IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 61>
Автор
Порака Обратен редослед
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 23:52
Честитки за Партизан.да
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 23:32
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Вечерва 20:45 во Брисел...

АНДРЕЛЕХТ - ПАРТИЗАН (2:2 во Белград)
 




BRAVO ZA PARTIZAN!

Hahah, kakvi penali sutiraa ovie od Anderleht, prvpat gledam takvo cudo газење%20од%20смеење 
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 13:53

Вечерва 20:45 во Брисел...

АНДРЕЛЕХТ - ПАРТИЗАН (2:2 во Белград)
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 17:59

И Полска доцни со подготвките за ЕУРО 2012


Полска доцни со подгoтвките за организација на Европското првенство во фудбал, кое оваа земја ќе го организира заедно со Украина. Критиките не се упатени од УЕФА, туку доаѓаат од посебно формираната Комора за контрола на организациониот одбор.

Првиот човек на комората, Јацек Језиерски, изјави дека половина од проектите се уште не се стигнати до планираната фаза. Тој вели дека најмногу се доцни со изградба на патиштата, железничките линии и аеродроми.

Јазиерски смета дека до почетокот на ЕП во 2012 година, некои од започнатите проекти нема да бидат завршени

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 05:54
Слоновите“ добија нов селектор
 

Франсоа Зауи ќе го наследи Свен Ериксон на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска.
Лошите искуства со странски тренери ги натераа челниците на федерацијата да изберат домашен стручњак.

Ериксон репрезентацијата ја предводеше на Мундијалот во Јужна Африка. Во конк*ренција на Бразил, Португалија и Северна Кореја, „слоновите“ не ја минаа првата фаза. Претходно под водство на Вахид Халилхоџиќ, репрезентацијата имаше лош настап на Купот на Африка.

Новиот селектор на Дрогба и дружината, во кариерата бил селектор на младата репрезентација на Брегот на слоновата Коска, како тренер работел во Африка Спорт од Абиџан и францускиот Тулон. Зауи ккако активен играч го носел дресот на Асколи и Тулон

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 17:53
Изображение
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 14:43

Баерн-Вердер, дерби во германскиот Куп

 
Извор: Макфакс

Финалистите од минатата сезона во фудбалскиот Куп на Германија, Баерн и Вердер, во новата сезона силите ќе ги одмерат уште во второто коло.
Покрај натпреварот Баерн-Вердер, второто коло носи уште две соочувања на екипи од Бундеслигата, Ајнтрахт-ХСВ и Борусија Менхенгладбах-Баер Леверкузен.
Натпреварите од шеснаесетфиналето во фудбалскиот Куп на Германија ќе се одиграат на 26 и 27 октомври.
Комплетни двојки: Кобленц-Херта, Викторија Хамбург-Волфсбург, Офенбах-Борусија Дортмунд, Елверсберг-Нинберг, Хемницер-Штутгарт, Халшер-Дуизбург, Котбус-Фрајбург, ФСВ Франкфурт-Шалке, Келн-Минхен 1860, Гројтер-Аугзбург, Хофенхајм-Инголштад, Алеманија Ахен-Мајнц, Кајзерслаутерн-Арминија

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 08:49

Интер го освои Суперкупот на Италија

 
Извор: Макфакс


Фудбалерите на Интер со трофеј во Суперкупот, ја отврија новата сезона во Калчолигата. Во финалниот натпревар, Интер ја совлада Рома со 3:1.
 До петиот трофеј во Суперкупот, во клубската историја, Интер стигна благодарение на головите на Пандев во 42, и Ето во 70 и 80 минута од натпреварот. Рома предходно подобро го отвори натпреварот, стигнувајќи до предност со голот на Рисе во 21 минута.
 Новиот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, одигра одлични 80 минути, потоа тој беше заменет со Марига.
 Формата на Пандев е добра вест за селекторот на Македонија, Мирсад Јонуз. Напаѓачот на Интер ќе биде главниот адут на стартот на квалификациите за пласман на ЕП во 2012, на 3. Септември Македонија во Братислава ќе игра против Словачка. Новата сезона во Серија А, Интер ќе ја отвори на 30.август против Болоња

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 18:49
......намигнување.....
 
 
Популарниот октопод Пол кој за време на Светското првенство во Јужна Африка ги засени фудбалските ѕвезди, благодарение на точните предвидувања, и даде поддршка на Англија за кандидатурата за СП 2018. 

Пол последните две години од животот ги помина во Германија, но без оглед на тоа гордиот Англичанец и даде поддршка на својата земја за кандидатура на СП“, изјави менаџерот на Weymouth Sea Life Center,Никола Хамилтон.

Тој истакна дека имале понуди од многу земји ширум светот, но Пол одлучил да и даде поддршка на неговата родна земја.

Пол погоди осум натпревари на Светското првенство во ЈАР. Оттогаш популарниот октопод потпиша бројни спонзорски договори, се појавува и на филм, а парите се користат за спасување на желките на грчкиот остров Закинтос.

„Видовитата кариера на Пол е зад него, а сега е почестен што ќе биде амбасадор на кандидатурата на Англија“, рече Хамилтон за СНН.

Пол така стана дел од тимот кој го сочинуваат Роби Вилијамс, Стинг, Луис Хамилтон, принцот Вилиам, Ноел Гарагер и Џенсон Батон.

Англија за кандидатурата ќе се бори со уште пет земји, а одлуката ќе ја донесе ФИФА кон крајот на оваа година.
 
 
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 11:09
Видиќ во Јунајтед до 2014 година

Немања Видиќ вчера потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, кој со клубот од "Олд Трафорд" го врзува до 2014. година.

Договорот беше уште претходно најавен, а сега е потврден и со ставање на потписот на новиот договор.

"Многу сум среќен поради новиот договор. Дојдов во клубот уште кога бев млад играч и значително се развив со помош на тренерот, стручниот штаб и моите соиграчи. Имавме многу успеси од кога дојдов во клубот и се надевам дека така и ќе продолжиме и следните сезони." - изјавил Видиќ по потпишување на договорот.

Презадоволен од останувањето на Србинот во Јунајтед бил и тренерот Алекс Фергусон.

"Овој потпис ќе стави крај на сите глупави гласини кои се појавија изминатиот месец. Немања се разви во еден од најдобрите дефанзивци во Европа и среќни сме што ќе биде овде и следните години" - рекол Фергусон.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 11:07
Стигна казнатавртење%20со%20очи
Работнички казнет од УЕФА со 10.000 евра

Дисциплинската комисија при Европската фудбалска куќа го казни скопски Работнички со 10.000 евра, затоа што навивачите на клубот од Дебар маало за време на мечот од 3. коло во квалификациите за Лигата на Европа на расна основа ги навредувале црномурестите фудбалери на Ливерпул Давид Н'Гог и Давид Аму. Точно е дека еден играч на Ливерпул беше исвиркуван при секој негов допир со топката, но тоа беше Гркот Кирјакос. Меѓутоа, како доказ за наводниот расизам на навивачите на "романтичарите" е презентира фотографијата за која се тврди дека е направена на скопскиот стадион на мечот Работнички – Ливерпул 0:2.

Сепак, и покрај ваквата одлука на УЕФА, домашните љубители на фудбалот кои беа присутни на Арената "Филип Втори" во Скопје на мечот против премиерлигашот остануваат на ставот дека станува збор за инцидент, а не за постојани навреди и скандирања кон двајцата црномурести фудбалери. < = =text/>spodeli();
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 11:03

Баерн го совлада Волфзбург

Баерн Минхен - Волфзбург 2:1 (1:0)

Милер 9', Швајнштајгер 90+1' - Џеко 55'

Во премиерниот меч од новата сезона во Бундес лигата, актуелниот првак Баерн со голот во самата завршница од мечот ја совлада екипата на Волфзбург со 2:1. Баварците до почетната предност дојдоа преку репрезентативецот Милер, израмнување на гостите им донесе Џеко, и кога се очекуваше судијата да отсфири крај на натпреварот, Швајнштајгер го постави конечниот резултат од 2:1.

 
Во останатите мечеви од 1. коло се среќаваат:

Сабота, 21. август:

15:30ч Келн - Кајзерслаутерн

15:30ч Фрајбург - Санкт Паули

15:30ч Хановер - Ајнтрахт

15:30ч Хофенхајм - Вердер

15:30ч Борусија Менхенгладбах - Нирнберг

18:30ч Хамбургер - Шалке

Недела, 22. август:

15:30ч Мајнц - Штутгарт

17:30ч Борусија Дортмунд - Баер Леверкузен.


Изменето од Schatzii - 21.Август.2010 во 11:04
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 15:46

Вечерва 20:45 стадион ЈНА

ПАРТИЗАН - АНДЕРЛЕХТ
 
Последното учество во европската елита Партизан го имаше во сезоната 2003/04. Тогаш во квалификациите го елиминираа Њукасл, а во групата играа со Реал М., Марсеј и Порто. Сега шест години подоцна "црно-белите" имаат можност повторно да ги нагостат најдобрите, но за тоа ќе биде потребно да го елиминираат белгискиот шампион Андерлехт. Формата им е во нагорна линија, забележаа четири победи во првите две квалификациски кола, со победа го почнаа првенството и сега се надеваат дека со помош на фантастичната публика ќе го продолжат победничкиот од.
"Нема да калкулираме, не можеме да се затвориме и да чекаме да се случи нешто спектакуларно. Ќе сториме сè што е до нас да ги нападнеме и да оствариме победа без примен погодок", изјави стратегот на "црно-белите" Александар Станојевиќ.
 
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 12:50
ај честитода
Готово е! Озил потпиша за Реал

Германскиот репрезентативец Месут Озил е нов член на Реал Мадрид. Оваа вест беше потврдена и на официјалната интернет страница на Кралскиот клуб, а многу бргу ја пренесоа сите светски медиуми. Како бомба одекна новиот трансфер на Реал, кој иако со мака, сепак, успеа да се договори со Вердер и конечно го обезбеди шестото засилување на Сантјаго Бернабе ова лето по Педро Леон, Сами Кедира, Анхел ди Мариа, Серхио Каналес и Рикардо Карваљо.

Деталите околу трансферот не се официјално објавени, меѓутоа шпанските весници АС и Марка соопштуваат дека талентираниот 21-годишен фудбалер потпишал договор на шест години, а Вердер ќе инкасира 15 милиони евра.

"Неговата контрола врз топката е единствена, има техника на која тешко може да се парира, а асистенциите му се 'убиствени' и претставува една од најсјајните фудбалски ѕвезди кои доаѓаат во светскиот фудбал", стои на интернет страницата на "Кралевите".

Во понеделникот Реал беше во трка со време бидејќи Вердер имаше намера да го пушти во игра за плеј-оф дуелот за влез во Лигата на шампионите со Сампдорија в среда, а во случај Озил да настапеше тогаш трансферот ќе пропаднеше бидејќи во тој случај Германецот немаше да има право сезонава да настапува за Кралскиот клуб во европското елитно натпреварување.

Следеа вистински натегања кои повеќе наликуваа на психолошка војна. Вердер бараше повеќе пари, Озил инсистираше за трансфер, "Кралевите" размислуваа дали да се откажат и да почекаат на следната сезона кога неговиот договор со Вердер ќе истече па да го придобијат без пари. Сепак, Флорентино Перез направи храбар потег и во последниот обид успеа да го наговори Алофс да се ослободи од својот најдобар фудбалер.

Озил денеска треба да слета во Мадрид на задолжителните лекарски прегледи и официјализирање на соработката, а воедно и презентиран пред јавноста.

Младиот фудбалер ја почна својата професионална фудбалска кариера во Шалке каде играше две години пред да биде забележан од скаутите на Вердер кои го ангажираа за 4,3 милиони евра. Во Бремен ги прикажа најдобрите партии со што минатата година доби повик во германската репрезентација. Дебитираше на дуелот со Норвешка на 11 февруари 2009, а досега забележа 17 натпревари и два погодоци. Првиот гол го постигна во третиот настап за националниот тим, против Јужна Африка, а вториот на Светското првенство ова лето против Гана во триумфот од 1:0.


ЛИЧНА КАРТА

Име и презиме: Месут Озил.

Дата на раѓање: 15.10.1988.

Место: Гелзенкирхен (Германија).

ИГРАЧКА КАРИЕРА

2006 - 2008 Шалке

2008 - 2010 Вердер

2010 - ? Реал М.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

2006 - 2007 Германија У19

2007 - 2009 Германија У21

2009 - ? Германија

Трансферот на Германецот значи "шут-карта" за Ван дер Варт

Реал Мадрид се соочи со преголем број играчи во средниот ред, особено на позицијата на која игра Озил, што значи дека некој од играчите ќе биде продаден или даден под наем. Изборот падна на холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт, кој и покрај желбата да игра ќе мора да се помири со фактот дека ќе си замине. Шпанскиот весник АС тврди дека тренерот Жозе Мурињо веќе разговарал со Холанѓанецот и му ја соопштил оваа непопуларна вест. Со оглед на реномето кое го има Ван дер Варт не би било проблем да се најде нов клуб за него.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.