![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 152153154155156 184> |
Автор | |||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Исклучително жалам поради тоа, затоа што околу саканата Македонија се плетат невкусни мрежи.
Никако не смее да се искаже согласност за името Северна Македонија, а сосема е прифатливо името Вардарска Македонија. Американците сакаат да ги делат државите на Југ и на Север, затоа што тоа им е останато од Граѓанската војна. Но на кого тие ќе му наметнат име, тоа останува за „вјеки вјеков“, дури и кога се смета за привремено. На господата Американци треба да им се укаже на околноста дека Република Македонија поседува 48 отсто од територијата на турската Македонија и дека Грција, која има покраина Македонија (која во тој случај би требало да биде Јужна Македонија), не може да и го одредува името. Што се однесува до името на јазикот, денес во Грција македонското малцинство него го говори само во своите домови. Па како може тогаш да биде северномакедонски. Поделбата на единствениот јазик според географската или државно-територијалната припадност на населението што го говори е непозната во лингвистиката: англискиот јазик го зборуваат луѓе од безброј земји, германскиот е службен во Германија и во Австрија итн. Тука се помешани имињата на јазикот и на можните дијалекти. И на крајот, Македонија по ниедна цена не смее да се согласи со името Северна Македонија, а да не зборуваме за македонскиот јазик како северномакедонски. Д-р Јусуф Мулиќ ректор на Универзитетот во Сараево, во пензија |
|||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||||
![]() |
|||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Neberete gajle utre nekoj nas "borec" ke se pogrizi i vakvite borci da gi napravi pijanici.
p.s.Kolumnata na Zare za pijanicata Dame Gruev ![]() |
|||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||||
![]() |
|||||
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Македонците се болната
реалност на Атина
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?itemID=31C104D4B84AA3479DC9EC390544BB0D&arc=1 Изменето од orlov - 19.Март.2010 во 13:06 |
|||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||||
![]() |
|||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
и после , го присвојувал кој како ќе стигнел ........ нормално кога финансираат и тие ............
![]() |
|||||
![]() |
|||||
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
со мои пари ![]() Изменето од да бе - 17.Март.2010 во 13:59 |
|||||
![]() |
|||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
После една ваква информација незнам дали вреди да се зборува или да се верува во нешто.
![]() Грција изгради музеј за Александар со пари од ЕУ |
|||||
![]() |
|||||
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
seznajko ORDEN za tebe |
|||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||||
![]() |
|||||
Eraserhead ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 102 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
tvoj grujo 2008 prifakase Makedonija(Skopje) |
|||||
![]() |
|||||
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
kje se najde li nekoj koj kje prekine ova ludilo od pregovaranje za nesto za sto ne smee da se pregovara
lele idiotizaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaam ![]() |
|||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||||
![]() |
|||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
иииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии ........... и сега швабите ќе останат без вино ?
![]() ![]() ![]() |
|||||
![]() |
|||||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Изменето од kultuzin - 16.Март.2010 во 16:50 |
|||||
![]() |
|||||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Да се биде Македонец16.03.2010 - 12:03 |
Како еден од
околу деветте илјади Македонци што живеат во Англија, одамна сум сведок
на контрастите меѓу неосознаениот патриотизам кој е правило во
Македонија и чудното одбегнување на прашањето за националниот идентитет
меѓу Македонците во Англија.
![]() Живеејќи во Англија од 11-годишна
возраст со по една нога газам и во двата кампа - или поточно се
чувствувам странец и на двете места. Во почетокот воопшто не зборував
англиски, потоа зборував англиски со акцент, потоа макдонскиот ми доби
акцент, а сега со потешкотии се сеќавам на некои македонски зборови.
Оваа двојност не ми претставува проблем - подготвен сум да му се
извинам на некого ако го згазнам на ногата, но и да кружам низ куќата да
ги затворам прозорците за да не дува промаја.
Една од најлесно препознатливите македонски
карактеристики која ја надминува границите на класната поделба е
ревносната приврзаност кон идејата „да се биде Македонец“. Меѓу
обичните Македонци нема да најдете многумина кои се прашуваат што значи
националноста, имајќи предвид дека македонската националност веќе се
доведува до прашање од соседните земји. Најкарактеристичен мешу нив е за
Балканот типичниот дипломатски ќорсокак - 19-годишниот спор со Грција
за името.
Зачленувањето на Македонија во ЕУ е еден од
приоритетите на македонската Влада, но процесот беше запрен со грчкото
вето на сите асоцијативни процеси. Поради грчките забелешки во сите
официјални документи на Обединетите нации и НАТО Македонија се нарекува
ПЈРМ (Поранешна југословенска Република Македонија), што згрозува
многумина во Скопје. Атина го оспорува уставното име на Македонија
(Република Македонија), бидејќи смета дека терминот Македонија и
идентитетот кој произлегува од него се дел од нејзиното античко културно
наследство. Некои од македонската страна велат дека напротив
македонскиот народ е тој кој може да претендира како културен и етнички
наследник на древното царство на Александар Велики, со аргументот дека
тој народ никогаш не го напуштил регионот.
Аспирациите како на Грците, така и на Македонците,
за наследство на древното македонско царство се бизарни. Иако биле дел
од елинистичката култура, античките Македонци не биле „Грци“ во ниту
една денешна смисла на овој збор, но со сигурност тие не биле ни
словени.
Источниот сосед на Македонија, Бугарија беше меѓу
првите земји што официјално ја призна македонската држава, но таа се
уште одбива да ја признае како нација, сметајќи ја земјата и нејзиниот
народ за оттуѓени Бугари. Многумина во Бугарија македонскиот јазик го
сметаат за дијалект на бугарскиот. Како и во случајот со Грција
противречностие во односите со Бугарија водат корени во сложената
историја на регионот - во овој случај станува збор за нетолку далечен
период во историјата.
Во текот на 19-от век локалните револуционери како
Гоце Делчев и Јане Сандански воделе вооружена борба против Османлиите,
остварувајќи слаб политички успех, но стекнувајќи се со ореолот на
речиси митски личности меѓу локалното население. И Македонија и
Бугарија се однесуваат исклучително посесивно кон овие личности и не
можат да се договорат за нивната националност. И во двете држави има
градови што го добиле името по Делчев, а негови споменици се поставени
на македонските и бугарските градски плоштади. Портретот на Делчев
висеше во мојата училница во основното училиште, а неговото име заедно
со она на Сандански се споменуваат во македонската национална химна.
Слично на Грците, и Бугарите сметаат дека ќе
изгубат вреден дел од своето историско национално наследство ако
отстапат пред идејата за посебен македонски идентитет. За зголемување
на збрката придонесува и фактот што османслиските бирократи кои вршеле
пописи на населението пред 20-от век не правеле разлики меѓу
националните идетитети, па терминот „христијански Словени“ за нив бил
сосема доволен. И подоцнежните истражувања не се од особена помош -
антропологот Роберт Њуман, кој патувал низ македонските делови на
Кралството Југославија во 1935 година, утврдил дека многу локални
жители се декларираат како Бугари, Срби, Македонци или Турци во
зависност од тоа кој идентитет им изгледал поприфатлив во конкретната
ситуација во која се наоѓаат.
Денес во Македонија разговорите за политиката се
сеприсутни и жешки - фрустрациите од дипломатските спорови се големи,
затоа што сите знаат кои се и што се и немаат трпение да чекаат
останатите да го признаат она што веќе постои.
Македонците пијат турско кафе, возрасните гледаат
преведени аргентински сапуници, тинејџерите слушаат американска
популарна музика и сите сериозно ја сфаќаат Евровизијата. Низ целата
држава се наоѓаат византиски урнатини, османлиски пазари, средновековни
православни цркви и бетонски градби од времето на југословенската ера.
Како и кај секоја друга нација суштината не може да биде објаснета, но
е лесно разбирлива ако си дел од неа - тоа претставува збир од многу
работи, некои добри, некои лоши (како што може да потврди ромското
малцинство), но во основа сите се македонски.
Со Грци и со Бугари сум разговарал во смисла „зошто
ме негираш затоа што си Грк/Бугарин?“. Не можам да се сетам што точно
ми одговорија, бидејќи веројатно беше нешто неинтересно од типот „па
... не сум сигурен“.
Би сакал да кажам: Не е важно дали Гоце Делчев бил
Бугарин, дали Александар бил Грк и дали моите претци во 19-от век се
сметале за Срби или Турци - јас не сум ниту едно од сето тоа. Да се
биде ПЈРМ-ец е бессмислено, а да се биде Бугарин не може да стане ни
збор. Веројатно станува збор дека сме земале грчки термини и симболи
додавајќи варијанти на бугарскиот јазик и сме ги измешале за да
создадеме нација и народ, кои потекнуваат од заедничкото наследство на
регионот. Но, ништо од сето тоа не го менува фактот дека денешните
Македонци не се ништо друго освен Македонци и имаат право да се
нарекуваат така.
Автор: Иво Петковски,
објавено во лондонски Гардијан
Sitel |
|||||
![]() |
|||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Едно прашање можи малку наивно.
Предлогот за Северна Македонија сите тврдат дека е скорашен,но во тајните договори на бугарија и грција од 19 век се разгледува оваа име за објаста Македонија со тоа што северна Македонија ќе стани бугарска,а јужна Македонија ќе биде грчка.Дури бугарите имаат и книги со овие наслови и овој проблем. Е сега прашањето е до овие паметните во Македонија,ако Македонија е област од три дела од кој едниот е во Грција,другито во Бугарија и третиот нашата Македонија,кој гарантира дека ако го смениме името во северна Македонија бугарите нема да ни поставаат вето затоа што во северна Македонија е и нивниот дел? |
|||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||||
![]() |
|||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
a, posle ,..jas sum bil kriv,...shto ke,..propadnela,a !?
![]() ![]() |
|||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 152153154155156 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |