![]() |
|
На денешен Ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 36> |
Автор | ||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
1533.- Умрел Лодовико Ариосто, италијански писател, автор на првите комедии на италијански јазик први дела од тој вид на народен јазик. Најпознато дело му е епот „Бесниот Орландо“, ремек-дело на италијанската ренесанса. Се родил на 8 септември 1474 година. 1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда" (наречено и "Копја"), "Венера со огледало" и "Ткајачи на килими". Се родил е во Севилја, на 6 јуни 1599 година. 1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измислил стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел од инструментите на секој лекар. 1830.- Француското Собрание го избрало Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх станал познат како „кралот граѓанин“. 1858.- Кралицата Викторија Прва ја избрала Отава за престолнина на британскиот доминион Канада. 1895.- Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година. 1900.- Умрел Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој бил еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Се родил во 1826 година. 1938.- Умрел Константин Сергеевич Алексеев, познат како Станиславски, руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмирал сценскиот реализам. Своите сеќавања, проверени низ практичната работа ги изложил во делата „Мојот живот во уметноста“ и „Работата на актерот над себе“. Се родил на 17 јануари 1863 година. 1941- Во Калкута умрел Рабиндранат Тагоре, индиски поет, прозаист, филозоф, уметник, композитор и општественик. Меѓу неговите најдобри дела спаѓаат збирките песни „Градинар“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“ и драмите „Сударшана“ и „Водопад“, како и публицистичкиот труд „Национализам“. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за литература. Се родил во Калкута, на 6 мај 1861 година. 1957.- Умрел американскиот филмски актер Оливер Норвел Нарди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор во пар со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој глумел во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други. 1960.- Брегот на Слоновата коска прогласи независност од Франција. 1987.- Во Дојран умрел Михајло Апостолски, генерален полковник, народен херој и академик. Во НОВ на Македонија стана командант на покраинскиот, односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со кои успешно раководел се до ослободувањето на земјата. Тој е еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија при што ја бележешеше вистината за историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ. Се родил во Штип, на 08 ноември 1906 година. 1989.- Во Скопје умрел Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Се родил во Прилеп, во 1933 година. 2001.- Албанските терористи грабнале петмина работници на градежната компанија „Маврово“ кои работеле на автопатот Скопје - Тетово. Притоа, биле физички малтретирани... и со нож на телото им биле напишани првите букви од нивните имиња. 2002.- Меѓународниот монетарен фонд за економско опоравување на Бразил му одобрил кредит од 30 милијарди долари, што е најголем износ во историјата на оваа меѓународна финансиска институција. 2003.- Индонезискиот суд му изрече смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинаа 202 луѓе, главно странски туристи. |
||||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
1881.- Во Локфилд, Шкотска е роден Александар Флеминг, англиски микробиолог. Во 1928 година, тој открил дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие, Флеминг го нарече „пеницилин“, чија масовна примена започна во 1942 година. За откритието, во 1945 година, Флеминг добил Нобелова награда за медицина и филозофија. Умрел во Лондон, на 11 март 1955 година. 1868.- Еквадор го погоди силен земјотрес при што загинаа околу 40.000 луѓе. 1890.- Во њујоршкиот затвор „Обурн“, убиецот Вилијам Кемлер е првиот човек во светот што е погубен на електрична столица. 1900.- Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затвори, а потоа и го осуди на робија Македонскиот револуционер и борец за независна држава Македонија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност. 1917.- Во Бриџпорт, во државата Конектикат, САД, се родил Роберт Мичам, американски филмски артист. Умрел во Санта Барбара, на 30 јуни 1997 година. 1928.- Роден е Енди Ворхол, американски сликар, графичар, филмски работник, најзначен претставник на поп-артот во светот и култна личност од 60-ите години на 20. век. Бил менаџер и духовен водач на музичката група „Велвет андеграунд“. Автор е на сликата и графиките „Златната Мерилин“, „Петочна несреќа“, „Брилобокс“, „Облаци“, на филмовите „Јадење“, „Империја“, „Бакнеж“ и на други дела. Умрел на 22 февруари 1987 година. 1932.- Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август sе одржал првиот филмски фестивал во светот. 1940.- Со нападот на италијанските сили врз британска Сомалија почна битката за Африка во Втората светска војна. Моќните италијански сили претпрпеа пораз и за кратко време е ослободена целата територија што беше под контрола на Рим, вклучувајќи ја и Етиопија. 1943.- Во месноста Осојница над селото Ореов Дом, Велешко, во борба против бугарските контрачетници и полицијата загина Трајче Лазов Андреев (Петкановски), еден од најактивните борци во времето на НОВ во Македонија. Се родил во селото Бистрица, Велешко, на 7 октомври 1919 година. 1944.- Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини. 1945.- Соединетите Американски Држави ја фрлија првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима. 1962.- Јамајка стекна независност после 300 години британско владеење. 1978.- Во Ватикан умре поглаварот на Римокатоличката црква папата Павле Шести (Џовани Батиста Монтини). Папата Павле Шести за поглавар бил избран во 1963 година. Познат е како голем борец за мир во светот, против војната, за соработка меѓу сите народи и за коегзистенција меѓу сите вери. Се родил во Концезија, близу Бреша, во 1897 година. 1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно изгласа Резолуција за забрана на трговијата со Ирак заради инвазијата на ирачките трупи на Кувајт. 1991.- Во Штип умре Ружа Икономова, македонска артистка една од основоположниците на повоениот театар. Се родила во 1928 година. 1995.- Во Полињано, во близина на Бари, умрел Доменико Модуњо, еден од најпопуларните италијански музичари, пејач кој ја напиша и изведе песната „Воларе“, познат хит од 1958 година. Се родил во 1928 година. 1999.- Во Скопје умрел д-р Стеван Габер, професор на Правниот факултет во Скопје и истакнат научен работник во областа на државно-правната теорија и политикологија. Се родил во Велес, 1919 година. 2003.- Судот во Мадагаскар го осудил поранешниот претседател на оваа африканска островска земја Дидие Рацирака на 10 години принудна работа поради проневера на јавните фондови во вредност од 49 милиони малгашки франци (8,24 милиони долари). 2004.- Во
Лос Анџелес умрел Рик Џејмс, американски пејач, текстописец и
продуцент, една од најголемите фанк-ѕвезди во светот. Во 1981 година
стана популарен со песната „Супер фрик“. Се родил во 1948 година. |
||||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1844.- Роден е Илја Ефимович Рјепин, руски сликар, претставник на реалистичкиот правец. Негови најпознати дела се „Бурлаци на Волга“, „Иван Грозни и син му Иван“, „Запорожци“, „Враќање од прогонство“ и портретите на Мусогорски, Пирогов и други. Умрел во Финска, на 29 септември 1930 година. 1850.- Роден е Хенри Алберт Ги де Мопасан, француски раскажувач, претставник на европскиот натурализам и автор на околу 300 новели, шест романи и други дела. Меѓу многубројните збирки раскази се истакнуваат "Куќата на Телие", "Раскази и новели" и "Господин Паран". Умрел на 6 јули 1893 година. 1858.- Поставен е првиот трансатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија. 1884.- На влезот во Њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата. 1895.- Во Лондон умре Фридрих Енгелс, германскиот филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс. Негови најпознати дела се „Дијалектиката на природата“, „Анти Диринг“, „Развој на социјализмот од утопија до наука“, „Лудвиг Фоербах и крајот на германската класична идеологија“ и други. Се родил во Берлин, на 28 ноември 1820 година. 1906.- Во Прилеп е роден Ристо Зердески - Зерде, првиот филмски артист во Македонија. Умрел во Загреб, на 1 мај 1970 година. 1907.- Во Карнак, Бретања, роден е Ежен Гивик, француски писател, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1976 година. Најпознати му се делата „Реквием“, „По море и копно“, „Карнак“ и други дела. Умрел на 21 март 1997 година. 1914.- Поставен е првиот електричен семафор во Кливленд, во државата Охајо, во САД. 1915.- Германците во Првата светска војна ја окупираа полската претстолнина Варшава. 1947.- Фубалските клубови од Скопје „Единство“, „Напредок“, „Зафер“ и „Љуботен“ ја формираа фудбалската екипа „Слога“. 1949.- Во силен земјотрес во Еквадор загинаа околу 6.000 лица. 1962.- Во Холивуд умре Мерилин Монро, северноамериканска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Мајмунска работа", "Автобуска станица", "Седум години верност" и други. Се родела е во Лос Ангелес, на 1 јуни 1926 година. 1962.- Во Охрид се одржа Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прерасна во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Меѓу професионалците победи Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во женска конк*ренција победи охриѓанката Атина Бојаџи. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигна Дики Бојаџи - трето место и Климе Савин кај аматерите - четврто место. Од 1992 година шампионатот е именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп. 1963.- Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Советскиот Сојуз го потпишаа договорот за забрана на нуклеарни проби во атмосферата, во вселената и под море. По ракетната криза околу Куба, тоа беше првиот симптом на ново попуштање во меѓународните односи. 1974.- Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата "Вотергејт". 1984.- Умре велшкиот театарски и филмски актер Ричард Бартон. Глумеше во филмовите „Клеопатра“, „Бекет“, „Доктор Фауст“, „Сутјеска“ и други. 1992.- Русија ја призна независноста на Република Македонија. 1995.- Во Скопје умре д-р Вулнет Старова, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен претседател на Собранието на СР Македонија. Се родил е во селото Поградец, на 6 мај 1934 година. 2003.- Во експлозија на автомобил-бомба пред хотелот „Мериот“ во Џакарта која ја активирал исламски терорист самоубиец загинаа 14, а беа повредени околу 150 луѓе. |
||||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1704.- Во војната за шпанското наследство, англиско-холандските сили го зазедоа шпанскиот град Гибралтар. 1789.- Парламентот на Франција за време на Француската револуција им ги укина сите привилегии на феудалците. 1792.- Во Филд Плејс е роден Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата „Кралицата Маб“ му дава израз на својот револуционерен дух „против кралевите“, свештениците и политичарите. Умре во Лондон, на 8 јули 1822 година. 1859.- Во една фарма во централна Норвешка е роден Кнут Хамсун, норвешки писател, најпознат во светот, по Избен. Негови најпознати дела се романите „Глад“, „Мистерија“, „Викторија“, „Пан“ и други. Во 1920 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Нерхолмен, на 19 февруари 1952 година. 1875.- Во Копенхаген умре Ханс Кристијан Андерсен, дански писател. Најпознати негови дела се „Приказна на мојот живот“, „Сказни“, „Сликовница без слики“ и други дела. Роден е во Одензе, на 2 април 1805 година. 1884.- Роден е Бела Балаж, унгарски книжевен и филмски теоретичар. Умре во Будимпешта, на 17 мај 1949 година. 1890.- Во Загреб умре Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ". Роден е во Нови Винодолски, на 18 август 1814 година. 1903.- Во Крушево влезе Штабот на крушевските востаници свечено дочекан од народот, пред кој началникот на Штабот Никола Kарев одржа револуционерен говор, прогласувајќи ја првата македонска народна република и го повика народот да избере привремена влада. Владата беше формирана со учество на сите народносни групи во градот. 1903.- Во селото Карбуница, Кичевско, се водеше една од најкрвавите востанички битки за време на Илинденското востание. Кичевските востаници, потпомогнати од 150 демирхисарци на чело со војводата Јордан Пиперката, успеаја да ги натераат турските сили да отстапат и долго време да не ја нападнат ослободената територија. Во жестоката борба загинаа 30 македонски востаници, а турската војска и башибозукот имаа 120 мртви. 1936.- Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција, со што се влоши положбата на Македонците во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства. 1944.- Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот "Дневник" го остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна. "Дневникот на Ана Франк“ се изведува на многу театарски сцени во светот, а според него е снимен и филм. 1947.- Во Нови Сад фудбалскиот клуб „Вардар“ го одигра првиот квалификационен натпревар за влегување во Првата лига. Натпреварот го одигра со „Слога“ од Нови Сад, со резултат 1:1. 1983.- Бетино Кракси како прв социјалист ја презеде должноста премиер на Италија. 1984.- Во Женева, Швајцарија, умре Ричард Волтер Џеникс Бартон, великан на седмата уметност, прочуен британски артист. Роден е во Пантрихидифен, Јужен Велс, на 10 ноември 1925 година. 1991.- Во најтешка сообраќајна несреќа во историјата на Зимбабве загинаа 80 деца и седум возрасни луѓе кога автобус слета од пат и падна во бездна. 1993.- Исламската Република Иран ја призна Република Македонија. 1997.- Во пензионерскиот дом во провинцијата Арлес, во Франција, умре најстарата жена (најстариот човек) во светот дотогаш, Французинката Џин Калмент. Родена е на 21 февруари 1875 година. 1999.- Во месноста Бунарџик, близу меѓународниот аеродром Петровец кај Скопје, во присуство на премиерите на Република Македонија и на Република Кина - Тајван, Љубчо Георгиевски и Винсент Сју, е положен камен темелник на првата слободна индустриска зона во Република Македонија. 2003.- Парламентот на Азербејџан го озакони династиското наследување на власта избирајќи го за премиер синот на тешко болниот азербејџански претседател Хајдар Алиев. |
||||
![]() |
||||
дуле ![]() Сениор ![]() Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Денес - 31.07.2008 г. Македонското знаме ги побуни Кинезите:
![]() Обезбедувањето во Олимпиското село во Пекинг протестира против поставувањето на македонското знаме на балконот на македонската делегација, сметајќи дека станува збор за знамето на побунетата кинеска провинција Тибет. Недоразбирањето, кое бргу било разјаснето, ја стави македонската делегација во центарот на вниманието на олимписката јавност... |
||||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
2001.-
Во Тетовско, од нападот на албанските екстремисти врз полициски пункт
кај Радио Тетово, загина Цоки Стојановски (28) од Тетово, припадник на
МВР.
|
||||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
1014.-
Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот
цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори,
кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на
секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите
кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.октомври
1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.Со распаѓање на Македонското царство на Самуил се створија услови за создавање на нови царства на Балканот.Пред Македонското царство на Самуил на Балканот имало само едно царство - Византиското со припратни кнежевства кои биле во вазалство на Византиското царство. 1588.- Во времето на владеењето на кралицата Елизабета Прва, Англија ја победи шпанската „непобедлива армада“, со што се создадени услови за превласт на Англија на море и на подоцнежните колонијални освојувања. 1856.- Умре Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камеран и сценска музика, компонира четири симфонии и една опера. Роден е на 8 јуни 1810 година. 1883.- Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владеше со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо по почетокот на Првата светска војна, тој е исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формира фашистичка партија. Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организира поход на 60.000 приврзаници на Рим и дојде на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападна Етиопија, ги помагаше фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападна Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година итн. После истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година е соборен од власт. Италијанските партизани го убија на 28 април 1945 година. 1890.- Умре (се самоуби) Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Остави 850 слики и 900 цртежи кои влијаеја пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесе посмртна слава. Роден е во Грот Зундер, на 30 април 1853 година. 1937.- Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Тјенцин. 1940.- Германскиот нацистички водач Хитлер ја почна воздушната офанзива на британските острови. Во првата фаза од јули до октомври 1940 година не успеа да ја скрши британската одбрана, а во втората, до мај 1941 година, доживеа и сериозни порази. Тоа беше првиот пораз и доказ дека нацистичката сила е ранлива. 1948.- На стадионот „Вембли“ во Лондон се отворени првите Олимписки игри после Втората светска војна. 1968.- Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забрани на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето. 1971.- Почнувајќи од оваа (1971) година, секоја година на 29 јули до 2 август, во Битола се одржува Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Фестивалот претставува презентивна сцена на изворни народни игри и песни на македонскиот народ и на националностите во Македонија. 1981.- Во катедралата Свети Павле во Лондон се венчаа наследникот на британскиот престол принцот од Велс, Чарлс и Дајана Спенсер. 1982.- Во Принстон, САД умре Владимир Зворник, "таткото на телевизијата". Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден е во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година. 1983.- Умре Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 филмови, меѓу кои се "Ангелот на смртта", "Тој мрачен предмет на желбите", "Убавицата на денот" и "Шармот на буржоазијата". Роден е во 1900 година. 1993.- Киргистан ја призна Република Македонија. 1994.- Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси е осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама. 1996.- Во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, умре Клодет Колбер, родена како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во 30-ите години на 20. век. Родена е во Париз, на 13 септември 1903 година. 2003 - Долниот дом на Белгиското собрание ги овластило белгиските судови да им судат на сите обвинети за војните злосторства без разлика каде се направени и без разлика на националноста, вклучувајќи ги и граѓаните на САД, што предизвикало жестока реакција на официјален Вашингтон. Изменето од Boogie - 29.Јули.2008 во 08:49 |
||||
![]() |
||||
дуле ![]() Сениор ![]() Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Денес - 29.07.1014 г. е станала Беласишката битка (битката при Клуч) во коjа Василиj ІІ Македонецот е поразил воjската на цар Самуил.
Изменето од Boogie - 29.Јули.2008 во 08:42 |
||||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јули. Денеска е Св. апостол Акила. По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим
заедно со жена си Прискила. Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите
останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат
во Коринт. Таму ќе се сретнат со апостолот Павле. Поверувале во
проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле.
Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во
Рим, па заминуваат за Ефес... Според преданието Акила, како еден од
70-те апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а
земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците. НА ДЕНЕШЕН ДЕН 916.- Во Охрид умре Свети Климент Охридски, средновековен Mакедонски писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден е околу 830 - 840 година. 1789.- Американскиот Конгрес основа Одделение за надворешни работи. 1824.- Роден е францускиот писател Алексадар Дима Син, кој ги удри темелите на народниот драмски театар. Напиша 16 театарски парчиња, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Останати дела: драмите „Незаконски син“, Дениза“, „Господин Алфонс“, „Полусвет“. 1830.- Во Франција изби триднева „Јулска револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл Десетти Бурбонски да ја укине слободата на печатот. Тој го распушти штотуку избраното собрание и изврши измени во изборниот закон. Парижаните подигнаа барикади и успеаја го соборат кралот Шарл Десетти, а на престолот го донесоа Луј Филип, кој како крал на Франција владееше до револуцијата во 1848 година, кога повторно станува република. 1835.- Во Вал ди Кастело, Тоскана, е роден Џозуе Кардучи, италијански поет, книжевен историчар и неокласичар. Напиша голем број песни и книжевни, естетски и филозофски студии. Познати се неговите дела „Варварски оди“, „Рими и ритми“ и други дела. Во 1906 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Болоња, на 16 февруари 1907 година. 1841.- Во Пјатогорски умре Михаил Јурјевич Лермонтов, руски писател. Делата што ги напиша уште како сосема младо момче претставуваат толку зрели уметнички остварувања што влегоа во сите збирки и антологии. Во своите дела создаде лик на „нестабилен човек“. Го напиша романот „Јунак на нашето време“ и низа поеми. Роден е во Москва, на 15 октомври 1814 година. 1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена "далтонизам". Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6 септември 1766 година. 1867.- Роден е шпанскиот композитор и пијанист Енрике Гранадос и Кампања. Дела: клавирска збирка „Гојекас“, „Шпански игри“. 1907.- Во Љуботин, Црна Гора, е роден Петар Лубарда, еден од најголемите црногорски сликари. Работеше слики, пастели и фрески инспирирани од пејзажите на Црна Гора, Париз и Дубровник. Од делата познати му се „Косовската битка“, „Гуслар“, „Пламен“, „Борба на коњи“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1974 година. 1915.- Во Фиренца роден е италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, еден од најпрочуените во светот. Умре во Венеција, на 17 октомври 1982 година. 1917.- Умре швајцарскиот хирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Тој ја испитуваше функцијата на штитната жлезда и значително придонесе за развој на современата хирургија. 1921.- Канадските лекари Фредерик Грант Бентинг и Чарлс Бест првпат го изолираа инсулинот, што набрзо овозможи ефикасно лекување на дотогаш смртоносната шеќерна болест. 1927.- Во село Лавци, Битолско, е родена Фана Кочовска - Цветковиќ, најмлад народен херој од НОВ, носител на партизанска споменица 1941. Почина на 17 април 2004 година. 1954.- Велика Британија и Египет постигнаа договор за крај на 72-годишната британска контрола врз Суецкиот канал. 1955.- Република Австрија повторно стана суверена држава. Австрија во 1938 година беше окупирана и припоена кон Германија, а по Втората светска војна беше уште десет години под окупација на сојузничките држави. 1965.- Американските авиони во Виетнамската војна првпат ги нападнаа противвоздушните системи на северновиетнамската армија. 1970.- Во Лондон умре Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њуроршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Роден е во Лондон, на 2 декември 1899 година. 1980.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819 година. 1981.- Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути. 1984.- Во Лозана, Швајцарија, умре Џемс Мејсн, познат британски актер, кој многу генерации го паметат по голем број успешни артистички остварувања во повеќе од 80 филмови и театарски дела. Филмови: „Бегалец“, „Човек во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулие Цезар“, „Лолита“, „Лорд Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“. Роден е во 1909 година. 1984.- На патот Скопје - Приштина, во сообраќајна несреќа загина Венко Домазетовски, македонски писател, литературен критичар и новинар. Роден е во Белград, на 10 јануари 1950 година. 1990.- Белорусија ја прогласи независноста од Советскиот Сојуз. 1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на к*рсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски - Питу" е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија. 1996.- Во текот на Олимписките игри во Атланта експлодира бомба во забавен парк, усмртувајќи двајца и повредувајќи 110 луѓе. 2002.- При урнување на украинскиот ловец „СУ-27“ на аеромитинг во близина на украинскиот град Лавов загинаа 89 лица, а 199 беа повредени. 2007.- Во експлозија на камион-бомба во Багдад, во близина на пазарот Карадах, препоплн со купувачи, во шиитскиот дел од градот, загинаа 61 лице, а 94 луѓе беа ранети. Од експлозијата изгореа десеттина автомобили, а се запали и трикатна зграда. |
||||
![]() |
||||
дуле ![]() Сениор ![]() Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На денешен ден роден е Александар Македонски
На денешен ден пред 2.364 години е роден Александар Македонски. Македонскиот владетел, кој успеа да го освои половина свет, е роден на денешен ден 356 година пред новата ера во градот Пела, Егејска Македонија. Александар Македонски, син на македонскиот император Филип Втори и на Олимпија, е еден од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Александар Македонски од малечката Македонија создаде светска сила. Го порази огромното Персиско царство, тогаш најголема светска империја, и во својот поход стигна до Индија. Александар Македонски или како што е познат во светската историја како Александар Велики умрел во Вавилон на 13 јуни 323 година пред новата ера. 1981.- Турскиот терорист Мехмед Али Агџа е осуден на доживотен затвор поради обидот да го убие поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори на 13 мај 1981 година. 1948.- Во Скопје, со одлука на Владата на Народна Република Македонија, е основан Институт за национална историја. Изменето од Boogie - 22.Јули.2008 во 16:17 |
||||
![]() |
||||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
1984.- Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20 ноември 1906 година. 2001.- Во Скопје умре Крсте Црвенковски, народен херој на Македонија од народноослободителната борба против Бугарско-Германските фашисти. Роден е во Прилеп, на 16 јули 1921 година. |
||||
![]() |
||||
Zajcef ![]() Сениор ![]() ![]() TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На денешен ден 22јули 356год. п.н.е во градот Пела е роден Македонскиот крал(член на династијата аргеади) Александар III Македонски еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.
![]() ![]() Изменето од Boogie - 22.Јули.2008 во 16:14 |
||||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
||||
![]() |
||||
Zajcef ![]() Сениор ![]() ![]() TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На денешен ден во Слоештица,Демир Хисар 1934година е роден Македонскиот писател,поет, романсиер, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски.
![]() |
||||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |