IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Тодор Александров и Ванчо Михајлов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаТодор Александров и Ванчо Михајлов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 22>
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 15:04
Проглас на силогосот „Македонија на Македонците“ – април 1891[1]
До македонските народи!
Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја потчинат нашата голема народност, која во минатото во својата самостојност така светела.
Вистински Македонци!
Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното победничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува во картата името на Македонија како некој спомен, а нејзините победнички гревови лежат во големите гробишта на заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие работат за нејзиното раздробување и со месните расправии готват терен за напливот на туѓа војска во нашата татковина. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија. Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски! Зар ќе останете додека сте уште живи да се закопа вашата убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја расчеречат. Во таквата очајна положба нашата драга мајка
Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика: Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на македонската народност. Не верувајте им веќе на интригите на соседните народи коишто работат само за мојата пропаст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или еврејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Мухамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за старешини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот, четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнејќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријатели? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб, а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете, ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како вистински Македонци решете: на знамето што денес го вијат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш истерајте ги од својата предедовска земја сите интриганти што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот македонски народ!
Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос „Македонија на Македонците” на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македонија.
Во Цариград, 15.04.1891 год. Централен силогос


Ќе да тодор александров бил мало дете 1891 година.
лагата има гратки нозе.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 14:09
Очигледно ти е мака - ама не само на тебе туку на сите Бугари - во оригиналните писма кои ги има архивот на Р.М. во статијата "Револуциjа или Провокаторство" пишува:

- Во Паланечката околија, која е на границата на Бугариjа и Србија, минатата година нема никакви чети, никакви убиства и напади. Сепак таму станаа најголеми злосторствата под обезорожувањето; таму се изврши и продолжува да се врши најголем терор над македонското население. Таму каjмакаминoт и џандармерискиот jузбашиjа собираа насила "помош" за турската флота, пари за телефон, Пари за нови алишта на полjaците во селата и пр и пр. Карале насила македонски селани да станат Србомани и да прифатат српски наставници и свештеници, за да се спасат од теророт. Таму не дозволуваат на македонските свештеници да бидат по селата, за да вршат потребите. Таму не може македонски селанец да отиде кај архиереjскиот наместник или во општинскиот совет, пред да ги вработи за тоа дозвола од владата, како каже однапред за каква работа оди, и пр и пр.намигнување


Изменето од Boogie - 30.Октомври.2009 во 14:35
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 13:33
Зошто да ми е мака-види што пишува Александров во статиjата "Револуциjа или провокаторство":

Во Паланечката околија, која е на границата на Бугариjа и Србија, минатата година нема никакви чети, никакви убиства и напади. Сепак таму станаа најголеми злосторствата под обезорожувањето; таму се изврши и продолжува да се врши најголем терор над бугарското население. Таму каjмакаминoт и џандармерискиот jузбашиjа собираа насила "помош" за турската флота, пари за телефон (во Паланечко телефон!), Пари за нови алишта на полjaците во селата и пр и пр. Карале насила бугарските селани да станат Србомани и да прифатат српски наставници и свештеници, за да се спасат од теророт. Таму не дозволуваат на бугарските свештеници да бидат по селата, за да вршат требите. Таму не може бугарски селанец да отиде кај архиереjскиот наместник или во општинскиот совет, пред да ги вработи за тоа дозвола од владата, како каже однапред за каква работа оди, и пр и пр.

Изменето од lav4eto - 30.Октомври.2009 во 15:12
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 13:01
Нешто како да ти е мака што таков човек работел за Македонија и МакедонцитезбунетостСепак тој е Македонец па не би требало голема%20насмевка
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 12:21
Да, бил убиен, па потоа се jавил како дух во редакциjата на NYTimes да одрече дека е потпишал...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 10:03
Точно така - тој го креирал манифестот кој требал да е таен,но пред да стигне потписот на Александров тој е убиен а со него и идејата эа балканска федераија - инаку неговиот ум може да эаклучиме колку голем е и колку раэмислувал пред времето со идејата эа балканска федерација кој исто така требала да биде главен договор и по втората светска војна
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 08:28
Нема пропаганда тука,Буги,Александров потврдил дури и пред NYTimes дека не е подпишал манифестот, и ако има негов потпис, он е фалсификат:

Еве и отблизу:
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 01:21
Originally posted by scorpius scorpius напиша:


колку македонци, толку ставови


Ете видиш такво нешто во Бугарија нема, сите имаат иста цел, Македонија. Си се запрашал зошто?!

Што се однесува до разликите на ставовите, тоа е сосема норамално. Тоа е загарантирано демократско право на секој еден граѓанин на Македонија. Дали тоа е нешто, природно, карактеристично за македонскиот народ или пак е историско наследство од пропагандите на нашите “добри“ соседи, не е битно. Важно е дека тоа демократско право постои и е дел од нашиот секојденвен живот.

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 00:11
Крајот дека е убиен од самите бугари баш поради мајскиот договор - и кој тоа потврдил дека се откажал,тоа е само пропаганда,пред эаверката бил убиен бидејки самиот процес требало да биде таен.Книгата ја имам многу убаво прочитано и го ценам Александров како неприкосновен водач на Македонскиот народ.Никогаш не се откажал од Македонците,во најтешките моменти ги помага бегалците,ја формирал Илинденската органиэација која живее во Македонскиот народ ниэ најтешките периоди се дури и до вториот Илинден - и да ги убива сите оние малечки души кои неможеле да сватат дека Македонија и Македонците се нешто повеке од обична политика и борба эа поэиција.

Тежок националист и бранител на народот - единствен Македонски водач кој кренал рака на самата Бугарска држава и воспоставил контрола на владеење на принципот држава во држава која чекала обединување и автономија но душманот тоа го спречува со самото убиство на Александров.

Инаку МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ е паролата на Александров кој во март 1903 год на судење во Скопје ја иэвикува откако е осуден на 5 год. тешка робија
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 23:52
Паролата Македонија на Македонците во никој случај не е на Александров ги имаш измешано годините.
Напишав горе дали ја имаш прочитано книгата “За Македонија од Тодор Александров“.
Паролата е од ВМРО ама од 1903 година тогаш тодор александров играл куку план(криенка)

кој крај го краси делото убиството на илјадници Македонци.


зошто се откажува од Мајскиот Манифест 1924 година?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 23:23
Јас не се согласувам дека Александров эастапува интереси на Бугарија впрочем не е эаџабе речено крајот го краси делото - има некоја погрешна констатација која се меша помеѓу национална и политичка - јас напишав претходно дека Александров верувал во Бугарската држава како на соседна држава која ке и помогне на Македонија но во никој случај Македонците не ги иэмешал со Бугари,па паролата МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ е баш на Александров
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 23:12
Originally posted by scorpius scorpius напиша:

Верно ви е контроверзен Тодор Александров
штом мегу себе не можете да се разберете...
колку македонци, толку ставови



нема за што да се разбериме тој е роден во Штип е Македонец но ги застапува интересите на Бугарија.
Кон врв
scorpius Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 65
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 20:53
Верно ви е контроверзен Тодор Александров
штом мегу себе не можете да се разберете...
колку македонци, толку ставови
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 16:18
се трудат ама некако тешко им оди.извадија и книга за Тодор Александров од 21 до 25 година сакат да скријат пред тоа а и во книгата тој негира постоење на македонци.

убиецот на илјадници македонци сега станва херој
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,211 секунди.