:54 |
|
![]() |
|
Azrael ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На оваа тема ме поттикна секојдневното докажување меѓу т.н. христови следбеници кој е во право а кој не.
Се прашувам дали православните верници веруваат дека само тие ќе одат во Рајот, а сите други т.н. еретици, сектанти и заблудени ќе одат во Пеколот (иако и двете страни веруваат во Бог и Исус Христос како спасител) И дали пак од друга страна истово го веруваат т.н. изворни библиски христијани (да не ги редам деноминациите, се разбираме), дека Рајот е е ексклузивно за нив? Читав постови каде за православните се вели дека не се Христови следбеници, а како такви нели нема да влезат во Рајот...значи Тоше не се квалификувал за Рај според ова ![]() Но сериозно, дали секоја христијанска деноминација верува дека само нивните припадници се оние `правите` и дека само тие ќе бидат во Рајот? |
|
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |