![]() |
|
На денешен Ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 36> |
Автор | |||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
280.- Роден е римскиот цар Флавиј Валериј Константин, наречен Константин Велики, прв римски цар кој поткрепа побара во христијанството. На првиот вселенски собир во Никеј во 325 година пресудно влијае на сузбивањето на аријанството. Во 324 година започна со изградбата на Константинопол (Цариград), кој во 330 година го прогласи за престолнина на Царството. 1807.- Роден е американскиот писател Хенри Водсворт Лонгфелоу. Дела: индијанскиот еп „Хијавата“, поемите „Евангелина“, „Поема за ропството“, сонетата „Боженствена комедија“. 1844.- Домениканска Република се одвои од Хаити, и стана независна држава. Во периодот од 1822 до 1844 година целиот остров беше единствена република, за тогаш да се издвои поранешниот шпански имот (Доминиканска република), од некогашниот француски Хаити. Меѓу 1861 и 1865 година Домениканска Република повторно беше под шпанска власт. 1846.- Роден е Франц Меринг, германски соицолог и историчар, една од водечките личности на левото крило на германската социјалдемократија и на „Сојузот на спартаковците“ и еден од основачите на КП на Германија. Од неговите дела најзначајни се „Легенда за Лесинг“, „Историја на германската социјална демократија“, и „Биографија на Карл Маркс“. Умре во Берлин, на 28 јануари 1919 година. 1847.- Родена е англиската театарска глумица Елен Алиса Тери, најголем толкувач на женските улоги во делата на Вилијам Шекспир во британскиот театар во втората половина на 19. и почетокот на 20. век. 1873.- Во Неапол е роден Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите пејачи на сите времиња. Неговиот изведувачки репертоар е мошне богат. Настапуваше на повеќе оперски сцени: во Милано, Лондон, Њујорк и на други места. Автор е на книгите "Спомени" и "Методи на пеење". Умре во Неапол, на 2 август 1921 година. 1881.- Роден е исландскиот државник Свејн Бјернсон, прв претседател на Исланд по прогласувањето на оваа островска земја за република во 1944 година. 1887.- Умре рускиот композитор и хемичар Александар Порфириевич Бородин, припадник на неформалната музичка група „Големата петорка“ и втемелувач на руската симфонија и камерна музика. Од деството покажа вонреден уметнички талент и интересирање за природните науки. Како момче свирел на флејта и клавир, а подоцна и на виолончело. Дела: операта „Кнезот Игор“, симфонија бр. 2 („Багатирска симфонија“) , симфониска слика „Во средна Азија“. 1900.- Основана е британската Лабуристичка партија, со Ремзи Мекдоналд како секретар. 1902.- Во Салинас, Калифорнија, во САД, е роден Џон Ернст Стејнбек, американски писател. Најголем успех постигна со романот „Плодови на гневот“ во кој го прикажа експлоатирањето и трагичното страдање на земјоделските работници - безземјаши. Исто така познати се и неговите дела „Источно од рајот“, „Месечината зајде“, „Глувци и луѓе“ и други. Во 1962 година ја доби Нобеловата нагрда за литература. Умре во Њујорк, на 20 декември 1968 година. 1913.- Роден е американскиот писател Ирвин Шо. Во Втората светска војна како војник учествувал во Европа и во Африка. Дела: „Млади лавови“, „Луси Краун“, „Две недели во друг град“, „Гласови на летниот ден“, „Богат и сиромав“. 1932.- Родена е англиската филмска глумица Елизабет Тејлор. Дебитира во 1942 година во филмот „Леси се враќа дома“, станувајќи позната ѕвезда уште како девојче. Филмови: „Место под сонце“, „Ајванхо“, „Патека на слоновите“, „Дрво на животот“, „Џин“, „Baterfild 8“ (Оскар), „Клеопатра“, „Хотел Интернационал“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ (Оскар), „Одсјај во златното око“, „Тајна церемонија“. 1933.- Во пожарот што го подметнаа нацистите изгоре зградата на парламентот (Рајхстагот) во Берлин. За палењето на Рајхстагот властите ги обвинија комунистите (беа уапсени 1.500 комунистички функционери) дека го запалиле како сигнал за востание. На судскиот процес во Лајпциг, еден од уапсените комунисти, бугарскиот револуционер Георги Димитров ги разоткри плановите и суштината на нацизмот, така што судењето се претвори во јавна осуда на нацистичкото движење. 1936.- Умре Иван Павлов, руски научник, лекар-физиолог. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удри темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 година ја доби Нобеловата награда за медицина и за физиологија. Роден е на 14 септември 1849 година. 1939.- Обединетото кралство и Франција ја признаа владата на генралот Франко, наспроти легално избраната републиканска влада која ја загуби граѓанската војна. Франциско Франко Бахамонде воведе диктатура, за подоцна да ја обнови монархијата. 1952.- Одржана е првата седница на Обединетите нации во новото постојано седиште на светската организација во Њујорк. 1963.- Во Домениканската Република после 33 години заврши диктатурата од страна на избраниот претседател Хуан Бош, основач и водач на Револуционерната Доминиканска Партија, кој од 1930 година живеел во бегство. 1968.- Долниот дом на парламентот го ограничи населувањето на „обоените“ во Велика Британија. 1976.- Ескимските лидери и предочија на канадската влада дека на нивниот народ му припаѓа половина милион квадратни километри од Канада. 1976.- Во некогашната колонија „Шпанска Сахара“ која владата во Мадрид им ја предаде на управување на Мароко и Мавританија, ослободителното движење „Полисарио“ го објавни основањето на Сахарската Арапска Демократска Република, позната како Западна Сахара. 1978.- Египет ги прекина поволностите за Палестинците во земјата, израмнувајќи ги со останатите Арапи. 1986.- По соборувањето од власт, филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, долгогодишен штитеник на САД, допатува на Хаваи. 1990.- Нелсон Мандела допатува во Замбија, почнувајќи го патувањето во странство по 27 години поминати во јужноафриканските затвори. 1990.- Умре Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на "Илијада" од Хомер, "Скендербег" од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година. 1991.- Во Заливската војна меѓу Ирак и САД и сојузничките сили Ирак беше поразен. Ирачаните мораа да се повлечат од Кувајт, кој беше окупиран на 1 август 1990 година. 1994.- Во експлозија на бомба која исламски терористи ја подметнаа во маронитска црква во Либан загинаа 10 верници кои под олтарот чекаа да се причестат. 1996.- Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 2002.- Муслиманите во државата Гуџарат во западна Индија запалија воз полн со хиндуистички верници и усмртија 58 луѓе. Тоа предизвика бран на насилства во државата во кои беа убени околу илјада луѓе. 2003.- Хашкиот трибунал ја осуди поранешната претседателка на Република Српска Биљана Плавшиќ на 11 години затвор. 2004.- Водачот на јапонската секта Аум шинрикјо Шоко Асахар осуден е на смртна казна со бесење поради оранизирање напади со гас во токиско метро, девет години порано, кога беа усмртени 12 луѓе. 2007.- Главнот обвинител на постојаниот Меѓународен кривичен суд во Хаг Луис Морено - Окампо ги обелодени имињата на двајцата обвинети за злосторство во суданската регија Дарфур, поранешениот судански министер за внатрешни работи и порашениот командант на локалната полиција. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1570.- Папата Пие Петти ја екскомуницира од црквата англиската кралица Елизабета Прва, затоа што немаше влијание со нејзинот цврст став врз Католичката црква и воопшто према католичките верници во Англија. Таа католиците ги сметаше за најголем политички проблем во земјата. Меѓу жртвите на репресиите беше и семејството на Вилијам Шекспир, изразито католичко, заради што за него денес има многу малку современи податоци. 1707.- Роден е италијанскиот писател Карло Голдони, обновувач на италијанската комедија. Дела: комедиите „Мирандолина“, „Рибарски караници“, „Коцкар“, драмата „Далматинка“. 1723.- Умре англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралевското друштво во Лондон и негов прв претседател од 1680 до 1682 година. По пожарот кој го опустоши Лондон во 1666 година, вклучувајќи и 53 цркви, проектираше низа зданија, меѓу кои и монументалната катерала „Свети Павле“. 1778.- Роден е аргентинскиот генерал и национален херој Хосе де Сан Мартин, ослободувач од шпанската колонијална власт на Аргентина, Чиле и Перу, кој заедно со Симон Боливар го предводеше јужноамериканското движење за независност. Тој го укина ропството, ја прокламира слободата на печатот, основа библиотеки и настојуваше култорно да го препороди народот. 1841.- Во Лимож е роден Огист Реноар, француски сликар, еден од најистакнатите претставници на импресионизмот. Разви сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимаваше и со вајарство. Најпознати негови слики се "Капачки", "Мулен" и "Лулашка". Со своите слики првпат се појави на изложба на импресионистите во Париз, во 1874 година. Умре во Кан, на 17 декември 1919 година. 1866.- Во Пескасерол е роден Бенедето Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обиде да го ревидира макрсизмот и отворено истапуваше против него, а беше и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“, „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Умре во Неапол, на 20 ноември 1952 година. 1873.- Роден е италијанскиот оперски пејач Енрико Карузо, еден од најголемите тенори во историјата на операта. Посебно беше ценет како изведувач на улоги во оперите на Ѓузепе Верди и Ѓакомо Пучини и интерпретатир на канцони. Тој е еден од првите пејачи кој снимил грамафонски плочи. Дела: „Спомени“, „Методи на пеење“. 1885.- Германија ја анектира Тангањика (Германска Источна Африка), која беше германска колонија до крајот на Првата светска војна. Денес Тангањика е составен дел на источноафриканската држава Танзанија, освен териториите на Руанда и Бурундија. 1899.- Умре основачот на британската новинска агенција Ројтерс, германскиот Евреин, Пол Џулијус фон Ројтер, по кого е наречена најстарата светска новинска агенција. 1923.- Во Струмица е роден Александар Думов, доајен на Народниот театар во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Освен во театарот во Струмица, како артист и режисер, има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Умре во Скопје, на 25 ноември 1989 година. 1944.- Во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција е убиен Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија. Роден е во Прилеп, на 23 јуни 1915 година. 1948.- Комунистите во Чехословачка ја приграбија власта со „февруарскиот удар“, принудувајќи го претседателот на владата Едуард Бенеш да ги прифати оставките на некомунистите во владата. 1949.- Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24 април 1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет "Кирил и Методиј", а на 12 ноември 1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот "Кирил и Методиј" пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи "Свети Кирил и Методиј". 1954.- Египетскиот претседател Мухамед Нагиб беше принуден да поднесе оставка, а целата власт како премиер и претседател на Револуционерниот совет ја презеде Гамал Абдел Насер, негов близок соработник при соборувањето на кралот Фарук Први во јули 1952 година. 1956.- Во говорот на 20-иот Конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, Никита Хрушлов го осуди владеењето на Сталин. 1972.- Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се врати на земјата со примероци од тлото на Месечината. 1976.- САД ставија вето на резолуцијата на Обединетите нации со која се осудува израелската анексија на источен Ерусалим. 1983.- Во Њујорк умре Тенеси Вилијамс, американски драмски писател, добитник на две Пулицерови награди и автор на многу познати драмски дела како што се „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, „Нежна птица на младоста“, „Трамвај наречен желба“ и други. Роден е во Колумбос, во државата Мисисипи, на 26 март 1911 година. 1986.- Филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, кој со Филипини владееше од 1965 година како претседател, а од 1972 година како диктатор, со поддршка од САД, поднесе оствка и побегна од земјата. 1991.- Во Будимпешта, Унгарија, министрите за надворешни работи и за одбрана на шест земји-членки на Варшавскиот договор (Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија и Унгарија) потпишаа Протокол за укинување на неговата воена организација, по 36 години постоење (14 мај 1955 година). 1991.- Ирачка ракета „скад“ во Заливската војна погоди касарна на американски маринци кај саудискиот град Дахран и при што усмрти 28 војници. 1993.- Бомбата која во њујоршкиот Светски трговски центар ја подметнаа исламски терористи уби шест и рани повеќе од илјада луѓе. 1993.- Ким Јонг Сам ја презеде должноста претседател на Јужна Кореја како прв цивил на чело на оваа азиска држава после 32 години. 1994.- Еврејскиот доселеник Барух Голдштајн со автоматска пушка и неколку бомби уби 43 муслимански верници во џамија во Хеврон, по што на лице место беше претепан до смрт. 1994.- САД го протераа рускиот дипломат Александар Лисенко, тврдејќи дека станува збор за руски разузнавач во Вашингтон. 1994.- Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија. 1995.- Лондонскиот весник „Гардијан“ објави дека босанските муслимани тајно се вооружени преку аеродромот во Тузла, со помош на НАТО, со што на најгруб начин е прекршена резолуцијата на ОН. 1998.- Должноста претседател на Јужна Кореја ја презеде Ким Де Џунг, поранешен долгогодишен дисидентски лидер во текот на воената диктатура во оваа азиска земја. 1999.- Народна Република Кина стави вето за продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП уште шест месеци во Република Македонија. Од 1 март 1999 година УНПРЕДЕП ги прекина активностите во Република Македонија. 2003.- Умре италијанскиот филмски глумец и режисер Алберто Сорди. Играл во повеќе од 200 филмови, а дваесет режирал. Филмови во кои глуми: „Под римското сонце“, „Белиот шеик“, „Денгуба“, Херој на нашето време“, „Мојот син Нерон“, „Големата војна“, „Меид ин Итали“, „Малиот, сосема малиот граѓанин“, режија: „Извинете, дали сте за или против?“, „Итајлијанец во Америка“, „Помогни ми љубов моја“. 2004.- Собранието на Чешка одлучи 100 војници на чешката војска да испрати во Авганистан. Станува збор за прва борбена улога на чешките вооружени сили по Втората светска војна. 2005.- Умре британскиот правник Питер Бененсон, основач на меѓународната организација за заштита на човековите права - Амнести интернешнл. 2007.- Иранската Револуционерна гарда, уби 17 бунтовници на северозапад во Иран, недалеку од турската граница. Иран се соочува со проблеми од неколку етнички и верски мотивирани бунтовнички движења. 2007.- Иран во орбитата успешно ја лансира првата ракета - носач на сателит, дело на домашни научници. Во соработка со Русија во 2005 година Иран го лансираше сателитот „Сина 1“. 2007.- Во самоубиствен напад во дворот на една багдатска образовна институција убиени се најмалку 40 и ранети 34 лица. Бомбашот со појас полн со експлозив, се обиде да влезе во дворот на Економскиот и административниот колеџ, но бидејќи обезбедувањето го запре, се дигна себе во воздух усмртувајќи студенти кои тука беа затекнати. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1650.- Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се "Принципи на филозофијата", "Расправа за методите", "Геометрија" и други. Роден е на 31 март 1596 година. 1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски композитор и музички писател, од белгиско потекло, најистакнат композитор на комични опери во 18. век. Негови познати дела се „Ричард Лавовско Срце“, „Карван од Каиро“ и други, а пишуваше и мемоари и есеи. Умре вна 24 септември 1813 година. 1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усоврши телефонот, меѓу првите изгради електрична централа, прв ја примени филмската лента од целулоид и изгради прво филмско ателје во светот. Умре во 1931 година. 1879.- Умре Оноре Домие, француски сликар, графичар и вајар. Во своите дела, особено во графичките, беше силен сатиричар на своето време и аналитичар на негативните општествени и морални појаси. Вистинското значење на неговиот опус го сфатија дури и импресионистите. Роден е на 26 февруари 1808 година. 1929.- Со потпишувањето на Латеранскиот Договор меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, основана е ватиканската држава - "Чита дел Ватикано". Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар. 1945.- Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за "ослободена Европа" и се договорија за основање "општа меѓународна организација за мир и безбедност" во светот - Обединетите нации. 1963.- Во Љубљана умре Фран Алберт, истакнат словенечки писател, еден од најстарите есеисти и критичари. Роден е во Камник, на 17 ноември 1889 година. 1978.- Во Стокхолм умре Хари Едмунд Мартинсон, шведски писател и академик. Уште на 16 години стана морнар и низа години пловеше од Италија до Бразил. Меѓу најпознатите негови дела спаѓаат романите „Копривите цветаат“, „Заминување“, „Патување без цел“, „Кап Фарвел“ и други. Во 1974 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Јемсхег, на 6 мај 1904 година. 1985.- Во Лос Анџелес умре Хенри Матавеј, славен американски филмски режисер. Добитник е на еден "Оскар", но сними дури 66 филмови, меѓу кои најпознати се неговите вестерни "Наследството на пустината", "Напад на поштенската кочија", "Ѓаволска градина" и други. Роден е во 1899 година. 1990.- Во Скопје е основана Лигата за демократија. За претседател е избран Ѓорѓи Марјановиќ. 1992.- Во Штип умре Методи Докузов, легендарен музички педгог на овој град и еден од основоположниците на музичката култура во Македонија. Роден е во Штип, во 1917 година. 1992.- Во Сиетел умре Алекс Хајли, американски писател, автор на познатиот роман - хроника „Корени“, за кој во 1977 година ја доби Пулицеровата награда. Роден е во 1922 година. 2001.- Во Тетово е поставен камен-темелник на Штуловиот колеџ, првиот приватен универзитет во Република Македонија. 2004.- Во Скопје умре Томе Саздов, професор по народна литература, научен работник и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Македонски народни приказни“, „Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби“, „Македонска народна лирика“, „Усна книжевност на Македонците“, „Историја на македонската книжевност - усна народна книжевност“, „Непознатиот Прличев“ и други. Роден е во Скопје, на 8 февруари 1934 година. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1258.- Тамерлан го зазеде Багдад. Монголците тогаш го разораа древниот град при што убија околу 10.000 жители. 1502.- Португалскиот морепловец, Васко де Гама тргна од лисабонското пристаниште на второто патување за Индија. Пет години порано Васко де Гама го откри овој пат, пловејќи околу 'ртот Добра Надеж. 1515.- Во Софија,Македонецот Ѓорѓи Кратовски, христијански светец, поради одбивање да го прими исламот, жив е изгорен од страна на турската власт. По неговата смрт бил прогласен за светец од страна на Синодот на Охридската архиепископија, како и од Руската, од Бугарската и од Српската православна црква. Роден е во Кратово, во 1497 година. 1755.- Во Париз, умре Шарл Монтескје, еден од најголемите француски филозофско-политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција. Во неговото главно дело "Духот на законот" ја изнесува теоријата за поделба на власта, на законодавна, извршна и судска, која и денес е темел на западната парламентарна демократија. Роден е во Бордо, на 18 јануари 1689 година. 1736.- Седумгодишната војна заврши со склучување мир во Париз. Според одредбите Франција скоро цела се повелече од Индија, а Велика Британија ги отстапи Канада и териториите источно од Мисисипи и Флорида. Шпанија ја доби Луизијана и Куба, а Прусија ја задржа Шлезија, која ја одзеде од Австрија. 1837.- Во Петроград, од раните здобиени во двобојот со францускиот авантурист Дантес, умре Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Лириката му се одликува со совршеност и со крајна едноставност на изразот. Наоѓајќи се на почетокот на рускиот реализам го напиша романот "Евгениј Онегин", дело за кое Белински рекол дека претставува "енциклопедија на рускиот живот". Други негови познати дела се историската драма "Борис Годунов" и прозните дела "Пиковата драма", "Капетановата ќерка" и други. Роден е во Москва, на 6 јуни 1799 година. 1878.- Со потпишување на конвенцијата во Ел Зањон заврши востанието против шпанските колонијални власти на Куба. Востанието траеше дури 10 години. 1879.- Отворено е заседанието на првото бугарско собрание по ослободувањето на земјата, во Велико Трново, стара средновековна престолнина на Бугарија. 1890.- Во Москва е роден Борис Леонидович Пастернак, руски писател. Познати негови дела се „Збирка стихови без бариери“, „Теми и варијации“, романот „Д-р Живаго“ и други. Во 1958 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Переделкино, на 30 мај 1960 година. 1894.- Роден е англискиот државник и публицист Морис Харолд Макмлан, премиер на Велика Британија од 1957 до 1963 година. Претходно во кабинетите на конзервативците бил државен потсекретар, министер за авијација, за станбени прашања, одбрана, финансии и за надворешни работи. Дела: политички акти „Среден пат“, „Економски аспекти на одбраната“, мемоари за Втората светска војна „Ветрови на промени“, „Избувнување на војна“, „Плима на среќата“. 1898.- Роден е германскиот писател Бертолд Брехт. Негови најпознати дела се "Бал", "Мајката Коураж и нејзините деца", "Просјачки роман" и "Добриот човек од Шеуан". 1908.- Во Скопје е роден Ѓорѓи Попов, македонски скијачки учител и судија и фотограф. Водеше многу к*рсеви за оспособување на стручни кадри во Македонија, а како фотограф овековечи многу моменти од развојот на скијаштвото во Македонија, посебно на Попова Шапка и во Маврово. Умре на 31 август 1979 година. 1912.- Умре англискиот хирург Џозеф Листер, основач на антисептичката медицина, кој во 1867 година прв ја воведе во хирургијата. 1918.- Умре италијанскиот новинар и пацифист Ернесто Теодоро Монета, добитник на Нобеловата награда за мир во 1907 година. Беше директор на миланскиот весник „Il Secolo“ и претседател на Меѓународниот конгрес за мир во Милано во 1906 година. 1923.- Умре Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар. Во Минхен умре Белхелм Конрад Рентген, германски физичар. Ги откри "икс" зраците, подоцна наречени "рендгенски" и за тоа откритие ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Ленеп, на 27 март 1845 година. 1942.- Глен Милер, прочуен американски џез музичар стана првиот сопственик на „златната плоча“ со продадени милион примероци од песната „Chattanooga“. 1947.- Во Париз е потпишан мировниот договор меѓу земјите-победнички во Втората светска војна со Италија, Унгарија, Романија, Бугарија и Финска. На Југославија и беше доделен градот Задар, полуостровот Истра и островите Црес, Лошињ и Ластово, на Италија и беше даден помал дел во зоната на Горица, а Трст и територијата околу него добија специјален статус. 1848.- Умре рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти во светот на филмот. Тој ги даде основите на филмската уметност и според мислењето на многу историчари и филмски критичари најголем режисер во историјата на филмот. Дела: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“, „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“, книгите „Филмско чувство“, „Филмски облик“. 1964.- Во судар на два австралиски воени брода во заливот Џервис потона разорувачот „Војаџер“ при што загинаа повеќе од 80 морнари. 1977.- Умре Сергеј Илјушин, водечки советски конструктор на авиони. Во текот на три децении конструира повеќе од 50 видови авиони. Роден е во 1894 година. 1979.- Умре Едвард Кардељ, долгогодишен функционер од времето на Јосип Броз и еден од неговите најблиски соработници, теоретичар. Беше многу плоден автор и важеше за еден од најголемите интелектуалци внатре во КПЈ/СКЈ. 1996.- Компјутерот наречен „Длабоко сино“, влезе во шаховската историја со победата врз светскиот првак Гари Каспаров. 1998.- Умре Морис Шуман, творец на проектот за унија на европските држави, познат како „Шуманов план“, кој своевремено беше шеф на француската дипломатија. 2004.- САД повторно отворија дипломатско претставништво во Триполи, Либија, по повеќегодишна пауза. 2004.- Од експлозија на автомобил-бомба во Искандарија јужно од Багдат загинаа најмалку 55 луѓе. 2004.- Француското собрание забрани во државните училишта да се истакнува верската припадност, вклучувајќи го и носењето облека која го означува религиското верување. 2005.- Северна Кореја официјално призна дека произвела нуклеарно оружје за самоодбрана и дека на неодредено време се повлекува од Договорот за нуклеарно неширење. 2005.- Во Њујорк умре Артур Милер, еден од најголемите американски и светски драмски писатели. Познати негови дела се „Вештерките од Салем“, „Поглед од мостот“, „Последниот Јенки“, „Смртта на трговскиот патник“ и други дела. Роден е во Њујорк, во 1915 година. 2005.- Во Саудиска Арабија одржани се локални избори, први во историјата на оваа исламска апсолутна монархија, а право на глас имаа само мажите постари од 20 години. 2006.- Умре францускиот фармацевт и хемичар Пјер Потије, раководител на истражувањата кои резултираа со производство на еден од најкористените антиканцерогени лекови на светот „таксотера“. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
427 г.п.н.е.- Роден е Платон, голем старогрчки филозоф, ученик на Сократ и учител на Аристотел, основач на филозофската школа во Атина која, според местото на кое што се наоѓала, е наречена Академија. Главно влијание врз Платон извршил Сократ на кој му ги посветил речиси сите свои дела - дијалози, главно компонирајќи ги како Сократови разговори со личности познати во Атина во тоа време и други градови - држави. Овие дела се зачувани во целост - вкупно 35 дијалошки расправи и 13 писма. Главни негови дела се "Држава", "Гозба", "Федон", "Софист", "Тимај" и други. Умре во 347 година пред н.е. 1587.- Погубена е шкотската кралица Мери Стјуарт, која претходно 19 години помина во затвор, обвинета за заговор против англиската кралица Елизабета Прва. Поради непопуларната римокатоличка политика која се обиде да ја наметне во протестанска Шкотска, во 1568 година мораше да побегне од Англија. На судењето одржано по налог на Елизабета Прва беше осудена на смрт. 1676.- Умре рускиот цар Алексеј Михајлович Романов, татко на Петар Велики. На власт дојде во 1645 година. Тој ја зацврсти централната власт, ги припои источните делови на Сибир и ја разви трговијата со Кина, Персија и со европските земји. 1725.- Во Санкт Петерсбург умре Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и на море. Беше вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта, Академијата на науките, а престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. 1805.- Роден е англискиот писател и критичар Џон Раскин, кој сметал дека уметноста зависи од општествените прилики, како и тоа дека само здрав народ може да создава големи уметнички дела, бидејќи тоа би требало да биде израз на силите на целиот народ а не привилегија на поединец. Дела: за уметноста - „Модерни сликари“, „Две патеки“, за општествените и економските проблеми „До последниот“, „Мунера Пулверис“. 1828.- Во Париз е роден Жил Верн, француски писател. Неговата фантазија ја окупираат научните откритија, далечните земји, храбрите пловидби, истражувачките подвизи и сето тоа што е непознато. Во своите дела, кои во тоа време наликуваа на чиста утопија, тој предвиде многу работа што современата наука успеа да ги оствари дури во наше време. Создаде нов жанр на проза и се здоби со милиони читатели. Негови најпознати дела се "Дваесет илјади милји под морето", "Децата на капетанот Гранд", "Пат околу светот за 80 дена", "Пат на Месечината", "Патувањето во центарот на Земјата" и други. Умре во Амиен, на 24 март 1905 година. 1834.- Во Тоболск е роден Димитриј Иванович Мендлеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници во светот од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на елементите. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Умре во Петроград, на 2 февруари 1907 година. 1849.- Во Крањ умре Франце Прешерн, најголемиот словенечки поет, кој словенечката книжевност со големината на својот талент ја воведе во европската литература. Негови најпознати дела се "Водениот дух", "Простување од младоста", "Сонети на љубовта", "Сонети на несреќата", "Сонетен венец" и други, кои се преведени на многу странски јазици. Роден е во Врба, кај Блед, на 3 декември 1800 година. 1861.- Алабама, Флорида, Луизијана, Мисисипи и Тексас се одвоија од САД и формираа Конфедерација на јужните американски држави. На Конфедерацијата подоцна и се приклучија Арканзас, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси. Поделбата на САД доведе до граѓанска војна (1861 - 1865), која заврши со капитулација на јужните држави. 1878.- Роден е еврејскиот писател и филозоф Мартин Бубер. Напишал повеќе значајни дела за историјата на еврејската култура. Пишувал на германски јазик, а за расказите користел мотиви од фолклорот на полските Евреи. Со Франц Розенцвајг на современ германски јазик го преведе „Стариот завет“. Пред нацизмот во 1938 година побегна од родната Австрија во Палестина и стана еден од првите професори на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Се залагал за заедничка еврејско-арапска држава. Дела: „Јас и ти“, „Хасидски приказни“, „Гог и Магог“, „Слики за добро и лошо“, „Мојсие“, „Средби“. 1894.- Роден е американскиот филмски режисер Кинг Волис Видор. Филмови: „Алелуја“, „Голема парада“, „Лебот наш насушен“, „Цитадела“, „Двобој на сонце“, „Војна и мир“. 1904.- Јапонија без најава ја нападна руската флота во Порт Артур, со што почна руско-јапонската војна. Русија се покажа немоќна во одбраната и го прифати повлекувањето од Манџурија, а ја призна и власта на Јапонија над Кореја. 1920.- Родена е американската филмска глумица Џулија Џин Милдред Френсис Тарнер, позната како Лана Тарнер, една од најголемите холивудски ѕвезди во педесеттите години на 20. век. Филмови: „Тие не сакаат да заборават“, „Поштарот секогаш ѕвони двапати“, „Кас Тимберлан“, „Градчето Пејтон“, „Имитација на животот“, „Љубовта има многу лица“, „Монсуски дождови“. 1921.- Умре рускиот револуционер и географ Петар Алексеевич Кропоткин. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“. 1924.- Гасната комора првпат е употребена за извршување смртна казна во американската држава Невада. 1925.- Роден е американскиот филмски глумец Џон Улер Лемон Трети, познат како Џек Лемон. Филмови: „Мистер Робертс“ (Оскар), „Некои тоа го сакаат жешко“, „Апартман“, „Спасете го тигарот“ (Оскар), „Насловна страница“, „Киндески синдром“. 1931.- Роден е американскиот филмски глумец Џејмс Бајрон, познат како Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна. Џемс Дин (24) трагично го загуби животот во 1955 година. Филмови„: Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Див“. 1935.- Умре германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам. 1937.- Трупите на генералот Франциско Франко ја заземаа Малага во Шпанската граѓанска војна, со помош на 15.000 италијански војници. 1943.- Советската армија во Втората светска војна го ослободи градот к*рск кој Германците го окупираа во 1941 година. 1955.- Советскиот претседател на влада Георги Маљенков е принуден да поднесе оставка, а оваа функцијата ја наследи Николај Булгањин. 1963.- Претседателот на Ирак генералот Абдул Карим Касем е тргнат од власта со државен удар и е стрелан, а нов шеф на државата стана полковникот Абдул Салем Мухамед Ареф. 1975.- Советски и американски космонаути почнаа заеднички подготовки за летовите „Сојуз-Аполо“. 1984.- Во Сараево се отворени 14. зимски Олимписки игри, први во СФРЈ, на кои учествуваа спортисти од 49 држави. 1989.- Во близина на португалскиот архипелаг Азори, во Атлантик, падна американски патнички авион со италијански туристи при што загинаа сите 144 патници. 1993.- По судирот со воениот авион „Сухој“ близу Техеран, се урна иранскиот патнички авоион „Тупољев“, а во несреќата загинаа сите 132 патника и членови на екипажот, пилотот и копилотот на воениот авион. 1994.- САД ја признаа Република Македонија. 1996.- Република Аргентина ја призна Република Македонија. 1998.- Во Њујорк умре Ото Ташковиќ, македонски и светски признат архитект. Роден е во Скопје, во 1933 година. 1999.- Република Македонија и Република Кина Тајван воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 2004.- Принцот Чарлс допатува во Иран, како прв член на британското кралско семејство кој ја посетил оваа земја од исламската револуција во 1979 година. 2005.- Грчкиот Парламент го избра поранешниот министер за надворешни работи Каролос Папуљас за нов претседател на Грција. За изборот на 75-годишниот Папуљас, кој беше единствениот кандидат за претседател, гласаа 279 од вкупно 296-те пратеници присутни на седницата. Папуљас е член на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК). 2005.- Израелскиот преседател на влада Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас по разговорите во Египет, прогласија прекин на огинот меѓу Израел и Палестинците. 2006.- Во Сараево запалени се данското и норвешкото знаме, за време на протестот по повод објавувањето на навредливата карикатура на пророкот Мухамет во медиумите во поединечни западноевропски земји. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1789.- За прв претседател на САД е избран Џорџ Вашингтон. Беше американски претседател осум години, но се повлече од функцијата во 1797 година и одби по трет пат да се кандидира за шеф на државата. 1815.- Во Осиек е роден Јосип Јурај Штросмаер, бискуп, политичар, културен деец, основач и покровител на Југословенската академија на науките и уметностите (ЈАЗУ) во Загреб, во 1866 година, втемелувач на хрватскиот универзитет. Се стремеше кон обединување на Јужните Словени во рамките на Австрија. Во 1861 година со негова помош, во Загреб е објавен „Зборникот на браќата Миладиновци“. Умре во Ѓаково, на 8 април 1905 година. 1872.- Во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загина великанот Гоце Делчев. 1900.- Роден е францускиот писател Жак Анри Мари Превер. Напиша повеќе поетски сценарија за филмовите "Брегот во магла", "Хотел Север", "Денот се раѓа" и "Вратата на ноќта". Најпознати збирки песни се "Зборови", "Голем пролетен бал" и "Дождот и убавото време". 1938.- Подготвувајќи се за војна, Адолф Хитлер го презеде ресорот министер за војна на нацистичка Германија, а за шеф на дипломатијата го назначи Јоахим фон Рибентроп. 1945.- Во Јалта, на Кримскиот Полуостров, почна Јалтската конференција меѓу шефовите на СССР - Јосиф Сталин, на САД - Франклин Рузвелт и на Велика Британија - Винстон Черчил за усогласување на завршните операции во Втората светска војна, како и за односите со Европа и со светот по завршувањето на војната. 1948.- Цејлон (Шри Ланка) доби самоуправа во рамките на Британскиот комонвелт. 1972.- Велика Британија и девет други земји го признаа Источен Пакистан како независна држава Бангладеш. 1974.- Гренада прогласи независност во рамките на Британскиот комонвелт. 1976.- Главниот град на Мозамбик, Лоренсо Маркес го доби името Мапуто. 1978.- Џунијус Џајавордене ја презеде должноста прв претседател на Шри Ланка. 1990.- Во Скопје е основано Движењето на семакедонската акција (МААК). За претседател е избран Гане Тодоровски. 1993.- Во Москва умре Димче Толовски, истакнат литературен преведувач и голем афирматор на македонската литература во Русија и во земјите на поранешниот Советски Сојуз. Роден е во Кавадарци, на 17 декември 1925 година. 1993.- Во Скопје, во издание на НИП „Ѓурѓа“ - Независни изданија, излезе првиот број на списанието „Ворлд прес ИЗБОР“. 1994.- Во Собранието на Република Македонија е конституиран Републичкиот судски совет. 1994.- Државниот секретар за
соработка и развој, Ерик Дерике, во белгискиот Сенат изјави дека
белгиската Влада донела одлука за воспоставување на дипломатски односи
со Република Македонија. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1509.- Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништија муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Диа, на северозапад во Индија, по што воспоставија контрола во водите околу индискиот потконтинент. 1536.- Основан е Буенос Аирес, главен град на Аргентина. 1556.- Во една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото, земјотрес ги опустоши кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан - загинаа повеќе од 850.000 луѓе и избриша од земјата неколку стотици населени места. 1594.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Пјерлуиѓи да Палестрина. Компонирал дела со голема изразитост - повеќе од сто литургиски дела, околу 250 други духовни и световни парчиња, мадригали. Дела: „Миса на папата Марчело“, „Стабат Матер“. 1709.- Шкотскиот морнар Александар Селкрејг, познат како Александер Делкрик, беше пронајден на пуст пацифички остров на кој во 1704 година доспеал по бродолом. Неговата животна приказна го инсприра Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“. 1801.- Британскиот Парламент ја одржа првата седница на која присуствуваа и ирски претставници. 1848.- Во градот Гваделупе Идалго, по двегодишна војна е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари. 1879.- Умре бугарскиот писател и револуционер Љубен Стојчев Каравелов. Се залагал за создавање на јужнословенска федерација, собирал доброволци и во 1876 година се борел во српско-турската војна. Дела: „Дали е крива судбината?“, „Горска судбина“, „Од мртвиот дом“. 1882.- Роден е ирскиот писател Џемјс Џојс. Дела: „Портрет на уметникот и младоста“, „Финеганово бдеење“, песните „Камерна музика“. 1901.- Во Вилма, Русија, е роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажа уште во првата деценија на својот живот. Соработуваше со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го помина во САД. Умре во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година. 1904.- Роден е рускиот пилот Валериј Павлович Чакалов, кој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето на Северниот пол. Во 1937 година го изврши првиот лет преку најсеверната точка на Земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути далечина од 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, што беше светски рекрод. Американците во Ванкувер во чест на овој сензационален лет му подигнаа споменик и отворија музеј. Испробувајќи го новиот тип на авион-ловец, загина во декември во 1938 година. 1907.- Во Петроград умре Димитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Роден е во Тоболск, на 8 февруари 1834 година. 1932.- Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува. 1950.- Умре Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. Литературната кариера ја почна со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почна да пишува драми по кои стана и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат "Пигмалион", "Кандид", "Цезар и Клеопатра" и други. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година. 1969.- Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Борис Карлоф, кој играше во првиот хорор филм и беше четири децении заштитен знак на овој жарн. Филмови: „Законот на подземјето“, „Лудите гении“, „Франкештајн“, „Лице со лузна“, „Мумија“, „Црна мачка“, „Невестата на Франкештајн“ и други. 1970.- Умре англискиот филозоф, математичар и писател Бертранд Расел, добитник на Нобеловата награда за литература во 1950 година, еден од основачите на аналитичката филозофија. Се посветил на борбата за мир и во многу акции се искажал како противник на интервенцијата на САД во Виетнам, како и на нуклеарното вооружување. Ја основа меѓународната порота која го доби називот „Раселов суд“. Дела: „Историјата на западната филозофија“, „Нашите сознанија за надворешниот свет“, „Човечко знаење“, „Принципи на социјалната реконструкција“, „Патишата кон слободата“, „Праксата и теоријата на болшевизмот“, „Слобода и организација“ и други. 1978.- Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут“ ја извршија операцијата на дотур на гориво во отворениот свемир, првпат во историјата на вселенските летови. 1986.- Во Кнежеството Лихтенштајн на парламентарните избори за првпат гласаа и жените. 1990.- Јужноафриканскиот претседател Фердинанд де Клерк ја укина забраната на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела. 1994.- Република Чешка ја призна Република Македонија. 1995.- Лидерите на Израел, Јордан, Египет и ПЛО првпат се собраа на состанок во Каиро за да изнајдат мирно решение поддржувајќи го израелско-палестинскиот договор. 1996.- Умре американскиот филмски глумец, режисер и балетски играч Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гуар“, „Во град“, „Покана за игра“. 1996.- Во Скопје е потпишан Меморандум за отворање Британски информативен центар. 1998.- Падот на филипинскиот патнички авион „ДЦ-9“ на југот на Филипините не го преживеа никој од 104 патници и членови на екипажот. 2005.- Умре некогашниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влезе во 1936 година, кога во Њујорк пред 42.000-та публика го нокаултира дотогаш непоразениот Џо Луис. |
|||
![]() |
|||
Смрдеш ![]() Група ![]() Регистриран: 02.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 33 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1821.- Прокламирана е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латинскоамериканска земја. Шпанија се обидуваше уште три години да ја наметне својата власт во Перу. 1871.- Франција капитилираше во војната со Прусија и го предаде Париз. 1878.- Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот. 1887.- Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. Познат е по тоа што сакаше да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Прв пат седна да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имаше прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години стана познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено беше познат како хуманист. Јавно настапуваше до 1976 година. Умре во Женева, на 20 декември 1982 година. 1918.- Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша декрет за формирање на Црвената армија. 1945.- Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа. 1986.- Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод "Челенџер", експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1500.- Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон го откри Бразил. 1531.- Португалија ја зафати катастрофален земјотрес. Главниот град Лисабон беше целосно разурнат, а загинаа околу 30.000 луѓе. 1788.- Британски бродови со првите доселеници од Велика Британија, вклучувајќи и група затвореници впловија во заливот Ботани Беј (Сиднеј), Австралија, каде што формираа колонија. 1823.- Умре англискиот лекар Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцина против големи сипаници. Дошол до сознание дека луѓето заразени со "кравјите сипаници" не добиваат големи сипаници ниту за време на епидемијата и по две децении работење, во 1796 година ја пронашол вакцината која набрзо ширум светот е прифатена како заштита од смртоносните големи сипаници. 1827.- Перу прогласи независност. 1841.- Прогласен е британски суверенитет над Хонгконг. По шест денови Кина беше принудена да го отстапи Хонгконг на Велика Британија. 1880.- Роден е американскиот генерал Даглас Макартур. Во Втората светска војна беше командант на американските трупи на Далечниот Исток и во име на САД во септември 1945 година беше сопотписник на капитулацијата на Јапонија. Потоа беше поставен за командант на сојузничките сили во Јапонија, а во почетокот на војната во Кореја командуваше со силите на Обединетите нации, но беше сменет во април 1951 година, поради намерата војната да ја пренесе на територијата на Кина. 1885.- Суданските востаници на Мухамед Ахмед Абдул, кој се прогалси за водач на исламот, ги победија Британците, го зазедоа Картум, го убија англискиот генерал Чарлс Гордон и основаа самостојна држава. Дури во 1898 година британско-египетската војска на генералот Хорејш Киченер ги победи суданските сили. Судан беше под владение на Лондон до 1 јануари 1956 година. 1891.- Умре германскиот инженер Николаус Аугуст Ото, кој во 1861 година го направи првиот мотор на бензин, а во 1876 година го измисли четирикратниот мотор со внатрешно согорување, познат како „Ото мотор“, кој овозможи развој на автомобилите. 1905. - Кај Преторија во Јужна Африка откриен е "Калинан", најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати. 1918.- Роден е романскиот диктатор Николау Чаушеску, кој ја презеде власта во 1965 година, станувајќи генерален секретар на владејачката Комунистичка партија на Романија. Во 1967 година стана претседател на Државниот совет, а во 1975 година стана претседател на Романија кога набрзо изгради силен култ на личност, потпирајќи се исклучиво на политичката полиција. По декемвриската побуна на граѓаните во 1989 година, на која набрзо и се придружи војската, тргнат е од власта и на 25 декември по тајното судење, е стрелан заедно со сопругата Елена. 1924.- Во Советскиот Сојуз на вториот Сесојузен конгрес на Советите беше одлучено Лениновото тело да биде балсамирано. Исто така беше одлучено во негова чест некогашната престолнина на Царска Русија Петроград да биде преименуван во Ленинград. 1925.- Роден е американскиот филмски глумец и режисер Пол Њумен, кој се истакна со психолошки изнијансирани интерпретации на ликови со силни индивидуални своиства. Филмови: „Долго топло лето“, „Слатка приказна за младоста“, „Насилство“, „Судија за бесење“, „Бафало Бил и Индијанците“, „Боја на парите“ (Оскар), режија - „Рејчел, Рејлчел“. 1934.- Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер. 1942.- САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска. 1946.- Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески. 1947.- Во авионска несреќа во Данска загина шведскиот престолонаследник Густав Адолф, оставајќи пет деца, вклучувајќи го и сегашниот крал на Шведска Карл Шеснаесетти Густав. 1950.- Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт. 1956.- Во Скопје умре Лазар Танев, прв претседател на Градското собрание на слободното Скопје. Роден е во Скопје, во 1884 година. 1962.- Умре Фран Лотка, хрватски композитор, познат по балетот „Ѓавол на село“. Во своите композиции искажа голема смисла за ритам и ефективна инструментализација. Роден е во 1883 година. 1965.- Инду стана официјалниот јазик во Индија, кој предизвика немири на југот од земјата каде тој помалку се користи. Поради тоа владата на Индија во февруари 1965 година одлучи во официјална употреба да влезе и англискиот јазик. 1972.- Над Чехословачка, по експлозија подметната од бомба, падна авион на ЈАТ „ДЦ-9“ кој леташе на линијата Копенхаген - Белград. Во несреќата загинаа 26 патници и членови на екипажот, а падот од скоро 10.000 метри го преживеа единствено стјуардесата Весна Вуловиќ. 1973.- Умре американскиот филмски глумец од романско потекло Едвард Робинсон, кој се прослави со улоги на гангстери во криминалистички филмови, но и како сјаен комичар. Филмови: „Малиот Цезар“, „Кид Калабед“, „Неочекуваниот д-р Глитербауз“, „Целиот град раскажува“, „Двојна отштета“, „Жена на прозорецот“, „Рт Ларго“, „Насилство“, „Зелено сонце“. 1990.- Во Лондон умре Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд. Зад себе остави речиси 60 филмови и незаборавни улоги во делата како што се "Сонцето повторно се раѓа", "Ноќта на Игуана", "Могамбо", "Босоногата Контеса" и други. Родена е во Смитсфилд, Јужна Каролина, на 24 јануари 1922 година. 1993.- Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка. 1994.- Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО-пактот потпиша Документ "Партнерство за мир". 1994.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД). 1994.- Умре Ацо Филип, македонски писател - прозаирст, роден во Ресен во 1922 година. Од перото на овој автор се излезени книгите: „Монографија за поетот Мите Богоевски“, романот „Разговор со портретите“, објавен на албански јазик, збирката раскази „Долгото умирање на пеликанот“, романите „Терорист“ во 1989, „Молитва на Свети Климент“, 1990, „Домашни кажувања“ - раскази во 1993 година, романот „Бољко“, објавен непосредно по неговата смрт, како и вториот дел од романот „Ќерката на терористот“ и збирките раскази „Чаршијата“ и „Рамазански вечери“. Автор е и на неколку сценарија за документарни филови. 1996.- Американскиот Сенат го одобри Договорот Старт-2 за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети. 1997.- Умре Филимен Џинес, еден од водечките актери на Народниот театар во Штип и на македонското татарско творештво. Роден е во 1947 година. 2000.- По повеќе од една година, поради тоа што ДНК-тестот покажа дека можноста некогашниот претседател на САД Томас Џеферсон да има син со неговата црна робинка Сели Хемингс, Џеферсоновата фондација призна дека тој бил таткото, а можеби и на сите шест нејзини деца. 2000.- Во Скопје умре Рахилка Фирфова Ѓоргова - Раца, „магичната муза“ на Кочо Солев. Македонскиот поет Кочо Солев на 6 октомври 1928 година како псевдоним го зеде нејзиното име и стана познат како Рацин. Родена е во Велес, во 1911 година. 2001.- Земјотрес во западната индиска држава Гуџарат усмрти најмалку 18.000 луѓе. 2003.- Американската тенисерка од чешко потекло Мартина Навратилова (46) заедно со индискиот тенисер Леандер Паес ја освои тутулата на отвореното првенство на Австралија во конк*ренција не мешани парови, станувајќи најстара тенисерка која освоила еден грен слем на еден турнир. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
41.- Убиен е римскиот цар Гај Јулиј Калигула. Тој во текот на владеењето од 37 до 41 година искажа бруталност, самоволие и нечуено расипништво. Кога воведе неподносливо високи даноци и се сврте против Сенатот и војската, дури и против командантите на сопствената преторијска гарда, е убиен. Сенатот потоа за цар го прогласи неговиот чичко Клаудиј Тибери Друз, кој е запаметен како ретко добар владетел. 76.- Роден е римскиот цар Публиј Елиј Хадријан, кој во текот на владеењето од 117 до смртта во 138 година, увидувајќи дека Римското царство слабее, ги утврди границите во југозападна Германија и Британија. На северната граница на провинциите во Британија, помеѓу заливите Клид и Фрот, го подигна т.н. Хадријанов бедем кој требаше да ги штити од нападите на Пиктите и Шкотите. Подгинал повеќе градови, од кои најважниот е Хадријанов град во Тракија. Бил голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишувал стихови, вајал и сликал. 1712.- Роден е Фридрих Втори Велики, пруски крал (1740-1786), војсководец, филозоф и писател. За време на неговото владеење од малата Прусија создаде велесила. Најпознати му се делата „Мемоарите на Бранденбуршката династија“ и „Историјата на Седумгодишната војна“. Умре на 17 август 1786 година. 1732.- Роден е францускиот писател Пјер Огистен Карон де Бомарше, предвесник на Француската револуција. Смело ги критикува подмитувањето на судиите и корупцијата. Дела: автобиографското дело „Мемоари“, комедиите „Севилскиот бербер“, „Фигаровата женидба“ кои беа инспирација за Џоакин Росини и Волфганг Амадеус Моцарт да ги компонираат истоимените опери. 1746.- Роден е шведскиот крал Густав Трети, кој од стапувањето на престолот во 1771 година до насилната смрт во 1792 година, владеел со цврста рака, но бил и голем покровител на уметноста. Војувал против Русија од 1788 до 1790 година и неуспешно се обидел да го заземе Петрогард. Инспириран од атентатот врз него во Стокхолмската опера во март 1792 година, Џузепе Верди ја напиша операта „Бал под маски“ 1776.- Роден е Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. Со своите новели убедливо го отслика животот на соништата, хипнозата, телепатијата и стравот. Од нив се инспирирал и композиторот Жан Офенбах за својата позната опера "Хофманови Приказни". Хофмановите дела влијаеа врз многу други автори, меѓу кои се и Балзак, Едгар Алан По, Франц Кафка и други. Умре на 26 јуни 1882 година. 1848.- Џејмс Маршал во Калифонрија пронајде наоѓалиште на злато. Прочуената „Златна треска“ почна во декември истата година кога извештаите за пронаоѓањето на жолтиот метал ги потврди претседателот на САД Џемјс Полк. 1915.- Британски воени бродови во Првата светска војна во Северно Море го потопија германскито крстач „Bliher“ во кој загинаа 870 луѓе. 1920.- Умре италијанскиот сликар и вајар Амедео Модиљани, чии дела се препознатливи единствено по издолженоста на фигурите. Во Париз живеел од 1906 година и е еден од најзначајните претставници на „Париската школа“. Најмногу сликал женски актови и портрети, а во младоста се бавел со скулптура во која се чувствувала црната пластика. 1922.- Во Смитфилд, Јужна Каролина, е родена Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд. Зад себе остави речиси 60 филмови и незаборавни улоги во делата како што се "Сонцето повторно се раѓа", "Ноќта на Игуана", "Могамбо", "Босонога контеса" и други. Умре во Лондон на 26 јануари 1990 година. 1929.- Во Софија умре Васил Главинов, еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за балканска федерација. Во 1894 година во Велес формира читалиште, односно прво просветно работничко друштво, а во 1896 година, во Софија, македонска социјалистичка група. Ги издаваше весниците "Револуција", орган на македонските револуционери - социјалисти во Бугарија, "Политическа слобода", всушност продолжение "Револуција", но со појасна и поправилна програма, како и низа прогласи и брошури, што конспиративно ги префрлуваше во Македонија. Учествуваше на Првата балканска социјалистичка конференција во Белград, во 1910 година. Роден е во Велес, околу 1869 година. 1935.- Во Софија излезе првиот број на неделното списание за историја, наука, култура и литература „Македонски вести“, чиј уредник и сопственик беше Ангел Динев, македонски општественик и публицист. Списанието си постави за задача „да ја изнесува историјата на народното македонско ослободително движење“ и беше на страната на ВМРО (обединета). 1937.- Склучен е југословенско-бугарскиот „Пакт за вечно пријателство“. Бугарија не сакаше да пристапи во Балканскиот пакт кој гарантирал неповредливост на границите, но овој договор го потпиша. 1946.- Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески. 1965.- Во Лондон умре Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски политичар, државник и писател. Во најтешките денови за Англија, во Втората светска војна, беше претседател на владата и водач на Конзервативна партија. Заедно со Сталин и Рузвелт даде решавачки придонес за победата над фашизмот и над силите на Оската. Негови познати дела се "Втората светска војна", "Моето африканско патување", "Историјата на светската војна" и други. Во 1953 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 30 ноември 1874 година. 1972.- Јапонскиот војник Шјоичи Јокои е откриен на пацифичкиот остров Гуам, каде 28 години се криел во џунгла, убеден дека Втората светска војна се уште трае. 1973.- Американскиот преговарач Хенри Кисинџер изјавил дека Виетнамскиот мировен договор склучен на мировните преговори во Париз ќе значи крај на борбите во Лаос и Камбоџа, а преговарачот Ханој Ле Дук То документот го опишал како „голема победа за виетнамскиот народ“. Борбите во Виетнам завршија на крајот на април во 1975 година со ослободување на Сајгон и со американска воена катастрофа. 1983.- Во Лос Анѓелес умре Џорџ Кјукор, познат американски режисер. Автор е на многубројни филмови кои влегоа во антологијата на светската кинематографија, меѓу кои се најпознати „Вечера во осум“, „Плинска светлина“, „Ѕвездата е родена“ и други. Роден е во Њујорк, на 7 јули 1899 година. 1986.- Герилците на Армијата на националниот одбор на поранешниот министер за одбрана на Уганда Јовери Мусевени влегоа и го зазедоа во целост главниот град Кампала. Бидејќи неговите сили го скршија отпорот на владините трупи и ја тргнаа владата на генералот Тито Окело, кој на власт дојде по воениот пуч со кој во јули 1985 година е соборена владата на Милтон Оботеа, Окело побегна во Судан, а Мусевени на 29 јанаури беше прогласен за нов шеф на државата. 1989.- Во рудник за злато во Перу загинаа околу 100 рудари, од кои највеќе беа задушени од отровен гас. 1991.- Во Скопје, во издание на НИП "Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник "Пулс". 1996.- Варшавскиот воен обвинител официјално ја отвори истрагата врз претседателот на владата на Полска Јузеф Олексиј, поради негова наводна шпиунска активност за сметка на Москва, што дополнително се покажа како лажно обвинение заради елиминација на политичките противници од страна на полскиот претседател Лех Валенса. 1996.- Во Тамсон Јаус, Вест Довер, САД, умре Стојан Христов, американски писател, новинар и публицист, од македонско потекло, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Меѓу другото, автор е на книгите „Херои и атентатори“, „Ова е мојата земја“, „Лавот од Јанина“, „Американски аџилак“, „Орелот и штркот“ и други. Роден е во селото Кономлади, Костурско, на 18 август 1898 година. 1998.- Во експлозија која предизвика пожар во окно во рудникот за јаглен Вангѓиајинг во кинеската провинција Лиаонинг загинаа 77 луѓе. 1999.- Јорданскиот крал Хусеин потпиша декрет со кој постариот син Абдулах го одреди за наследник на престолот. 2004.- Американскиот вселенски робот „Опортјунити“ се спушти на Марс - три недели по „браќата близнаци“ роботот на „Спирит“ кој четири часа подоцна почна да испраќа слики на Земјата. 2007.- Умре полскиот писател и новинар Ришард Капушчињски. Повеќе пати беше кандидат за Нобелова награда за книжевност. Тој е веројатно еден од напреведуваните полски автори. Книгите му се објавени на дури 30-ина јазици. Роден во 1932 година во Пинск (денеска Белорусија). Се прославил со репортажите за Конго кон крајот на педесеттите. Во текот на бројните престои во Африка, Јужна Америка и во Азија бил сведок на повеќе граѓански војни, револуции и смени на режими. Дела: „Еден ден живот“, „Фудбалска војна“, „Цар“, „Шахиншах“, „Лапидариум“, „Империја“. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1719.- Со обединувње на Вадуц и Шеленберг создадено е кнежеството Лихтенштајн. 1744.- Умре италијанскиот филозоф, историограф и теоретичар на правото Џовани Батиста Вико, или Џамбатист, основач на филозофијата на историјата и идната модерна теорија на естетиката. Роден е како син на сиромашен книжар. На универзитетот во родниот Неапол во 1697 година станал професор по реторика. Неаполскиот крал Карло Трети во 1735 година го именувал за кралски историограф. Дела: „Принципи на новата наука на заедничка природа на нацијата“, „Универзално право“, „Автобиографија“. 1783.- Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат по псевдонимот Стендал, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Во својот роман "Црвено и црно" се покажа како одличен хроничар, аналитичар и критичар на француското општество во времето на реставрацијата. Најпознат негов роман е "Пармски катузијански манастир". Умре во 1842 година. 1806.- Умре англискиот државник Вилијам Пит Младиот, кој во 1783 година стана најмладиот премиер во историјата на Велика Британија. Додека бил прмиер до 1801 и од 1804 до 1806 година, водел експанзивна колонијална политика, а во Индија ја зацврстил британската власт реформирајќи ја адмиистрацијата. Како заколнат непријател на Француската револуција, бил главен организатор на европската коалиција против револуционерна и Наполеонова Франција. 1832.- Во Париз е роден Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. Неговото платно "Појадок во природа", претставува една од првите слики, со која отстапи од конвенционалниот академски начин на сликање. Највеќе сликаше во масло и тоа портрети (Зола, Клемансо, Пруст и други), но една од најомилените теми му беше сликањето во природа. Умре во Париз, на 30 април 1883 година. 1862.- Во Цариград умре Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник. Беше собирач на народни умотворби и основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водеше организирана борба против денационализаторството, пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја. Роден е во Струга, во 1810 година. 1878.- Во Виница, Словенија, е роден Отон Жупанчич, еден од најголемите словенечки поети. Во своето творештво, уметнички ги одрази националните и социјалните проблеми на својот народ. Словенечката поезија ја збогати со слободен ритам и динамичен стил. Негови познати збирки се "Чаша на опојноста", "Цицибан", "Преку полињата" и други. Умре во Љубљана, на 11 јуни 1949 година. 1888.- Умре францускиот писател Езен Мартин Лабиш. Дела: „Сламен шешир“, „Патот на господионот Перисон“. 1891.- Роден е италијанскиот револуционер и теоретичар Антонио Грамси, озновач на Комунистичката партија на Италија во 1921 година. Ги уредувал весниците „Il grido del popolo“, „Avanti“ и „Ordine nuovo“. Фашистите го уапсија во 1926 година, а во 1928 година бил осуден на 20 години затвор. Бил осолободен во 1936 година, но бидејќи во затворот бил многу измачуван и малтретиран набрзо умрел. Дела: „Историскиот материјализам и филозофијата на Бедет Кроче“, „Интелектуалци и градба на културата“, „Белешки за Макијевели, политика и модерна држава“, „Книжевност и национален живот“, „Минато и сегашност“, „Писма од затвор“. 1898.- Роден е рускиот филмски режисер Сергеј Михајлович Ејзенштејн, еден од најголемите теоретичари и стилисти во светскиот филм. По професија бил архитект и во почетокот цртал плакати, работел како сценограф и театарски режисер кој внесувајќи новини тежнеел кон чисти релаистички елементи и во театарот. Филмови: „Штрајк“, „Октомври“, „Старо и ново“, „Сентиментална романса“ (снимен во Франција), „Да живее Мексико“, „Александар Невски“, „Иван Грозни“, книгите „Филмски чувства“, „Филмски облик“. 1901.- Во Солун турската полиција ги уапси Александар Ников, секретар на ЦК на ТМРО и Милан Михаилов, службеник во ЦК на ТМРО. Тоа беше и почеток на една од најкрупните и најбучните провали, која имаше тешки последици за ТМРО. 1928.- Родена е француската филмска глумица Жана Моро, кој се прослави во филмовите на францускиот „нов бран“ по Втората светска војна. Филмови: „Љубовници“, „Опасна врска“, „Модерато кантабиле“, „Ноќ“, „Жил и Џим“, „Процес“, „Ева“, „Дневникот на една собарка“, „Вива Марија“, „Катарина Велика“. Според сопствено сценарио го режирала филмот „Светло“. 1931.- Умре руската балерина Ана Павловна Павлова, најголем балетски уметник на класичниот стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почна во Петроград настапувајќи заедно со прочуениот Вацлав Нижниски во Рускиот балет на Сергеј Жагиљев. Потоа основа своја сопствена група со која настапуи ширум светот, посебно воодушевувајќи ја публиката со играта во балетите „Лебедова смрт“, „Пепертуки“, „Лебедово езеро“, „Жизела“, „Рајмонда“. 1943.- Британскaта Осма армија во Втората светска војна ги победи Германците и ги зазеде Триполи и италијанската колонија Либија. 1944.- Умре норвешкиот сликар Едвард Мунк, светски препознатлив по сликата „Крик“. 1968.- Во севернокорејските води морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот брод "Пуебло", кој служеше како пловечка шпионска станица и беше опремен со најмодерни апарати за прислушкување и за дешифрирање. Случајот "Пуебло" предизвика голема напнатост во односите меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот кој се врати во САД. 1989.- Умре шпанскиот сликар Салвадор Дали, ексцентрик со висок стил, еден од најголемите сликари во 20. век, кој ги потресе темелите на сликарството. Поминал низ фазите на футуризмот, кубизмот и апстрактниот рационализам, за да се задржи на надреализмот, секогаш со цртежите изведени до перфекција. Во триесеттите години ги наслика делата кои предизвикаа шок „Големиот мастурбатор“, „Предвидување на граѓанската војна“. Работел и како костимограф и сценограф во филмовите на Лаус Буљуел „Андалузиско куче“ и „Златна доба“. Го напишал автобиографското дело „Тајниот живот на Славадор Дали“. 1991.- Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје. За претседател е избран Милан Талевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. 1992.- Претседателот на владата на Естонија Едгар Сависар поднесе оставка поради недостаток на храна и енергија во неговата држава која се отцепи од Советскиот Сојуз. 1995.- Умре Вањо Хаџиев, повеќегодишен соработник на весникот "Нова Македонија" и на речиси сите други изданија на НИП "Нова Македонија". 1998.- Поранешниот претседател на Јужна Африка Питер Вилхелм Бота изјави, во судот каде се појави под обвинение за опструкција на работата на Комисијата за испитување на вистината за злоупотреби во текот на ерата на апартхејдот, дека после се не постои ништо за што би требало да се извини. 2000.- Повеќе од милион луѓе демонстрираа во центарот на Мадрид против обновување на кампањата на насилство кон која пребегна баскиската терористичка организација ЕТА. 2000.- Во Скопје умре Александар Христовски, македонски писател. Негови познати дела се „Коњи под месечина“, „Кореја“ и „Којче од Коњари“. Роден е во селото Лазарополе, на 24 мај 1933 година. 2000.- Во Скопје умре Владимир Шопов, македонски поет и публицист. Автор е на неколку книги поезија за деца, меѓу кои „Луцидна интервала“, „Креда“ и други. Роден е во Белград, на 16 декември 1948 година. 2000.- Во Битола умре Ранко Струмениковски, македонски академски сликар, еден од најугледните македонски мајстори на ликовната графика, цртежот и дизајнот. Роден во 1936 година. 2002.- Новинарот на „Волстрит журнал“ Даниел Перл го киднапираа исламски терористи во Карача, во Пакистан, додека се обидувал да воспостави контакт со пакистанските радикални исламистички групи. Киднаперите го убија на 22 февруари. 2003.- Умре италијанскиот индустријалец Џовани Ањели кој семејната автомобилска компанија „Фијат“ ја преобразил во еден од најзначајните светски произведувачи на автомобили. Ањели, чиј дедо во 1899 година ја основал компанијата во Торино, стана извршен директор во 1963, а претседател во 1966 година, останувајќи на таа функција во „Фијат“ 30 години. 2004.- Европскиот сателит „Марс експрес“ испрати снимки од мразот на јужниот пол од Марс. 2005. - Македонија и Тајланд воспоставија дипломатски односи. 2006.- Во железничка несреќа во близина на Подгорица загинаа 46 патници, а 364 беа повредени, кога воз на релација Бијело Поле - Бар излета од шините и се преврте во бездна длабока повеќе од 30 метри. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1744.- Во Неапол умре Џовани Батиста Вико, италијански филозоф. Се смета за основач на психологијата на културата и на филозофијата на историјата како научна дисциплина. Поаѓајќи од гносеолошката теза дека човекот може да го спознае само она што може сам да го направи, Вико се обиде да ја изгради историјата како наука која е идентична со свеста на човештвото за своите сопствени дела. Роден е во Неапол, на 23 јуни 1668 година. 1793.- Во Париз е гилотиран францускиот крал Луј Шеснаесетти, кого во септември претходната година, револуционерниот конвент го собори од престолот, а потоа го осуди на смрт поради велепредавство. По неговото соборување од престолот, Франција е прогласена за република. 1905.- Роден е францускиот моден креатор Кристијан Диор. 1919.- Во Даблин, Конгресот на партијата "Шин фејн" усвои Резолуција за независност на Ирска. Велика Британија го игнорираше тој документ и во 1921 година и даде на Ирска статус на доминион, а во 1949 година ја призна нејзината самостојност, но без Алстер (Северен Ирска). 1924.- Во Нижни Новгород, кај Москва, умре Владимир Илич Ленин, стратег на Октомвриската социјалистичка револуција и продолжувач на делото на Маркс и на Енгелс. Автор е на голем број трудови, меѓу кои се "Материјализам и експресионизам", "Развојот на капитализмот во Русија", "Што да се прави", "Априлски тези", "Држава и револуција" и "Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот". Роден е во Сибирск, на 22 април 1870 година. 1945.- На Скопскиот аеродром проработи првиот "вистински" среднобранов предавател на територијата на НР Македонија со сила од 200 вати. 1954.- САД ја ставија во употреба својата прва подморница на нуклеарен погон "Наутилус". 1976.- Првпат во СССР е дадена дозвола за продажба на западните весници "Њујорк тајмс" и "Фајненшл тајмс". 1979.- Во Белград умре Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор и диригент. Непосредно по ослободувањето го формира Пејачкиот хор на ГШ на НОВ на Македонија, а во 1945 година стана прв директор на Средното музичко училиште во Скопје. Тој беше еден од главните организатори на музичкиот живот во Македонија. Меѓу другото, беше главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на Симфонискиот оркестар на Операта при МНТ, а од 1958 година до 1964 година го водеше Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Роден е во Куманово, на 6 ноември 1909 година. 1995.- Во Скопје умре Душко Костовски, македонски драмски, филмски и телевизиски артист. Роден е во Дебар, во 19390 година. 1997.- Германскиот канцелар Хелмут Кол и чешкиот премиер Вацлав Хавел потпишаа Декларација за ставање крај на историскиот спор меѓу двете држави, односно нацистичката окупација на Чехословачка во Втората светска војна и протерувањето на Германците од Судетската област по завршувањето на војната. 2006.- Умре Зоран Ковачевски, македонски писател. Автор е на книгите „Охридски приказни“, „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Аристотел од Ресен“, „Добрина“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“, „Пејач“, „Кога ни петлите не пејат“ и други. Роден е во Светозарево, на 15 април 1943 година. |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1535.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро ја основа Лима, главен град на Перу. 1654.- Водачот на запорошките козаци хетман Богдан Хмељницки по победата над полската војска ја призна врховната власт на московскиот цар, со што Украина се обидини со Русија. Козачкото востание изби во 1648 година во кое набрзо се приклучија селаните, градското население и православното свештенство, кои беа огорчени од насилствата од Пољаците кои во Украина насилно го покатоличуваа населението. 1689.- Во Бордо е роден Шарл Луј Монтескје, еден од најголемите француски филозофско - политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција. Во главното дело "Духот на законот" ја изнесува теоријата за поделба на законодавна, на извршна и на судска власт, која и денес е темел на западната парламентарна демократија. Умре во Париз, на 10 февруари 1755 година. 1778.- Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите. 1862.- Во Цариград, во полициската болница, умре Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби. По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година стана учител во селото Трново, Битолско. На 14 октомври 1849 година се запиша на Филозовскиот факултет (филолошка група) во Атина. По завршувањето на студиите престојуваше во манастирот "Зограф" на Света Гора. По враќањето во Струга, стана учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запиша и студираше словенска филологија во Москва, каде што членуваше во Словенскиот кружок и соработуваше во неговиот весник "Братски труд", како и во весникот "Дунавски лебед". На 24 јуни 1861 година во Загреб излезе Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови. Роден е во Струга, во 1830 година. 1871.- Прускиот крал Вилхелм Први во Версај, кај Париз, е прогласен за прв цар на обединетото Германско царство. Под водството на канцеларот Ото фон Бизмарк Прусија ги обедини разните германски држави. Германија тогаш и го наметна мировниот договор на поразена Франција присвојувајќи ги од неа Алзас и Лорен (Лотаргингија). 1882.- Роден е англискиот писател Ален Александр Милн, автор на многу популарни романи за деца. Дела: романите „Кога бевме многу млади“, „Вини Пу“, „Куќата на Пуовиот агол“, „Сега сме шестмина“. 1886.- Роден е францускиот вајар и сликар од руско потекло Антоан Певзнер, еден од најистакнатите претставници на движењето на руските конструктивисти. Студирал во Киев и во Петроград, а во Франција емигрирал во 1923 година. Создавал во манир на апстрактен конструктивизам, но подоцна експериментирал со динамични спирални конструкции и ритмички развиени објекти. 1892.- Роден е американскиот филмски глумец, симпатичниот дебелко Оливер Норвел Харди кој заедно со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката во целиот свет. Филмови: „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“ , „Голема работа“, „Нашата жена“, „На Дивиот запад“. 1904.- Роден е американскиот филмски глумец од англиско потекло Арчибалд Александер Лич, познат како Кери Грант, кој се истакна како врвен комичар во комедиите на Хаурад Хокс, но и како толкувач на карактерни улоги во филмови на Алфред Хичкок. Филмови: „Страотна вистина“, Само анѓелите имаат крилја“, „Филаделфиска приказна“, „Осомничен“, „Ден и ноќ“, „Мајмунски работи“, „Држете го крадецот!“, „Север-северозапад“ и други. 1913.- Роден е американскиот театарски и филмски глумец Дејвид Даниел Камински, познат како Дени Кеј, врвен комичар кој се ангажираше и во УНИЦЕФ, агенција на ОН за помош на децата. Филмови: „Чудо од човек“, „Момчето од Бруклин“, „Се роди песната“, „Тајниот живот на Волтер Мити“, „Ревизор“ и други. 1916.- Во Прилеп е роден Волче Наумчески, македонски писател. Основно образование и Трговско училиште заврши во Прилеп. Поради материјалната необезбеденост мораше да го прекине школувањето и да работи како занаетчија. Со книжевна работа почна да се занимава во 1936 година, а напоредно со тоа и со револуционерна дејност. Подоцна замина во Софија, каде што стана член на Македонскиот литературен кружок. Во 1939 година ја обрајви првата стихозбирка на македоски јазик „Иди пролет“, отпечатена во Битола. Учесник е во НОБ на Македонија од 1941 година, кога уредуваше повеќе партизански весници. По војната објави голем број стихозбирки за деца. Умре во Скопје, на 20 март 1980 година. 1919.- Францускиот претседател на влада Жорж Клемансо ја отвори Версајската мировна конференција по победата на силите на Антантата врз Централните сили во Првата светска војна. На собирот на 27 претставници на државите победнички право на одлучување имаа само Велика Британија, САД и Италија. Останатите земји во расправата учествуваа единствено за прашања кои се однесуваат директно на нив самите, додека на победените држави ултимативно им наметнуваа услови. Со Мировниот договор потпишан на 28 јуни 1919 година Германија ја презеде одговорноста за војната, се обврза да ги исплати воените штети и и беше забрането вооружувањето. Беа создадени новите држави Полска, Унгарија, Чехословачка, Естонија, Летонија, Литванија и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. 1936.- Во Лондон умре Радјард Киплинг, англиски писател. Извонредно ја познаваше таинствената Индија и пишуваше книги за деца со тематика од животинскиот свет и природата воопшто. Негови познати дела се "Вистински приказни", "Книга за џунглата", "Ким", "Храбрите капетани" и други. Во 1907 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Бомбај, на 30 декември 1865 година. 1943.- Советските трупи во Втората светска војна, по седум дена огорчени борби со германските сили, успеаја да го олабават обрачот околу Ленинград кој Германците го создадоа пред 16 месеци. 1977.- Во најголемата железничка несреќа во Австралија, во Сиднеј загинаа најмалку 18 луѓе кога локомотива удри во мост кој потоа падна врз патнички воз. 1991.- Парламентот на Јордан ги осуди воздушните напади на Ирак во операцијата "Пустинска бура" и ги повика арапските и исламските земји на акција против интересите на САД и на државите кои учествуваат во бомбардирањето на ирачките цели. Истиот ден, Ирак истрела осум ракети "скад" врз Израел, во обид да ја вовлече еверејската држава во војната во Заливот. 1992.- Самонаречената турска Република Северен Кипар ја призна независноста на Република Македонија. 1993.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Белорусија. 1995.- Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови. 1995.- Република Молдавија ја призна Република Македонија. 1996.- Владејачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба. 1997.- Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба. 2000.- Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада. 2001.- Претседателот на Конго Лоран Кабила официјално беше прогласен за мртов, два дена откако во него пукаше еден од неговите телохранители. 2004.- Во експлозија на автомобил-бомба пред седиштето на привремената администрација на САД во Багдад загинаа најмалку 25 луѓе. |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |