IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Правна помош
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Правна помош

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 23>
Автор
Порака Обратен редослед
Morfeus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Morfeus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2010 во 13:17
Во 1996 година моите имаат склучено купопродажен договор со владата за стан, спрема некој закон кој е тогаш донесен. Станот од тогаш го отплаќаме на рати и сеуште не е отплатен.

Дали ни следува имотен лист. Ова прашувам затоа што за да се регистрираме како заедница на станари е потребен број на имотен лист. Исто така за откуп на дворно земјиште како што разбрав потребна е копија од имотен лист.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 22:03
Originally posted by Pannet Pannet напиша:

Фала МАкедон на одговорот. Единствено што знам е дека можам да користам 1 час пауза наместо 30 минути за доење. Имам ли некои други права и олеснувања? Т.е., за кои видови заштита зборуваме?


За време на бременоста, како и една година по породувањето, работничката не смее да врши работи кои би наштелиле на нејзиното здравје, како и на здравјето на детето. За време на бременоста, како и со дете до една година возраст работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе. На работничка која има дете од една до три години може да се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе само со нејзина претходна писмена согласност.

Во однос на паузата, имаш право на пауза од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го имаш се до наполнување една година на детето.

Има и други видови заштита, но тие се остваруваат доколку детето е родено со тешка болест, порано родено, доколку истото живее само со работничката ( самохрана мајка ) и доколку се роди мртво дете.

Истотака, работничката по враќањето од породилното отсуство треба да се врати на истото работно место, или на место според условите од договорот за вработување.
Кон врв
Pannet Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)
Истражувач

Регистриран: 05.Август.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 48
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pannet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 12:51
Фала МАкедон на одговорот. Единствено што знам е дека можам да користам 1 час пауза наместо 30 минути за доење. Имам ли некои други права и олеснувања? Т.е., за кои видови заштита зборуваме?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 01:03
Originally posted by Pannet Pannet напиша:

Моето породилно отсуство треба да заврши наредниот месец. Но работам во фирма каде што има масовни отпуштања.

Дали сум заштитена?

Конкретно, имам слушнато дека откако ќе се вратам од породилно не смеат да ме отпуштат една година, и не смеат да ме сменат од работната единица каде што работам (на пр.да ме пратат во друг град).

Има ли некој информација околу ова?


Согласно член 101 од Законот за работни односи, се додека си на породилно отсуство работодавачот не смее да те отпушти. За периодот по враќањето од отсуството, никаде во законот не стои забрана за отказ. Постојат други видови заштита на работничката во тој период, но забрана за отказ нема.

Кон врв
Pannet Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)
Истражувач

Регистриран: 05.Август.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 48
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pannet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 23:15
Моето породилно отсуство треба да заврши наредниот месец. Но работам во фирма каде што има масовни отпуштања.

Дали сум заштитена?

Конкретно, имам слушнато дека откако ќе се вратам од породилно не смеат да ме отпуштат една година, и не смеат да ме сменат од работната единица каде што работам (на пр.да ме пратат во друг град).

Има ли некој информација околу ова?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 17:39
Originally posted by indigo_cg indigo_cg напиша:

Здраво,

Би сакал да прашам дали има некој искуство со работа преку интернет. Сакам да почнам да работам на проекти како на пример web & graphic design. Проблемот е што се наплаќа само преку Paypal. Јас лично имам Paypal кој ми е поврзан со сметка во Бугарија. Е сега сакам да прашам како треба да се постапи за сето тоа да биде легално со плаќање на даноци, и кому треба да се плати данок ?

Однапред благодарност за советите.


Провери дали постои договор меѓу Македонија и Бугарија за одбегнување на двојното оданочување, доколку постои, Република Македонија нема да те оданочи за нешто за кое веќе си бил оданочен во Бугарија. Ти прочитај го сепак договорот.

Во однос на данокот во Република Бугарија, како и работата преку интернет, не би можел да ти одговорам, сепак, не го познавам бугарското право.
Кон врв
indigo_cg Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај indigo_cg Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 01:57
Здраво,

Би сакал да прашам дали има некој искуство со работа преку интернет. Сакам да почнам да работам на проекти како на пример web & graphic design. Проблемот е што се наплаќа само преку Paypal. Јас лично имам Paypal кој ми е поврзан со сметка во Бугарија. Е сега сакам да прашам како треба да се постапи за сето тоа да биде легално со плаќање на даноци, и кому треба да се плати данок ?

Однапред благодарност за советите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 13:04
Originally posted by tinodj tinodj напиша:

Здраво на сите...

Мене ме интересира дали некој може да ми даде конкретен одговор на следното прашање:

Дали странец (конкретно Словенец) во Македонија може да купи недвижен имот?

Дали притоа има ограничувања во однос на тоа од каков тип е имотот: стан, куќа, двор, нива, ограничувања заради локацијата на имотот, заради типот - пример: имотот е од културно или историско или стратешко за одбраната значење


Информација на тема во кој закон би било ова ( а поконкретно во кои членови од тој закон ) - исто е многу добродојдена.

Дополнителни информации (линкови, имиња на институции) би биле повеќе од добредојдени.



Физичко лице, државјанин на земја членка на ЕУ и ОЕЦД во Македонија може да биде купи подвижен и недвижен имот. Оние физички лица кои не се државјани на земјите членки на ЕУ и ОЕЦД можат да се стекнат со право на сопственост само под услови на реципроцитет.

За ова погледни во член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (Службен весник на Р.Македонија бр.92/08 од 22.07.2008)

Истотака и погледни го членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (Службен весник на Р.Македонија, бр.139 од 19.11.2009 година).

Сепак, согласно член 250 од Законот за сопственост и други стварни права, странски лица не можат да бидат сопственици на недвижност, која поради заштита и безбедност на Република Македонија е прогласено за подрачје на кое странски лица немаат право на сопственост, освен ако со закон поинаку не е определено.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 12:49
Originally posted by Pejik Pejik напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Да, но пред тоа мора да му го понуди својот дел, а доколку не постигнат согласност, тогаш покренува процес за судска делба по пат на јавна продажба.
A што ако тој со помал процент не се согласува воопшто со продажбата!? 


Како што објаснив погоре, на тој со помал дел му е понудено првенствено да го откупи делот на оној со поголем дел, па откако тој ќе одбие, делбата ќе се врши по пат на јавна продажба. Во таков случај, тој со помал дел, откако претходно го одбил правото да го откупи делот, нема начин како да ја спречи делбата по пат на јавна продажба.
Кон врв
clen59 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај clen59 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 09:09
Здраво,
Ме интересира при донесување на одлука дали е главен диспозитивот или образложението или пак и едното и другото одат заедно.Во диспозитив се повикува на член 81 од ЗРО а во образложение на член 59 од ЗСО.И што во случајот ако повикувањето е на основа на член 59 а таа одредба со одлука на Уставен Суд е укината?Дали можам да покренам кривична постапка кон лицата и органите кои се повикале на овој укинат член 59 став 10 од Закон за средно образование.
Поздрав
Кон врв
clen59 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај clen59 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 08:46
Ме интересира при донесување на одлука дали е главен диспозитивот или образложението или пак и едното и другото одат заедно.Во диспозитив се повикува на член 81 од ЗРО а во образложение на член 59 од ЗСО.И што во случајот ако повикувањето е на основа на член 59 а таа одредба со одлука на Уставен Суд е укината?Дали можам да покренам кривична постапка кон лицата и органите кои се повикале на овој укинат член 59 став 10 од Закон за средно образование.
Поздрав
Кон врв
tinodj Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tinodj Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 04:06
Здраво на сите...

Мене ме интересира дали некој може да ми даде конкретен одговор на следното прашање:

Дали странец (конкретно Словенец) во Македонија може да купи недвижен имот?

Дали притоа има ограничувања во однос на тоа од каков тип е имотот: стан, куќа, двор, нива, ограничувања заради локацијата на имотот, заради типот - пример: имотот е од културно или историско или стратешко за одбраната значење


Информација на тема во кој закон би било ова ( а поконкретно во кои членови од тој закон ) - исто е многу добродојдена.

Дополнителни информации (линкови, имиња на институции) би биле повеќе од добредојдени.

Кон врв
Pejik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pejik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 00:58
Originally posted by Македон Македон напиша:



Да, но пред тоа мора да му го понуди својот дел, а доколку не постигнат согласност, тогаш покренува процес за судска делба по пат на јавна продажба.
A што ако тој со помал процент не се согласува воопшто со продажбата!? 
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 13:53
Originally posted by sneza71 sneza71 напиша:

dali podlegnuva na plakanje danok na imot deloven objekt ako nee pusten vo upotreba


Согласно член 1 од ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ "Сл. Весник на Р. Македонија бр.92/07 од 24.07.2007 година", даночното ослободување на обврзникот во однос на деловните згради или простории каде обврзникот ја врши дејноста повеќе не важи.


Дали Вам ви стигна решение за плаќање данок на имот и кога?

Изменето од Македон - 01.Октомври.2010 во 13:55
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.