![]() |
|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 98> |
Автор | |
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
11 ”Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.”
==Откровение 4:11 ; Библија== „Амин! Благослов и слава; и премудрост и благодарност; и чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!” ==Откровение 7:12 ; Библија== 2 И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, - стоеја на стакленото море и имаа Божји китари, 3 и ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи се и прекрасни Твоите дела Господи Боже, Сèдржителу! Праведни и вистински се Твоите патишта - Цару на народите. 4 Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!” ==Откровение 15:2-4 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
dejanpp ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во минатото на местото од монасите живееле масоните а после масоните се одделиле од црквата.
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 Јованово: 5:4,5
зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера. Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син? |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
==Јован 15:13 ; Библија== Откровение 2:7 Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај!” 2:11 Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „ На оној кој победува - втората смрт нема да му нанесе штета.” 2:17 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам од скриената мана, ќе му дадам и бел камен и на каменот напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, кој го добива.” 2:26 И на оној, кој победува, и ги пази Моите дела до крај, нему ќе му дадам власт над народите, 3:5 Кој победува, ќе се облече така во бели облеки и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, но ќе го признаам неговото име пред Мојот Татко и пред Неговите ангели. 3:12 Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име. 3:21 На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол. 21:7 Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 И ми дојде Господово слово:
2 ”Човечки сине, пророкувај против Израелевите пастири, пророкувај им и речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Тешко им на Израелевите пастири кои се пасат сами себеси! Не треба ли пастирите да го пасат стадото? 3 Се храните со млеко, се облекувате со волна, колете дебели овни, а не ги пасете стадата. 4 Не ги поткрепувате немоќните, не ги лечите болните, не ги преврзувате ранетите, не ги доведувате назад заскитаните, не ги барате загубените, туку господарите со нив насилно и свирепо. 5 И така овците се распрснаа немајќи пастири и распрснати, им станаа плен на ѕверовите. 6 Овците скитаат по сите гори и по високите брегови; Моите овци се распрснати по сета земја, и никој не прашува за нив, нема никој да ги бара.” 7 Затоа, пастири, чујте го Господовото слово: 8 ”Животот Ми Мој, говори Господ Бог: затоа што моите овци им станаа плен и храна на ѕверовите, немајќи пастир, додека Моите пастири не ги бараа Моите овци, туку се пасат самите себе, а не го пасат Моето стадо” - 9 затоа, пастири, чујте го Господовото слово: 10 Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против пастирите! Ќе ги барам Своите овци од нивните раце, и не ќе им дадам веќе да Ми го пасат стадото ниту самите себе да се пасат: ќе ги истргам овците од нивната уста, не ќе имаат веќе храна.” 11 Зашто вака зборува Господ Бог: Еве ме, Самиот ќе ги побарам Моите овци и Самиот ќе ги пасам! 12 Како што пастирот се грижи за своите овци кога ќе се најде покрај распрснатото стадо, и Јас ќе се погрижам за Моите овци и ќе ги соберам од сите места во кои што се распрснаа во денот на облак и мрак. 13 Ќе ги изведам од народите, ќе ги соберам од земјите и ќе ги доведам во нивната земја за да ги пасам по Израелевите гори, по сите речни долини и по сите населени места во нивната земја. 14 Ќе ги пасам по прекрасни пасишта, трлата ќе им бидат на високите Израелеви гори; таму ќе одмараат во добри овчарници и ќе пасат по сочни пасишта, по Израелевите гори. 15 Самиот ќе ги пасам Своите овци и Самиот ќе им дадам починка - зборува Господ Бог. 16 Ќе ја побарам загубената, ќе ја доведам назад заскитаната, ќе ја преврзам ранетата и ќе ја поткрепам немоќната, ќе бдеам над дебелата и силната - ќе ги пасам праведно.” ==Езекиел 34:1-16== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
14 Зашто, Христовата љубов нè опфаќа,
15 кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле. А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами за себеси, туку за Оној, Кој умре и воскресна за нив. 16 Затоа отсега и ние не познаваме никого по тело; иако Христа Го познаваме и по тело; сега веќе не Го познаваме така. 17 И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново. 18 А сè ова е од Бога, Кој нè измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето, 19 зашто Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето. 20 Според тоа, ние сме пратеници на Христа - на тој начин што Бог моли преку нас. Молиме во името на Христа: помирете се со Бога! 21 Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него. ==2 Коринтјаните 5:14-21 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Но Бог сака на Земјата да има народ кој Библијата и само Библијата ќе ја истакнува како единствено мерило за секое учење и како темел за секоја реформа. Ниту мислењата на учените луѓе, ниту научните тврдења, ниту симболите на верата или решенијата на црковните собори, толку многубројни и спротивни како и црквите што ги застапуваат, ниту гласот на мнозинството - ништо од ова, ниту сите заедно, не можат да се сметаат како доказ за или против било која точка на библиската вера. Пред да го примиме кое кое учење или пропис, треба да се осведочиме дали тоа е поткрепено со она јасно и посветено начело: “Така зборува Господ.”
Прва и најголема должност на секое со разум надарено суштество е од Светото писмо да дознае што е вистина, и тогаш според светлината и да живее, поттикнувајќи и други да појдат по неговиот пример. Библијата секој ден треба трудољубиво да ја проучуваме, одмерувајќи ја секоја изложена мисла и споредувајќи стих со стих. Со Божја помош мораме сами да формираме свое мислење, бидејќи пред Бога сами ќе полагаме сметка. “Постојано размислувам за Твоите сведоштва”, вели псалмистот. “Преку Твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој пат на неправда” (Псалм 119:99, 104). “Блажен е човекот, кој се здобил до мудрост” (Изреки 3:13). “Затоа што тој ќе биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои крај потокот; тоа не знае како настанува припек, лисјата му се зелени, и во време на суша не се плаши и не престанува да дава плод” (Еремија 17:8). |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
“Зашто си велеше во себеси: Само ако се допрам до Неговата облека, ќе се излечам. А Исус се сврте, ја виде и и рече: Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели. И жената беше исцелена од тој час.”
==Матеј 9,21.22 ; Библија== Да се разговара за верски прашања на површен начин и да се моли за духовни благослови без вистински глад на душата и без жива вера, е малку корисно. Восхитеното мноштво на луѓе кои во турканицата се допирало до Христа не почувствувало никаква живототворна сила од самиот допир со Него. Меѓутоа, кога оваа сирота болна жена ја испружила својата рака и се допрела само до скутот на Христовата наметка, таа почувствувала сила на исцелување. Тоа бил допир на вера. Христос го забележал таквиот допир, и одлучил врз основа на тоа да им даде поука на сите свои следбеници се до свршетокот на светот. Почувствувајќи ја силата на исцелување која што излегла од Него, Тој се свртел кон мноштвото што го опкружувало и запрашал: “Кој се допре до мојата наметка?” Изненадени со ваквото прашање, некои од Неговите ученици одговориле: “Зарем не гледаш колку народ се стиска околу Тебе а Ти прашуваш: Кој се допре?” Потоа Христос својот поглед го насочил кон уплашената жена што го направила тоа. Нејзината радост била голема, но таа се плашела да можеби со тоа дело не ја преминала границата на дозволеното? Откако видела дека нејзината постапка била откриена, таа пристапила целата тресејќи се, паднала пред Неговите нозе и Му ја кажала целата вистина. Христос за неа немал ниту еден збор на укор, туку нежно и рекол: “Оди си со мир и биди здрава и потполно слободна од болеста своја”. Овде треба да се истакне разликата меѓу случајниот допир и допирот со вера. Молитвата и проповедањето без жива вера во Бога, ќе останат само како залудни обиди. Но допирот на верата пред нас ги отвара ризниците на небесната сила и мудрост; и така, со посредство на човечкото орудие, Бог прави чуда со својата милост. Таквата жива вера и денес претставува најголема потреба. Ние мораме да знаеме дека Христос е навистина во нашето срце, дека Неговиот Дух ги чисти и ги облагородува мислите. Кога Христовите верници би имале вистинска вера, какви дела во понизност и љубов би можеле да извршуваат! Какви плодови би носеле на слава и пофалба на Бога! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Откровение: 2:7
Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај!” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
“Сине мој, дај ми го своето срце и нека твоите очи внимаваат на моите патишта.”
==Пословици 23,26 ; Библија== На секому од вас поединечно Господ му вели: “Сине мој, дај ми го своето срце.” Тој го гледа твојот немир и твојата растроеност. Тој знае дека душата ти е измачена од болеста што се вика грев, и сака да ти ги упати овие прекрасни зборови: “Синко ти се простуваат гревовите.” Големиот лекар има лек против секоја болест. Тој во потполност го разбира твојот случај. Какви и да се твоите заблуди и грешки, Тој знае каков лек е потребен. Зарем ќе ја испуштиш можноста да му се довериш? Секоја душа што во потполност ќе му се посвети на Бога ќе ја следат Неговите благослови. Кога го бараме Бога со сето срце, ние и ќе Го најдеме. Бог сака ова да го сватиме озбилно и во тоа да одиме до крај. Тој преку еден дар ни го подарил целото небо, да имаме доверба во неговата љубов, да гледаме на Голгота... Бог со право од вас очекува да му го предадете своето срце, своите сили, и чувства, сето тоа треба Нему да му го потчинете, за да може да делува во вас; за да сакате и да постапувате според Неговата волја и да се удостоите со вечен живот. Кога Христос живее во срцето, душата толку многу ќе биде исполнета со љубов спрема Него и со радост поради непрекинатото одржување на врска со Него што потполно ќе се прилепи кон Него; и во постојаното размислување за Него, сопственото “јас” ќе биде потполно заборавено. Љубовта спрема Христа ќе биде извор на секоја постапка. Оние кои што чувствуваат дека ги води љубовта кон Христа нема да настојуваат во покорувањето на Божјите барања што помалку да се жртвуваат, ниту ќе бараат мерилото на должноста да се спушти што пониско, туку ќе тежнеат кон совршено покорување на волјата на својот Искупител. Тие со најголема желба ќе Му се доверуваат во се, искажувајќи интересирање сразмерно на важноста и значењето на целта кон која што тежнеат. Дух на потчинетост, на потполно предавање и спремност да се биде поучуван, тоа е она што Бог го бара од човекот. Она што на молитвата и ги дава нејзините вистински одлики е фактот дека таа дише со љубов и покорност на срцето. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1 Фалете Го Бога во Неговото Светилиште, Фалете Го во величеството на небесниот свод!
2 Фалете Го заради Неговите силни дела, Фалете Го заради Неговата бескрајна величина! 6 Сè што дише - Нека Го фали Господа! Алилуја! ==Псалм 150:1-2,6 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Господ е добар, Тој е тврдина во ден на неволја, ги познава оние, кои прибегнуваат кон Него.
Пророк Наум 1:7 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Исаија: 38:16,17
Господи, моето срце ќе живее за Тебе и ќе живее мојот дух. Ти ќе ме излечиш и ќе ми го вратиш животот, болеста ќе ми се претвори во здравје. Ти ја спаси мојата душа од јамата на уништувањето, сите мои гревови ги фрли зад плеќи. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
|
Blagoj_s ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
14 и ако се смири Мојот народ, кој се наречува со Моето Име, и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја излечам земјата.
==2 Летописи 7:14 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |