![]() |
|
DIY-Украси за домот и дворот |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Обичните саксии за цвеќиња можат да изгледаат здодевно и обично имаат високи цени. Ако сакате нешто интересно, а сепак не сакате да давате многу пари, овие идеи се совршени за вас. Погледнете како од неискористените предмети во вашата куќа можете да направите оригинални саксии за вашиот дом. 1. Цвеќе во стакло Погледнете ја сликата и ќе забележите дека саксиите се всушност мали стаклени тегли за детска храна. Сигурно не сте размислувале да ги искористите на овој начин, но според сликите можеме сите да се согласиме дека навистина се неодоливи. Дополнителна корист е тоа што можат да се користат како вазни и свеќници. Можат лесно да се вклопат во домашната атмосфера или да бидат интересен украс на вашата градина. Што ви е потребно? Стаклени тегли, даска, метална кружна стега, електрична дупчалка, завртки, кука и тенко јаже. Прво исчистете ја даската ако е потребно. Направете план каде ќе ги сместите вашите саксии. Доближете ја стегата до даската, направете дупка со дупчалката и прицврстете ја со завртка. Повторете ја постапката со останатите стеги. Ставете ги стаклените тегли во стегите и добро прицврстете, за да не паднат. На даската прицврстете една или две куки кои ќе послужат за закачување, или пак издупчете дупки низ кои ќе го провлечете јажето и ќе ја закачите даската на ѕид. Преостанува да ги наполните саксиите со земја и да засадите цвеќиња. 2. Конзервирани цвеќиња
Нареден пат коа ќе отворите некоја конзерва наместо да ја фрлате, зачувајте и употребете ја како саксија за цвеќиња. Што ви е потребно? Чисти конзерви (отстранете ја амбалажата) супер лепило, јаже и дупчалка. Потребни ви се и работи за украсување. Делот со украсувањето го препуштаме целосно на вас. Техничкиот дел е
доста едноставен започнува со дупчење на дупки во конзервата, протнување
на јажето низ тие дупки и закачување некаде по своја желба. 3. Цвеќе во метална кутија Многу едноставна и креативна идеја. Земете стара метална кутија која
нема некоја посебна корист во вашиот дом, и искористете ја како саксија.
Се што треба да направите е да ја наполните со земја и да насадите
цвеќиња. 4. Цвеќе во плакар Зарем не сте воодушевени од оваа идеја? Можеби не е најпрактична, но дефинитивно е креативна и уникатна. Прв чекор што треба да го направите, откако ќе најдете плакар или фиокар кој не го употребувате повеќе, е да го заштитите со средство за заштита од вода и влага. Откако ќе се исуши добро, поделете ги фиоките на два дела, предните делови наполнете ги со земја а, во задните делови ставите каменчиња или некоја друга цврста материја која ќе спречи да се превртат. Цигли можете да поставете под целиот плакар за да може водата слободно да паѓа како и под последната фиока. Извадете ги дршките и залепете им парче дрво и повторно вратете ги на плакарот. Финалниот резултат е навистина креативна мини градина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Уредувањето на домот не мора секогаш да биде скапо и напорно, особено ако во изработката на декорациите ги вклучите вашите десет прсти. Деталите како на пример завесите сликите, огледалата и ламбите за час ќе го освежат наједноставниот простор, а на вас останува да бидете креативни. Еве како од една жица, една фасонка и инка да направите најоригинален лустер во боја. Материјал за изработка:
Постапка:
Совети: Постојат разни бои на приклучоци за сијалица, а најчесто се користат белата и црната. Одберете ја онаа што подобро ќе се вклопи со бојата на жицата. Жици има во најразлични бои така што можете д аја одберете онаа што најдобро се вклопува со вашиот простор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денес постојат многу освежувачи за простор, но сте се запрашале некогаш дали се тие сосема безопасни и здрави кога ги вдишуваме? Разните спрејови содржат хемикалии кои би можеле да му наштетат на вашето здравје. Оние кои страдаат од астма, посебно би можеле да бидат погодени од овој проблем, во вид на појава на алергии, главоболки па дури и депресија! Токму затоа, еве пар совети како сами да си направите природен, пријатен освежувач за простор. Природни масла Користете мирисни масла како освежувач за вашиот дом. Земете една лажица од вашиот омилен мирис на природно масло, помешајте го со пола шолја оцет и две шолји вода. Течноста исипете ја во сад со распрснувач и ете ви природен освежувач! Цветни екстракти Вашиот омилен цветен мирис претворете го во освежувач на вашиот дом. Како? Земете ливчиња од некој свет (јасмин, ружа, лаванда) и варете ги во вода на средна температура околу 30 минути. Процедете ја водата и сипете ја во шишенце со распрснувач. Оставете да се олади, а потоа напрскајте низ просторот. Зачини Земете по една лажица од вашите омилени зачини како цимет, кардамон, каранфилче и слични и провријте ги во вода на висока температура од 20 до 25 минути. Сипете во шише со распрснувач и нека вашиот дом замириса на Индија. Свеќи од пчелин восок Не одете во супермаркет за да набавите скапи мирисни свеќи. Направете си сами од пчелин восок, бидејќи тој емитува мек мирис и го освежува просторот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Непишано правило е на жените секогаш да им останува барем по малку неискористен лак во шишенце. Некогаш тоа е многу повеќе отколку што мислите, па ако веќе не ги користите за боење на ноктите, употребете ги за неколку забавни и уникатни проекти. Создадете уникатен дезен на саксиите за цвеќе Обичните алки обојте ги во повеќе бои и создадете интересна шара како на фотографијата Потполно изменете го изгледот на летните сандали Еднобојниот прстен претворете го во накит со силни бои Направете шарени магнети од капачиња и лак за нокти Освежете ги платнените патики Направете неодоливо дно на чашите за ликер Плик чантите пропрскани со неонски бои се вистински летен хит Направете апстрактна уметност со лакот за нокти Декорирајте ги летните вазни за цвеќе |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() Изменето од Valerija - 08.Декември.2013 во 10:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Kако да направите јајце-срце ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Изменето од Valerija - 08.Декември.2013 во 10:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
висечки полици Доколку ви се допаѓаат овие полици, може и вие самите да ги изработите и да ги поставите во вашата дневна соба, кујна, детска соба или друга просторија.
![]() Потребни материјали и алати: • коноп - со должина околу 10 m и дебелина околу 2 cm;. • дрвени типли – се купуваат готови, а може и сами да ги изработите со должина околу 5 cm;. • даски – треба да имаат димензија 70 x 30 cm, 4 парчиња од масивно дрво; • боја за дрво и четка; • метална кука. Постапка: На даските кои ќе послужат како полици треба да се издупчат 4 отвори, кои треба да бидат доволно широки за да може непречено да пројде конопот. Доколку сакате може да ги обоите во боја по избор. Со остри ножици исечете две парчиња коноп со претходно измерена должина. Откога ќе го провлечете конопот низ отворите, на краевите врзете цврсти јазли. Измерите го растојанието меѓу полиците, па провлечете низ конопот типли кои ќе овозможат полиците да стојат хоризонтално. Кога полицата е готова, треба на ѕидот да се постави метална кука која ќе биде доволно голема за да ја држи полицата со предметите кои ќе бидат поставени на неа. ![]() ![]() ![]() |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
![]() |
|
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Доколку за домот ви е потребна масичка за кафе, нема потреба да фрлате многу пари купувајќи нова од салон за мебел. Со мала инвестиција и труд, можете да си направите одлична масичка за вашиот дом. Потребни работи:
Начин на изработка: |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12852 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...дете!за машко потребно е малку повеќе труд,одрекувања од многу нешта...фантазии..можеби и совет..ама вреди да се проба.мене ми оди од рака...
![]() |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
... Нешто навистина интересно .... и лесно .....
![]() .... направи сам .... Собна Фонтана ....
Во домот може да уживате и во жуборот на фонтаната. Собната фонтана овозможува овлажување и јонизирање на воздухот околу себе, правејќи го на тој начин просторот попријатен за престој.
Малите собни фонтани може да бидат со различни облици и димензии, еве како да направите сами една собна фонтана во комбинација со растенија. ![]() Потребен материјал: декоративен сад, водонепропусен сад, земја за цвеќе, камен, чакал, пумпа за вода, црево.
Во соодветен декоративен сад (керамички, пластичен) сипете земја за цвеќе.
За резервоар во кој ќе стои пумпата може да употребите било каков водонепропусен сад...
![]() Садот втиснете го во земјата, внимавајќи притоа нејзиниот раб да биде малку повисок од нивото на земјата во која ќе се садат растенијата.
![]() Посадете ги растенијата...Низ шупливиот или продупчен камен провлечете го цревото...
![]() Каменот со пумпа внесете го во резервоарот. За да не паѓа, прицврстете го со помош на чакал.Резервоарот наполнете го со вода, а пумпата вклучете ја во струја. Редовно долевајте вода во резервоарот за да пумпата не работи на суво. ...
![]() |
|
![]() |
|
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Napraviv cela spalna soba pred 3 godini...komplet...posle dolgo planiranje , merenje i premeruvanje...I zastediv 200 e ...Dva ednokrilni , eden dvokrilen ormar, agolen ormar ( tie se do plafon), komoda, dve natkazni, i lezaj...abe majstorce...
![]() ![]() |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
a, zoshtoda se machite,
![]() ![]() samo "zvrnete",....i tolku ! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
Mramoren ![]() Сениор ![]() drtiot Регистриран: 26.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 434 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Nisto ne mozam da napravam sam, zimi majka sum, kako fanat sum vo raceto i nozete
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |