![]() |
|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 124125126127128 242> |
Автор | ||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Не зборував за таа ограниченост, но нејсе, интересна дискусија е во секој случај.
Воведувањето во одредена религија, не е ограничување. Кога ќе порасне, може да ја смени верата, или да не верува. Има милиони такви примери насекаде по светот. Но, да го поставиме од друга гледна точка прашањето. Како ќе го воспитуваш детето додека е мало? Кога ќе праша што имало на почетокот, што било најпрво итн... што ќе му кажеш? |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
![]() |
||||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
А дали е ограниченост кога Тој што е поголем од секоја религија и граница сите ги насочува кон децата ? Ако не, зошто тогаш не собираш со Него за безграничната Љубов и со тоа пасивно ја угрозуваш иднината на сите деца? |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
![]() |
||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Немам причина да лажам, како и ти да не ми веруваш, ако кажам дека веднаш до тастатурава ми е библијата. Инаку од каде би ги цитирал стиховите во темите? Не сум толку „забеган“ па да ги знам напамет! ![]() ![]() Е па сега ако ова не е доволен доказ против моето „ограничено сваќање на религијата“ тогаш, како што велат старите, на господа нека му е грев ![]() Впрочем, од самиот мој потпис може да се свати мојата филозофија на животот. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
![]() |
||||
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Алтан, дали и ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ е (за тебе) заблуда? |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
![]() |
||||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Да, ова ми стана јасно веќе од дискусијата, затоа и влегувам во дискусија со тебе, инаку немаше да се занимавам.
Само да појаснам - кога реков "ограничено" - имав предвид друго. Гледам настана недоразбирање. Сакав да кажам - атеистите обично сметаат дека верниците се "ограничени" во своето верување, кое патем, ти го искажа и во првиот пост, каде наведуваш 4 причини за верување. Тоа што јас велам е дека има многу повеќе причини, кои ни оддалеку не се страв, потреба или традиција... Вистинската вера е внатрешно спознание и не зависи од надворешни фактори, а од самиот верник и неговата лична врска со Бога. Не може да се постави во соодветни рамки. Човек верува на одреден начин, затоа што душата му зборува на тој јазик. Затоа што ако верува поинаку - ќе лаже. Јас не сум православен затоа што моите родители се православни (не се верници), или затоа што таква е традицијата во Македонија (не живеам таму сега, а и никогаш не сум ја гледал религијата од перспектива на "стадо"), ниту пак затоа што наоѓам некаква поткрепа во православната црква. Јас сум православен, затоа што православието совпаѓа со мојата лична духовна патека. Затоа што православието зборува на истиот тој јазик, на кој зборува мојата душа... Малце избегав со муабетов, ама верувам дека ти е јасно што сакав да кажам... А сега, на прашањето кое го поставив погоре - Како ќе го воспитуваш детето додека е мало? Кога ќе праша што имало на почетокот, што било најпрво итн... што ќе му кажеш? Сериозно и искрено го прашувам ова. |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
![]() |
||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Додека да дојдат верниците од муслиманска вероисповед, прочитај ги следниве сури (поглавја) од Кyранот:
"О верници, вино, хазардна игра, кумири и гатање на стрелички се лоша постапка шејтанова (ѓаволска), навистина! Избегнувајте го, тогаш, Шејтанот (Ѓаволот) за да бидете спасени!"
(Сура Ел Маида 90)
"Toj (Аллах) навистина ви забранува крв, мрша, свинско и она што е заклано во друго име, а не во името на Аллах."
(Сура Ел Бекаре 173) |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
![]() |
||||
deshad ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Благодарам ЕвАнгелос што одговор даде ти на прашањето од vili2121 . Тоа е тоа!
![]() |
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
А јас да ти кажам една „ограниченост“ која не си ја забележал. Кога ти се родило детето (ако имаш), оти веднаш си почнал да му даваш да јаде она што е пропишано за одредена возраст? На 6 месеци кашички со ова она, на одредена возраст јајце, па потоа месо... Што не си го оставил кога ќе порасне да си избере какво сака мени? Изменето од Maran Ata - 15.Октомври.2008 во 03:13 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
vili2121 ![]() Сениор ![]() ![]() Papa Bear Регистриран: 04.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 5628 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
fala
|
||||
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство
|
||||
![]() |
||||
deshad ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() ![]() |
||||
![]() |
||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ај јас малку да ве разладам со нешто навистина убаво - обединување на арапскиот свет со Православието
![]() Света Дево на арапски Арабски, шпански и грчки химни п.с. немојте погрешно да ме сфатите - само сакам оваа красота да ја споделам со вас ![]() Изменето од Maran Ata - 16.Октомври.2008 во 07:43 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
![]() |
||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ограниченоста кај верниците ја гледам и како неприфаќање, напаѓање или подобро речено безусловно отфрлање на научните гледишта на животот (постанокот, развојот ...). Тоа досега многу пати на форумов, беше речено. Единствен валиден извор за тие објаснувања ја земаат библијата. Во контекст на ова, да кажам дека многу пати сум ја земал библијата в рака, без некакви предиспозиции, предубедувања, со цел да навистина видам со очите на верниците. Но, секогаш наидувам на пречки кои се косат со моите познавања, но и со моите логички заклучувања. Ги ставам што се вели „на кантар“ овие две работи и кога подробно ќе ги анализирам двете, некако мојот ментален склоп неможе да ги прифати „тврдењата“ на библијата, за разлика од „теориите“ на науката.
Мислам дека со тоа што во претходниот пост ти кажав, дека на моите деца на располагање им стојат сите оние книги (библија, талмуд, индиски религии, астрономии и др. научни книги, телескоп ...) јасно кажав како ги воспитувам своите деца, Сакам со се да се запознаат, но сега засега да не се ориентираат кон ништо, бидејќи сеуште се мали (16 и 13). Кога ќе станат доволно големи за да го сватат значењето (суштината) на секоја од тие области, самите нека си одлучат што ќе прифатат. Лично, посакувам тоа да биде науката. Но, тоа не зависи од мене. Впрочем и самиот велиш дека твоите родители се атеисти, а ете ти си верник, нели? Истиот случај е и кај мене. Моите родители веруваа(т) во бог, а ете јас пак не!
Спиросе, незнам што подразбираш под тоа „вистинска љубов“ или поточно, кон кого е насочена таа љубов? Дали за тебе само љубовта кон бога е онаа вистинската, а сите други се споредни, помалку„вистински“? Ако мислиш за љубовта кон бога, твоја е заблудата што веруваш во него, како што е и моја заблуда што не верувам во него. И тоа е наше неоттуѓиво право. Никој неможе за тоа да ни рече нешто. Сваќаш? А што се однесува кон љубовта кон други нешта, зарем е морално (во смисла: задолжително) да се верува во бог за да се сака некој или нешто? Зарем ние атеистите не умееме да сакаме? Или не умееме да правиме добри дела? Јас лично сметам дека никому не сум му нанел некое (намерно) зло, дека не крадам, не лажам, не убивам, дека не правам разни други девијантни работи, колку што можам помагам на луѓето и животните ... Значи ги правам сите оние работи кои бог вели да се прават. И кој е подобар во очите на бог? Јас, или „верникот“ кој, спротивно на божјата воља и неговите заповеди, лаже, краде, убива ... па макар за тоа и да се покајал?! |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
![]() |
||||
stevompc ![]() Сениор ![]() Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
zlatnik
mnogu zboruvas napamet. aj da vidime koi toa tvrdenja na biblijata ti se kosat so tvoite naucni teorii? mislam deka ke ostanes tenok na zborovi. |
||||
![]() |
||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Прочитај во моите (но и на Sunny, бидејќи се согласувам со неа, и не сакав истите да ги препишувам или на било кој начин да ги модфицирам ) постови во темата за староста на Земјата како и во тие кои ги напишав и кои допрва ќе ги пишувам во темата „Што не’ учи билијата“!
Изменето од Zlatnik - 16.Октомври.2008 во 12:09 |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 124125126127128 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |