![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121122123124125 184> |
Автор | ||
depo ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Искрено, досега имаа поповолни шанси да смутат а многупати имаше пласирано вакви информации од грчки медиуми. Тоа ме наведе на заклучокот што го напишав. Дали го прават од популизам или навистина името им значи нешто не можам да кажам но секако ми одговара. |
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако за овие 20 години сите наши политичари научеја дека треба да работат само на економскиот просперитет на земјата (а не на личниот ) земјава немаше да биде до ова дереџе.
Тогаш можеби немаше да има потреба ни од преговори. Нека каже кој сака сиромаси??? Еден мој пријател вели-Од сиромавиот и кучето бега, оти нема од што да г касне ![]() Затоа, иако очигледно е доцна, треба да се свртат кон економијата. Името (размислувања за промена на името), преговори, е чиста глупост. Изменето од mamamd - 14.Јуни.2010 во 19:44 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
depo ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а што ако бидеме Republic of Macedonia и то да се чита Рипаблик оф Македонија?
таков изговор постои во англискиот јазик сепак сеуште сум за прекин, фак д јунајтед, ја сум за терање инает, а Европа не единствениот континент на светот, ниту пак овие дебилни сојузи ветуваат некоја бистра иднина |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Грчка „Антена“: Договор за Република Вардарска Македонија Дали ова е само пробен балон на грците да испитаат пулс или е можно да се спрема вакво нешто зад грб на народот?!! Изменето од Анастеа - 14.Јуни.2010 во 13:00 |
||
![]() |
||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Претпоставувам дека твојот заклучок дека ќе не викаат "makedonski people" кој зборува "makedonski language" го заклучуваш од опцијата да се регистрираме во ОН како "Republic of Makedonija". Имаш голема логичка грешка. Во англискиот јазик кога се создаваат придавки од имиња - не се применуваат правилата на словенските или нордиските јазици каде се прилепува наставката „ски“ за да се добие придавка, па така нема да биде јазикот: "makedonski language" туку "makedonian language", а народот "makedonian people". Грците неможат да ги натераат англичаните и американците да си го сменат јазикот заради нивната желба да не преименуваат во "makedonski people". Дополнително, ова решение "Republic of Makedonija" ни обезбедува и зачувување на уставот, и зачувување на идентитетот „Makedonian“, во сортирањето не става онаму каде што треба (под буквата М), и не го менува интернет домејнот „мк“. Од друга страна пак, „Северно“ ставено пред или позади „Република“ е тоа што ни го менува идентитетот, и стануваме „Северњаци“, „северно-македонци“ или слично. А како последица ќе не сортираат под буквата „N“, и ќе ни го сменат интернет домејнот во нешто како „nm“. Изменето од DameMak - 14.Јуни.2010 во 11:41 |
||
![]() |
||
Maznik ![]() Група ![]() Регистриран: 03.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 72 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Nash*te podrzhuvachi i strateshki partneri : www.state.gov/documents/organization/138927.pdf |
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Колку сум подолго на форумов се повеќе сум убеден во тоа. Изменето од Анастеа - 14.Јуни.2010 во 11:45 |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
Maznik ![]() Група ![]() Регистриран: 03.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 72 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И Јуда го предал Исус Христос за грст сребреници (значи пари). Имало, има и ке има низ земјата Македонска - туѓи фарисеи. Насекаде во светот за оние кои се` би направиле за пари па дури и себеси би се продале, има едно вулгарно име, но и простор за покајание, (но) пред Бог, (ние луѓето простуваме долгови не гревови). На денешен ден 1943.- Во месноста Лопушник, Кичевско, во близина на партизанската печатница, загина (под сеуште недоволно разјаснети околности) Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. ВЕЧНА МУ СЛАВА ! Би ја употребил тука и мислата што еден член на форумов ја користи = ,,СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА,, Ке го истрпи Македонскиот народ и овој неразумен ПРИТИСОК КОЈ ПОРАДИ НЕРАЗУМНОСТА Е ПРАВОПРОПОРЦИОНАЛЕН СО ИНАЕТОТ ,,,, ,, БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЖИТЕЛИ ,, П.С. Во целост се согласувам со последниот пост на ...bobii Изменето од Анастеа - 14.Јуни.2010 во 11:44 |
||
![]() |
||
bobiii ![]() Нов член ![]() Регистриран: 06.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 22 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во сценарио број 1: -За каква "федерализација" и "поделба" зборуваш ?? Јас мислам дека си далеку од вистината,тоа повеќе важи за сценариото број 2,каде што со промена на уставното име-Уставот на РМ повеќе не важи,сите договорни акти немаат важност...рамковниот договор паѓа во вода-бидејќи албанците го потпишаа со РМ,а не со некоја Република Северна Македонија!Па така тогаш би се играло на карта при евентуална промена на името донесување нов федерален устав(притиснати од Албанија со можност од Вето при влез во НАТО).Значи не ќе да е сменете го името и одма уште во истата минута НАТО ја прима оваа држава,туку ќе се појави нова незадоволна страна-Албанија која како членка ќе истапи со ново барање да направи Македонија!!! Во сценарио број 2: првен види овде Правиш тежок превид и манипулација....во ова сценарио не постојат повеќе овде "македонци и други народи" a во Грција "северномакедонци" туку сосема поинаку. Јазикот е "makedonski language"-значи без англиска транскрипција...а придавката за народот никогаш не би била "macedonians"....туку некоја изведена форма како "makedonski people"!!! Кај нас иако е "македонски"(на кирилица),a кај Грците "μακεδονικι" во светската транскрипција останува "macedonian" како ексклузивно право на грција! Значи комплетно преименување и промена на етникумот на еден народ...односно создавање на вештачка нација во 2010,тогаш ќе бидеме втори во регионот после Босна и Херцеговина создадени како апсолутно вештачка нација,со "подготовки" за создавање на државата кои траат 20години...! Меѓу другото,на меѓународен глобален план,во светската историја се губи правото на идентификација и наследство на било што,што се случувало пред 1990година...каде ќе биде одбележано дека Republic of North Macedonia настанува како почетна форма во 1991(пази не 1944 АСНОМ),а претходно на територијата на оваа држава живееле исклучиво југословени без национален идентитет како македонци!!! И јас избрав сценарио-сценарио 1 што во голема мера не е такво како што ви го прикажа претходниот форумџија,бидејќи не се согласувам мојот народ да биде "makedonski people" кој зборува "makedonski language" како што бара идеологот на грчката дипломатија Кофос,а истовремено и несакам да бидам северномакедонец како што моментално е понудено од Нимиц!!! Од референца придавка за народ и јазик не се извлекува(пр.fyromians,fyromian language),но од конечно име-ДА!!! Изменето од bobiii - 13.Јуни.2010 во 14:10 |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сценаријата можеби ти се точни, но не сум убеден за резултатот од истите.
Изменето од Platenik - 13.Јуни.2010 во 13:37 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
marsovec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А она ако треба ЌЕ СЕ УМРЕ. На темата за морал,ртика , совесност и др. некои велеа - овде е нормалнои лева рака десни џеп?, па не ми е јасно со ова....квалификацииве...некој не дава пари...т.е. одобрува криминал....демек нормално било?....она крадењето....некој ќе умирал????...но сеуште не ми е јасно за што ...и што и се нуди на нашата држава. Да не ни се нуди избор на режимот на Енвер Оџа под покровителство на божемниве патриоти? Или некоја работа ала Пиноче, Мусолинче ( другаро на Ванчето...), фиреро или...Ова партизацијава и агресивноста на ставовите на една група поттикната од партијата ...не ми е јасно дали на нив им е јасно...Тоа прво би сакал да го знам.Затоа што ако е некој чесен и со чесни намери ќе излезе пред народот ќе го изнесе своето мислење, предлогот за обединување на народот и терај понатаму...Ова нешто ми смрди...и тоа многу....Што ќе да е .... и каде ...е ....трулежот...? ![]() |
||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
||
![]() |
||
IggyK ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 07.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 58 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сценарио Бр. 1
Македонија не влегува во НАТО и ЕУ. Нови избори се на подвиг во брзо време. ВМРО повторно победува. До неколку години државата е на пат кон 2 работи 1. федерализација (во случај на политички преговори) или 2. поделба (во случај на поагресивно одвивање на настаните) "новата" Македонија ќе биде со околу 90 % етнички Македонци. Малку е поголема од 15,000 м/кв. Населението е нешто помалку од 1,500 000. Нема да е членка на НАТО и ЕУ и нема да преговара со Грција за промена на своето име. Околу 20 % од населението од потрага по парче леб, некои и од гнев ќе поседуваат повеќето бугарски, дел српски и хрватски пасоши со кои им е отворен пазарот на трудот во сите земји членки. Се повеќе млади луѓе ќе се иселуваат поради поствоената пропадната економија и просечна плата од околу 200 евра* (дискутабилно околу висината на платата во ова сценарио). Ќе има помалку невработеност и ќе има голема опасност да добие комплекс од поделеноста и да троши милионски суми за Македонците во "окупираните" територии со што пак би ја прокоцкала шансата за економски да се развие. Образложение: И двете групи се во право. И едните кои не сакаат вековното име да им се менува. И другите кои не сакаат да трпат штета на сопствениот развиток за сметка на другиве. Сценарио Бр. 2 Република Северна Македонија е членка на ЕУ и НАТО. Во неа живеат Македонци и други народи (Во Грција се надополнува северномакедонци, ЕУ и НАТО Macedonian-Republic of North Macedonia). Република Северна Македонија е рамноправна со сите европски држави, населението се развива економски и културно во тек со останатите европски држави. Предизвикот на државата е како некогаш (во 90-тите) да парира и да е една од најпросперитетните во регионов. Економски е зајакната бидејќи е на правиот пат а за тоа помогнал вистинскиот инвестициски бум. Граѓанското општество е со поголема свест и сплотеност. Функционира и се чувствува духот на правната држава. Вие сте возрасни граѓани сепак ве интересираат цифри. Платите се барем 2 пати поголеми од сегашните во првите години на зачленувањето со потенцијал да растат. Невработеноста е барем 2 пати помала од сегашноста. Република Северна Македонија не е рај за живеење но е далеку поголем рај од Сценарио бр. 1. Луѓето се горди од постигнатото СЕГА и ОВДЕ и не живеат на стара слава како во Сценарио бр. 1. Државата е просперитетна и со европската парична помош докажува што се може да постигне. Јас избрав сценарио. Повелете, Вие сте на ред! Изменето од IggyK - 13.Јуни.2010 во 12:03 |
||
Помогнете и` на македонската википедија!
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 121122123124125 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |