IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 67>
Автор
Порака Обратен редослед
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 23:13
 
 
 Автобиографија
 

Друг ќе ја пишува твојата автобиографија.
Некој кој ќе симулира дека си ти.
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;

ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;

можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
Границата меѓу туѓиот и личниот свет
бледнее.
Шармот на невидливото ќе го опседне
и тука навистина ќе наликува на тебе;

ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата
ќе разговара со современиците, преживеаните
ќе ги препрочитува нивните мемоари
и дневници
ќе гази по рабовите
ќе се загледува
де на лево – де на десно
одржувајќи рамнотежа
за да стигне до крајот

со непрестан зазор да не би да падне
некаде на полпат
како тебе.

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 15:06
Молитва - Блаже Конески

Спаси ме, Боже, од болните луѓе,
што се накажани, па не се криви.
Нивната злоба умерено суди ја
самите од неа одвај се живи.
Тие се мислат повикани да водат
како Мојсие и другите пророци,
а самите не можат да се ослободат
и влечат по себе ситни пороци.
Дај, Господе, што помалку очите да им ги бодам
штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам.

always look on the bright side of the life!
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 15:02
секогаш помислувам дека јас сум ти

знам збор твој, тој неизговорен

знам кога како да те насмеам

знам да те расплачам кога ти се плаче

ама не знам за кого носиш цвет во косата

.

секогаш помислувам дека и ти си јас

знаеш мој збор дека е твој

знаеш дека ќе се насмеам, кога си среќна

знаеш дека плачам наместо тебе

само не знаеш дека не знам за кого носиш цвет во косата
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 14:19
abe doprena ednaaaaaaaa
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 14:09
најди причина да дишеш

секој има некоја причина, нели?

проклетство е, ако просто мора

.

и така, ќе не‘ видиш сите седнати, околу

кој среќен, кој помалку тажен, кој замислен

а секој со својата причина за дишење

.

најди СВОЈА причина да дишеш

само се надевам дека таа, нема да бидам

ЈАС

.
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 14:02
ВТОРА МОЛИТВА НА МОЕТО ТЕЛО

Ова тело што лежи како мост меѓу два брега,
Ова тело што живее од мугрите на твоите желби,
Ќе биде и утре како што е сега,
Само со два белега повеќе од две лути средби,

Ова тело што лежи како мост меѓу два брега.

Ова тело што лежи како мост и трпеливо одамна чека
Да помине веселник некој и да го пробуди пак,
Протечи под ова тело како скротена река
Да заечи сино од нежност со секој извиен лак,
Ова тело што лежи како мост и трпеливо одамна чека.

Ова тело што лежи како мост некој бран да го плени
За да го улови во него својот заборавен лик
Ќе стане со сите будења и мени
На нестварни желби стварен светилник,
Ова тело што лежи како мост некој бран да го плени.
always look on the bright side of the life!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2011 во 20:43

Не да те гонам како итра срна,
не како галаба в рака да те земам
јас ќе те кријам во моево срце
како во гнездо ластовица скрита,
јас ќе те чувам како таен спомен
со ужас дека те заборавам.............Blaze Konesvki-Spomen
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2011 во 22:41
Затвори ги очите ноќва
и погледни ме со душата.
Слушни ги рацеве
како шепотат по телото,
и запеј со мојот копнеж
во ритамот на
треперливите емоции.
Никој нема да ја слушне,
никој нема да ја види
ниту да ја почувствува
играта на страста,
танцот на немирот
низ сонежливите души.
Ни самите нема да разбереме јасно,
но сепак ќе уживаме
во таа неразбраност,
во таа нејасност,
сосема свесни за
недвосмисленоста на -
Уживањето.
always look on the bright side of the life!
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 20:50
светот, свет

е проклет

проклето време некаде тука застана

или ние сме проклети

.

сенка, сенки

стрмни тенки

тенко лице некаде застана , таму

а текно е секаде наоколу

.

мисла, мисли

мили бесмислици

бесмислено е кога не треба

а смислено однапред, од некој, за некој
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 12:25
СРЕЌНА ЉУБОВ - Ирена Тувим


Постојано доаѓаш. Јас сум среќна девојка.
Но, се простуваш од мене рано, за разлика од порано. Брзаш?Каде? И зошто?
Сакаш да ме изгубиш? Ако треба, ќе умрам. Имај милост.
Не гледај ме туку-така в очи. Криеш нешто. Кажи ми. Не зборувај.

Мајска ноќ, шарена како кинеска оперета,
Мириса на мокар асфалт, на Париз и на платниште небо.
О, раце мудри и праведни! Товарот твој јак, а лесен!
Ах, што би правела без вас? Заминуваш? Остани. Не треба.

Истекува ноќта, добро знаеш дека се плашам од муграта,
Не сакам сама да го видам тоа рано срамежливо небо.
Се плашам од тивките чекори. Спаси ме од крцкањето на клучот,
што звучи како некоја лоша приказна, кога ќе се затвори портата.


Ќе ја затворам по тебе вратат тивко, како срцето, што умира,
Без да го добијам најлесниот шепот. Ги притискам рацете на градите.
Ме учиш што е тоа љубов. Ја знам на памет. А, сега,
Ме учиш на самотија и ме учиш на смрт.
always look on the bright side of the life!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 12:09
Љубов

Не иди зашто жалосна би била,
и колку да те копнеам - се ледам.
Што младоста во темен неповрат скрила
ме влече назад со измамна сила,
но зар со подбив тоа да го гледам.
Сум сакал, сета цибрина ме свила,
не иди љубов, жалосна би била.


Блаже Конески
always look on the bright side of the life!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 21:22
Беше тоа еден ден што траеше цела година.

A беше тоа кога помислував
дека твојата коса низ туѓи прсти
истекува ко млаз вода или ко сува пченица,
па јас останував сам и сите остануваа сами
и возовите добиваа нови и незнајни брзини
и веќе никаде не можеа да запрат;
и тревите почнуваа да ветреат во лажна прељуба
и сите ветрени коли носеа од моите болки.

A беше тоа кога помислував
дека полната светлина од твојата уста
капе и ce меша во туѓа пладнина,
па гаснеше варта во моите очни витли
и шумите слегуваа во длабоки подземја
и небесата догоруваа и реките потекуваа нагоре
и животните ме гледаа како пријател што го губат
и cè што беше мое живееше без мене.

A беше тоа кога помислував
дека веќе не можам да мислам без тебе.

Беше тоа еден ден што траеше цела година.
_________________
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 23:09
Пауза

Денешниот дожд нема крај.
Денешниот дожд го загубил својот почеток.
Чекорам кон тебе
размислувајќи колку денови веќе
Вака се гледаме.
И зборуваме.
Зборуваме како и секогаш – полека и паметно.
Сè што сега гледам ме потсетува
на Оној Град
кој на нашата врста на крајот ѝ останува.
Нашата врста сака старински филмови.
Тие ги хранат усвоените суети.
Твојата тишина пак ми ги бистри мислите.
Кога ќе помине, ќе ти ја подарам мојата.
Нека водат љубов како што тоа само тишините го прават.
Во паузата од Сè безначајно ти го кажувам
она што утре сакав да го кажам. И вчера.
Дождот уште паѓа и не е студено.
Кафето во шолјите трпеливо чека
покорувајќи му се на
баботењето на нашите желби.
Го сакам дождот кога не е студено
и кога пиеме кафе таму
каде персоналот не ги сака своите
гости,
таму каде што ни музиката не е добра.
На такви места одиме сè повеќе,
особено кога ваков
дожд врне... кога сè останува зад нас.
Се прашувам дали во Другиот град
ќе имам свое место
и некој како тебе
да ми ги дополни
попладнињата на мокрите вторници,
среди, понеделници
и оние другите.
По малку се грижам.
Не поради себе, туку поради тишината
Знаеш веќе... Знам дека знаеш...............

 
 
Кон врв
nena_princess Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nena_princess Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 11:29
"Rizikot od edna avantura vredi kolku 1000 denovi komoten i ubav zivot"
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 67>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,220 секунди.